Верувај дека без разлика колку протести ќе се организираат и без разлика колкава ќе биде масовноста сепак владава ќе си го истера своето. Они уште пред да објават во јавност дека имаат намера за вакво нешто, веќе си имале одбрано професори кои ќе ги прегледуваат испитите. А јас колку што знам најмалку година дена треба да има јавна расправа за да се воведе вакво нешто. Очигледно закониве не важат за сите исто во државава. Не следам што е и како е. Имав желба да завршам годинава со факултетов и здравје боже за година две да запишам втор. Се разочарав искрено, не верувам дека ќе го направам тоа. Изреволтирана сум до бескрај...
Изјава на претставник на студентскиот пленум за дебатата на тема „Реформи во образованието“. НЕ е во ред што претставници од Студентскиот пленум не се поканети на дебатата , бидејќи тој е единствено легитимно претставничко тело на студентите. Студентските парламенти веќе немаат никаков легитимитет и НЕ се прифатени како претставници на студентите од страна на истите. Студентските парламенти реално постојат само за да организираат забави и да го прават распоредот за полагање. Студентскот пленум е најдемократска форма на студентско организирање и затоа е поддржана и поздравена од многу европски студенти и студентски организации.
Како е возможно,ако си завршил во странство,да не можеш тука да нострифицираш диплома,без да полагаш државен испит?! Во претходните мои постови ќе прочитате колку го бранев ставот да се остане во татковината, и колку е тежок животот надвор, ЗА ЖАЛ, веќе не мислам така. Јас веќе не гледам иднина за моите деца овде....ме бркаат "моите, нашите...сопствените" под превезот на реформи.
Не знам како треба да постапат студентите за да бидат сериозно сфатени? Со насилство? Тоа го посакуваат? Плус, револтот се шири помеѓу родители од полицијата и армијата, мислат дека ќе застанат да удираат по сопствените деца или ќе им се придружат? Удираат каде што најмногу боли - децата. Факт е дека протестите и студентскиот пленум се неутрални, само од секогаш ми мањкало она - тоа е масло на опозицијата и сорос, па не е релевантно. Само со терористи не се преговара, се друго е во рамки на демократијата и се слуша сечиј глас или... ова не беше демократија? Ау да...
Демократија не значи само слобода на мислење и говорење, туку дека се почитува мислењето на мнозинството. Десничарските партии по дефиниција се стремат за уништување на средната класа односно збогатување на веќе богатите и осиромашување и уништување на средната класа. Додека на левичарските партии им е приоритет одржување на средната класа. На некои луѓе овие две работи не им се јасни. На власт е десничарска партија, низ цел свет се десничарски партии на власт и отприлика се случува истото па би требало се да ви е јасно. Тие си тераат по свое и по дефиниција, немаме право да се буниме и да ги обвинуваме.Ние народот си ги гласавме. Мнозинството ги изгласа нив. П.С. Сепак морам да кажам дека не се во тренд Германија, Норвешка и еден куп други држави го направија високото образование бесплатно, кај нас тврдат дека е бизнис, но индирекно сакаат да направат уште поголем бизнис.
Тука и тоа како се слуша гласот на терористите, не само што се преговара со нив туку и некои станаа и министри. А гласот на студентите очигледно не го сметаат за релевантен, тоа доволно зборува за каков систем се работи, до каде е за наверување дојдена работата...
pa nekako moraat da gi plakaat dolgovite.spomenicite sto se staveni vo centar se so kredit plateni i moraat nekako da go otplatat.najiskreno nekoj koga ke me prasa od kaj sum se sramam da kazam deka sum od makedonija
Многу убаво кажано браво за тебе. И треба да се срамиш затоа што Македонија држи вакви како тебе. Оди во Бугарија и со гордост кажувај дека си Бугарка.
pogresno me svati.ti treba da se sramis od makedonija sto ima vakov premier kako nikola gruevski a ne takvi kako mene ja samo si go kazav moeto mislenje no izgleda toa e zabraneto vo makedonija covek da si go kaze svoeto mislenje
Не сум се срамела никогаш ниту пак ќе се срамам. Политиката за политичарите. Гордо кажувам секаде дека сум Македонка.
no veke politikata ja interesiraat i graganite zatoa sto od niv zavisi drzavava kakva ke bide i sto ke bide so nas
Политика од секогаш имало и ќе има, само што на времето никој не се замараше за разлика од денес. Се додека народот е поделен на позиција и опозиција ќе ни се удира од глава. Кога брат на брат очи нема да вади поради некоја мочана политика би било подруго. Цели семејства денес не разговараат поради бранење де на едни де на други. Ако народот се обедини тогаш би било сосема подруго, протестите и барањата на своите права би биле сериозно сватени, а додека се гледа се кроз призма на политика тури му пепел.
daleron ja ne rekov deka sum za sdsm ja sum neopredelena ne sum za nikooj ama ja gledam sto se slucuva vo drzavava mislis da bese idealno se nemase da ima protesti.stom vo nekoja drzava ima protesti znaci deka ima dosta nezadovolni od vlasta
Од вакви како овој НЕПИСМЕН МАГИСТЕР младите избегаа од МКД, и уште ќе бегаат ! Не знам што да кажам ... ова е катастрофа што го прават!
Мене не ми е криво,еве нека стават и екстерно и државен испит,само колку не се почитува мислењето на сите скоро студенти,страшна работа,99% се против државен испит,а тие упорно да има па да има,нека се тестираат они во влада,ќе се исплашат од тоа колку се неписмени.
Јас сум изненадена зошто сте изненадени од министерот. Тој е министер, затоа има советници тие сигурно се доктори на науки или со средно.
Ако сака владата подобар кадар на образовани млади луѓе нека го врати старото правило од пред 30 години. Ако сакаш да одиш на факултет ќе полагаш ПРИЕМЕН ИСПИТ. А не да запишуваат студенти со училишна матура, ќораво и сакато завршува факултет. Кога еден Медицински факултет од секогаш се раководел според старото правило ПРИЕМЕН ИСПИТ, треба да важи и за останатите факултети, без разлика дали е Скопскиот, Штипскиот или Битолскиот Универзитет. И друга многу битна алатка (според мене) за поквалитетно образование е воведување пракса во паралела со студиите. На западот, како пример ќе ја земам Швајцарија, таму уште во средно образование имаат пракса (3 дена имаат предавања, 2 дена одат на пракса). А ние само бубаме тероија, а пракса никаква. И утре ко ќе се вработиш ќе бидеш ко изгубен Германец. Џабе коментираме, нас никој не не слуша, ние сме марионети управувани од Владата, а пак Владата е марионета управувана од само еден човек со иницијали С.М.
Па тој кога веќе толку паметен сакаше да испадне без разлика што е ,за петрологија јас на туризам учам!!! А тој со високо ниво нема појма што е тоа?????? А,сигурна сум дека и останатите немаат појма,тоа е бедното.Никој не му бара да биде д-р ама општо знаење.....сами си се издаваат.
Нас не праќаат да земаме пракса од туристички агенции пошто на туризам сум,и таму ни се чудат како да ни дадат печат кога никој не посетувал пракса,и плус од студентски ти викаат ''Студентке без тоа не може семестар да ти заверам'' и иди сеа ти мисли се од кај да најдеш печат на црно.УЖАС.