Искоренување на партиските вработувања и непотизмот се единствен начин оваа држава да се накрени и денешните студенти и сите останати ученици да имаат убава иднина тука. Исто така мислам дека треба сите мајки кои имаат деца во основно или ќе ги праќаат децата наскоро на училиште да излезат на маршот како родители. Убаво си кажаа маршот е необоен ни партиски, ни национално, ни религиски туку е ПРОТИВ ЛОШИТЕ РЕФОРМИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО. Една од лошите реформи е учење глупи и непотребни предмети од прво до четврто или петто оделение и поради тоа дечиња од 6 години уште со играчки што сакаат да си играат се принудени да седат и по 7 часа на училиште затвотени во училница. И вие очекувате тие деца да имаат концентрација и на училиште и дома? Нас на 11 години од петто оделение па до 18 во четврта година средно ни беше тешко да издржиме до 7 час, камоли толку мали дечиња. Ете на пример и Дизни и Пиксар знаат дека едно дете не може да е сконцентрирано повеќе од еден час до час и половина, а може и помалку, мајките слободно нека ме поправат, па затоа цртаните и анимираните филмови ги прават да траат по час до час и половина максимум.
Идеа за поквалитетно образование; вежби во мали групи, 1/3 од факултетот-пракса; блиц надворешни тестови кои не влијаат на успехот на студентот, туку на успехот на професорот колку ги подготвил студентите, и на оценка на рејтинг на факултетот, а после одреден број слаби оценки на факулт. да им се одземе акредитацијата,после вакви реформи може да се зборува за државен испит на студентите, е вака само ќе се подобри образованието....а за неквалитетното образование во моментот единствен кривец е оваа влада и нејзините реформи, и затоа треба да си понесе политичка и морална одговорност.... Е и предлог да се тестираат електронски сите тие што се вработуваат во државни институции...а за приватните фирми ова не е важно затоа што тие бараат квалитет а дипломата и просекот таму не важи....
Проблемот е што тоа е легално сега - плаќаш 2000 евра за година, а професорот не смее да те бутне. Во некои приватни немаат ни 6ка како оцена, не постои за нив, а некој ке повраќа од нервози за една шестка. Иначе, корумпирани професори имало од секогаш - а баш сакам да им ги видам фаците кога оние што платиле 10ки, паѓаат на државниот испит баш по нивниот предмет. Одвај чекам.
А оние факултети кои веќе имаат задолжителен државен испит - стоматологија, медицина, а можеби и правен не сум баш запознаена... тие ќе си го полагаат нивниот задолжителен ( кој инаку чини од 500-1000 евра ), плус овој новиов што сакаат да го воведат или? Многу ме интересира...
Да во право си. Ги оптеретуваат во основно со екстерно,па во средно пак со екстерно и државна матура и полагаат по 100 предмети, плус МАТЕМАТИКА како задолжителен од оваа година. За после и на факултет со некаков си испит екстерен,екстремен,државен ли,меѓудржавен, па дипломска,па уште еден државен кај некои струки,па пак некој испит за вршење професија,па лиценца.... стварно,СЕКОЈА РЕЧЕНИЦА КО РАСИПАНА МАГНЕТОФОНСКА ПЛОЧА ИМ ЗВУЧИ..ЌЕ СЕ ОБЕЗБЕДЕЛ КВАЛИТЕТ ВО ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ...А 60 ГОДИНИ НАНАЗАД БЕШЕ ИСКЛУЧИВО НЕКВАЛИТЕТ Добро е не просветлија!
Тие полагаат за лиценца, а правник може да е правник и без правосуден само што нема да биде адвокат или стручен соработник. Мислам дека дипломираните на фармација мора да стажираат 6 месеци и лиценцата што ќе ја земат им трае 7 години.
ПОДРШКА ЗА СТУДЕНТИТЕ!!!!!, НЕ ВЕРУВАМЕ ВО ИСКРЕНИТЕ НАМЕРИ НА РЕФОРМАТА, ДРЖАВЕН ИСПИТ СЕ ПОЛАГА НА КРАЈ НА ФАКУЛТЕТ A НЕ ОД СИТЕ ИСПИТИ ТУКУ ОД НЕКОЛКУ СТРУЧНИ.....СЕЛЕКЦИЈА СЕ ПРАВИ ПРЕД УПИС НА ФАКУЛТЕТ А НЕ НА СРЕДИНА НА ФАКУЛТЕТ.....ЗА РЕПРОДУКЦИЈА НА НЕКВАЛИТЕТЕН КАДАР ПОТРЕБНИ СЕ ДРУГИ РЕФОРМИ....НО ДОБРО РАЗРАБОТЕНИ И ОБСМИСЛЕНИ А НЕ ВАКВИ ИЗБРЗАНИ......ВПРОЧЕМ ПРВО НЕКА ПРИЗНААТ ЗА НИВНАТА ГРЕШКА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО И НЕКА НИ ГИ ВРАТАТ ПАРИТЕ ПОТРОШЕНИ НА РЕКЛАМИ -ОБРАЗОВАНИЕТО Е СИЛА, ОБРАЗОВАНИЕТО Е МОЌ- КОМПЈУТЕР ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ-Е СЕГА НЕМА РАБОТНИЦИ ЗА СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИЦИИ ЗА ДУРИ 8000-10000 ПЛАТА, Е НЕМА, ПРЕМНОГУ ГИ ПРОСВЕТЛИЈА МЛАДИТЕ, СЕ ЗЕЗНАА...
Се протестира,диктира,дискутира и канализира,но зошто ? Што тој ,,Пленум’’ кој води и се поставува како организатор на протестот ви понуди на вас како алтернатива,ако се изборите за државнио испит да биде избришан? Ви чепна ли некој во вашиот џеб? Ве загрози ли вас од основа дека нема да го завршите вашето дообразување ,вашиот факултет ако вие и вашето знаење сте чисти и немате некоја црна дамка ? Ве ограничува ли некој за тоа колку пати имате право да го полагате овој државен испит ? Многу прашања,на кој одговори нема. Нема ни да има,бидејќи нема ни кој да ги даде. Одговорите никогаш не биле во преден план. Сакам да се стави крај на завршувањето на факултет на туѓ грб. Кога се запишав на факултет се запишав од истата причина како и најголемиот дел од македонските студенти. Да се надоградувам,да научам и да се реализирам преку зголемувањто на моите знаења. Единствениот план за да го остварам тоа бешенапорната работа. Мојата цел е да добијамзнаење и вештина за егзистенција, а не парче хартија кое ќе можам да го урамам на sид.!!!
^Ова вака директно од штаб ви го пратија да го постирате? Според форматот како е постирано нема друго. Браво за студентите, многу ми е криво што не успеав денес да отидам и да дадам поддршка, се надевам доколку има следен протест ќе можам да отидам. И јас едит да направам тогаш, ^убаво што го смени форматот на постот, демек нема сега да се знае дека така ти е наложено. Ама барем земи и препиши го со твои зборови, пак се гледа потеклото.
Ги гледав од балкон и навивав. Се ежам, има спас за државичкава. Ако мојата генерација немаше храброст, барем оваа да прави промени. Промените треба да се прават од основното и тоа НЕ со испити, промените треба да продолжат во средно училиште НЕ со испити, а факултетот веќе ќе биде континуитетот на успешната приказна, доволно е добар приемен испит. Треба да се промени концептот на пониското образование, да се сменат климактеричните учителки и професорки, да се промени начинот на предавање, да се работи на стимулација и отварање на умот, а не креирање на деца кои ќе бидат партиски и системски послушници. И НЕ, НЕ прифаќајте промени од луѓе кои имаат години колку и јас и делев амфитеатри (упс, не, имаа попаметни работи како партиски состаноци) со нив, не се појавуваа на испити, полагаа и дипломираа исто како сите нас кои главевме по читални. Истите тие денес ви наметнуваат испити за ПОКВАЛИТЕТНО образование. Полуобразовани, полуписмени,затворени шутраци!
Ова истово го видов постирано и од други на фб...Се согласувам со @RainBow си можел да се потрудиш и да го измениш,вака е премногу очигледно
Браво за студентите, БРАВО! Знаев дека ќе бидат во поголем број на овој марш, само многу ми е криво што јас не успеав да отидам поради приватни обрвски. И нека не јадат бурек дека овие протести се партизирани, бидејќи толку народ не се собира од партија! Тоа се студенти на кои конечно им се слушна гласот, и многу сум горда што и јас сум дел од таа генерација која ќе биде запаметена борејќи се за своите права!
Многу убава анализа. Се протестира, но против што? Која е алтернативата, како да се спречи хаосот во образованието, лесните дипломи, нестручниот кадар? ]Долг период, нашиот образовен систем поминуваше низ фази кои доведуваат во состојба на регрес. Таква е состојбата и во високото образование. Долги години некои универзитети продуцираат дипломирани кадри, чие знаење не само што не соодветствува на нивниот просек, туку во себе не го содржи ниту елементарното знаење кое по правило би било потребно да се поседува, за да се положи одреден испит. Таквиот процес на стекнување на факултетски дипломи, не само што создава медиокритети од младите луѓе, туку ја нарушува и конкуренцијата на пазарот, со тоа што дипломите на оние што учеле од скрипти од 20-тина страници, вредат повеќе од оние што стекнале помал просек, но учеле по несразмерно повисоки критериуми. Меѓу другото, тука се поставува и прашањето на баланс помеѓу студентите кои припаѓаат на различните економски слоеви. Со државниот испит ќе се постават минимум стандарди кои ќе треба да бидат постигнати, за да може еден студент да продолжи со студирањето. Тоа значи дека сите студенти, дури и оние поимотните ќе мора да покажат минимум знаење, кое нема да зависи од нивниот општествен или економски статус, со што ќе се подобрат условите за остварување на фер и еднакви шанси на пазарот на трудот. Оваа идеја за воведување на државниот испит и формирање на стандарди е оспорена од некој ,,Пленум’’ кој најавува протестен марш против истиот. Се протестира,диктира,дискутира и канализира,но зошто ? Што тој ,,Пленум’’ кој води и се поставува како организатор на протестот ви понуди на вас како алтернатива,ако се изборите за државниот испит да биде избришан? Ви чепна ли некој во вашиот џеб? Ве загрози ли вас од основа дека нема да го завршите вашето дообразување ,вашиот факултет ако вие и вашето знаење сте чисти и немате некоја црна дамка ? Ве ограничува ли некој за тоа колку пати имате право да го полагате овој државен испит ? Многу прашања,на кој одговори нема. Нема ни да има,бидејќи нема ни кој да ги даде. Одговорите никогаш не биле во преден план. Сакам да се стави крај на завршувањето на факултет на туѓ грб. Кога се запишав на факултет се запишав од истата причина како и најголемиот дел од македонските студенти. Да се надоградувам,да научам и да се реализирам преку зголемувањто на моите знаења. Единствениот план за да го остварам тоа беше напорната работа. Мојата цел е да добијам знаење и вештина за егзистенција, а не парче хартија кое ќе можам да го урамам на sид. Која е вашата цел? Сетете се на сите оние часови потрошени над учебниците и дополнителните литератури. Сетете се на сите часови кој ви одминале чекајќи ги пред шалтерите на Студентските прашања или пред професорските канцеларии. На сите средства кој вие и вашите родители сте ги потрошиле на вашето дообразување? На часовите кој сте ги платиле да положите некој испит или пак на половината или бодот кој ви фалел да положите некој испит. Сетете се на жртвата која сте ја дале и трудот кој сте го вложиле за да ја добиете титулата дипломирани. Земете ги во предвид овие факти и сетете се на некој ваш познаник,дипломиран кадар чие знаење е стекнато од скрипта од 20-ина страници и во покус рок од предвиденото но со повисок просек од вашиот. Вообичаено, секоја промена предизвикува различни реакции кај народот, но во случајот со државниот испит, негативната реакција е насочена на штета на студентите. Кога ќе размислиме подлабоко, станува збор за револт кон мерка што му пркоси на лесното добивање дипломи, поставувајќи минимум стандарди кои треба да го прикажат елементарното знаење на студентот. Тоа од друга страна ја покажува удобноста на некои групи, кои преку својот протест се залагаат за статус-кво состојбата на ниски критериуми, продлабочувајќи го процесот на создавање на нееднакви шанси.За трка во која некој почнува подалеку,а некој поблиску до целта. Истите тие, протестираат против оние млади студенти кои немаат доволно пари за да се запишат на приватните факултети, против оние кои имаат многу поголемо знаење, а помал просек од оние што имаат многу поголем просек, а помало знаење. Протестираат во полза на оние што имаат финансиски средства кои ги користат како супститут на своето знаење. На самиот крај, протестираат против знаењето, во полза на комформизмот, кој е одлика-сведок за едно минато време кога доминираше во сите сфери на нашето општество. Имено, испитот ќе се полага два пати , во втора и четврта година, имајќи предвид дека можноста за полагање на истиот е неограничена. Потребно е студентите единствено да ги положат испитите од циклусот кој го минуваат и со тоа им се отвара можноста да го полагаат државниот испит. Ова всушност упатува на фактот дека реформата не оди во насока на загрозување на автономнијата на универзитетите, со оглед на тоа што прашањата кои што ќе го сочинуваат државниот испит, ќе бидат дел од предметите кои дотогаш ги полагале студентите, а прагот за минување нема да претставува оценка, туку минимум бодови. Во тој поглед, важно е да се спомене дека студентите доколку не го поминат државниот испит, нема да ја изгубат можноста да продолжат со студирањето, ниту пак ќе треба да презапишат година на факултет. Бојан Стојаноски- член на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ Извор: http://kurir.mk/komentari/kolumni/181663-Drzaven-ispit
Организаторот на протестот нема што да нуди алтернатива, тие се борат за зачувување на статус квото во поглед на екстерно, што значи него да го нема. Теретот на докажување на корисноста и валидноста е кај оној кој носи таков закон, дали можеш тоа да го разбереш? Џебот ќе биде ``чепнат`` бидејќи тестирањата нема да се бесплатни. Седам и го пишувам ова и не можам да се изначудам како си можел да истресеш ваков бисер од прашање. Твојата ``напорна работа`` како што наведуваш, очигледно не дала никакви резултати кога не можеш да го сфатиш едноставниот факт кој го посочив погоре. Нема да прашам како тоа екстерното ќе ти озозможи ``вештина за егзистенција`` бидејќи е бесмислено, и овие неколку реда што ги напишав се повеќе отколку што цитираното заслужува. Брука. Текст од курир со празен муабет на ввморофца. Целата на протестите е да нема екстерно, кратко и се надевам, јасно. Лицемерието и одвратната простотија во инсистирањето на ``нудење алтернатива`` во однос на образованието е невидена. Па еве студентите се борат за алтернатива на предложениот закон, а тоа е да нема екстрено наместо тоа да го има. Таа алтернатива е дочекана со потсмев и пропагандни глупости од страна на власта. И што ако предложат студентите некоја алтернатива, веднаш министерот-фрик и заменикот Спире, партиски отпадок - ќе седнат и ќе преговаат со студентите? За почеток би можеле да ги средат хорор-студентските домови кои служат за подбив низ светот и како вест од земја од третиот свет наместо градење моронски гондоли закопани во фекалиите на Вардар.
@Night Rider Можеби тој е вмроовца, но што тебе не те прави издуван соросоиден балон ( по твојата логика нели)? До сега ништо не ме разубеди. Ниту еден факт, аргумент. Тотално ништо. Се дур не ме разубедиш, замолчиш јас ќе верувам дека новиот предлог е најидеален.
На секој човек секоја нова промена му прави отпор. На почеток сите сме скептици и баш ни треба време да прифатиме новонастаната ситуација. За државниот испит нема да коментирам, не сум ни за ни против оти не знаеме како е замислено сето тоа, начинот на кој ќе се спроведува и слично. Студентите со сета почит фино и културно си излегоа и си го кажаа своето. Друго ми е зборот. Мене она што најмногу ми смета се сите оние дипломи од Фон од Европски од Американ и другите приватни факултети. Па сите бре станаа дипломирани и магистрирани. Некои луѓе што едвај во основно и средно поминувале со двојка, знам и такви што ги бркаа од едно во друго школо, непримерни со сите единици, е истите тие се на магистарски сега запишани на приватните универзитети. Јас си знам на државен како ни било да положиме испит, да влезиме кај оние искомплексираните професори кои не паѓаа на испит оти многу често во раскажувањето сме го користеле зборчето “којшто“ или не му се свиѓал еден збор на онаа страна. Значи едни студенти ќе се тресат нема да спијат ќе плачат оти не положиле ќе учат деноноќно а другите ќе пишат семинарска или ке се вклучат во една дискусија на предавање и оп 9 или 10. Ама тие си платиле, и ќе бидат сега м-р или д-р. Е тоа е она што мислам дека треба повеќе да се регулира, и трудот на сите студенти да биде ист оти немаат сите пари да си платат приватно школување. Не е фер.
@Aleksandarreal Ме интересира дали тој што го составил ова има завршено факултет? Ако да, веднаш да ја врати дипломата и сам да се пријави за екстерно пошто пишаново вришти неписменост, плиткост и простотилук. Ама еј, за едно е во право - одговори нема. Има само вртење во круг со „пљанираме да воведиме нови меанизми што че помогнат во образованието“...мислим, која иронија е и колку е болно некој неписмен ова да ти го вика, а ти поулавуваш од триста испити веќе. А како тоа ќе помогне, кога ваквите ко вас по секако ќе завршуваат високо образование и ќе имаат добра работа? Ти (т.е. не само ти, туку и по фб го има истово) не си се потрудил текстов да го прочиташ, а камо ли да увидиш кај има основни грешки и да ги средиш, па бар за писменост да си обелите образ, ама битно за постигнувања со напорна работа ни зборите. Многу е напорно во штаб да дремеш и да подмочнуваш на вестите од Сител, а дипломата да ти се пишува сама во меѓувреме. Не дека ќе прочиташ, пошто вие сте ко програмирани само да залепите што ви кажат и после да ве нема, али ете... На светлава страна - ми се исполни срцето, ама никако не се погаѓам да сум во Скопје да ја доживеам таа едногласност. Конечно да проработиме како сложна генерација која се свестила дека си поигруваат со нејзината иднина.
Тоа што него го прави ввморофца е следново - А тоа што мене не ме прави соросоид (омилениот израз на етикетирање во сиромашниот вокабулар на власта) е тоа што немам никаква врска со сорос и само пишувам мое мислење на форум. Загрижувачки. Морам да се повторувам во рок од пет минути. Ако си подржувач на законот твое е да образложиш зошто ќе постои тој закон и каков бенефит ќе донесе. Ако не можеш и не знаеш, тогаш нема што да бараш разубедувања, твој е теретот на докажување.