1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Екстерно тестирање на студентите

Дискусија во 'Образование' започната од Lavander, 4 октомври 2014.

?

Дали го поддржувате воведувањето на државен испит?

  1. Да

    21 глас(а)
    13,9%
  2. Не

    130 глас(а)
    86,1%
  1. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    715
    Пол:
    Машки
    Просто не верувам што читам. Девојки ќе останеле во Источна Македонија и ќе раѓале деца бидејќи земаат 9.000 денари во зоните или дека се отворил факултет во нивното градче?
    Ќе се намалел бројот на ергени поради отварањето на факултети? Што зборуваш? Некој 40 годишен ерген ќе си фати женска која оди на прва година факултет и ќе стапи во брак со неа? Или на трета година? Или можеби ќе ја причека да заврши? :)
    Никогаш немало ваква емиграција а тоа е резултат на владеењето на двете доминантни партии. Тој тренд не само што нема да се намали туку и ќе продолжи и добро е што е така. Источна Македонија се празни наголемо.

    Не станува збор за перфектна или неперфектна власт туку за власт на некомпетентни и корумпирани со катастрофални резултати. Две децении реформи и вефовми кои довеле до ова и сега магично треба да се поверува дека одненадеж ќе ја средат работата со испит?

    Најнормално е во други земји протести да бидат подржувани од опозицијата бидејќи опозицијата е коректор на власта и се бори за да ја замени. Но тоа во земји со подолга демократска традиција. Јас не гледам никаква поддршка од опозиција, нема никаков повик кон нивно членство за присуство, опозицијата е само огледало на власта овде а тоа значи бескорисна како неа.
    Во земји каде не се знае кој јаде и кој пие и каде населението не ги разбира основните политички процеси луѓе наоѓаат за потребно да се правдаат некому дека не биле опозиционери или ``предавници``. Тоа важи и за студентите, нема што да губат време на идиотските реторики на власта и да се правдаат. Тоа е само ефтина стратегија на власта да ги натера да се чувствуваат криви.

    Што е со заклучувањето на средношколци, со заканите и со паѓањето на мрежите на мобилните оператори? Заклучување на деца во училници, тоа е одговор на алтернативните погледи, дијалог за предлозите?:)
     
    На Annath, Kaley, SexiLy и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.892
    Допаѓања:
    132.598
    Од мое време уште не станале директорки, млада сум јас :) Ама учителки да.

    И Цреша, не ги учи малолетниците, за жал нивните родители, кои треба да ги поучат, не го прават тоа.

    Јас би сите на државен испит да одат. Сите се свесни дека дипломи се купуваат, а сите ќутат за тоа. Кога ке сакате да се вработите некаде каде и просекот од факс игра улога, ќе ви биде жал. Денеска на протести беа само купените дипломи. Оние што учат, седеа дома и учеа. Не се плашат од тоа некој да провери што научиле. Оние што не знаат, се плашат. Едноставно.
     
    На cresa-jagoda и Aleksandarreal им се допаѓа ова.
  3. bubamara12345

    bubamara12345 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    610
    @cresa-jagoda

    На малолетниците со закон не им е забрането да одат на протест. Тие како категорија се засегнати со ова, како идни студенти. Што означува дека утре истото важи за нив. Според тоа не гледам причина за да не би оделе на протест ако сметаат дека треба да го изразат својот став околу ова прашање. Сепак тоа е во нивен интерес. Протестот се организира се знае за што. Средношколциите се исто така зависни од одлуката дали ќе има или нема тестирање на нивното знаење во иднина.
     
    На Annath, Mahidevranfan, Elena69221 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.681
    Допаѓања:
    174.610
    Пол:
    Женски
    Целата иронија околу екстерново..уствари не е екстерното самото по себе, основата на овој денешен марш. На толку испити што ги полагаме во текот на студиите, 2 плус или минус, биле или не биле, не праат некоја разлика. Протестот беше за зачувување на АВТОНОМИЈАТА НА УНИВЕРЗИТЕТИТЕ! Зошто вчера беше екстерно, па после им текна не било екстерно туку било државен испит (кога ќе ги прашаш не знаат разлика да напраат).. утре ќе биде нешто друго, задутре трето.. и ќе нема крај. Прво факултет во секој град за секој да има шанса да студира, потоа испит за да таа претходно дадена шанса да може да ти ја наплатат, и тоа неколкукратно?! Додека светов укинува партиципации и воведува бесплатно студирање, посебно за странски студенти..ќе си бегаме од тука.
    И ова не засегнува одредени политички или етнички групи, млади или стари лица...од ова треба да сме засегнати сите. ЗНАЧИ секој од мал до најстар ИМА ЛЕГАЛНО И ЛЕГИТИМНО ПРАВО да излезе на протест. Јас таму видов дечки од различни политички партии и националности и тоа ме напраи особено горда. Можеби конечно се будиме. А и за воља на вистината, теоријата и праксата и те како се различни. Можеш да бубаш и учиш и да те фркаат панични напади и аритмии пред испит, да се трудиш да совладаш материјал потежок од тебе, да си ќориш очи со лошо печатени скрипти колку сакаш, (и кога заслужуваш повисока ама ќе добиеш пониска оценка зошто така му било ќеиф на професорот тој ден, па ти иде да си жбрцаш вилушка во око.. и нему исто (ситуација во која помалце или поише сите сме се нашле))... ама коа ќе треба да седнеш и да го работиш истото богами треба да се испотиш малце додека совладаш пракса. Да, совладувањето на теоријата ти дава основа, ти дава познавање, ама праксата е таа која ти дава знаење.

    Е сеа, веќе сме навикнати, се нешто ако кажеме против власта истата секунда да бидеме етикетирани као "непатриоти", "соросоиди", "есдесовци", "предавници" и тако даље... до мене не допира тој сиромашен речник. Нели идејата на демократијата е секој да може јасно и гласно да си каже свој став и мислење. Епа ете го моето. Ниедна диплома не не праи паметни, па нема ни таа од државниот испит. Паметни ќе не напраи само нашата посветеност во совладувањето на она што го/или допрва ќе го работиме.
     
    На Annath, Hipster, eliesaab и 7 други им се допаѓа ова.
  5. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Cka, тие на кој што татковците им купуваат оценки, не ти искачаат на протести. Не мрзнат тие или маршираат да ги болат нозете. Таквите, за жал, секогаш наоѓаат начин да ги минат сите филтри на образованието и па и на општеството. Ова не верувам дека ќе им биде пречка.
    Погрешна и многу потценувачка ти е тезата дека протестираат тие што не учат, а дека оние што учат нема зошто да се плашат од ваков вид тестирање. Според мене само некритични будали можат да бидат сигурни и не би се плашеле од каков било вид на тестирање. Но, протестов не е израз на страв од овој вид на проверка на знаењето, протестов е израз на нешто многу посуштинско...
     
    На Annath, okcenzi, mims-89 и 23 други им се допаѓа ова.
  6. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    @Cka Не знам како не сфаќаш и сите 10ки да ти се и од дома да не излегуваш само да учиш, многу лесно можат да се случат „технички проблеми“ кои никој нема да ги пријави и сите да паднат, само за да платат за повторно да полагаат. Јас не знам зошто вие толку тешко да сфатите, очигледно ништо електронски не сте полагале. Или премногу наивно верувате во нивните намери за подобро образование. Пазарот е најголемиот чистач. Нека го го накренат приватниот сектор ќе видите како одма лесно ќе се исчисти неквалитетниот кадар.
     
    На Mahidevranfan и kim.k им се допаѓа ова.
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.128
    Допаѓања:
    156.087
    Токму тие со купените дипломи и фатените врски по професори со вињак и бајадера се партиски војничиња и нив сепак нема многу да ги погоди државниот испит оти ќе си бидат положени вака или онака. Како што се случува со државната матура, ја полагаат со 5ка сите оние чии родители се дел од владеачката партија со добиени прашања. Јавна тајна е.

    Од друга страна кое тело ќе го воспоставува државниот испит? Сигурно не полуписмените по државните институции, па тогаш кој кога речиси сите професори се против испитот? А од друга страна ја деградираат нивната професионалност, зошто образложението е глупо - купени дипломи и испити.

    Ајде да не ги земеме предвид автономијата, нарушување на правата и слично.

    На крајот на краиштата, ако сметаат дека има купени дипломи и корумпирани професори нели е тоа местото каде што треба да го решаваат проблемот? Ако не постои таква можност сигурно студентот сам нема да се осуди да бара решение на таков начин.

    И не ве тревожи тоа што денес и покрај сите напори да се спречи маршот, успеа, но секако стои - заклучени ученици во средни училишта, предупредени родители од јавна администрација, игнорантност од страна на медиумите, *дефект* во мобилните мрежи? Не ви е поразително во каква држава живееме, а не убедуваат дека имаме демократија слобода на говор? Тука не се работи за тоа дали студентите имаат право или не, туку за нешто сосема друго кое буквално сите не засега. Те угнетува, замолчува и уќутува ако немаш размислување како неговото.

    Веројатно сите би мислеле како вас ако земаат плата од буџетот, по малце од сечиј џеб... а од друга страна и бенефиции еден куп...

    Помножете ја оваа бројка која денес беше излезена по 4. Е толку незадоволни македонци има во Скопје, плус од другите градови. Направете статистика со гласови и споредба од избори, горе-доле...јасно е, колку сме среќни, колку реално гласаме, колку цвета се околу нас.
     
    Последна измена: 10 декември 2014
    На Annath, okcenzi, mims-89 и 19 други им се допаѓа ова.
  8. Viki693

    Viki693 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Женски
    Podolgo vreme ja citam Cka i nemozam da i se nacudam na komentarite, ama aj si velam mnogu e pomlada od mene, no veke mi gi digna zivcite, i bozem ona e sveznalica a site se glupi....kolku godini imash i sto studirash ili rabotish devojce???? Odamna go pominav fakultetot i tocno znam kako ucevme nie, a kako vie 90% ste so 10-ki, tocno deka e potrebno reforma vo obrazovanieto no ova sto go pravi sega vladata PRETERA BE, koj drzaven koj eksteren, dali znaat tie sto e DRZAVEN ISPIT???? ZNACI NIKAKO NE E POLAGANJE NA 2PATI 3-PATI VO TEKOT NA STUDII...A sto ako pa ti go znaash materijalot top....ke polozish drzaven i nema problem....toa ne znaci deka ke si uspesna bre dete....praksa...praksa...i ucenje so ljubov treba a ne pod pritisok i stres....a potoa za da si uspeshen vo rabotata bogami poveke veshtini ke ti trebaat...)so isklucok na drzavnite sluzbenici koi so vrska ili knishka se vrabotuvat)....Ne mi odgovara bidejki i jas sum fakultetski obrazovana, no sekoj respekt na nedoucenite koi napravija golemi firmi i stanaa poznati biznismeni....ni pokazaa i dokazaa deka 5-te vo sredno i 10-te na fax. ne ni vredat nisto za zal.....

    RESPEKT ZA STUDENTITE A ZA TOA DALI IMALO NEKOJ OD SDSM ILI NE PA NORMALNO E DEKA ODREDEN BROJ OD TIE LUGE IMA TAMU SIMPATIZERI I NA SDSM VPROCEM TOA E I DEMOKRATIJA....SIGURNO IMALO I SIMPATIZERI OD VMRO SITE STUDENTI GI BOLI EDNAKVO...A SEGA NORMALNO E I NEKOJ DA GO ODOBRUVA DRZAVNIOT ISPIT....A KOJ E POVEKE VO PRAVO???? EVE I OVDE NA FORUMOT 1-2 GO BRANAT ISPITOT A MNOGU POVEKE SE PROTIV, PA AKO IMA MUDA VLADATA NEKA SE STAVI NA DEBATA I BEZ PRITISOK KAKOV STO VIDOVME NA POSLEDNITE IZBORI PA KE ODLUCAT POVEKETE MISLENJA...A NE MI PRODAVA TUKA KRIVI DRINI....PA OVOLKU PA ONOLKU IMALO PA SDSM PA SOROS....PA VO DEMOKRATSKA ZEMJA I OPOZICIJATA IMA PRAVO DA SI GO KAZE MISLENJETO DE......

    I NESTO ZABELEZAV VO MISLENJETO NA PRLICKO, VELI AKO USPEAT STUDENTITE DA GO POVLECE VLADATA ZAKONOT KE NAPRAVELE DOBRO DELO, I TOGASH KE GI OPRAVDAL ZOSTO PROTESTIRAAT, A DOTOGASH KE GO BRANI ZAKONOT :D ZNACI TOJ NA NEKOJ NACIN PRIZNAVA DEKA E LOSH AMA PUSTO MORA DA GO BRANI BIDEJKI ODGOVARA PRED NEKOJ....CCCCCC....
     
    Последна измена: 10 декември 2014
    На Annath, mims-89, ariela09 и 9 други им се допаѓа ова.
  9. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Веќе не треба да ги коментираме "нарачаните мисли" на вечните контраши, ма нема сврха.

    Излезеноста и масовноста на денешниот марш, кажуваат се.А и желбата тој да се дискредитира и политизира од неистомислениците исто така зборува многу.

    УБЕДУВАЈТЕ НЕ КОЛКУ САКАТЕ ДЕКА РЕФОРМИТЕ ВО ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ СЕ СУПЕР,НАРОДОТ НЕ МИСЛИ ТАКА.
     
    На okcenzi, Yowannty, Mahidevranfan и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Viki693

    Viki693 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Женски
    ТОКМУ ТАКА ЛИЛИТ, ЕВЕ ЈАС ДА КАЖАМ ДЕКА И НА ФОРУМОТ ИМА ШТО РАБОТАТ ЗА ВЛАДЕЈАЧКАТА, НЕКОЛКУ КОМЕНТАРИ МИ ГИ СНЕМА :D И ПРАШАВ ЗОШТО? НЕ БИЛЕ ВО СООДВЕТНА ТЕМА :D
     
    На Kaley, Sm1ley, bubamara12345 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. bubamara12345

    bubamara12345 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    610
    Не му е за замерка, испран му е мозокот и намален видот |(]:):wasntme: 10731011_1568345676713779_3260334484769894684_n.jpg
     
    На Mahidevranfan, Kaley, Sm1ley и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.128
    Допаѓања:
    156.087
    А од друга страна, благо ми се гади кога од млад вмровец ќе чујам муабет за луѓето кои излегоа денес - комунистичка багра....

    Извини бате, ти капиталисту голем, зошто поддржуваш влада со робусна јавна администрација и дремеш по нејзините канцеларии и јадеш леб на сметка на државата?
    Што не одиш да вложуваш ум и капитал, да создаваш самиот бизнис и да вадиш леб за себе и други околу тебе?


    Ах да, ако се уште сте по амфитеатрите, денес доживувате ренесанса со овие ликови. Најчесто ќе ги видите костимосани, постојано се пикаат по студентски организации и мислат дека прават ЧУДА... а уствари молзат пари, учат да бакнуваат задници и да глумат просперитет и ум, а измислуваат топла вода. Мора да признаам за нијанса посуптилни се, иако и овие полагаат фантомски испити.
     
    На Annath, Mahidevranfan, Marossa и 8 други им се допаѓа ова.
  13. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Па ако не одиме ние на протести, што ќе бидеме засегнати за 1-2 години, студентите па ич не треба зашто поголемиот дел од нив не ги фаќа.А протестот, т.е маршот беше најавено дека ќе е мирен без инциденти и не се случило такво нешто.Малце беше екстерното, малце беше математика задолжителна за матура, уште ова ли фали, во сопствена држава сами да се истребиме дур сите со друга националност да завршуваат факултет од ракав а појма немаат зашто се таму (имам и пример за на безбедност кога си рекол еден од браќата дека е на факултет зашто му е интересно оружје да гледа).Испитов ќе биде исто ко екстерното, само што не ги чепкаат професорите многу логично, а над 60% од студентите сигурно ќе полагаат и над 7ми пат и да го знаат материјалот ко оче наш.Друго, на машински, електро технолошки и сл. каде што е потребна многу пракса кој би полагал материјал од 4 години по сите предмети.
    Трето, никој нема право мене да ме заклучува и да ме држи во школо, сакала јас одела на протест или не, а и во Борис им се заканувале и во Панче Арсовски ги држеле на врата закључени а заменик директор стои не пушта никој, гарант уште во минимум 3-4 школи било вака.
     
    На Annath, the.one, Giovanna и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.102
    Допаѓања:
    163.577
    Пол:
    Женски
    Вистинското прашање Цреша, е со кое право и каде има Д во демократија од заклучувањето врати по средните училишта и обид да се замолчи правото на глас? Во ниеден закон не им се забрануваат протести на малолетници, а фактот дека не се работи за протести кои вклучуваат фрлање камења, полиција, солзавци, туку се работи за мирен протест со здрав разум - ја прави „поукава“ целосно ирелевантна.
    Протестот е со многу подлабока поента од клинци кои не знаат што сакаат и отишле на протест за да губат часови наместо да си седат како бубачки во училишните клупи, и искрено многу ме иритираат вакви ставови. Секако дека токму матурантите сме оние кои се најзасегнати од низава бесмислени реформи во образованието и првите кои треба да излеземе со свој став. А некој што е запознаен со функционирањето на реформата екстерно тестирање во средните училишта и барем малку ја земе како пример, никогаш не би помислил дека со ова дипломите ќе бидат позаслужени.
    Да не должам, со постов над мене се согласувам во целост.
    А за политизирањето на целава ситуација, шта речи а не заплакати, секое влакно на косава ми се дига кога читам небулозни бројки по таканаречениве медиуми.
     
    На Annath, AnaKarenina, eliesaab и 8 други им се допаѓа ова.
  15. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Ете СО СВОЈ КАМЕН ПО ГЛАВА
    глејте го видеово

    има паметни деца во нашата Македонија
     
    На Mahidevranfan, Marossa, Sm1ley и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    :o

     
    На fighter и Mahidevranfan им се допаѓа ова.
  17. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    2.108
    Пол:
    Женски
    Пошто сум по природа конструктивен и секогаш сакам да помогнам, свечено, со полна свест и совест, под материјална и кривична одговорност ИЗЈАВУВАМ дека доброволно се пријавувам да полагам државен испит по завршен трет циклус на студии, поради тоа што минаа четири години од моето докторирање, а се уште никој не ме проверил дали стварно ме бидува за доктор по историски науки.

    Затоа, го молам министерот за таа цел да обезбеди:

    - еден познавач на староперсискиот јазик (немаме)
    - еден познавач на клинописната епиграфија (немаме)
    - еден експерт по историја на античка Македонија (ОК, таков имаме)
    - еден експерт по историја на Стариот Век (може да се искористи истиот)
    - еден експерт по економија на Егејскиот басен во античко време (немаме)
    - еден експерт по античка технологија на производство и обработка на дрвна граѓа (немаме)

    Со надеж дека мојата пријава ќе наиде на разбирање, искрено ваш, горепотпишаниот.

    Војислав Саракински, доцент на филозофски факултет.

    Според твојата логика од кого ќе бидт оценувани втор и особено трет циклус на студии (докторски). Од википедија?

    [​IMG]
     
    Последна измена: 11 декември 2014
    На Annath, calliope, cheetah.girl и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.911
    Допаѓања:
    81.182
    Пол:
    Женски
    Не знам дали да се прекрстам или да превртам очи за последните 2-3 реченици.
    Како мислиш се плашат тие што не знаат? Тие што не знаат и што не се замараат со факултетот денеска беа на кафе во Броз и на улица Македонија, зашто нив воопшто не ги интересира дали денес се на факултет или било каде.
    Не, навистина не си ми јасна и тврдам дека воопшто не си ја ни сфатила целта на протестите. Кога те читав дури се прашував каде ли живееш, зашто ова што го зборуваш дефинитивно не е ни малку точно.
    Не се плашиме од ништо, напротив, ама да дозволам некој да манипулира со мене како сака на толку вложени средства и нерви по факултетов - мало сутра.
    Ако читаш нешто друго освен курир.мк, тогаш не би го пишувала тоа горе.
    Не би ни сакала да навлегувам во понатамошна дискусија со тебе, ама ако навистина го мислиш тоа... жал ми е за тебе.

    И како побогу е осмислен тој државен испит? Па ниту еден студент на пример од Архитектонски факултет не би поминал. Како тие планираат да има еден одговор на зададена задача по Архитектонско проектирање? Во главно, така би било за сите Технички факултети, како мислат да се изведе тоа, мене воопшто не ми е јасно.
    Нека се вратат приемните испити, нека се покачи школарината како што беше пред десетина години, па да видиме кој ќе се запише на факултет. Сигурно не 98% од средношколците, апсурдно е и на кого и да му кажеш би се засипнал од смеење. Ко најобразована нација ќе испаднеме, да не знаеш дали да се смееш или да плачеш.
     
    На Annath, okcenzi, calliope и 12 други им се допаѓа ова.
  19. mamma-mia

    mamma-mia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    1.030
    Допаѓања:
    2.262
    Пол:
    Женски
    Прoклетa дa сум зa пoтврдниoт oдгoвoр нa aнкетaвa. Тoa е кoгa не гледaш дoбрo, a oдгoвaрaш вo брзaње и oд телефoн. Кaј негaтивниoт oдгoвoр имa +1 глaс, дa знaете. :)
    Зa денешниoт прoтест ќе кoментирaм oд утре. Се нaјaвив нa фoрумoт сaмo дa јa спoделaм oвaa сликa сo сите oние кoи тврдaт декa мaршoт е пaртиски пoттикнaт.[​IMG]
     
  20. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    387
    Ти зборуваш друго, но статистиките покажуваат сосема друго. Ново отворените универзитети, факултети, можност за поевтино и попрактично студирање, економски зони доведоа некои градови да имаат повеќе новородени отколку умрени жители. За помали градови каде што животот е доста поевтин плата од 12-15.000 денари е и сосема солидна со обзир дека пред тоа немал ни 1.000 денари плата и со месеци не ја земал. Не потценувај. Ние не сме ниту произведувачка држава, ниту имаме ресурси, кадар, луѓе за да бидеме такви, ниту работнички и дисциплиниран менталитет да бидеме тоа што го замислуваме. Биди среќен и тие фабрики што ти дошле во Македонија да инвестираат кога можеле истите да одат и да отворат погони некаде во Африка и Азија и да фрлаат по пола бурек месечно на работниците.

    И, плус тие ново отворени универзитети и дисперзирани студии имаат одлични услови за учење, сосема добар стручен кадар, но желба кај добар дел од студентите нема никаква. УГД скоро и да не постои термин корупција, мобинг или било што. Професорите, асистентите во глобала многу пријатни. Ете конкретен пример ќе ти дадам. Мој пријател заврши во Велес информатика на дисперзирани студии. Професорот по математика им е извонреден. Им дал задача да направат семинарска по свој избор. Знаеш кој беше резултатот? Само мојот пријател ја сработил, а другите никој. Утре тие “никој“ ќе излезат на протести да се бунат за секоја реформа во образованието, затоа што им чури под газот. Од другата страна УКИМ е дувло на стара комуњарска багра во коешто полагање испит чинеше ручек, вино, мито, купување книги исклучиво од истите професори што предаваат и тие утре ќе ми зборуваат за АВТОНОМИЈА на универзитетот за да можат слободно да крадат и малтретираат студенти цел живот до пензија.

    Нема да се намали бројот на ергени, туку ќе се намали дисбалансот меѓу машка и женска популација. Ќе има многу повеќе жени за репродукција, жени кои ќе раѓаат, ќе го одржуваат тоа место живо наместо сите да се испомажат во Скопје или странство. Во некои помали средини, а посебно селата имаш и по 40-50 стари ергени, затоа што нема женско во нивна околина, па нормално со текот на времето тие села стануваат старачки.

    Власта е само одлика и прилика на менталитетот и културата, а посебно интелегенцијата на овој народ. Што тоа толку ти е чудно и тешко да го сфатиш? Најлесно е целата национална одговорност кон општите добра да се префрла само на 20 луѓе во владата? Каде е одговорноста на другите 2 милиони граѓани? Баш тој менталитет “едвај чекам да избегам од тука“ доволно зборува дека сме неспособен и кукавички народ кој не може да создаде нормална држава и најлесно му е да избега и да се скрие во ковчегот на некој Германец или Австриец. Тоа покажува дека немаме муда како народ. Само зборуваме, а дела никаде. Премногу зборуваш приказни за пред коперација во кој сите се криви, а ти најдобриот и најчесниот. Тоа е и проблемот кај нас сите. Мои пријатели на 30+ години цел ден ливчиња уплатуваат, расправаат Барса-Реал цел ден, дремат по кафиња наместо магариња да одат да работат, да створат семејство, да пораснат, да се снаоѓаат, да инвестираат во себе. Тој што сака тој и ќе најде да работи било што. Познавам и еден куп што отидоа со бугарски пасоши, па се вратија за 2 месеци со изговор “тешко било да се работи“.

    Властите во сите земји низ планетата земја вршат притисок врз опозицијата. Буквално секаде. Затоа што и тука, а и таму власта е слатка, но кога некој зема 2.500 евра просечна плата нему не му чуе за власта воопшто.
     
    Последна измена: 11 декември 2014