ете...и рибаро го цензурирале со ова видео... http://okno.mk/node/43043 ама ако....ако...како викаше премиерот Вистината е како шило,ќе врти врти и пак ќе излезе на виделина! И затоа не очајуваме,и вистината која се крие позади квази реформите во високото образование преку газење на автономијата на универзитетите и газење на волјата на студентите,ќе излезе на виделина.
Ништо, децо, ни се покакаа на врв глава. Не направија безгласни букви, соросоиди и ни дадоа партиска позадина. Бедна тактика да се елиминираат студентите кои нема да можат финансиски да си дозволат да ги пројдат екстерниве, па така да останат само полтрончињата кои на уште полесен начин и без многу конкуренција ќе си дојдат до работни места во администрација. Пошто вака им беше тешко, нели... Не би ме чудело сега да седат некаде во штаб и живчано да ги бараат тие што се фатени на слика од протестите за да направат истите да паднат на тестовите. И после да викаат оти се бунеле зашто знаеле дека ќе паднат. И секако - да им најдат далечен роднина од 7мо колено што е за СДСМ за да дадат партиска позадина.
@calliope во право си. Ама полека полека сите ќе си заминеме, па нека останат тие тука, на крајот и така меѓусебно ќе се истепаат како Сицилијанска мафија.
Девојки не губете надеж и храброст. Ова е почетокот на крајот од владеењето на оваа влада. Секоја демократска револуција и промена започнува од двигателот на едно општество - студентите. Голема е можноста кон нивните простести да се приклучат и голем број на незадоволни граѓани и протестот да добие широки размери. Тоа што водат инает е доказ за каква влада станува збор.
А што решија? Тоа ќе важи за студенти кои ќе се запишат во 2015 година или ќе им го тупнат и на овие тековните?
@mims-89 важи и за тековните студенти што допрва ќе запишат магистерски и докторски меѓу кои спаѓам и јас. Тие што ќе се запишат 2015 ќе полагаат државен испит и на додипломски.
Да се изјаснам и јас на темава: безразлика што моментално не ме засега ова - излегов на протестот! Тоа што пробуваат да му дадат партиска позадина на протестите е крајно неумесно, сите се свесни дека тој жар со кој протестираа студентите не може да биде организиран и исцениран од ниедна патрија. Да се разбереме, јас сум за реформи во образованието но, не на ваков начин. На сите ни е јасно дека многу работи треба да се менуваат во високото образование. Мене срам ме фаќаше кога ме прашуваа како се пресметува просек, а аплицираат за стипендија која патем и ја добиваа. Криво ми е што колеги кои во средно одвај со двојки поминувале, сме земале иста стипендија а денес носиме и исто звање. Се штанцаат дипломи на велико, а знаење никакво! Јас не сум против тоа да се отворат факултети и да им се пружи шанса за високо образование на секој. Но, тие квоти од 1000 студенти нека се ограничат на 200-300, нека има приемен испит и да се селектираат најдобрите, оние кои имаат навистина капацитет подоцна да се носат со звањето дипломиран, па и магистер/доктор на науки. До вчера ги форсираа матурантите да се запишуваат на факултет, 98% се запишаа годинава. Убави им беа парите што ги ставаа во џеб, сега кукаат дека се намалил квалитетот на образованието. Јас би била за вакво тестирање доколку има исто такво и за пратениците и владините функционери. Замислете, за чистач во училиште се бара уверение за неосудуваност и што ли уште не. А на пратениците и владините функционери во законодавната и извршната власт никој не им бара ни уверение за неосудуваност, ни лекарско уверение, ни знаење, ни познавање на јазици и компјутерски вештини. Се што е потребно е само дигање рака и климање со глава на предлозите на лидерот, што значи секој партиски поттрчко што ќе го најдеш на улица може да биде пратеник и утре да ни ја крои судбината. Нека бидат тие тестирани од професори и материјали од Кембриџ, Сорбона, Принстон - па тогаш прва ќе го поддржам екстерното тестирање!
Ne sum kompetentna da komentiram na ovaa tema. Gledam mnogu cesto e aktuelna po forumov, pa odluciv da napisam dva, tri zbora od moeto iskustvo. Koga aplicirav za visoka institucija vo stranstvo mi trebase GPA 3-4 (prosek). Imav moznosti pred da apliciram sama da go convertiram mojot prosek vo North American standards. Site oceni gi staviv vo sistemot i na kraj me prasa da izberam drzava kade sum zavrsila. Megudrugoto ja imase spomnato i bivsa Jugoslavija. Za istiot prosek koga ke kliknes bivsa Jugoslavija dobivas 0.5 poveke, od toa sto ti go dava kako zavrsen student na makedonski univerzitet.Isto tolku ke dobies ako izberes Croatia. Fakultet zavrsen vo ostanatite bivsi jugoslovenski republiki, a sega drzavi ima pomala vrednost. Mora da ima nesto so toa sto se pokazalo deka ima mnogu lazni diplomi. Jas se pokazav i dokazav, no ima studenti koj pokazale sprotivno, zatoa i sistemot na calculiranje na GPA e razlicen.
Опозицијата не вадела на улица, а? Мореее како знаат они дека не им држат вода оправдувањата, ама се прават наудрени и за своите грешки ги обвинуваат другите. Студентот кој плаќа е најлесно да се обвини и манипулира, добро го знаат тие тоа затоа си играат ташак со нас. Како и да е, јас сум ЗА следините протести да не бидат мирни! Не го бива ова веќе вака, мора да се преземе иницијатива и да се излезе уште по масовно и да се покаже дека ние сме двигатели на промените во ова општество. И онака од седење дома и играње фини мачки нема полза.
само за ново запишаните Новините за државниот испит ќе важат од академската 2016/2017 година за студенти запишани на прв циклус на студии, односно од академската 2017/2018 година за студентите кои ќе се запишат на втор циклус студии.
Новите предлози на МОН значат тотално девалвирање и уништување на домашниот научен кадар и институции. Подобро да се донесе закон сите високошколски установи да се затворат и да се студира (а по можност и остане) во западните земји. Сега странци ако сакаат без проблем ќе можат да бидат ректори, декани и наставници на УКИМ на пример, само затоа што се од подобрите универзитети во Светот (читај со буџет колку целата наша држава). Недоквакани од министерството ќе спроведуваат државни испити, а наместо први три, сега само први две полагања ќе се бесплатни. Странците во старт би имале предност за вработување доколку се од појаките универзитети, а нашиот УКИМ бидејки е на 1600 место, ќе се смета за тапа. Е ова се вика веќе е...ње во здрав памет. Очигледно доаѓа време кога полека сите ќе треба да си спремаме куферите, зашто ако овде се убиваш од работа за 500 еур, горе барем за иста работа ќе добиеш 6-7 пати повеќе. ALOOOOOOOOOOOO BEEEE VO KOJ VEK ZIVEEMEEEE :/
Јас па ќе влезам во темава да видам до каде е ЛефоЛмата оти не следам вести, едноставно не можам веќе да се полнам негативна енергија од сите лудории во државата и оп, еве ја најучената и најпаметната од сите, @Cka kakо се расфрла со нејзините знаења, дипломи, обуки и не знам што уште не... Очигледно не те тапшаат по рамо по штабовите и нема каде во реалноста да се правиш паметна, па најлесно е на форум, никој ни те знае , ни те познава. Боже, колку образовани девојки има на форумов и тоа ОБРАЗОВАНИ, ама она се удара у гради како Господ за брада да го фатила. Мислам дека ќе биде попаметно да дискутираш на темата во рамките на истата, без да паметуваш и да се дуваш како паун за тоа кооолку си ни учена. Јас да сум како тебе и индекс ќе приложам оти друго веќе не ни остана, уверенија од обуки, серификати , ма што и да поседуваш а ние до тогаш ќе чекаме во неизвесност и откако ќе дочекаме сите ќе му се восхитуваме на твојот УМ. На темава се изјаснив, ова е лудо што се случува и стварно не ми е јасно како и во кој правец ќе продолжи... Условите во државава се неподносливи и станува се полошо!
Полагањето на државниот испит ќе се снима и пренесува во живо ahhahahahahahahh ovie dobri li se so pamet???
Нели од 5ти, 6ти таму пат се плаќаше, сега после втори, дур се воведе ќе биде задолжително и првиот пат 200 евра.Абе какви реформи, подобрување на квалитет, и тие пари што ги нема сакаат да ги исцедат.