1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Екстерно тестирање на студентите

Дискусија во 'Образование' започната од Lavander, 4 октомври 2014.

?

Дали го поддржувате воведувањето на државен испит?

  1. Да

    21 глас(а)
    13,9%
  2. Не

    130 глас(а)
    86,1%
  1. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    387
    Законот е веќе објаснет милион пати, а и вмроовцата го објасни уште многу поубаво од мене, иако се појавија милион лажни толкувања на истиот поради партиска пропаганда и очај за евтини политички поени. Твое е да ме разубедиш.

    Бојан Стојаноски има право да пишува што сака и како сака. Ти тоа право не можеш да му го забраниш. Ако немаш врска со Сорос тоа не значи дека твоите родители немаат и дека не си симпатизер чисто случајно. И, јас не сум никаков член на Вмро, па ми се допаѓаат полно нивни проекти и гледам бенефит од истите.
     
    На Aleksandarreal му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Без разлика што е упатено кон Night rider,да те известам дека темава е полна со аргументи зошто не се согласуваме со законот.
    И побогу, кој фактор си па ти,да те разубедува некој во нешто?
     
    На SexiLy, ceca-1, bubamara12345 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. kim.k

    kim.k Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    14.467
    Пол:
    Женски
    izvinete za latinicata ama nemozam na kirilica da pisuvam sega, inache.. bev na protestot i mnogu se izraduvav koga vidov kolku lugje ima! a od nekoi "portali" shto citav kako pisale deka sdsm povtorno se posramotil so toa sto gi pratil studentite..lele mi se zgadi! ne sum partiski opredelena, niti protestot e! samo se borime za nasite prava zatoa sto nie ne sme ovci i nema vise da trpime gluposti i eksperimenti na nasa strana, od koi podocna nie stradame i nasite idni deca, a vie sto se soglasuvate so voveduvanjeto na ovie reformi bravo, moze ke ve gushne Ademi bidejkji ste na ista branova dolzina :lol:
     
    На Kaley, ceca-1, Sm1ley и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    715
    Пол:
    Машки
    Во пишувањата на ввморофцата не постои никаков индикатор каков бенефит ќе имаат студентите и како тоа квалитетот на образованието ќе се подобри со испитот. Нема ништо, само теоретски пренемагања без поента. Да видиме каде тоа, во кои земји и како тестирањето донело подобрување на образование, на кој начин, кои се искуствата. Но нема ништо од тоа. И не може да има, бидејќи самото тврдење дека квалитетот ќе се подобри со екстерно е бесмислен.

    Ако ти можеш да земеш за сериозно некој кој тврди дека

    и дека со испитот ќе се здобиел знаења и вештини тогаш е твој (сериозен) проблем.
    Никаков тест на никаков начин не може да направи некого конкурентен на пазарот.
    Истите оние кои го доведоа образованието на ова дереџе со отворање на факултети по села и светски незабележан број на запишани студенти во однос на завршени средношколци, истите тие предводени од неписмен лик со купена диплома ќе го подобреле образованието со воведување испит?

    Кој тоа му забранува на ввмофорцата да пишува?
    Инсинуирањето на ``сорос`` е само показател дека си комплетно неписмен, со истата празна реторика на власта. Ајде да ја провериме логиката. На темава има 300 постови, повеќето се против испитот. Дали тоа сорос ги плаќа или имаат различно мислење? Дали сите кои се против испитот се платени од сорос? Изгледа тој сорос е сеприсутен и супер-херој, ја финансира секоја критика на власта. А до тоа се доаѓа со тргнување од почетна претпоставка дека власта е безгрешна, нели, па секоја критика мора да е платена од сорос.

    Смешно е веќе, и на граница на ментална ретардација тоа инсистирање со сорос кое трае петнаесетина години.

    И не е случајно што го поддржуваш ова, бидејќи како што сам признаваш - многу ти се допаѓале полно проекти на власта. Амнестијата на злосторници можеби е една од нив.
    Чиста среќа што стотици илјади млади (и не само млади) не можат да ги видат убавините кои ги гледаш и се иселуваат.
     
    На Annath, Viki693 и MandyLane им се допаѓа ова.
  5. Marie.m

    Marie.m Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    764
    Сега гледав вести на (на канали кои сите ги претпоставувате) и кажаа дека на протестот се собрале едвај 2000-3000 студенти...
    Ако ова се 2000 студенти, тогаш јас ќе си го сокинам индексот!
    [​IMG]
     
    На ceca-1, Sm1ley, cheetah.girl и 4 други им се допаѓа ова.
  6. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    СЕКОЈА ЧЕСТ ЗА СИТЕ ШТО ГО ПОДДРЖАА ОВОЈ НАСТАН!

    СЕКОЈА ЧЕСТ ЗА СТУДЕНТИТЕ СПЛОТЕНИ ОД СИТЕ ЗАЕДНИЦИ,РЕЛИГИИ,ПРИПАДНОСТИ.
    БРАВО,ВАС ВЕ ОБЕДИНУВА БОРБАТА ЗА СВЕТЛА ИДНИНА.


    Respect:bow:
     
    На Annath, Sm1ley, cheetah.girl и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    387
    Тие ново отворени универзитети, факултети, економски зони, инвестиции на коишто сите им се исмејуваа и потценуваа доведоа до тоа да имаме дури и по 70 новороденчиња повеќе од претходната година низ многу градови низ Источна Македонија. Многу девојки наместо да се омажат во Скопје или Бугарија ќе останат во своите родни краишта и таму ќе си ја бараат среќата, затоа што образованието им е достапно за многу поевтино, а и многу поблиску. Ќе се намали и бројот на стари ергени, затоа што ќе имаат многу повеќе девојки на располагање. Се тоа оди ланчано и има многу придобивки, а емиграција имало секогаш и ќе има. Причините не мора да се само економски, туку и социјални. Македонија нема од сега слаба економија, туку била чир и во Југославија. Последиците ние ги трпиме денес. Не сакам во тоа да навлегувам.

    Нема перфектна власт, туку го бираш помалото зло од поголемото.

    Мене ми е драго да има иницијатива меѓу младите луѓе, да се борат за подобра иднина, да вршат притисок, да ја гледаат својата иднина во Македонија. Се е тоа супер и тука сме на иста бранова должина, но не со издувани лопови како Најчевска, Шеќеринска, Сорос, Бендевска, Милчин и сите други коишто се шлепаат на грбот на студентите, а беа денес во првите редови. Добар дел од денешните протестанти беа активисти или симпатизери на СДСМ, но се сложувам дека поголемиот број студенти беа условно кажано во тој момент независни. Не е битно, ако успеете да го стопирате изгласувањето, ако ме убедите дека сте во право и ако владата го повлече законот како против уставен и лош тогаш ќе ви се заблагодарам. Значи сте направиле добра работа, но под услов да е така, а не длабоко партиски инсипиран.
     
  8. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.892
    Допаѓања:
    132.598
    Мафтал со здравствената книшка, студентот, оти не знаел кај му е индексот. Оти кога оди татко му да му земе оцена, он дома мафта со ку*от. Ете такви се плашат од испити, оти оние кои научиле, не забораваат,

    Факултетот е струка, не смее да се заборави. Оние кои учат за оцена, на памет и на кои татко им им купил диплома треба да се плашат. Оние кои се способни студенти, нема што да протестираат.

    Се виде денеска кој се плаши од проверка на неговото знаење, кое му бледнее за една година, и кој нема проблем со наученото. Срамота е да се плашат дека ке паднат - тогаш како положиле ако забораваат за една година?

    Најкеиф ми е за оние од педагошки, кои излегоа цели генерации неписмени учителки кои создаваат глупи деца.


    Измена на законот - 10 години ретроактивно да важи (макар е невозможно). Барем и оние дебилине мои од колеги, чии татковци адвокатишта секој ден седеа по кафани со професорите, да си го провереа знаењето. На испит еднаш не се појавија. Ракиичка им беше колоквиум, софра испит. Е нив може им е страв :)

    Се сеќавам на едни протести, на времето, кога како средношколка сакав да излезам и јас. Ни ги заклучија вратите од гимнзијата, а оние кои прерипаа од прозорите имаа 6 неоправдани и дисциплинска. Е тоа беше у време на сдс. И нормално, од тогашниот претседател на совет (член на сдс) и професор сите имавме кецови оти сме биле невоспитани цитирам - од гнасни небањати вмровци децата мене ќе ми бегаат од часови. Денеска неговите внуци беа на протести. А се жалат како им било забрането. Ех, тогаш немаше интернет и Сорос не даваше кеш за протестите.
     
    На Daleron, Aleksandarreal, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    @Петре Прличко кажи ми како било кој од студентите кои беа на протестот можеа да ги спречат да се појават тие наводните соросоиди на маршот. Кога веќе ја спомна Бендевска на Бендевска син му е уште студент фала Богу дека ќе излези на маршот како родител или како тетка, вујна, стрина ако има внуци средношколци. Ете таа не била под притисок за разлика од многу други родители и роднини кои поради тоа што имаат било каква врска со владеачкава партија не можеа, се плашеа да излезат и да покажат дека не се согласуваат. Ако си член на некоја партија не значи дека мора автоматски да се согласуваш со секоја глупост што ќе му истекне на лидерството на партијата, ама во оваа наша квази-демократска држава „МОРААТ“. На крајот на краиштата сигурно имало и членови на партијата на власт на протестот, иначе како ќе прават списоци кој, бил кој не бил на маршот.
     
  10. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    387
    @babyblond Не, тој не излегол случајно, како и сите тие стари луѓе со индекси што парадираа. Се е тоа старо комуњарско јадро активирано денес за собирање евтини политички поени. Денес биле и стечајците од Куманово, т.е. огранокот на СДСМ, а истите беа оставени на улица од СДСМ. Јас не сум член на ниедна партија. И, јас тука никој од вас не нареков соросоид или член на СДСМ како што сите вие што не се согласувате знаете да етикетирате веднаш.
     
  11. AmericanWoman

    AmericanWoman Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    559
    Дали стварно, во време кога во целиот свет се лобира за поголема инволвираност на жените како работна сила, ти даваш вакви аргументи?
     
  12. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    @Cka како човек што многу добро знае како работи системот за екстерно тестирање и најверојатно истиот се ќе се користи за државен испит доколку го има, знаејќи колку лесно може да „случајно“ да се намести точен одговор, а е грешен и еден куп други манипулации можам да ти кажам дека и на сон цел материјал, ако го знаеш и го паметиш ќе те паднат, ако сакаат само за да ти соберат пари за пак да полагаш. Исто како за возачки испит мораш да падниш 2 пати, третиот полагаш, освен ако немаш врски. И тогаш тие со врски ќе знаат кои одговори ќе бидат точните, а кои не. И ете сигурно ти како партиски член на форумов си подобро информирана колку од тие тикварките учителки од твое време се сега директорки и колку од нив би ги составувале прашањата за екстерно. Ако се спроведе државниот ретроактивно, пола администрација која твојата партија ги вработи ќе треба да останат без дипломи и без работа, се надевам нема да си и ти една од нив, оти нели ти убаво си го владееш материјалот од струката.
     
    Последна измена: 10 декември 2014
    На Annath, okcenzi, Kaley и 8 други им се допаѓа ова.
  13. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    461
    Овие како договорени да работат за иста цел. Да не се плеткаше опозицијата во протестите, власта немаше да има никаква алатка да скрева внимание од барањата и аргументите на студентите. Вака, кога и да пуштиш вести пералната работи.
    3ошто не повлечат еден попаметен потег (кој нема да помогне којзнае колку, но сепак ќе придонесе), а тоа е укинување на задолжителното средно кое го воведоа пред 6-7 години? Сега и тешки просеци трчаат на факултет, знаејќи дека и потпросеците кои никогаш не ги интересирало образование се рамни на нив. После тоа и потпросеците си ја пробуваат среќата според логика кога завршив средно, зошто да не пробам и факултет. И не е само до степенот на интелектуална способност, некој си зацртал друг правец во животот кој мора да започне да го изодува уште многу рано, нема корист од тоа со сила да се форсира дополнително образование за сите.
     
    На babyblond му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    387
    @AmericanWoman А, што реков јас за жените, па да давам аргументи?
     
  15. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.626
    Браво за студентите кои денес отидоа на протест!Протестот не беше само за државниот испит,туку воедно и за сите други лоши реформи во образованието.И најмногу ме изитира тоа "Само 1000-2000 студенти на протестот".Стварно не зезаш?Канал 5 и сличните што седите во скутот на Грујче,не верувам дека и вие сте презадоволни од соствојбата во нашата држава,ама што да се прави ќе правите како ќе ви кажат.И не заборавајте и вашите деца ќе бидат студенти, ако вака дозволиме да прават што сакаат отиде државата во неповрат.Добро и онака е отидена,ама барем имаме демократско право да го изразиме нашиот револт.И ајде,и да се воведе екстерното,прашањата велите ќе ги дадете однапред и каде е тука клалитетот,унапредувањето?Вака ли ќе правите длабоки промени кои се неопходни во образовниот систем?Ако ништо друго,денес сум горда македонка.Денес ми се исполни душата,што оваа младина се покажа како мудра и независна.Покажаа дека иднината останува на младите и дека не се само бројка по која се гази.Само напред и храбро!
     
    На Kaley, Sm1ley, bubamara12345 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Имаше и многу средношколци, само од мое школо накај 400 души, плус професори, криво ми е многу што не успеав да отидам.Само не знам со кое право ставиле катанци на Корчагин и Ѓорѓи Димитров?
    Едит
    [​IMG]
     
    Последна измена: 10 декември 2014
    На Annath, Sm1ley и Someonespecial им се допаѓа ова.
  17. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Какви зелено-кафеави се ова дека со кумановските автобуси било организирано. (facepalm)
    Штуз, Јоцо-Турс, Мамли Травел, итн. се приватни фирми, од кои последните две претежно пренесуваат работничка класа на и од работа за поевтина пара.
    Картата вака е 100 денари, а тие возат за 70-80 и секојдневно можете по улица да ги сретнете истиве автобуси со истиве луѓе...пошто платата им е превисока, нели, па за да заштедат, мораат да се гужваат во овие чуда од времето на Тито со нечисти стакла, валкани седишта и реа на умрено од моторите.
    Е, сега некое пиунче решило да се прави наудрено и ги сликало од очај, а пошто нашиве порталчиња вријаат провереност, земале здраво за готово ко слепи кучки и ете ви сензација.
    Лично ја патувам таа релација и ми се случило да се возам и со овие автобуси, аман!
    Ај ако не нека ме пишат и мене сега таму на црн список дека сум во опозиција поради возењето.

    Колку мизерно делува немоќта да се прифати дека секој кој размислува со свој мозок, искочил да протестира за свое добро.
    Па уште во текстон од претходно што кружи од полтрониве, озбилно се дрзнале да прашаат што сме се бунеле, да не ќе удрело по наш џеб?!
    Не, сигурно тие ќе плаќаат ако треба човек да запише уште една година поради паднато екстерно.
     
    На Annath, Elena69221, ceca-1 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. kim.k

    kim.k Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    14.467
    Пол:
    Женски
    @Cka не е за тоа кој не е сигурен во своето знаење, убаво пишала @babyblond тотално се согласувам со неа. Зарем досега не сфативте или се правите, дека сакаат само пари да извадат кај им е битно образованието жити се?! Кога на нашиот министер за образование му е купена дипломата во Тирана, што повеќе сакате? :|
     
    На okcenzi, Sm1ley и bubamara12345 им се допаѓа ова.
  19. bubamara12345

    bubamara12345 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    610
    ПОДДРШКA за студентите:bow::bow::bow::bow::bow::bow::bow::bow::bow::bow::bow::bow::bow::bow::bow::bow::bow::bow::bow::bow::bow::bow::bow::bow:
    Добро е да се види дека има и здрави очи и памети. Добро е да се види дека малдите не се само слепи „телиња„ и дека оваа власт треба да се освести. Си ги видоа фаталните грешки, но сега веќе е касно за се сменат некои работи.
    Она што имав прилика да го видам и слушнам од денешните вести само ми потврди дека уште еднаш оваа бедна Влада на чело со Пајче Паторче сакала да го контролира и оневозможи овој протест на студентите. На што личи тоа драги Пајо? На диктатурата кај твоите партиски активисти кои слепо се послушни на секој твој збор. Кај студентите твојата диктатура не успеа. Не успеа да го задушиш нивниот глас. најмизерно нешто што го слушнав беше податокот дека сите мобилни оператори го имале блокирано интернет пристапот за време на протестот. Е*ати слепците, не е времето на Хитлер. Потоа заклучени варатите на многу средни училишта. Ако ова не е диктатура, не знам што е?
    http://brif.mk/?p=172246
    -Специјална понуда за сите студенти од „т-мобиле Македонија“. Активирајте ја услугата „Без мрежа на протест“ уште денеска и ќе можете да одите на протест без никој да ве бара и да ви додева. Од компанијата велат дека денеска ја тестирале услугата „о минути за 0 денари“ за време на студентскиот протест и се покажало дека постои огромен интерес кај оваа категорија потрошувачи.
    МИЗЕРИЈА НА ВМРОСКОТО ДЕЛО.
    Петре П.
    Комуњари велиш на протест биле, а така ти кажаа од партија. Само се вие тешите, кога тогаш ќе падне оваа власт. За волјата на вистината понатаму има да исплива целиот криминал што се прави низ годините. Тогаш ќе ги продавате спомениците што ги натрупавте насекаде за да си отплатите барем мал дел од парите од кредитите што ги задолживте. Едно ќе ти кажам-Младите денес покажаа дека има надеж за оваа држава.
     
    На Annath, Kaley, fighter и 3 други им се допаѓа ова.
  20. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    (y) со ова потполно се согласувам. Бидејќи лично сум сведок како на крај година со по 10 единици им ги поправаат на 1-2 единици, а некои со појаки врски остануваат без ниедна единица. А тие што ги оставаат со 1-2 единици сепак ако не во Јуни,сепак во Август сакале или не сакале Професорите под наредба мораат да им ги поправат. Откако Владата го направи Средното задолжително никој не изгубил година. Секој единичар што не знае 2+2 колку е, утре ќе добие иста Диплома со оној кој со знаење и со сопствен труд го завршил образованието и ќе му го завземе работното место на оној кој завршил со сопствен труд и знаење, па така тој што завршил со сопствен труд и знаење ќе треба да седи дома , а чесно заработената Диплома ќе треба да му собира прашина во некоја фиока.


    Со кое право малолетници да одат на протести??? Нивното место е во училишните клупи!!!!!
    Што би се рекло некој незнаат уште носот да си го избришат ќе оделе ќе протестирале.
    Се прашувам како ова нивните родители го дозволуваат.
    И да ако на некој нешто му се случи во периодот кога тој треба да биде на училиште, незнам кој тогаш треба да одговара, бидејќи во таков случај родителите ќе ги сметаат Професорите на чело со Директорот за виновни што не ги контролираат своите ученици и што им дозволиле да одат на протести.
     
    На Daleron и Cka им се допаѓа ова.