И јас бев денес, ама немаше толкава бројка ко претходниот, и некако неорганизирано беше.Уствари па џабе протести, кога веќе си изгласаа...До кога вака?Што е следно?
http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=2&vest=19071 Ми се допаѓа палтото на дечково, а и говорот не беше лош, воопшто.
Па и не беа масовни баш,НО Доби поддршка од целиот УКИМ и академската заедница. Е тоа ги менува работите! Секоја чест!
Секоја чест за обраќањето на девојкава! Историски говор, гнев, бунт, емоции - ме остави без зборови. Читам за Скопје дека не бил масовен протестот вчера, како претходните маршови. Дали се во прашање празниците, па сите по дома заминале, или студентите сфаќаат дека нема никаква полза од досегашните нивни акции, не знам што да кажам. Бројките може ќе варираат, но најбитно е да не падне моралот и да се истрае до крај. Ги заболе овие од владата за незадоволството на студентите при толкави протести, немаат доблест ни на средба да излезат. Власта не се консултира ни со професорите, си тераат по свое како и секогаш, веќе си го изгласаа законот, а во понеделник само и формално ќе се заврши постапката. Демонстрираат невидена игнорантност, на владина седница си прават ироничен муабет на сметка на студентите, а во нивните омилени емисии се прават мутави и ,,не знаеле зошто протестираат студентите''. Толку се забегани, што имаат изгубено секаков контакт со тоа што значи демократија, може да се замислат единствено ако нив лично нешто ги засега, т.е. пари, власт - углед и достоинство тешко дека имаат. Како и да е, ситуацијата воопшто не е едноставна, се зависи од тоа како ќе продолжат да се одвиваат протестите понатаму и дали ќе се отвори дополнително и некое друго социјално прашање освен тоа на хонорарците. Најлошото од се е всушност тоа што дозволија да бидеме во рангот на земји како Турција, Белорусија, Унгарија, а не да го следат примерот на Словенија, Чешка и слични на нив. Се надевам понеделник протестот ќе е помасовен и дека е ова само почеток на крајот на ваквата власт. Тешко дека кај оваа агресивна власт може нешто да се постигне со мирни протести, но секоја чест за достоинственото организирање и делување на студентите, борејќи се со нивното најсилно оружје - разумот и интелектот!
И покрај сите убедувања и ветувања дека сегашните студенти нема да бидат опфатени со новиот закон, последните измени на законот велат поинаку. Според член 30 студентите запишани според студиските програми до денот на влегувањето во сила на овој закон можат да ги завршат студиите под услови кои важеле при уписот, но најдоцна во рокот определен за завршување на студиската програма продолжен за две години за студиите за прв циклус... SEGA MORA DA ZAVRSIME VO NAREDNIVE DVE GODINI ZA DA GO IZBEGNEME GLUPIOT DRZAVEN ISPIT... A BAS SAKAV DA SI STUDIRAM USTE 5,6 GODINI ZA DA IMAM STATUS STUDENT, A NE NEVRABOTEN ..
Лилит, маските пополека почнаа да паѓаат. Никој од Пленум не спомна за тоа дека со новиот закон професорите на универзитетите се обврзани во 5 години да објават два научни труда во светски реномирани научни магазини каде што тие трудови ќе се рецензирани од светски научници. За компарација: - Во Македонија последните 5 години има само 4.000 научни трудови, последната година едвај 300. - Словенија со ист број на население има скоро 50.000 научни труда во светски реномирани весници додека на Македонците тоа се воглавном весници во Врање, Крагујев, Битола коишто немаат никаква научна релевантна вредност. Зошто македонските професори земаат плата од 2.000 евра? Каде е нивниот научен труд, нивното истражување, нивната работа со студенти? Тоа ли е тој толку добар УКИМ што ги подбуцнува студентите да штрајкуваат и се кријат позади нив, а всушност нив гајле им е за студентите, туку си го штитат својот газ. Сега за таа плата тие треба да го потат газот, а не да земаат мито, продаваат само свои книги, уценуваат студенти, ги буткаат да им влечат пари. Кое медицинско откритие имаат македонските професори што работат на Медицинскиот факултет? Да не ги набројувам тие по приватните факултети, ДУТ, Штулов и ред други. Дефинитивно во Македонија треба да се тресат професорите на државните универзитети и да се стави ред кај приватните факултети. Имам другар што беше на специјализација во Англија. Таму професорите барабан со студентите истражуваат цело време, работат на научни трудови додека кај нас професори на факултети се занимаваат со политика како што е на пример УКИМ.
*Мене само една работа не ми е јасна...Зашто повеќето личности ја споредуваат оваа бедна и пропадната држава и држави кои што се на ниво?
@Петре Прличко Во право си . Ама нека ги испоапсат сите корумпирани професори. И нека го спроведат ЕКТС како што треба. ЕКТС е осмислен за плата по учинок. Секаде низ европските земји професорите работат на дополнителни работни места како работници, а не како газди на фирми што е случај во Македонија. Според ЕКТС професорот зема плата во зависност од успехот и бројот на запишани студенти на неговите предмети. Во Русија професорите земаат основна 200 евра плата само ако предаваат, а платата му се покачува ако учествуваат во истражувања објавуваат трудови и сл. Кај нас пола од професорите си го гледаат бизнисот во сопствените фирми ретко се вртат и на факултет. Сега со законот за хонорарци можеби ќе се опаметат. На крајот на кариштата владата дава многу малце пари за иновации и истражување. 0,000001% од буџетот одат за тоа. И фирмите одвај се одржуваат ликвидни и тие тешко даваат спонзорства. За што да пишат трудови професорите кога немаат средства? За снегот лански. Исто така многу битна работа. АВТОРСКИ ПРАВА. Студентот има 50%(читај никакви права) од авторските права на трудовите кои ги прави. Дипломски, семинарски, магистерски, па да не зборам за овие од техничките факултети, какви се истражувања и мобилни апликации сето тоа останува во сопственост на факултетот . Односно слободно професорите можат да си ги претстават како свои. Или да ги користат како материјали по даден предмет. Само никој не зборува за овој феномен. Никакви казни за плагијаторство нема. Никој не се казнува. Само ова да го воведат дека трудовите се 100% сопственост на студентите и тоа како ќе се смени квалитетот на образоването. А не со труд на студентите да се вадат професорите.
Откако денеска премиерот и магистер Никола Груевски ги лоцираше мотивите на дел од професорите да ги поддржат студентите – во тоа што ги мрзи да пишуваат научни трудови во светски реномирани списанија… експресно се смислени нови измени во Законот за високо образование. Бидејќи премиерот не им верува на професорите и смета дека се мрзи невидени на кои не им се работи, тој решил сите колективно да ги избрка од работа, и во новите законски измени да пропише дека отсега сите предавања на студентите ќе ги извршува лично тој, како најголема научна величина што некогаш ја видела планетата Земја. – На професорите не може да им се верува, мислам дека се организирани од Сорос, и којзнае на што се ги учат студентите. Тоа мора веднаш да се запре! Мислам дека единствено јас можам да ја преземам таа одговорност и таа чест да им предавам на студентите и да им го предадам целото мое знаење и мудрост – истакна премиерот Груевски. Бидејќи премиерот физички не може да стигне да преродува држава и истовремено да предава на сите факултети, предавањата ќе бидат во облик на владини седници кои ќе се пренесуваат во живо на телевизија, и на кои тој ќе ги описменува студентите. Потоа, тие ќе треба да го докажат своето знаење со полагање на државен испит. Отпуштените професори, пак, ќе бидат прераспределени на работно место – копачи на злато во Анска река под раководство на Проф. Д-р Хорхе Паљурски. http://www.kozanostra.net/novi-zako...fesori-na-studentite-ke-im-predava-premierot/ На шала, на смеа, ама не е далеку денот.
Петре, дали знаеш ти дека нашата држава е една од последно рангираните држави во однос на средствата кои ги издвојува за развој на образованието и науката?!? Посебно на науката! И баш поради тој факт, неможеш да споредуваш со Словенија, Германија и останатите држави каде што самата држава ВЛОЖУВА огромни суми во науката. Ова е исто ко да го споредуваш Реал Мадрид и Вардар и притоа да бараш од Вардар да ги постигнува истите резултати како Реал Мадрид. Мој школски другар заврши медицински факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методи, со само две 9 ки во индекс, останатото се 10 ки. Дечкото аплицираше за стипендија и ја доби, па замина во Германија на постипломски студии кои ги заврши во рекордно време и еве сега спрема докторат. Многу пати имам разговарано со него за условите таму и овде. Дали знаше Петре колку време е потребно за да се изготви еден научен труд пред тој да биде објавен во реномирано списание со импакт фактор? . Дали знаеш колку средства се потребни за еден таков труд ? Еве конкретно, за природните науки, или уште поконкретно за медицината пошто ја спомена, потребни се минимум неколку години истражување и стотици илјади евра за реагенси, експериментални животни, апаратура, лабаратории, плати за докторанти. Во институтите во Германија на пример, десетици илјади евра државата одвојува месечно само за исхрана и нега на 20.000 експеринетални глувци! А да не зборуваме за средствата одделени за најсовремената лабараториска опрема, микроскопи, инкубатори, реагенси...Дали постои барем една лабараторија во Македонија која е опремена со адекватни услови за експериментирање со клеточни култури? Или пак за вршење на ин виво студии со животни? Јас не знам дека постои таква, ако грешам поправи ме. И дали воопшто ние имаме и закон за експериментирање со лабараториски животни? Зошто во современите држави за погрешно постапување со истите се оди во затвор. Дали знаеш Петре дека секој професор доктор во современа држава има еден куп асистенти, кој за собирање факти и материјали, кој за истражување, кој за вежби и предавања, па за административна работа, а покрај се тоа тие се вработени со договори за вработување, со платени придонеси и редовни месечни примања. Во Германија плус добиваат и грантови за вршење на научно истражувачка дејност. Кај нас колку асистенти останаа по високообразовните институции? Нели владата ги укина асистентите? И со кои кадар ќе се пишуваат тие научни трудови? Или мислите дека реномираните журнали со импакт фактор ги чекаат нашите научни трудови? Па ние сеуште немаме солидно WC за пациентите во болниците, а не па истражувачки лабаратории по ЕУ сттандарди. За да се подобри квалитетот на нашето високо образование, проблемот мора да се реши во корен, не само суперфицијално. Владата нека ја стави Македонија на врвот на земји според буџет издвоен за образование и наука, а не на дното каде што сме моментално. И наместо вакви лаички споредби, подобро би било премиерот и министерот да се консултираат со универзитетските професори бидејќи тие имаат искуство со објавување на научни трудови во списанија со импакт фактор.. Ама за жал кај нас трендот на надворешна убавина, а внатрешна гнилост секогаш бил присутен, па и сега.
Владава со вакво самоволие, си потпишува капитулација. Не сум сигурна само дали тоа им одговара или не? Опозицио (што те немаме) свести се. Ангажирај нов, млад кадар со идеи. Дај ни можност да имаме опција. П.с. И форумов е под капата на Сорос гарант .... барем анкетата така покажува.
http://denesen.mk/web/?p=107552 http://vmro-dpmne.org.mk/?p=2596 http://sitel.com.mk/na-fakultetot-za-veterina-tri-novi-labaratorii http://vistinomer.mk/vmro-dpmne-proekt-labaratorii/ http://daily.mk/makedonija/otvoreni-novi-labaratorii-vo-institutot-za-medicina-na-trudot http://www.sitel.com.mk/novi-labaratorii-otvoreni-na-medicinskiot-fakultet-vo-tetovo http://otvori.mk.tasewski.com/blog/три-нови-лабаратории-на-клиниката-за-р/ Ајде шшшт Лабаратории со најсовремена опрема. Сигурно дека во иднина ќе има уште многу други лабаратории. Но, и тоа не е никакво оправдување. За наука, уметност, култура не треба само пари, туку и знаење, фанатизам, усовршување, посветеност и се останато. Најголемите дела во историјата на човештвото биле создадени во најмизерни услови. Кај нас на УКИМ 95% од професорите се партиски членови или полтрони на СДСМ. Се бистри политика наместо да се посветат на наука ( чисто сумњам дека и тоа знаат да го работат како што треба). Ние до пред 4-5 години за многу операции немавме стручен кадар. Полно физибили студии ги работат странски проектански куќи, затоа што немаме соодветен кадар ни за тоа и многу други работи. Барем јас тие што ги знам и студираат на нив не им треба лабаратории, туку мозок во глава.
Не знам на што сум. Од една страна е добра идеја за оценување на студентите, но не на овој начин. Промените треба да почнат на самите факултети. Како некој кој заврши факултет според ектц системот, и јас уште не разбрав што претставуваше тоа. Треба професорите малку сериозно да си ја сфатат работа и да не дозволуваат да ставаат 6-ки само затоа што, ај греота е да не го мачам. Незнам колку само колеги и колешки мои дипломираа со купени дипломски и копирани од интернет. И сега се ставаме во ситуација некој да ги споредува двата. Мојот на кој работев 6 месеци, одејќи од институција до институција истражувајќи со анкетни ливчиња, со здодевно тропање на вратата. Уште тогаш имаше личност која ми рече, девојче не се малтретирај волку, како и да е трудот нема да ти го ценат. И не беше ценет. Што ми е најмногу криво професорките кои ми беа во комисија не се ни потрудија да го прочитаат како што треба, туку ми рекоа ајде да завршиме што е можно побрзо, ме чека состанок. И боли. Да ви кажам искрено боли што ме ставија на исто рамниште со личност која не отвори книга цели 4 години. На исто рамниште со личност која денеска е вработена, а јас седам дома. Нејзината купена диплома наспроти оригинален труд. Долго време ќутев, ама морав да го пренесам ова. Истото што го направија со воведувањето на екстерното во средните училишта. Ученик имал цела година 2-ка, и за инат на професорката на екстерното ќе набуба се и добива 5. После тоа казнета е професорката зашто наводно "го мрази ученикот" и нејзе и кратат од плата неколку месеци. Истото ќе биде и на факултетите. Ајде средното училиште е задолжително па нека има државен испит, ама факултетот е право на избор. Кога просториите на факултетот ќе бидат обезбедени од бубици и строгоста на испитот ќе биде на завидно ниво тогаш ќе може да се пофалиме со успешно знаење и квалификувани студенти. До тогаш и сито и сакато ќе се запишува на факултет. *Колку само ми е мило што завршив не сте свесни
Многу ми е мило таа антинационална југо-четничка багра звана СДСМ го допре дното и не дај боже пак да добие некакво внимание.
Петре, за разлика од твоите линкови на ТВ Сител, официјална страна на ВМРО ДПМНЕ и слични пристрасни извори, мене доволно ми е да ги видам имињата на професорите кои се имаат потпишано за основање на Професорскиот пленум. Станува збор за реномирани професори, на твоја жалост досега не етикетирани ни како сдсмовсци, ни како соросоиди. За мене, а и за многу други верувам, нивните мислења и изјави се поверодостојни и пореални, зошто сепак тие се интелегенција во државата и се најкомпетентни да зборуваат за научни трудови, па аналогно на тоа треба да бидат вклучени и во изготвување на законот за високо образование. Во секоја современа демократска држава е така. Е сега што ние сме далеку и од современа и од демократска држава, тоа е друга работа, битно глумиме и современост и демократија Еве линк од основачите на Професорскиот пленум, таму не ги видов ни Фрчковски, ни Ана Павлова Данева, пошто очигледно е дека на нив алудираш. Ама затоа го видов Ѓорѓе Маријанович(кој е пензиониран професор), Гордана Силјановска Дафкова, Венко Андоновски, Слободан Унковски и др. Е тие луѓе Петре за мене се величини, интелегенција и пример за професор доктор. http://www.igeografija.mk/Portal/?p=5337 Еве мислење и од д-р Ивица Милевски (автор на: 90 научни и стручни трудови од кои 35 објавени во релевантни меѓународни списанија (3 на Солунскиот Универзитет), 4 поглавја за Македонија во меѓународни Springer монографии, автор на 200 стручно-популарни статии за Македонија и нејзините уникатности прегледани преку 200.000 пати, автор на атласи, апликации, тим лидер и експерт во 12 научни и апликативни развојни проекти во Македонија, национален член на повеќе светски научни организации…….)