1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Екстерно тестирање на студентите

Дискусија во 'Образование' започната од Lavander, 4 октомври 2014.

?

Дали го поддржувате воведувањето на државен испит?

  1. Да

    21 глас(а)
    13,9%
  2. Не

    130 глас(а)
    86,1%
  1. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.335
    Допаѓања:
    5.859
    Има решение за се`. До лани ги зголемуваа квотите, пуштија уште толку места за упис, сеа ќе чистат. Малку ли реформи внесоа? Сум за рокот за дипломирање, а што е со плаќањето на кредити? Дупло испаѓа. Пак се они во добивка.
    А, како за промена малку да се свртеа кон кадарот? Се држат ли предавања? Во бифе, кафани? Каде?
    Незаинтересираност владее насекаде.

    Наместо да се вложува во иднината на студентите, они ги кратат сите права.
    На идните студенти која мотивација им ја даваат?
    Да земам пасошот и да си го продолжам студирањето некаде надвор. И онака тука немам никаков просперитет. Никаква надеж и иднина.
    Иначе сите надворешни медиуми, успеаа некако да пребројат над 6000, само нашиве портали/медиуми, одедвај некако 2000.
    Иначе истомислениците се движат на исто место, во исто време. Се прашувам само како не најдоа барем еден пред Универзална кој е против екстерното.
     
    На fighter, eliesaab, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Aleksandarreal

    Aleksandarreal Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    215
    Пол:
    Машки
    UBAVO KAZANO, BRAVOOO, POSTUVAM MISLENJE, KRAJ NA DISKUSIJA ...
     
    На ansi.i му/ѝ се допаѓа ова.
  3. smajlii

    smajlii Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2014
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    241
    Пол:
    Женски
    Во претходните коментари прочитав дека тие од приватен факултет немаат
    знаење, со парите на тато и мама си купуваат дипломи (не дека нема и такви) зашто сите во исти кош да се ставаат? Еве јас сум запишана на приватен факултет, го учам, немам врски, ниту пак сум плакала за диплома или за било која оценка, испитните прашања треба да бидат есејски одговорени- никогаш не сум имала прашања на заокружување. И како пример сакав да го дадам брат ми и една моја другарка, тие се на државен, и ако ми верувате сите испити со препис им се поминати. Мене не ме интересира кој каде завршил, само да има знаење, што се однесува до мене искрено нема многу да ми смени било какво тестирање на знаењето, напротив дури и би ми помогнало. Меѓутоа за следниве генерации што тек сега ќе се запишуваат мислам дека ова е веќе премногу, какви не тестирања имаат уште ова им фалеше! Премногу е.
     
    На fighter и bubamara12345 им се допаѓа ова.
  4. franca

    franca Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    992
    Допаѓања:
    2.437
    Aj te molam ne lupaj gluposti,privaten so drzaven sporeduvas?
    Da dojdes na drzaven nema eden ispit da polozis,i od kaj toa deka ne se esejski raskazuvanja na drzaven? se gleda koj dezinformacii gi kaza sea....
     
    На dragan4eDR му/ѝ се допаѓа ова.
  5. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека сите одамна имаме сознанија дека во приватните факултети се поминува каде-каде полесно и често се користат пари за завршување. Не ги генерализирам сите запишани на приватни за такви, ама реално повеќето и се.
    Ако имаме ние сознание кои се тие факултети во кои што може така лесно да се помине, зошто тогаш овој проблем не се реши во самиот корен односно во тие факултети?
    Зошто сите студенти подеднакво да мораат да ја сносат одговорността за полагање на државен испит?

    Еден пример ќе дадам. Јас имав една соученичка во средно која се запиша на приватен факултет. Богата е океј супер. Вервајте ми, дека до ден денес таа е најглупата личност што ја имам запознаено. Фина е, добра е, ама глупа е. Значи сериозно има ниско ниво на интелигенција.
    Еднаш уз муабет мислејќи на женска интуиција, рече женска ИНСТИТУЦИЈА! Толку е глупа.
    Се сретнавме незнам како, за факултет зазборавме. Аааа ми вика јас со сите 10ки сум стипендија земам ти како ми вика? И јас демек онака му викам 7ки, 8ки. И ме погледна ко да сум три нивоа подолу од неа.

    Ваквите појави страшно ме револтират. Ама ако ги извадиме моите колоквиуми, моите писмени полагања и ако ги споредиме со нејзините јас сум апослутно сигурна дека ќе се забележи разликата.
    Не се правам нешто паметна, ама сум сигурна дека она што сум го добила на испит е тотално заслужено.
    Макар и 6ка била.
    Се согласувам со идејата на владата дека треба да се превземи нешто во врска со ова оти ова е толку честа појава во Македонија, неписмени луѓе се испоседнати по шалтери и по државни позиции, а тие паметните сите келнери работат. Ама решението не го наоѓам во ваквите реформи каде сите се ставени под исто мерило. Нека се направат некакви поригорозни промени и барања во приватните факултети, нека се воведат казни итн итн..

    И на крај краева ваквите луѓе се пикаат само на државни работни места. Јас да сум приватник и да имам сопствен бизнис и да ми дојди некој да ми се пафка со диплома ќе му речам седни повели да видам што ти значи дипломата. Ако не знај да сработи то шо треба, од кај сака нека има диплома. Зато државата е за нигде оти на сите високи позиции се полуобразовани луѓе.
    И до утре можам вака да си пишувам ама доста е. 8)
     
    На okcenzi, calliope, ansi.i и 3 други им се допаѓа ова.
  6. smajlii

    smajlii Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2014
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    241
    Пол:
    Женски
    @franca jaс кажав дека неможе сите што студираат на приватен да се ставаат во ист кош, незнам од каде извади дека споредувам или дека кажав дека на државен е полесно и не тропам глупости пошто брат ми до сега спремаше прашања на заокружување за утре. Муабетот ми беше дека на тој што не му се учи- нема да учи ФАКТ, ќе гледа да се снаоѓа да препишува и слично без разлика на кој факултет е. Имам уште некој испит и обавезно доаѓам на магистерски на државен и знам дека нема да имам проблем зашто учам :)
     
  7. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.756
    Допаѓања:
    23.954
    Пол:
    Женски
    Ај, не тресете глупости и двајцата!
    На протестот имаше студенти на генерација со по сите 10-ки. НА ДРЖАВЕН. И не, не беа партиски определени. Излегоа, дадоа поддршка и си заминаа. И стопати да повторам, нема да сфатите. Дојди ти на мојот факултет, за една 6-ка Книжевност оро ќе играш во холот од радост. И ќе видите кое знаење треба за таа "бедна" 6-ка.
    Не учеле, бре, бре. Да не им ги отворивте индексите случајно?!
     
    На Annath, calliope, mims-89 и 16 други им се допаѓа ова.
  8. troublesome

    troublesome Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2014
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    152
    J jas definitivno kje zaminam da go prodolzham obrazovanieto vo stranstvo, nekade kade pravilno kje bidat vrednuvani moite kvaliteti. Sigurno nema da dozvolam lugje so somnitelna pismenost da prodolzhat da me ocenuvaat kolku pati kje im tekne.
     
    На fighter и ariela09 им се допаѓа ова.
  9. Vertigo TJ

    Vertigo TJ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2014
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    Не ми е јасно што се дига толку врева за еден обичен државен испит? Па зошто воопшто студирате ако не сте сигурни дека сте спремни да одговорите на базични прашања од вашата професија кога ќе излезете од факултет? А како планирате да работите? Или тоа подоцна се учи? Тешко нам со таква младина.
    Што да кажат студентите на медицина и фармација? За нив државниот испит (како и приемниот за на факултет) се одржуваат од постоењто на факултетите до денес и никој не помислува да протестира на таа тема дури и покрај тоа што е проследен со издавање лиценца која чини најмалку 60 000 денари.
    Јас сум ЗА државен испит ама мислам дека тоа не е доволна мерка за подобрување на образованието. Мислам дека крајно време е да се изврши повторна евалуација на високообразивните институции и МНОГУ ОД НИВ да се затворат за доброто на државата и нашата иднина.
     
    На ansi.i, Aleksandarreal, dolly.doll и 2 други им се допаѓа ова.
  10. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Многу ограничено гледате бе луѓе на сето ова во врска со државниот испит.
    1.Можеби е само уште еден испит,ама со материјал од минимум 20 испити претходно.
    2.За разлика од сите останти испити за кои плаќаме по 50 ден за пријава или 1500ден во казнена сесија, за овој ќе се плаќаат од 100 ден, па до 500 евра и нагоре, доколку паднеме, а за пријавување не е познато колку ќе се плаќа.
    3,Тестирањето ќе е електронски и лесно може да се изманипулира за да се земат пари. Секој од вас што се правите паметни тука, можете многу лесно да паднете на него некои 2-3 пати, ако не и повеќе.
    4.Не се криви студентите и не треба тие да плаќаат за корумпираноста на професорите. Секаде се знае кој професор е корумпиран. На секој факултет уште во прва година ќе те информираат кај кој професор само со врски или со еврички е единствен начин да положиш. Нека ги уапсат, нека ги затворат корумпираните професори. Ама така државата така нема да оствари никаков ПРИХОД, а со државниот испит ќе оствари и тоа ГООООЛЕМ ПРИХОД.
    5. Студентите не сакаат некои со купени дипломи да остваруваат ПРИХОД врз нивната мака, додека некои со средно или со проектот за луѓе над 40 години,бесплатно за 3 години си зеле без мака со врски дипломи и по цел ден превртуваат финџали на работа и си гледаат на кафе.

    П.С. Баш ме интересира како ќе се сносат со тужбите од средношколците, за насилно против нивна волја задржување на малолетници во училиштата.
     
    На fighter, Elena69221, Someonespecial и 5 други им се допаѓа ова.
  11. dragan4eDR

    dragan4eDR Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    977
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
    Jas sum protiv eksterno testiranje.Jas sum sega prva godina na falkutet na Finki i premnogu e tesko i ako i ni dadat eksterno togas spored moe mislenje retko nekoj ke odi na falkutet
     
    На fighter и babyblond им се допаѓа ова.
  12. Enamena

    Enamena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    107
    А што е со студентите на правен факултет? Зошто мора два пати да полагаат државен испит? Впрочем правосудниот испит е државен испит кој се плаќа и кошта. Се учи енормно голем материјал, а некогаш се полагаат и по два испита во еден ден зошто и правниците да полагаат?
     
    На Yowannty, fighter и Marie.m им се допаѓа ова.
  13. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    715
    Пол:
    Машки
    Темата е за екстерно и не гледам потреба да се расплинуваат разговорите во разни правци, ако има тема која ги опфаќа работите кои ги пишуваш тогаш може таму да се дискутира.

    Отварањата на факултети по селата го уништи квалитетот на образование, а ставот дека истокот ``се пвеводил`` поради истите ми е крајно нелогичен, заедно со ``солидноста`` на платата од 15.000 која ја земаат само партиски вработените надзорници во ``зоните``.
    Не е ``муабет од пред кооперација`` тоа што јас го пишувам туку се факти.
    Новороденчиња? Цел исток зема пасоши и се иселува масовно, не знам во која реалност егзистираш, можеби на сајтот на Курир.

    Солидна плата од 12.000 со која ќе се подигне семејство? Тоа е муабет од
    а) ментална институција
    б) некој кој нема семејство и теоретизира
    ц) партиски војник.

    Тие кадри кои ќе излезат од таквите ``знаење е сиува`` факултети ќе бидат целосно неспремни за пазарот на труди никаков испит нема да го промени тоа.

    Емиграцијата е несопирлива и не може да се спречи со дегенерирани приказни за долгови кон татковината, апели на патриотизам и должност кон државата, можеби можело некогаш но денес не може, и добро е така. Ако немаше толку емигранти кои ги помагаат семејствата во Македонија ќе беше уште полошо, луѓе зависат од роднини од странство за да ги погребаат најблиските, до таму е реалноста црна.
     
    Последна измена: 11 декември 2014
    На Annath, BurstBerry, MandyLane и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.968
    Допаѓања:
    10.188
    Толку наивно се сфаќа ова тестирање од некои поединци што ви се чудам и како сте успеале да завршите воопшто факултет со таков начин на размислување, затоа што очигледно еден весник не можете да прочитате и да му ја сфатите поентата, а не пак книга. И не знам дали тоа го правите поради тоа што навистина не сфаќате или поради тоа што сте толку игнорантни и егоистички настроени, што не можете да погледнете подалеку од сопствениот задник којшто некаде удобно сте го наместиле.

    Полесно ви е да се фалите колку вие сте начитани, умни и учени, а сите оние што излегоа на улиците да протестираат да ги направите неписмени мрзи коишто книга не фатиле во животот и страв им е да не не стигнат до диплома. Колку за ваша информација на протестот имаше доста од оние што се пример за тоа каков студент треба да се биде и во дадена ситуација ако дојде до тоа да се натпреварувате со нив во знаење и стручност живи ќе ве одерат со заби! Поддршка на протестите им дадоа многу интелектуалци и лица коишто се меѓу најдобрите во својата област иако одамна излегле од амфитеатрите, од проста причина што сите го увидоа настанатиот хаос.
    Не е ова само протест против еден нелогичен закон, туку позадината е многу посуштинска и се протестира затоа што конечно последната капка ја прели чашата...само кој да го сфати тоа! Изминативе години сите тие реформи што се донесоа во врска со образованието во Македонија само го осакатија и го уништија и она што беше врдно и почитувано од многу странски универзитети ширум светот, а добар дел од универзитетите станаа само една голема машинерија за штанцање дипломи на се' што успеало да се докопа до врски и да загланца нечиј задник.

    Не ми кажувајте дека екстерново ќе промени нешто во однос на квалитетот на студирањето и дека така ќе се решат сите проблеми со цел неписмен кадар што излегува од клупите, затоа што досегашното искуство со сличните вакви тестирање друго покажува.....покажува дека најголемите единичари што ги зборевте низ претходните страници беспрекорно ги положуваат екстерните тестирања во средните школи и глатко си продолжуваат понатаму со образованието. Нема врска што на редовно тестирање од наставникот во гимназија добиле кец затоа што со Х се потпишуваат од што не успеале да совладаат ни најосновна материја, нема врска што наставниците се казнуват 30% од плата неколку месеци поради тоа што имаат наводни пропусти во оценувањето и што нивните оцени не соодвестуваат со оние на екстерните тестирања, нема врска што ако тоа се случи и втор пат ќе бидат и избркани од работното место, битно екстерното тестирање се извршува се' уште како ништо да не се случува и претставува репер за тоа колку писмена раја има во државава наша!

    И никој жив нема да ме убеди дека нема истото да се случува и со екстерниве испитувања/државниот испит, како сакате наречете го. И повторно истите неписмењаковичи, врскаџии, дудлачи, мамини и татини галеничиња ќе стигнат први до прашањата и после ќе мрсат бубрези како они се студенти за пример, а ги гледаш дека не знаат да сврзат два со два.
    Вакви ликови има и денеска и сите ги гледаме и заради дел од тие случувања и се протестира. Се протестира и поради нелогичноста на настаните, поради тоа што законите се носат без никакво приоретизирање и се изоставаат клучни елементи од целава приказна, на сметка на тоа да се донесат закони што ќе уфрлат уште некоја паричка, а во меѓувреме и ќе може да се користат како оружје против сите што ќе размислуваат поинаку, затоа што ова што се случуваше деновиве и овој фашизам што се прикажува само тоа може да го постигне. Да се угнете и потисне секој оној што ќе сака да мисли поинаку. Демократија овде има само на хартија, ама во пракса кој осетил на своја кожа си знае најдобро.
    Само џабе се сите бедни мерки, затоа што студентите во сите општества се почитувани, баш поради тоа што се онаа генерација која што е иднината на тоа општество и која што има во моментот најголема моќ и ентузијазам да се избори за она што го сака и што и следува. Затоа и секаде се сфаќаат сериозно и се почитува нивното мислење. Можеби овде не наидуваат на поддршка од власта, но се почитуваат од сите останати, а според она што го видов вчера на улиците и на социјалните мрежи, бројката е огромна. Луѓе аплаудираа и скандираа со насолзени очи, најверојатно затоа што го сфатија тоа како еден зачеток на револуција која што требаше уште одамна да се случи. Само заслепен и зол човек може да не го согледа тоа.

    Уште литература соодветна нема, уште се живее во бедни студентски домови, уште не се обрнува внимание на ништо клучно кое вистински ќе придонесе за подобро образование, ама нејсер....битно уште некоја илјадарка да се прибере и да се млати во државната каса.

    И чисто колку за информација медицински и правен факултет што ги полагаат дополнителните тестови не се под надлежност на министерството за образование и не влијаат врз тоа дали студентот ќе ја земе дипломата, туку имаат сосема поинаква намена, така што не ги ставајте во ист кош со ова, бесмислено е.
     
    На Annath, BurstBerry, okcenzi и 17 други им се допаѓа ова.
  15. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Нема разумен студент кој е против маршов, или пак е за екстерното тестирање, кажете го како сакате, државен испит или некое трето остроумно име со кое се истакнува самоволието на политичката власт.
    Сеедно дали е прва година и има уште 50 испити или 4та и уште само 2-3 испити или е дипломиран, магистер или доктор, одамна вработен и со завршено образование во 90тите, оваа најнова реформа на владата е само доказ на самоволието што таа упорно го наметнува како општоприфатени ставови, а се само ставови на еден човек или мала група на луѓе.

    Зарем и оваа така наречена мудра реформа ќе помине нечујно, ќе ја истуткаат и протукркаат со истите обвинувања дека опозоцијата ги саботира? Смешно и недолично. Секоја промена без разлика на тоа каква е секогаш треба да биде убаво прочешлана, разглобена и разработена. Пред се разгледана од тие што ги засега. А оваа нова реформа не засега сите нас.
    Знаете зашто? Затоа што ни ги омаловажува знаењата и дипломите на сите претходно дипломирани академски граѓани. Реченицата, парафразирам, овој тест ќе биде потврда на знаењата на студентите бидејќи имаме многу случаи на купени дипломи и оцени добиени со пари и влијанија така добро познати низ народот како "врски" е само убав исфилтриран и стокмен како локум изговор зад кој се крие нешто осема друго, ама сепак е еден голем атак на сите академски граѓани во државата.

    Не знам како мoжете да седите и да слушате како некој ви го потценува вашето знаење, труд и време кое сте го одвоиле. Ми се смачи од стереотипизација и ставање на сите работи во иста кошничка.
    Ако сте откриле дека некој купува дипломи и плаќа испити, зашто не сте го казниле тогаш, одма, на лицеместо, а не да удирате по грбот а се поочогледно дека ќе биде џебот на останатите, зашто сте забележале нерегуларности? Не се суди на масата заради грешките кои ги прави поединецот.

    Оваа реформа значи нов трошок на сметка на студентите, на државата, на нас. Министерот ќе задолжи нова група на "експерти" за составување на тие тестови, ќе треба буџет тие мудри глави да се платат, време тие тестови да се прегледаат. А во меѓувреме студентите уште учат во амфитеатри нереновирани од времето на Тито, живеат во студенстки домови си мизерни услови, учат од книги на српски јазик, исто од времето на Тито. За тоа кој е виновен? Студентите секако....

    Јас знам една добра поговорка, куќа се гради од темелот не од кровот.
    А мене ова ми личи на почнување на куќа не од кровот туку уште побетер, од фасадата.
    Ние немаме соодвени книги по кои учиме во 2014 година, ама министерот се загрижил за квалитетот на дипломите. Приоритети!

    Ајде да ја примениме оваа реформа ретроактивно, нека седне министерот и целата влада да го полага овој тест, да видиме колку нивните дипломи се добиени со знаење?
    Нека даде позитивен пример, цела влада, парламент, државна адмнистрација? Нели немаат од што да се плашат, бујрум да видме како еден министер ги докажува своите знаења?
    Зашто лесно е да се донесуваат реформи кои нема да се осетат на сопствен грб.
    Жал ми е што не можев да присуствувам на маршот, иаку директно не ме засега, според мене е голем напад на сиот наш труд и знаење.

    За крај само ќе постирам ова, како кулминација, перипетија и расплет во едно.
    [​IMG]
    1000 причини за бегство од државава, што побрзо и што подалеку, сега ни нудите вие......
     
    Последна измена: 11 декември 2014
    На Annath, okcenzi, calliope и 17 други им се допаѓа ова.
  16. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    Да почнеме со обложување дали може да им падне на памет поголема глупост од овој предлог-закон оти се надминаа себеси. Цреша на шлагот е што доаѓа од министер со купена диплома и од негови колеги за кои е општо познато дека едвај дошле до легитимна.
    Жално е што целата држава е испартизирана. Дури и еден форум како овој е преполн со неконструктивни предлози од навиЈачи на СДСМ, луѓе ништо попаметни од нивните соперници. Кадри за гледање од тераса и паламудење на форум. Ми се гади и држава, и народ и се.
     
    На Sm1ley му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    До кога Сител ТВ при здрав памек ќе не е*ат и ќе кажуваат дека СЕПАК студентите сакаат екстерно??
    До кое ниво стигнавме народеее, срамотилаци.
    До кога секој протест во државава ќе се оправдува како последица од опозицијата?
    Познавам стотици луѓе на кои политиката им е најслаба страна и кои се најмалку политички определени, а беа едни од организаторите на овие простести, обединети САМО со една единствена цел, која е далекууу од политичка.
    На ниту еден протест изминатиов период не видов дека се обрнува внимание на тоа колку луѓе се потребни за наводно еден протест да биде успешен. За "среќа" Сител почнаа и за тоа да водат статистика. Сега треба да ги прашаме дали е доволен бројот од вчера за некој да обрне внимание на барањето од студентите. Срамота е ова, повторувам.
    Како можат кога доаѓа време за избори да идат и да прават средби и слушаат барања и желби од народот, а сега ги нема? Каде е демократијата, слободата на избор??

    Знам само едно, а тоа е дека само полошо доаѓа. Се` што треба да направиме е да продолжиме да се бориме до крај. Да не ги оставаме нашите барања на половина, да не дозволиме да манипулираат.
    Да напоменам дека јас од неодамна завршив со студии, но тоа не ми дава право да викам браво и да седам дома. Еден ден и нашите деца. браќа, сестри... ќе се соочат со ова. На младите останува светот, а нашите млади се` повеќе со нетрпение бараат излез од Македонија... зарем тоа е е доволен доказ за "успешноста на функционирањето на државата" ? (n)

    А да, и не сум партиски определена, да не испадне со муабетов дека едвај чекам СДСМ да дојдат на власт па да видиме аир. ;)
     
    На Annath, calliope, Elena69221 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    387
    Некогаш и твоите родители викале дека биле млади и дека на нив бил редот да ја оправат државата, но не ја оправиле. И, денес вие велите дека е ваше време да ја оправите државата, но не ја оправата, утре твоите деца исто и така натака. Тогаш што е проблемот? Можеби сме подпросечно интелегентен народ, можеби толку ни е црпката? Треба да ви биде јасно дека 20-30 луѓе од власта не може да ја усерат државата колку што може еден целокупен менталитет на народ да ја уништи. За да Македонија напредува мора да се менува целокупната култура и менталитет на овој народ, а тоа е тешко изводливо, т.е. скоро невозможно.

    Јас се обложувам дека 98% од студентите што вчера протестираа воопшто не ни имаа претстава кои се противаргументите на Студентскиот пленум, ниту разбираат што бара таа организација, туку се чисто манипулирани и се сомневаат во своите познавања и дали воопшто ќе положат. И да, УКИМ зборува за автономија каде што секој втор професор е корумпиран? Па, 80% од професорите на УКИМ се бивши или сегашни членови на СДСМ. Нормално дека ќе обработуваат по партиска директива.

    Слобода и демократија постои само во психата на еден сиромашен човек. Тоа никогаш ниту постоело, а ниту ќе постои во пракса. Како би опстанала нечија власт ако ти дозволува да правиш и зборуваш што сакаш? Јебеш га, не можеме против природни закони.

    Тоа што младите се повеќе со нетрпение бараат излез од Македонија доволно зборува каква младина имаме. Како јас младината да ја сфатам за сериозно и дека сака да ми помогне тогаш? Кукавичка и бескичмена младина која што само Фејсбук, Твитер, дрога и алкохол ја интересира, а после кога ќе му загустат годините да ја збрише во некоја богата земја да животари со години.
     
  19. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Сакам да се надполнам за нешто, сум испуштила нешто многу битно.
    Камо опозицијата да беше малку мудра и да го искористеше ова во своја корист и не само да ги подши студентите туку да се бори заедно со нив. Ама имаме една навистина мрзлива, некреатвина и небунтовна опозиција, за многумина ненародска, зашто не знае да се сочувстива и доближи до народот. Сосема е така.
    Во секоја нормална демократска држава опозицијата ќе ги придобиеше студентите и ќе се бореше против власта. Ама таа молчи. Ама мислам дека на народот му се смачи да молчи повеќе, и да чека некој друг да го организира. Може тоа многу добро сам да го направи.

    Читам лицемерни изјави од господинот Филип Петровски, не можам а да не му се изнасмеам, не можам во лице ама еве вака јавно и делумно анонимно ќе кажам дека е навистина одраз на вистинката слика во државава. Заборави како тој дојде до тоа столче во политиката, заборави многу брзо кога тој беше од другата страна, ова страна, страната на студентите. Топли се фотељите на државната админисгтрација, удобни, а бенефициите уште поудобни. Но барем нека молчи и нека се крие, зашто тоа што го прочитав само уште повеќе му ја истакнува неговта вистинска страна и неговиот прав лик и дело.

    Многумина велат некој ќе искористат од овие протести, некој ќе успее да се качи на некоја политичка позиција, па знаете што, убав пример имаме од минатото и од ваквите ликови како него и сличните како него кој ги има со лопата да ги ринеш. Жални примериа уште пожални ставови што секој протест го гледаме како напредок во негативна смисла за искачување и добивање на фотења.
    Жални сме, целата политика и духот на размислување ни е жално, дури и воздухот што го дишеме е понеазагаден од некои ликови и размислувања кои не трујат.
    Јас ова го сфаќам како револуција, против власта и против нивното самоволие. Мислам дека треба да е само почеток, зашто ова е само еден многу значаен дел од каде што никниваат сите проблеми. Жариштето.
    Ама се гледа како министерот, премиерот одговара на овие сериозни настани, незаинтересирано, со потсмев и иронија. Такво им е целото гледиште на образовниот систем- иронично и со потсмев.
    Ако успеат ова да го протуркаат како што ги протуркаа и тие екстерни за средошколците и во основните училишта, самите ќе бидеме виновни. Не само зашто ги гласаме, туку зашто дозволуваме да не манипулираат.
    Ја голтнавме матурата, како вчера да беше кога ни соопштија дека ќе полагаме матура.
    Бев 3та година средно, се боревме, не убедуваа дека не сме силни, барем не доволно. Полагавме, и положивме нормално. Но јас лично не видов никаков придонес од таа матура зашто не беше одраз на моето целокупно знаење, ако ги положив со највисоката оценка. Затоа што не не подговтуваат на знаење, туку на моментални информации кое се задржуваат во главата до полагањето на испитот, евентуално месец подоцна.

    Ни требаат многу, многу повеќе од екстерни тестови, матури, државни испити.
    Ни треба разумен пристап кон образованието, подобри професори и прави услови и литература на која ќе го крепиме знеењето, од прво оделение па се до 4та година факултет.
     
    На Annath, Peppermint и SwanMay им се допаѓа ова.
  20. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Мислам дека премногу остро зборуваш за целокупната младина.
    Не мислиш дека има исклучоци?
    Не мислиш дека постојат млади кои бегаат надвор како последица од тоа што седат дома, невработени се, сакаат да имаат семејство, ама немаат пари за истото? Мислиш дека ако одат во странство, садат дрво и им никнуваат пари, само затоа што се жители на богата земја? Не работат??
    Не мислиш дека кај секој млад човек постои надеж дека учи нешто во животот со цел утре со тоа знаење да може да ги издржува своите деца?


    Зошто алудираш на сите млади и ги обележуваш со неубава етикета. Јас пак, напротив, се кладам дека повеќе од 50 % знаат многу добро кои се барањата на студентскиот пленум. ;)

    Од кого се манипулирани? Ако за нешто се побуниш, работава испаѓа одма дека се сомневаме во себе и во своите знаења, не ни држи гзот, а? :^)
    Можеш да манипулираш да, не викам не. Ама бројката што се појави вчера, тешко дека сите се манипулирани. Сепак има дел кој е свесен за некои работи. ;)
     
    На Annath и Peppermint им се допаѓа ова.