1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Екстерно тестирање на студентите

Дискусија во 'Образование' започната од Lavander, 4 октомври 2014.

?

Дали го поддржувате воведувањето на државен испит?

  1. Да

    21 глас(а)
    13,9%
  2. Не

    130 глас(а)
    86,1%
  1. dragan4eDR

    dragan4eDR Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    977
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
    па што очекувате кога имаме никаква власт. затоа сите бегаат од македонија
     
    На Ina Ina, sweety90 и Monna.Monna им се допаѓа ова.
  2. Viki693

    Viki693 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Женски
  3. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
  4. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Уште не сфатија дека студентските парламенти не се легитимни? Нервираат се живо и младо, од хонорарци, студенти, средношколци...Толку се очајни за пари или ...?
     
    На Ina Ina и dragan4eDR им се допаѓа ова.
  5. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    715
    Пол:
    Машки
    Толку се очајни па и повеќе од тоа, ваквиот систем на трансфер на државни пари на приватни сметки во ваков невиден обем а покрај тоа и задоволување на администрацијата и пензионерите како гласачко тело кое ќе ги одржува на власт - е многу скапо да се одржува.
    Посебно ако се има предвид состојбата на реалната економија.
    Затоа ќе има се повеќе казни и нови давачки заедно со максимално задолжување во странство.
     
    На Annath и dragan4eDR им се допаѓа ова.
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.061
    Допаѓања:
    66.787
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Стотина професори, но и асистенти, доценти, предавачи во високообразовните инстуции во земјава упатија отворено писмо во Владата во кое се спротиставуваат на воведување на државниот испит во високото образование и новите реформи. Писмото го објавуваме интегрално:

    – Во пресрет на уште една измена на Законот за високото образование, петнаесетта по ред за само шест години, се повторува „процедурата“ од 2008 година кога беше донесен овој Закон. Без суштинска дебата со чинителите во високото образование, без наша консултација и дури и без анализа на состојбите, се воведуваа законски реформи не по сила на аргументите, туку како резултат на произволна политичка моќ. Ако во изминатите години гласот на професорите се одбиваше од ѕидот на власта, а нашите предлози се отфрлаа без должно внимание, сега за првпат пред Вас стоиме солидарно со нашите студенти. Иако ѕидот е сега повисок од кога било порано, правиме обид да Ве предупредиме јавно и Вас и целата македонска јавност дека наближува мигот во кој ќе го заковате последниот клинец во мртовечкиот ковчег на автономијата на универзитетот!

    Во ситуација кога официјалните Студентски парламенти стојат занемено пред ликот на Моќта и кога заборавија на својата основна функција да го претставуваат интересот на студентите, се појави алтернативно движење – Студентскиот пленум – во кое спонтано се здружија студентите од сите универзитети, од сите етнички и верски групи, легитимирајќи се единствено со она што ги обединува – индексот и статусот на студенти. Веќе цел месец, со серија дејства и настани (од консултации, трибини, општење преку медиумите и масовни протести) се обидуваат да го урнат Вашиот ѕид на молк и игнорирање. Наместо одговор, тие се соочија со етикетирање и дисквалификации, заедно со дел од нас, професорите, кои надлежните ги квалификуваат како „структури“.

    Тргнувајќи од фактот дека Универзитетот е заедничкиот дом на студентите и професорите, а дека академската заедница не ја сочинуваат само професори (уште помалку деканати и ректорати), туку и студентите, ние долупотпишаните одлучивме да чекориме заедно во битката за нашите академски права, слободи и интегритет. Ова отворено писмо е израз на нашата индигнација и протест. Ова е нашиот (де)марш до институциите, кои не само што не нé испочитуваа додека расправавме во нашите колегиуми и наставнички совети во врска со концептот и предлог законите, туку, и без да се дочекаат нашите официјални одговори, нe`понижија пред ТВ камери во обид да нe` соочат со политика на свршен чин.

    Ве уверуваме дека наспроти сите обиди во јавноста да бидеме дискредитирани и прикажани како корумпирани, неспособни и неодговорни, нашата мисија отсекогаш била и останува квалитетот на високото образование. Повеќепати сме укажувале на проблемите со кои се соочуваме, како и на потребата од радикална реформа, реформа од корен, во која ќе се дојде до сосема нов законски текст и до преиспитување на Вашата политика на хиперпродукција на универзитети и факултети, кои не ги задоволуваат минималните услови за вршење на дејноста. Тие не само што се погубни за целината на високото образование, туку и создаваат нелојална конкуренција и доведуваат до беспоштедна комерцијализација на високото образование. Какви и да се решенијата, опоменуваме дека автономијата на универзитетот е уставен принцип, темелна вредност и conditio sine qua non за квалитетното високо образование, неопходно за развој на Република Македонија како европска земја на знаење.

    Најодговорно тврдиме дека државниот испит не е „лекот“ за болестите од кои страда високото образование! Ваквиот државен интервенционизам во автономијата на универзитетот е знак на непочитување, непризнавање и потценување на сопствената национална академска заедница, нешто што ниту една власт во светот не би го направила доколку држи до националните вредности. Ова е директен удар врз уставно загарантираната слобода на образование, бидејќи државата одлучува кој може да дојде до диплома, а кој не е способен за тоа – и така го супституира универзитетот во етатистички манир. Доколку е високото образование неквалитетно и студентите не располагаат со потребните знаења, треба да се бараат причините, а не да се залечуваат последиците. Со најновите законски решенија, кои го надминуваат прашањето за државниот испит, Вие го укинавте универзитетот како таков.

    Одбиваме да бидеме ставени во ист кош со оние што можеби навистина не се достојни за мисијата универзитетски професор. Бараме реформи, но и отворен и искрен дијалог во кој ќе проговориме за сите чинители кои довеле до нивото на кое денес се наоѓа високото образование и состојбата во која е невозможно во инфлацијата на дипломи (вклучително магистерски и докторски) да се утврди нивната вистинска вредност и да се диференцираат сјајните кадри од просечните или дури и потпросечните.
    Подготвени до крај да (оп)стоиме заедно со нашите студенти, апелираме да ја прекинете започнатата постапката за измена на законот. Доколку се оглушите на овие укажувања, сметајте на силен отпор во академската заедница и на соочување со сите негови академски и граѓански облици. VIVAT ACADEMIA!!!

    ПОТПИСИ:

    Мирослава Момирска Марјановиќ, професор во пензија
    Ѓорѓи Марјановиќ, професор во пензија
    Венко Андоновски, професор
    Земри Елези, професор
    Билјана Ванковска, професор
    Катерина Колозова, професор
    Катица Ќулафкова, професор во пензија
    Гордана Попсимонова, професор
    Игор Јованоски, асистент
    Артан Садику, асистент
    Огнен Чемерски, асистент
    Гордана Силјановска Давкова, професор
    Јасна Котеска, професор
    Маја Бојаџиевска, професор
    Слободан Унковски, професор во пензија
    Сефер Тахири, доцент
    Наде Проева, професор во пензија
    Милева Ѓуровска, професор
    Гоце Смилевски, доцент
    Никос Чаусидис, професор
    Гордан Калајџиев, професор
    Томе Николоски, професор во пензија
    Мартин Панчевски, професор во пензија
    Звонко Никодиновски, професор
    Трајче Стојанов, доцент
    Дана Прелиќ, професор
    Маја Мухиќ, професор
    Богдан Богданов, професор
    Лидија Капушевска Дракулевска, професор
    Симона Груевска-Маџоска, професор
    Елка Јачева Улчар, професор
    Радица Никодиновска, професор
    Небојша Вилиќ, професор
    Елјеса Касо, професор
    Зоран Анчевски, професор
    Жанета Трајковска, доцент
    Јасмина Делчева Диздаревиќ, професор
    Воjислав Саракински, доцент
    Хасан Јашари, професор
    Румена Бужаровска, доцент
    Елизабета Шелева, професор
    Антоанела Петковска, професор
    Константин Миновски, професор
    Дона Колар-Панов, професор
    Невзати Кренаре, професор
    Грчев Александар, професор
    Македонка Митрова, професор
    Маја Стевановиќ, професор
    Темелко Ристевски, професор
    Искра Пановска-Димкова, професор
    Марија Ѓорѓиева Димова, професор
    Оливер Зајков, професор
    Владимир Радевски, професор
    Катерина Велјановска, професор
    Димитар Апасиев, асистент
    Ана Крстевска, асистент
    Ристо Солунчев, доцент
    Светлана Камџијаш, професор
    Ружица Манојловиќ, професор
    Наташа Англоска Галевска, професор
    Сретен Андонов, професор
    Татјана Прентовиќ, професор
    Љубица Костовска, професор
    Владимир Борозанов, професор во пензија
    Анастасија Ѓурчинова, професор
    Елисавета Поповска, професор
    Здравко Левков, професор
    Здравко Савевски, професор
    Владимир Каранаков, професор
    Методија Атансовски, професор
    Марија Маџар-Рибар, асистент
    Марија Пандевска, професор
    Тодор Ношпал, професор
    Лилјана Пановска, професор
    Весна Мојсова, професор
    Сузана Арбутина, асистент
    Милица Ристовска, професор
    Лидија Танушевска, доцент
    Наташа Аврамовска, професор
    Куштрим Бектеши, асистент
    Синоличка Трпкова, професор
    Валентина Миронска-Христовска, професор
    Лидија Дракулевска, професор
    Роза Тасевска, професор
    Ангелина Бановиќ-Марковска, професор
    Илија Илов, професор
    Сергеј Цветковски, доцент
    Марина Тунева, предавач
    Горан Зенделовски, доцент
    Руска Ивановска-Наскова, доцент
    Ивица Милевски, професор
    Снежана Трпевска, доцент
    Татјана Улчар-Ставрова, професор во пензија
    Тања Милошевска, доцент
    Викторија Боровска, доцент
    Ана Пејчинова, доцент
    Јордан Шишовски, доцент
    Зоран Здравковски, професор
    Милица Миркуловска, професор
    Станко Павлески, професор
    Михаил Раду Атанасов, лектор
    Емилија Црвенковска, професор
    Слободанка Стевчевска, професор
    Славица Србиновска, професор
    Мери Каранфиловска, научен соработник
    Магдалена Симионска, надворешен соработник
    Марија Цветковска, библиотекарка
    Лина Данова, предавач
    Зоран Велковски, професор
    Игор Мицевски, предавач
    Татјана Ефтимовска, предавач
    http://www.radiomof.mk/otvoreno-pismo-vladata-stotina-profesori-protiv-drzhavniot-ispit/

    Дали веќе оваа глува и слепа влада ќе го види и чуе народот?
     
    На fighter му/ѝ се допаѓа ова.
  7. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.434
    Допаѓања:
    165.375
    Пол:
    Женски
    Знам за протестот во Скопје, ме интересираше дали знајте информации дали ќе има во Битола зошто неможам да стигнам до Скопје за да одам? :$
     
    На fighter му/ѝ се допаѓа ова.
  8. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Во Битола е исто во 14 часот пред Технички факултет, како што прочитав на фб.
     
    На fighter и theowndemon им се допаѓа ова.
  9. omg92

    omg92 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Машки
    Ај да го иступам и јас малку овде... И да знаете, не сум во никоја партија, не гласам воопшто и никогаш немам гласано

    За почеток, образовниот систем кај нас е тотално срање. Едноставно ужасен е. Во обид да се исправи сето тоа и да се добијат повеќе поени кај народот излезе дека секој втор може да се запише на факултет. Се создаде мислење кај луѓето дека оние кои се на факултет не работат воопшто и се во голем број директори, шефови и слично. Нормално тоа е апсурдно. Кај нас уствари народот е толку мрзелив што сите бараат фотелја и затоа одат и на факултет нели. Таквиот начин на размислување е пак поттикнат од постарите генерации и другите луѓе во општеството што ти викаат:: "синко/внучко оди учи да не работиш, заврши факултет биди си господин." и сопственото гледиште на општествената слика во која обичен работник зема 8 илјади плата со која неможе ни сметки да си плати, а камо ли да живее. Нормално никој не сака да работи пошто нели кај нас, ако си со средно ти си идиот, мизерија, кретен, под ниво на факултетлијата кој ја зел дипломата можеби со 15 крави. Затоа нели и сите бегаат од Македонија како од оган, затоа што кај нас работната класа не се цени, кај нас сите сакаат да се директори и шефови. Затоа што можеби во Германија/Америка или било каде работиш иста работа што би ја работел овде, но таму земаш плата за нормален живот додека кај нас ти даваат деградирачка сума од 8 илјади. Сето ова доведува до 90% од матурантите да се запишат на факултет, не за друго пошто нема што да прават дома, а и факултетот = шеф. Гледајќи го сето ова, владава сфатила дека ова уствари не го бидува и дека сега е поголема каша од кога било, дека има преголем број на студенти воведува вакви дебилни мерки кои по мое не значат ништо.

    Кој к*р бе? Ќе се знаеле прашањата пред тоа...па која е поентата на испитов? Ќе имало прашања со заокружување? Па тоа на испит ли личи бре? Мислам јас сум индиферентен кон целава работа, нека има испит ама ако има веќе да биде како што треба, а не пола да ги знаат прашањата однапред. И како бе државниов испит помага со креирањето на "поквалитетен кадар". Кој уствари верува во оваа глупост, можи тебе некој ќе те праша колку е синус од 12/3 * 5 кога ќе одиш на интервју... Наместо да направат нешто за да се зголеми праксата кај студентите, тие државен испит...

    И еве кажав многу работи не поврзани со темава, не поврзани со испитов туку поврзани со генералната слика кај нас. Во основа тоа е, ако решиле да прават нешто нека го прават како што треба, а не да се знаеле прашањата однапред. (facepalm)
     
    На fighter, Monna.Monna, Candid и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Ina Ina

    Ina Ina Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2014
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    Поддршка за студентите! Рибата смрди од главата а не од опашката. Се виде министерот колкаво знаење има
     
    На Viki693, fighter и dragan4eDR им се допаѓа ова.
  11. dragan4eDR

    dragan4eDR Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    977
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
    nema ni da go vidi ni cue narodot ovaa vlada dosega si teraa po svoe kako na niv im odgovara taka i ke prodolzat se dodeka nie ne gi simneme od vlast
     
    На fighter му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.127
    Допаѓања:
    156.067
  13. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Полицијата со гумени куршуми и електрични парализатори по демонстрантите (студентите) http://a1on.mk/wordpress/archives/427603 Досега им го намалуваа бројот на порталите на студентите на маршот, сега самите ќе почнат да им го намалуваат:doh:. Ова е само доказ колку се уплашени од студентите. Ај да се плашеа од албанците што со оружје под перница спијат ќе сфатев, ама од македонските што одвај пари за кафе имаат стварно ми е смешно:rofl:.
     
    На Viki693, Night Rider, fighter и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.127
    Допаѓања:
    156.067
    Груевски официјално е лице за во одредена институција.

    Дека до сега имавме страшни протести во државава, насилни и со палења, па мораа да преземат мерка. Чудно баш во овој период... Занимливи се.
     
    На Mishela и Ina Ina им се допаѓа ова.
  15. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    КОЈ ЌЕ ПУКА СО ГУМЕНИ КУРШУМИ?!
    ПОЛИЦАЈЦИТЕ ЧИИ ДЕЦА/ВНУЦИ/БРАЌА И СЕСТРИ ЌЕ БИДАТ НА ПРОТЕСТОТ?!!!!
    СРАМОТА!

    ГУМЕНИОТ ПЕНДРЕК И ГУМЕНИОТ КУРШУМ ПОМАЛКУ ЌЕ МЕ БОЛАТ ОД ОСАКАТЕНАТА И ИСКРИВЕНА ИДНИНА НА МПИТЕ ДЕЦА!
     
    На sanjaeva, dragan4eDR и Viki693 им се допаѓа ова.
  16. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.436
    Допаѓања:
    96.486
    http://libertas.mk/видео-груевски-се-можел-да-разбере-ама/

    Еве, на човекот не му е јасно што протестирате, што се глупирате! Сорос е крив, подбуцнати сте од опозицијата и неинформирани сте, што е проблемот?:fubar:|( Бар не просветли со интервјуво, ќе не оправи он, нема друго:|.
     
    На fighter му/ѝ се допаѓа ова.
  17. dragan4eDR

    dragan4eDR Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    977
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
    Na grujo te nisto neznae te nisto ne moze da razbere lej kolku me nerviraaaa on ne razmisluva deka i negovite deca ke go polagaat toj ispit koga ke porasnat
     
  18. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Полицијата ги запрела студентите од Струмица кои доаѓале на денешниот протест организиран од Студентскиот Пленум.
    http://a1on.mk/wordpress/archives/428708
    И после ќе ми зборувате за демократија|(. Одете прошетајте малку подалеку од City Mall и видете што е демократија.
     
    На dragan4eDR му/ѝ се допаѓа ова.
  19. dragan4eDR

    dragan4eDR Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    977
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.061
    Допаѓања:
    66.787
    Пол:
    Женски
    Протестов... Повеќе од пола се разотидоа по пола саат. Музика, стоење во место... Се надевам следниот во понеделник ако биде ќе се врати маршот, помоќно делува. Не знам, разочарувачки денешниов протест. Ние надвор со музиче, они внатре си изгласале што требало да се изгласа...
     
    На babyblond му/ѝ се допаѓа ова.