Има многу поголема политика од ова со пензионерите и младите. На младите им треба партиска книшка. Сигурни се дека го имаат нивниот глас затоа што се млади и еден ден нема да можат да се вработат без партиска книшка. Ете ги гласовите. А на пензионерите не можат на индиректен начин да им се заканат па затоа се им е бесплатно.
Ова искрено е заникаде. На некој факултети практичното е поважно од учењето. Оценката се базира на присутност, активност и дисциплина на час, а не со одговор на 40 прашања. Па и некои теми ученикот може да ги совладе повеќе од други. Но секако кога ке дојде ред пак истите ке ги гласат, па така им треба.
Од што не им се исполитизирани (ако се лажеме) студентските парламенти затоа требаше некој од СДСМ да се огласи во име на студентите . https://www.youtube.com/watch?v=KYW9AjRgrIs Иначе се додека некој друг ги рани и им го плаќа образованието ниеден студент не очекувајте да излези на протест, свесни се кои се последиците ако воопшто помислат на нешто такво.
За во приватниот сектор не им треба и никогаш нема да им треба партиска книшка. Ама ги испраа во мозоците дека целта во животот е да се вработиш во држвно и ако може да земаш плата и ништо да не работиш уште поубаво. Знам еден куп студенти кои не ни помислуваат да се вработат во приватен сектор оти тогаш ќе морале навистина да работат, некогаш дури и прекувремено. И да се спроведи овој закон, за оние што знаат и во случај да паднат, пак ќе има за нив секогаш работа во приватниот сектор.
Така нека биде. Но дали си свесна дека и тие со приватно не поминуваат лесно? Мислам партиски. Џабе ти е тебе приватна фирма со знаење и факултет ако немаш партиска книшка. Секои две недели инспекции ќе ти праќаат и за секое мало, ама она најмало, минијатурно, делче што не е "според законот" ќе те казнат и тоа салам пари ќе дадеш. А иначе да, најубаво си е приватно. Ако имаш живци за кинење.
Не мислев сите да бидат приватници, туку да работат во приватни фирми. А ако продолжат со начинот наложен во твоето мислење за 10 години нема да постои државата, бидејќи ќе нема приватен сектор веќе или ќе станиме социјалистичка држава се ќе е државно. Ама ова е веќе оф топик.
За жалење е владата која не верува во институциите на сопствениот државен систем. Не треба синдикатот ( поминале покрај синдикат) да кажат доста е, треба сите ние да кажеме ДОСТА Е. Имам желба како нинџа да влезам у влада и да ги постројам сите. Да им дадам по еден тест, секако екстерен за 6-то одд. (максимум) и цела дешавка да иде во ЛИВЕ на Сител.
Нема да е социјалистичка и да е државно, туку државата ќе е се на мала шака луѓе, а ние ќе сме само пионки, а од демократија ни Д нема да ја видиме, а вие пак си пишувајте тука.....
А што очекувате да правиме? Да протестираме, да се тепаме? Што очекувате? Кога имало мирен и ефективен протест во последниве години јас не се сеќавам. Ако некој треба да протестира тоа се студентите(зависат од родителите), родителите(голем дел немаат сигурни работни места), средношколците од 3-та и 4-та година оти тие ќе ги осетат последиците доколку се спроведи овој закон повеќе од било кој студент сега, универзитетските професор и професорите кои беа казнети, па и тие што не беа од средните училишта... Ама нема доверба меѓу народот, сонародниците. Си се запрашала оти никаде ги нема студентските парламенти да се изјаснат? Можеш да претпоставиш кој е во нивниот состав, така? Затоа не подбуцнувајте! Ако не ви чинеше си имавте 2 круга избори пред 6 месеци, можевте да си го кажете мислењето со едно заокружување.
Искрено, јас мислев дека ова е заебанција кога слушнав. Од сите глупости, не ми се веруваше дека некој може ваква глупост да смисли. Ме интересира само од каде им е моделот. Дека е различен квалитетот он универзитет до универзитет, различен е. Ама има мноооогу погорливи прашања од екстерното. Наместо да научат да работат, студентите ќе бубаат уште толку. Практична работа треба, не екстерно тестирање. Џабе знаењето, ако не го примениш.
Бидејќи не знаат како да си го исперат газот со ЕКТС системот кој произведе да секој втор биде м-р или д-р (има и исклучоци не велам не`), па им текна да на практично ниво спроведат научна фантастика. Некој си таму кој ,,тапи,, глава со будалаштини очигледно дека живее во некоја си друга димензија.
Деновиве како излегуваат вакви глупости да не знае човек која е најголемата. Ама оваа дефинитивно е негде на врвот. Прво, која е целта на полагање испити, дали тие испити всушност немаат никакво значење? Еве, до втора година си исчистил се, ама паѓаш на екстерново. И? Што, не те бива тогаш? Или паѓаш на тој во четврта, а имаш само некој заостанат испит. Што правиме тогаш со потрошеното време и пари? Зошто тогаш не направат да нема полагање испити, кога очигледно не значат ништо, нека се учи само, нека се полага два пати и чао пријатно. И се согласувам со мислењата погоре, уште повеќе да се буба само, никакво практично искуство. и после излегуваат неспособни кадри. Образование нула. Ужас. Студентите се јачаат на тастатура, ќе направат неколку групички на фејсбук и толку од тоа. Аирлија нека е.
После победата на ВМРО-ДПМНЕ на последните избори, се случија многу промени на полошо. Направија сигурно пакт со ДУИ, па сега нивни луѓе ги ставаат министри во влада, како што е новиот министер за образование и наука Абдулаќим Адеми. Овој господин има завршено високо образование и има пракса во Германија (http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%90%D0% ... 0%BC%D0%B8) што значи дека не е неупатен во високото образование. А зошто го тргнаа Спиро, лош министер е? Му се лутевме нему шти воведе екстерни тестови за основно и средно, а овој новиов па му го продолжи патот? Зошто тогаш ако Спиро носел толку „добри одлуки“ веќе не е министер? Дали сте се запрашале, зошто се повеќе и повеќе Албанци влегуваат во администрација, влада, политика и се што е дел од управата на државата? А на власт стои македонска влада? Гледајќи ги ефектите од досегашните спроведени екстерни тестирања во средно и основно, сигурно видоа дека повеќето ученици испрепишале, а тие што имале сите 5ки не успеале на екстерно да извадат бидејќи имало прашања извадени од ракав. Следува дека екстерното е неуспешно, воглавно поради тие кои ги составувале прашањата и тие кои биле тестатори, а не поради вина на самите наставници и професори. А платите им беа сепак намалени. И сега, гледајќи го тој ефект, ги поместуваат границите на невозможното. Сакаат ли да го постигнат истиот ефект и кај студентите, па тие што препишуваат и така полагаат и на овие екстерни ќе испрепишат, а тие што се мачат и што чесно си полагаат сигурно би се убиле од учење за да можат да продолжат со образованието и да земат диплома, за на крајот да паднат на еден екстерен тест поради неможноста да научат по 16/20 предмети за минимално време. Значи, ни тие што редовно учат, ни тие што препишуваат нема да научат толкав материјал, да не зборам за обемните по 500-600 страни и за тие што имаат тежок стил на пишување. И така нашите Македончиња ќе паднат на екстерните, тие што препишуваат ќе продолжат да студираат и ќе се постигне контра-ефект. Ова сигурно им е сосема јасно на министерите и премиерот, но што има врска кога истиот тренд го има и кај администрацијата. Јас мислам дека целта им е квалитетните студенти или да ги избркаат од државата или да ги потиштат, за да можат да завладеат оние неквалитетните и нечесните, па да можат полесно да манипулираат со народот. Поважен ќе биде гласот на неквалитетните бидејќи „успеале во животот“ и тие ќе ги носат најважните одлуки, независно дали се работи за една фирма или цела држава. Од друга страна, зошто го спомнав Адеми. Бидејќи вака како што има веќе огромен процент на млади (што имаат чест, амбиции и талент) кои заминуваат од државата (да не се лажеме, повеќето ако не и сите од нив се Македонци), а бројот на Албанци се зголемува, вака уште повеќе ќе ги избркаат квалитетните Македонци кои можат да ја вратат Македонија на вистинскиот пат, за тука да останат само тивките и слабите што имаат страв, и оние што се перчат. И како продолжуваат со ставањето Албанци на високи државни функции, така правата на Албанците ќе се зголемуваат и рамнат со правата на мнозинството (кое за жал може да се придвижи кон малцинство со иселувањево!) и државата лека полека ќе ни ја преземат соседите, а може и да престане да постои. Навистина е долг постов, ама вреди да се прочита. И не сакам да ги навредам Албанците затоа што се Албанци, бидејќи не се сите такви што се тепаат со Македонци и што ли уште не. Тоа е повеќе до карактерот и алчноста на ОДРЕДЕНИ Албанци, НЕ на сите. Што се вели, ние Македонците што не се испоубивме меѓу себе не па ли некој отстрана да се вмеша. Што не сме обединет народ, не сме. И не се криви ВМРО, крив е народот мазохистички. Кај гледаат какви услови имаме, и пак за истото се определуваат.
Гневна сум, и не верувам дека постои студент кој во потполност се согласува со овој предлог закон. Секако, со исклучок на неколкумина. Еве, баш и со колегите на факултет дискутиравме околу апсурдноста на самиот концепт за оценување. Но, јас секако не би била до овој степен загрижена, да живеевме во некоја Европска држава, каде и да се донесеше ваков предлог од страна на Владата немаше да се крене волкава паника. Бидејќи знам дека сета таа академска фела ќе биде едногласна во однос на одлуката, и на крај сепак ќе се најде начин да се издејствува взаемно решение кое би им било во корист повеќе на студентите. Но, познавајќи го нашиот образовен систем во својата прекрасна мала земјичка каде се игра со златен шпил карти полни катран, се сомневам дека би сториле нешто за наше добро. Патем, мислам дека дури ни протестот не би решил нешто, кога и онака на него излегуваат двајца без тројца без оглед на тоа колкава прашина ќе се дигне на социјалните мрежи. Имено, исто така не знам како мислат да ни го ускратат правото на образование, кога јасно стои во уставот дека тоа не смее да се случи под ниту еден услов. И дали постои можност бар за некакво моделирање, сеуште не се знае...
Ова ти нема никаква логика. Извини, но од каде знаеш ти како се студира на приватен факултет? Треба прво да си запишана на таков факултет и да си студирала за да дадеш ваков заклучок. Вака од рекла-кажала можеме до 1001 да дотераме и назад. Да си измислуваме приказни и да се убедуваме дека никаде не е добро, освен на УКИМ. Не ги ставај сите студенти во ист кош. Кој си учи, си учи.Било да е приватен, било да е државен. Се зависи од самата личност на студентот и колку тој е подготвен да се посвети на тој образовен процес. Има студенти кои навистина учат и се покажува тоа. Има и студенти кои само ден губат со факултетот. Ќе си прошетаат и на крај тато, мама, бато ќе им обезбедат не 6-ка, тука 9-ка или 10-ка. Јас имам колешка запишана на докторски студии на правен факултет во Скопје-Јустинијан. Албанка по националност. Си плати околу 6000 евра за докторатот и сите испити само така си ги зеде.Таа прво и основно не ни знае убаво да зборува на македонски јазик, уште помалку и да се изрази за да биде сфатена. Имаше ментор познат професор, да не именувам тука и на крај испадна дека само парите си го прават своето. Јас и ја читав апликацијата за докторската теза и имаше што да видам. Една реченица немаше точна и со смисла некаква, испреплетена на македонско-босански јазик????????????????? замислувам што труд има. Затоа не е тоа мерило што си го навела, за тоа кој колку вреди и е квалитетен. Ти можеш во твое лично име да си кажеш искуство, а не и за некој друг. Не треба да има екстерно тестирање за студентите. Јас сум против. Екстерното не даде реална слика тамо кај што беше спроведено. Целта е само да се кажува дека нешто се работи за подобрување на квалитетот на образиванието. Треба да се поведе сметка за тоа КОЈ се запишува на факултет. Тоа е главниот проблем.
После твоето цитирање морав да си го прочитам постот 3-4 пати и заклучив дека никаде немам спомнато за приватните факултети, ништо, ама буквално ништо. А знам многу луѓе на кои не им одело на УКИМ па се префрлиле на другите државни универзитети или на дисперзирани студии и сега имаат висок просек и земаат стипендии. Исто така познавам многумина кои за да не се влечкаат уште година, две заради еден два предмета кои се тешко положливи на УКИМ си ги собираат документите одат на другите универзитети им ги признаваат предметите со полесно си ги полагаат последните предмети на универзитетот на кои се префрлиле и си штедат на пари и нерви, а знаењето си го имаат. Е сега многумина од тие кои во прва втора година се префрлиле кажуваат дека таму вадат 10ки само ако го повторат материјалот од вежбите, што не е случај на УКИМ. На приватните факултети не знам како е и не знам како би се применило тестирањето на тие студенти бидејќи не можи некој да ги избрка од тие факултети или да им забрани да студираат кога плаќаат енормни суми и мислам дека се водат како приватни фирми, не знам точно. А ваквите примери како тој со албанката слободно користете ги во своја полза. Како што се бунат црнците за расизам дискриминација на расна припадност во Америка и ние можеме да се буниме на етничка припадност, ако македонците сме мнозинство не значи дека не сме дискриминирани во однос на албанците и дека немаме право да се буниме бидејќи тие биле привилегирани. Нас така ни е ставено во главата од мали и си молчиме или дека сме мнозинство па не ни е логично да се буниме дека сме дискриминирани. Да дискриминирани сме и тоа е факт, и дека и албанците се некогаш премногу привилегирани и тоа го злоупотребуваат и тоа е факт, само тие од мали се учени да се бунат за било каква дискриминација и да се сложни. А тоа дека на некои факултети при УКИМ нема смисла да се спроведат екстерни тоа е факт. На УКИМ треба да решиш 3 збирки задачи за воопшто да положиш или да читаш од 3 различни книги(а не скрипти) само за да положиш, а на другите универзитети доволно им е да си ги пререшат задачите од вежби или да прочитаат една книга, некогаш доволно е дури и скрипта од 100 станици. Ми се жалеле студенти од другите универзитети не од УКИМ како им било многу тешко да учат за колоквиум оти имале дури 50 страници за учење. И сега не можи да им дадеш исти тестови да полагаат студенти кои решиле 3 збирки или учеле од 5 книги, со некои кои си ги пререшиле задачите од вежби и учеле од некое скриптиче, ако го направат тоа ќе треба се живо да избркаат од дисперзираните студии и од другите универзитети, ќе треба да ги затворат другите државни универзитети. А ако се прават на некое просечно ниво за да можат да ги одговорат од сите универзитети, тогаш тестовите би биле со многу низок квалитет. Се надевам сега ми ја разбра поентата.
Јас само ти забележав на првиот дел. Албанците имаат секаде привилегии, не само за едни обични студии. Тоа на сите ни е јасно. Виновнкот се знае и не од вчера. Некои процеси си течат години наназад и еве ги денес резултатите.
Па ако истиот професор не ги третира така и македонците, нека се бунат дека се дискриминирани или ако неа ја вработат, а не некој македонец со поквалитетно образование нека се буни дека е дискриминиран на етничкаприпадност. Како тие, така и ние ќе се буниме и ќе изиграваме жртви.
Сите завршија факултети, отсегаш имало неписмени кои дипломирале, и се перчеле со тоа парче хартија, кое е премногу тврдо за да го искористат како тоалетна хартија. Ова секако не е начин да се утврди дали учеле или не - грешката се направи одамна, со концептот на приватни факултети комплет се уништи. Наместо да е престиж да си на приватен оти таму се учи повеќе и се вложува повеке во твоето знаење оти мама и тато дале кеш, приватните факултети станаа место каде се плаќаат оцените. Дел од вицовите - застнав пред ФОН да врзам патики, ми дадоа диплома - се оправдани. Гледам дека се делумно неписмени, а се перчат со нивниот просек. Факт е дека ако на некои им дадеш задача со една непозната ке се јават во полиција да ја најдат непознатата. Како и да е, муабетот ми е дека одамна ја утнаа работата. Ја утнаа кога се плаќаше потпис за присуство на предавање на државен факултет - за 500 денари да лапне факултетот, не мораш да одиш на факс и да слушаш. Ја утнаа кога услов да станеш асистент или да упишеш докторски беше да си керка на професорот или ебачка на деканот - сега е полошо, мораш да платиш 6 000 евра за да напредуваш, пари кои никогаш нема да се вратат. Ја утнаа кога професорите си ги продаваа учебниците по државните факултети и кога имаа секс со студентките, а некои и се оженија со нив. Утната е со оној шиптарскиот факултет - асистентите штанцаат шестки додека студентите пијат кафе. Утната е со овој глуп Болоњски систем - во Србија пред некоја година го отфрлија откако констатираа дека студентите не знаат да зборуваат, а дипломираат. Ја утнаа кога правниците станаа правници на заокружување без да гукнат - идните оратори во судниците. Оние кои треба да ја бранат слободата на граѓаниот, не знаат ни во маалска караница да победат со комшиката. До толку не знаат да зборуваат. Не е заебано основното и средното образование - заебано е со години високото. Оти оние од високото сега станаа професори во основно и средно, се соочуваме со дебили да ни ги учат децата. Ке станеме Америка, нема да знаеме дали Сонцето се врти околу Земјата и дали се јаде Месечината. Кога бев средношколка, муабетот на една моја професорка, беше - мора да бидат скапи студите - 1000 евра, 600 евра годишно, инаку сите ке завршат. И јас се лутев, викав, ако јас сум сиромашна, дали тоа значи дека нема да можам да учам? Дека само ќерка ти ке учи? И она рече, па некоја мора да биде и чистачка, а некоја госпоѓа. Тогаш се лутев, оти ме деградираа заради парите, ама сега сфаќам дека треба да постои огрзничување. Ама не по пари, туку по знаење. Ако е глуп, да не може да заврши. А не да му се подари оцена. Сега дојдовме до момент кога нема чистачки - сите се магистерки. Момент кога се купуваат оцени и се носат перничиња под маиците - лажат дека се бремени за да им ставаат шестки. И приватните и државните факултети го направија своето - лапнаа пари за себе, за професорите и деканите и продеканите. Нема професор без најмалку 5 стана на име на жената во Скопјево, оти тарифата беше 500- 1000 евра кај вулканизерот што ке му ги даде на професорот. За шестка. Среќа, мене никој не ми побара пари, знаеја дека сум сиромашна, не идев со коли на факс и не носев патики од 100 евра. Ама оние богатите деца....ги дереа. После сфативме зошто во пријавата на факс имаше - име на родителите, занимање, степен на образование и месечни примања. Оти на тие богатите можеа да им земат пари. И не, со ова екстерно ништо не се прави. Сами ке покажат студентите кога ке завршат колку се способни. Треба да се вратат приемните на факултетите, да се заостри државната матура, а студентите и писмено и усмено да одговараат, за ист предмет пред двајца професори. Нека остане ефтино, по 200 евра годишно да се одржуваат факултетите, ама и да учат по 1000 страни минимум по испит. Оти инстант испити по 200 страни се за средношколци. Оти кога ке сака да се вработи некој, некој неписмен со м-р пред името ке се истопори и ке му ги земе местото со купена диплома. А кога ке биде ултра тешко и ке треба знаење за да се заврши, е тогаш ке видиме дали ке има м-р невработени. М-р во струката без ден стаж у животот. И џабе ние муабетиме тука - нема начин да се промени нешто толку труло во коренот.
Факт е дека имаме премногу „академски граѓани“ и дека треба да се намали нивниот број на некој начин, ама екстерното не е тој начин Ако сакаат да го намалат бројот на студенти, и да останат само квалитетните нека воведат приемен испит, а не на сред студирање да ни кажат дека не можеме да продолжиме.Подобро уште од почеток да знаеш на што си. Вака трошиш труд, време и пари за џабе. А кој ќе го врати тоа ...?! Додуша ни матурата, ни приемниот, ни ова екстерново нема да се вистински показатели за знаењето. Не може некој да ми каже дека знаењето од матурата е реално кога една недела пред матурата се знаеја и прашањата,па дури и темите за есеј беа објавени тука, и тоа реално е ?! Исто е и за екстерното и приемниот, ако имаш врски ќе ти ги дадат не само прашањата туку и одговорите. И така ќе останат да студираат оние што стварно знаат и оние со врски, а сите знаеме кој ќе тргне на работа тука а кој ќе мора да каже и да оди за странство.