Не знам колку знаеш или помниш, но Марјановиќ, Унковски, Андоновски биле и сеуште се многу блиски до СДСМ! Ова е Македонија и не така лесно се станува професор на универзитет без партиска позадина. Не биди наивна. Зошто забораваш да кажеш дека сите тие таканаречени “експерти“ биле повикани неколку пати да учествуваат во јавни расправи за новиот закон, но никогаш не се појавиле, туку го чекале овој момент за да ја исполитизираат ситуацијата. Тие се интелегенција на оваа држава, а јас немам видено ниту еден аир од нив? Кажи ми го тоа големо научно откритие во Македонија што е направено последните 30-40 години од таа интелегенција?
Аха, така значи. Епа како ондак Ѓорѓе Иванов стана професор на Правен факултет? Тања Каракамишева? Родна Живковска? Упс, сигурно со милион објавени научни трудови Шала на страна, наброј ми аргументи зошто ни е потребен тој државен испит и воопшто измента во законот за високо образование, онаква каква што е сега. Само без мешање на политика, зошто во твоите мислења освен напад кој бил сдсмовец, кој соросоид, кој близок до сдсм, не прочитав друг издржан аргумент. На секој коментар ти имаш контрареплика во која по минимум трипати споменуваш сдсм или сорос. Без политика и конкретно на темата, ако можеш секако
Многу се чудам на луѓе со испрани мозоци, кои немаат сопствена моќ за размислување или расудување. Тоа ти е партиски луѓе (тешки вмровци или тешки сдсмовци), и не гледаат лево-десно, не размислуваат со своја глава, и немаат свои ставови. Или е црно или е бело. Или Грујо е бог, и се што прави тој е да паднеш во несвест, а од друга страна за се што не чини во државава се криви СДСМ; ИЛИ Заев, Шеќеринска итн, се богови, па се што ќе кажат е закон, а ВМРО се вакви, такви онакви. Значи, доколку си индивидуа, своја личност, можеш со свој памет да расудиш и да оформиш свое критичко мислење за некои работи. Петре, на пример, како кажал Грујо - така е, нема мрдање. Како бе Петре, споделуваш линкови од вмровски страници и веруваш во тоа. Па нели имаш очи и сам гледаш што се случува? Зарем ви требаат Груевци, Црвенковци и Заевци да ве водат, како слепци? Овој професор чинел - ВМРОвец бил, овој не чинел СДСМовец бил. Да прашаш некој од другиве па обратно ќе каже. Па не е се црно и бело во државава - СДСМ и ВМРО. Народот страда (најчесто тие како нас, партиски неопределени) оти не шуткаат сите партии како фудбалска топка. Затоа студентите страдаат.
Во последниве 4-5 дена и јас почнав да мислам во насока дека владата свесно го прави тоа, као не сака сама да си даде оставка па под притисок ќе си замине, е сега знам дека многу ке кажат "да не се будали", напротив досега покажаа дека многу паметно владеат, го исцицаа народот, имааа верни следбеници, се намлатија во некои банки, изворот пресуше, останаа долговите и према народот и према фирмите и према банките и према странство....и сега најпаметен потег е токму тој...да си замине и да си уживаат некаде....Ми е жал само што немаме никаква опозиција...а способните луѓе не се групирани туку делуваат како единки....и обично како такви не се прифатени како некој сериозен политички фактор....
Линкови од сајт на врмбло, одлично. По што оцени дека се работи за најсовремени лаборатории? Од три сликички? Сигурно си многу упатен во тоа кога веќе пишуваш дека се современи. И тоа Нај. Имам едно прашање, значи не ми е цел да омаловажам или нешто слично ама како успеваш да пишуваш вакви глупости? Не е прв пост кој е страшно глупав, имам приметено на повеќе теми, затоа прашувам, дали доброволно пишуваш или за дневница? Ако е второво - нема да ме напушти надежта во човештвото. Кои тоа дела во историјата на човештвото се создадени во најмизерни услови? Секогаш мора да има вишок на средства во едно општество, тоа општество да не биде на ниво на опстанок за да може да се створи вредност која ќе ја надмине основата (храна, вода, засолниште, размножување итн.) - тој вишок да оди во создавање на нови вредности. Можеби ќе ни ги наброиш достигнувањата од денешна Камбоџа, Бурма, Сиера Леоне или Никарагва? Бидејќи нели, не е до пари и услови, немаштијата и фантизмот биле јак фактор. Или можеби си упатен во програмите на партијата за кои јавноста не знае - уште повеќе да го дотепа народот и со тоа да поттикне креативност? Како екстерното ќе допринесе за повеќе и поквалитетни научни трудови? Не се сомневам дека пмевиевот ти има безброј научни твудоуи објавени во најреномирани списанија за кои се отимаат по цел свет. За трудовите на министерот не знам каде да почнам. Или неговиот заменик кој до вчера беше министер. Каде и да е ќе се породат.
А, и што ако сум гласноворник на власта? Кој патлак си ти да ми кажуваш дали јас треба да бидам или не? Можеби и ти си гласноворник на опозицијата, па пишуваш тука, нели? Гледаш колку ти се дебилни обвинувањата? Зошто ти би можел да си против власта, а јас да не сум ЗА? Затоа што се работи за најсовремена опрема во лабаратории. Имам другар што работи во болница, а и татко ми му правеа анализа преку таа лабараторија до темел. Не збори на памет колку само да си интересен и да собираш лајкови тука. Ако сајтот на Вмро лаже тогаш оди лично и провери ги. Само во Скопје новите лабаратории се преку 2 милиони евра со најсовремена опрема. Тие земји ти што ги наброја и да ги имаат најдобрите лабаратории во светот пак ќе произведат ист степен на цивилизација поради слабата генетика. Не сакам да навлегувам во тоа. И, Македонија 50 години ништо не постигна на научно поле. Допрва учиме пола операции да ги работиме. Не е ова од вчера. Колку еден научник ќе е успешен пред се зависи од неговата интелегенција, генетски капацитет, а после образованието, инвестициите и се останато. Марко Чаласан имаше само еден компјутер дома кога го сврте вниманието на Мајкрософт поради својот талент и знаење. Затоа во училиште постојат попаметни и поглупи деца. Тие попаметните ништо не ги спречува да напредуваат секаде во светот. Поради тоа што не знаеш ме мрзи и да реплицирам. Научно достигнување не бара пари, туку знаење, експериментирање. Процесите на комерцијализација, клиничките испитувања чинат пари. На овој човек државата да не му даде пари да го измисли првиот компјутер?
Кој е овој, Бебиџ? Сигурно го направил првиот компјутер без ништо, без средства, со фанатизам, нели? Или сепак имал прилично добри услови и пари? Не се дебилни и не се обвинувања само е заклучок бидејќи во погорен пост имаше текст од сајт на владата а подолу од сајт на партијата. Јас не давам линкови од опозиција ниту пак копирам и пејстирам известувања од нивни билтени. Сега сфаќаш разлика? Слободно биди си за власта, тоа никој не може да ти го одземе, но сметај дека тоа остава последици, најмногу во когнитивните процеси. Каков црн другар, основни услови за работа и за грижа на пациенти нема по клиники, сителовски пропаганди се непотребни. Батали генетики, кажи ни само како тоа екстерното ќе допринесе за повеќе и поквалитетни научни трудови?
Владата секоја година наградува и помага студенти коишто имаат интересни и занимливи идеи во делот на науката, а знаеш кој е резултатот? Никој не се ни пријавил да приложи нешто вредно. Немало ни воопшто пријавени за тој конкурс. Можеме јас и ти под рака уште утре да одиме и да бараме парична помош да реализираме твој научен труд и ќе те уверам на лице место дека никој нема да те врати. Познавам слепци луѓе што земаа 5.000 евра пари да отворат бизнис, а ги потрошија на глупости. Таков народ сме, толку ни е црпката. Копчаш? И, не, не мора да сум гласноворник на власта, ама не мора и да плукам на нешто што сум сведок. За други болници не можам да зборувам, затоа што не сум бил. Претпоставувам лоши услови, но скопските болници се во одлична состојба, скоро сите реновирани, добри доктори, услуга. Но, тука огромна одговорност има и целиот народ, персонал што живеат во тие градови и села. Болница се гради од државни пари, но народот треба да ја одржува чиста и средена. Не можеме како народ да се пофалиме со јавна свест. Далеку сме од тоа. Ги гледам и слушам моите роднини, пријатели, комшии коишто раснеа во времето на “бесплатно“ образование и здравство во Југославија како критикуваат се живо и диво сега, но за среќа редовно истите тие луѓе ги читам и пратам на социјалните мрежи што пишуваат, што мислат, како се изразуваат, а тоа е поразително. Едвај пишуваат, едвај читаат, едвај прочитале една книга во животот и тоа во време на толку зборуваното југословенско образование. Еве изволте. Репортажа од толку реномираните професори коишто се први да ги поддржат студентите http://www.sitel.com.mk/najglasnite-profesori-bez-nitu-eden-nauchen-trud-so-impakt-faktor
Овие вмровци се салонски лавови и нивната градација на образовниот ужас ја замрзнува стварноста. Фактот дека нивните подвижни имагинации за тоа каков треба да биде трудот и каков е навистина (истражување, времетрањето на пишување, публикација и есенцијалното - финансии) масовно се втиснуваат во државните интереси кои се профилираат преку портрет на фашизмот. Во оваа рамка се изложува политика на новата македонска реалност која опфаќа неколку клучни елементи кои ја дефинираат: - Техничка хиперпродукција на трудови во кои државата не помага со ниту еден процент. - Се создава нов поредок во кого професорите се делат на “соросоиди“ и “интелектуалци“. - Се разгледува една нова доктрина на професорска надградба во која професорите не треба да учествуваат. - Се формира тоталитарно општество кое конструира автомат кој треба да ја задржи илузијата на реалност, а фашизмот што го одржува тој автомат мора да обезбеди поефикасна механизација за неговото непречено функционирање. - Фашизмот ја канализира својата репродуцирана возвишеност низ идејата за супериорна нација која треба да биде признаена од целиот свет. - Се гради совршена утопија на стравот и илузија на напредокот. И сметам дека конечно се оствари најтешкиот чекор, а тоа е откривање и идентификација на туморот во демократското општество што вешто се криеше и растеше во најобичните фасади на македонската стварност.
Ете така размислува твојата партија, Петре. Ќе уредиме едно собче, ќе го сними Сител, и Курир ќе напише статија дека владата вложува во здравството (а тие сменале сијалици во салите). А ете велиш скопсите болници, па добро бе, тој твој златен Грујо знае ли дека има болници и по другите градови? И таму луѓе живеат, не сте само вие скопјаните да имате убави услови, мада знам колку е убава државна во Скопје, шта да ти причам. Да се разбереме, не сум за СДСМ, пу пу Боже пази, понастрана од мене, ни за тие - ни за тие. Сите политичари се патолошки копилиња кои само пари и моќ ги интересира и к** не ги боли ни за тебе, драг Петре, ни за никој друг. Ама ако, ти правдај ги. Заради такви како тебе не можеме да си ја оправиме државата. Слепо верувате на се... па да речат сега дека фамилијата ќе ти ја отепаат, ти ќе речеш тоа е за доброто на народот, оти тоа е испран мозок. Инаку за студиентите ми е ептен жал, оти од сите страни тие го кркаат. Кажете, драги мои, како студент по книжевност ќе одговара на прашања под А, Б и В на екстерно, а испитите се состојат од тоа да даваш критичко мислење на делата кои ги изучуваш? Каков адвокат ќе бидеш ако одгавараш А,Б или В, а пред се треба да си оратор, и да знаеш да се изразуваш. Каков лекар ќе бидеш ако одговараш под А.Б или В, а медицината е далеку посложена од тоа. Каков пијанист ќе бидеш, од музичка академија, ако треба да одговараш под А,Б или В... која нота е 10та во симфонијата од Бетовен? Каков архитект ќе бидеш ако одговараш на А,Б или В, а испитите се 90% со нацрти и скици на AutoCad, или на хамер и сл? Каков програмер ќе бидеш ако одговараш А, Б или В, а програма незнаеш да направиш на компјутер? Вака можам до недоглед, за сите професии. Само ај доста е!
Не одговори на едноставното прашање - како екстерните тестови ќе допринесат за повеќе и поквалитетни научни трудови? Повторно имаме линк од Сител кој беше демантиран, имаш милион деманти, постираш владина пропаганда и очигледна лага. http://vesti.mk/read/news/4149779/1...avuvale-trudovi-vo-spisanija-so-impakt-faktor Си бил во клинички центар? Можеби животот на Сител е прекрасен и таму постои некоја друга Македонија која е матријализирана од пропагандите на фриковите од власта. Во реалноста нема ништо. Воопшто никој не давал пари туку постоеше или сеуште постои не сум сигурен, програма за самовработување од 3.000 евра каде што не се доделуваше кеш за да некои го трошат во пиење и јадење туку во репроматеријали и ослободување од давачки за регистрација. Следен пат потруди се да постираш барем една точна информација бидејќи вака нема смисол. Барем не надвор од партиското полтронство.
Никој не кажа дека во Македонија нема научни трудови, но поентата е колку и какви научни трудови има. Имаш ДЗС, оди слободно провери на нивниот официјален сајт, прашај во МОН и ќе ти дадат конкретни бројки. И, не сакам да омаловажувам, но не споредувај наука со политички и правни трудови. Во полето на науката и медицината сме нула. Ако си добар студент, сигурен во своето знаење, сигурен во своите потенцијали зошто се плашиш од државен? Што тоа тебе ти значи дали ќе има државен или не ако си сигурен во своето знаење? Не ми го збори УКИМ жити се. Дувло на корупција, непотизам, неодговорни професори, партиски кадри и се останато. Има и добар, вреден кадар, но е малцинство спрема останатите кои се таму да бистрат политика, а не да произведуваат наука. Ти мене конкретно не ми одговори на прашањето дали си спремен утре да одиме и да приложиш научен труд кој е вреден, има издржано научна теза, убаво обработен да го приложиме пред министерството и да видиме дали нема да добиеш средства за реализација? Како никој не давал пари кога другар ми зема пари од тоа? На почетокот не беше така. Сега го регулираа и стегнаа. Веќе никој не ти дава пари на рака, туку тие ти снабдуваат се што ти е потребно. Во последните 4-5 години сум бил на клинички 20 пати. Пред 8 месеци последен пат и некои одделенија функционираат одлично, но зошто не кажуваш на пример дека се гради нов клинички по светски норми? Не ме влечи за јазикот, но тие од клинички му спасија живот на ептен блиска личност, а услугата што ја доби од доктори, сестри беше феноменална. Да не набројувам дека е прегледан со најсовремена апаратура којашто повеќето доктори не знаат да ја работат. Не сум партистки полтрон никаков. Дали јас треба тебе да те шиканирам сега што поставуваш сдсмовски весници како релевантен извор? Не, не одам до толку ниско. Македонското образование има произведено едвај 20 научници коишто се вредни за некакво спомнување последните 30-40 години.
Нема што да ти одговорам затоа што не сум студент и затоа што на прашање не се одговара со прашање, расно супериорни лица би требало тоа да го знаат, нели Твое е да одговориш како тоа екстерното ќе го зголеми бројот на трудови и нивниот квалитет. Затоа што тоа е темата и затоа што постираше владини текстови во врска со трудовите. Меѓутоа нема да одговориш затоа што не знаеш. А не знае ни твојот министер. Ниту на почеток ниту на крај не било така, се даваа средства во материјал а не во кеш. Све се сведува на рекла казала, брат на другар на јатрвата кој имал втор братучед кажал вака или онака се со една цел а тоа е да се прикаже дека ОСТВАУАВАУАМЕ што мора да се признае е многу релевантно. Најсовремени апарати постојат само во партиските прикаски а ако твојата прикаска е точна тогаш се надевам дека ќе му пратиш писмо со благодарност на пастирот, бидејќи во реалноста се случува ова - http://www.time.mk/c/3d8d776b3f/bit...to-infuzija-mu-dale-sredstvo-za-cistenje.html Сега ќе те упатам во една тајна а тоа е дека секоја тема има свои граници во кои треба да се движи, за да се оддржи правецот на истата. Тоа значи дека за разговори за болници ќе одиш во соодветна тема и ќе постираш таму. Фокусирај се, не е тешко.
Оние што сакаат да НЕ УБЕДУВАААТ КОЛКУ НИ Е СУПЕР,може да останат пред/позади малите екрани- таму и онака не ја гледаш реакцијата на гледачите. Немојте да се мачите СО РЕФЕРАТИ ОД МИСЛЕЊА,ДА НЕ УБЕДУВАТЕ КЛКУ СЕ СУПЕР РЕФОРМИТЕ ВО ОБРАЗВАНИЕТОЗОШТО ОВА НЕ СЕ ВАШИТЕ ОМИЛЕНИ МЕДИУМИ. ТУКА ЌЕ НАИДЕТЕ НА СПРОТИВНО МИСЛЕЊЕ ОД ОНА ШТО ВАМ ВИ ГО ПЛАСИРААТ И ВЕ УБЕДУВААТ. Така да....spare us.
А веќе ако зборуваме на тема болници, државна болница се распаѓа и шетаат бубашваби низ неа, прозорците се искршени, да не зборувам собите и апаратите во каква состојба им се. Нема доволно кадар ниту апарати за сите болни, не може приоритетни упати за магнетна резонанца од што НЕМА ВРЕМЕ кога да се прегледаат сите болни. Нема доволно цедиња за да се снимат сите магнетни. Секој месец има проблеми со лековите што ни следуваат преку фондот. Доволно се изнамачив таму за некој да се заебава и да го наведува македонското здравство како позитивно во државава, зашто не е, очајно е. И наместо да мешате СДСМ и СОРОС во секоја можна тема кај што луѓето не се задоволни со нешто што прави владата, разгледајте ги аргументите на луѓето што протестираат, нема да биде лошо. Информираност е добра работа. И да, не знам што е толку чудно ОПОЗИЦИЈАТА да се приклучи на некој протест. Очигледно веќе сите заборавиле како треба да функционира една држава, ако ова што преостанало од Македонија може да се нарече така. Јас ја сакам земјата во која сум израснала, не планирам да си одам, ама изреволтирана сум од ова што се случува. А да, и Петре, ако имаш некаков план да реплицираш на моето мислење, направи го ова тука, кај што сите читаат, не во приватна порака да ме напаѓаш како минатиот пат. Се извинувам на офтопик.
Зарем Никола Груевски е крив тоа што некој Битолчанец ставал средство за чистење наместо инфузија? Прашањето е кој му даде диплома на тој Битолачнец во нашиот таканаречен “перфектен југословенски образовен систем“? Ете, ја сфаќаш реформата? Такви доктори ги имаш еден куп во тој толку фален југословенски образовен систем. И, не само доктори, туку цел државен апарат. http://grid.mk/read/news/506567419/...rednost-od-6-milioni-evra-vo-tek-e-nov-tender Не се рекла-казала муабети, туку лично видено со свои очи. Се согласувам дека болниците во повеќето помали градови не се во добра состојба, но тоа е така последните 30 години. Мислиш дека со две апчиња ќе лечиш канцер што метастазирал? Здравството во Македонија е уништувано со децении. Некои болници немаат 30 години прозори сменето. Работниците и лекарите што работеле во нив се изнесле од болница. Корупцијата и митото е главен проблем на овој народ. Се дур не научиме да го почитуваме јавното добро и да се грижиме за тоа нема ништо да стане од нас. Ниту сум супериорен, ниту претерано паметен, ниту претерано образован, но сум реален и самокритичен за разлика од повеќето граѓани коишто се “експерти“ за се во животот. Во области каде што немам основно познавање не се ни впуштам воопшто во дискусија за разлика од повеќето Македонци коишто патат од синдромот “експерти“! Македонија имаше така условно кажано бепслатно образование во Југославија, но окрени се околу себе и подалеку, па да видиш колку од населението нема ни средно завршено воопшто. На вас сите реформи ви сметаат пријател. Се ви смета. Тоа е тој македонски синдром и најголем проблем. Најдобро ништо да не се менува. И, така се функционира перфектно. Најдобри сме, најпаметни и најучени во цел свет. За вас најдобра реформа е “ништо да не се менува“, затоа што така нема да ви го наруши комодитетот. Можеби не сум толку компетентен да зборувам за закони и реформи, не сум ни студент, па да имам или немам некоја корист од реформите, но убаво те прашав што тоа толку те плаши ако си добар и посветен студент да излезеш на државен испит да полагаш? Напротив, ќе докажеш на многу други дека си подобар од нив. Сите се жалиме како тоа образованието не функционира, државните административци се тромави, не си ја вршат доволно работата, постои мито и корупција, докторите не лечат како што треба, но од друга страна сите ние имаме по некој што работи во државна администрација, болници, училишта, универзитети, т.е. целиот државен апарат, но кога истите ќе се чепнат да се реформираат, да се стават во ред, да се смени начинот на размислување и делување тогаш сите застануваме на страната којашто претходно жестоко сме ја критикувале. Парадокс до парадокс за жал.
@Петре Прличко голема е веројатноста тој што му турил Доместос е од тие новите вработени од твојата партија и е под знак прашалник дали воопшто имал било какво медицинско образование. Ако сакаш да полагаш екстерно и некој преку твој грб да си го полни џебот, повели, полагај па кога конечно ќе положиш тамам ќе се вратат сите кредити што ги има државата, а ти ќе можиш да си прославиш со правнуците.