И никако да дознаеме како тоа оваа вефоума ќе доведе до зголемување на квалитет, што тоа ќе се реформира со тие два теста. За некои работи не треба да си стручен но за некои треба. Како што многу пати се напомена во темава, стручноста на оние кои ќе правеле реформи и смешна. Она што е очигледно е што млади луѓе после завршување на факултет најчесто се катастрофално спремени за влегување на пазарот на труд, недостатокот на практични знаења и непотребните замарања со содржини кои воопшто нема да им требаат се чирот на образованието. И сето тоа доаѓа после дваесетина години образовен процес низ кој минува поединецот. Ако се има тоа во предвид тогаш тестот како реформа е смешно и да се земе во предвид, не вреди ни за постовите кои се пишуваат тука. Југо-системот каков таков си имал свој почеток и свој крај поради слабостите кои биле вградени во него но и таков никаков каков што бил е неспоредлив со имбецилите со купени дипломи, потпросечните фрикови и партиски подлизурковци кои се зафатиле со вефоуми. На младите им требаат практични знаења кои ќе им ги подобрат шансите за работа и пробивање низ животот - овие им даваат два моронски тестови како решение. Ако реформите се катастофално замислени и конципирани и се носат од некадарни и некомпетенти лица - не може да има резултат. Пример некој сака да поправи веш машина и повикува продавачка или заболекар за да ја поправи. Не оди тоа така. Тоа е секако ако тргнеме од претпоставка дека навистина сакаат да реформираат нешто. Пореално би било да се каже дека тоа не им е цел. Немаат цел надвор од лично богатење, моќ и контрола.
Мене искрено не ми смета што ке се воведе овој државен испит,што ке му смени на студент што си научил како што треба само да повтори и да го полага истото пак..ама се е џабе што сакаат нека воведат,кој си има врски за испити ке си го положи и овој државен испит без проблем. И не ни треба државни испити на нас студентите,ни треба пракса и поголеми можности за вработување без партиска книшка
Дали убаво сега слушнав во интевјуто на премиерот на Сител во Дневникот дека законот ќе биде донесен годинава 2015, а ќе почне да се применува дури од академска 2017/2018- од септември 2017?? Па нели рече претходно дека ќе важи од оваа академска 2015/2016?? Не сум за испитов, повеќе сум за приемни испити, но и тие приемни испити може да преку врски да се поминат, па така да, туку ништо, никаков тест, закана, испит или било што не помага. Едноставно секој со својата (не)среќа. Универзитетите што перат пари се и тие приватните сите и они по малите градови во земјава, ништо чудно и на УКИМ, меѓутоа УКИМ се држи на високо ниво за разлика од другите. Ова што го направи професорскиов пленум денес и изјавите со сета таа образованост, култура и воспитание како што нагласија и да дојдат до собрание за да изјават дека се збуниле од упадот е смешно, Резил и брука како личности и како професори. Ти ако си толку културен, начитан, воспитан, интелигентен и чесен професор, не може никој да те збуни. Ако си таков како што се претставуваш, ќе разговараш каде било, и на улица да те застане ќе му кажеш се што мислиш и е аргументирано, a ова беше на ептен ниско ниво и смешно.
Мизерија, од една страна преплашени професори кои ќе ги `бранеле` студентските интереси а од друга примитивизам на фрик кој ја носи највисоката функција во државата. Понекогаш на човек му доаѓа да посака да избие тешка епидемија, ретровирус кој ќе се прошири на територија од 25.713 км квадратни.
Night Rider одлична констатација за преплашените професори! Како што објави една жена "Не сме против Вас - ЈАДНО". Мислам дека Ванковска се збуни и изненади,но тоа не ја правда нејзината реакција,која буквално изгледаше како да се стопи со скалите.СРАМОТА. А тоа "ликот" и од фрижидер што искача,немаше така глатко да помине да се појавеше пред студентите-ТИЕ НЕМААТ ШТО ДА ИЗГУБАТ. ПОЗДРАВ ДО НАЈХРАБРИТЕ ЛУЃЕ ВО МК-СТУДЕНТИТЕ!
Тотално разочарана од скандалот кој вчера го приредија професорскиот пленум составен од 10-тина професори кои можам слободно да кажам дека НЕЗНААТ ШТО БАРААТ. Со кој памет ветија дека ќе дојдат на закажаната дебата, ни помалку ни повеќе јавно пред камери и на самиот премиер, а потоа истите не дојдоа. Се "оправдаа" дека се збуниле Со ова што го направија, му дадоа 10 чекори предност на Груевски и буквално ги усраа сите протести од страна на студентите. Наместо да отидеа на дебата на местото кои самите го побараа и им беше удоволено, они не го направија тоа. Срамота!!!!
Ако гледате малку подалеку од очигледното ќе сфатевте зошто не отидоа професорите на дебатата. 1.Прво тие немаа никакви официјални покани црно на бело за да се идентификуваат да влезат во собранието. 2.Плус каква е таа покана дојдете во 1 и пол во собрание. Не е ова фудбалски напревар, па ајде се чекаме во 1 и пол на игралиште. 3. Студентски пленум не доби никаква официјална покана исто така за ма дебатата. Па после се прават на удрени и студентите имаат право да дојдат на дебатата. Со кој ќе дебатираат студентите? Со луѓе што немаат појма од законодавство, што ставаат затворски казни во закон за образование? Се прават некои ефтини финти колку да ги залажуваат неписмњациве. 4. Ако било кој Професорски пленум или Студенски пленум се појавеше на дебатата ќе значеше дека ја подржуваат идејата за државен испит. 5. Вадат некои кутри души демек претставници на студенски организации кои пак уште идеи даваат за законот како да е поприменлив, а не сфаќаат дека единсвен ЛЕГИТИМЕН ПРЕТСТАВНИК, единствени претставници што се поддржани и признаени од студентите е Студентскиот Пленум. Луѓе поддржете не нас студентите бидејќи, ние Ви сме единсвена надеж за државава. Наjискрено се надевам дека Студенски Пленум ќе стане таа третата партија и опција што ѝ е потребна на ова држава, на овој народ. Млади образовани, надежни, оптимистички настроени луѓе со визија за подобро утре на сите.
Спојлер: ЖАНЕТА ТРАЈКОСКА: Една несреќно дадена изјава не ја менува суштината на професорската битка! Во Македонија е позната тактиката на гледање сеир „од заседа“ и чекање некој да направи грешка за да се „распне“ по фејсбук и твитер. Но, и тоа ќе помине како сите детски болести… Она што сега е најважно, е дека се повеќе групи во општеството ја сфаќаат својата улога во партиципативната демократија и си го бараат назад местото во процесот на креирање јавни политики, место, кое и никогаш во изминатите дваесет години не им било дадено од страна на политичките елити, вели во интервју за Фактор Др. Жанета Трајкоска, член на Професорскиот пленум. Таа оценува дека вчерашниот ден медиумите се закачија на една несреќно дадена изјава, но дека таа не ја менува суштината на битката. Фактор: Како ја оценувате реакцијата на Професорскиот пленум кој првично се согласи на дебата во Законодавниот дом, за подоцна да излезат со став дека категорично отфрлаат разговори затоа што законот е веќе внесен во собраниска процедура и изгласан во неговата прва фаза? Трајкоска: Ставот на Професорскиот пленум беше истиот, и пред и по одговорот што му беше даден на Премиерот – ДА СЕ ПОВЛЕЧАТ ЗАКОНИТЕ и да се почне нова сеопфатна дебата. Пред камерите, претставникот на Пленумот успеа само половично да го искаже овој став – ДА, МОЖЕ ВО СОБРАНИЕ, но прво да се повлечат предлог измените на Законот за високо образование и да се почне одново, ВО ЛЕГАЛНА И ЛЕГИТИМНА ПРОЦЕДУРА. Значи, не може да се извлекуваат работите од контекст и да се суди од едно зборче дадено во моментот на политичкото спинување. Вчера, за жал тоа се случи, медиумите се „закачија“ за една несреќно дадена изјава и многу веројатно е дека ПР тимот на Премиерот бил задоволен од тоа. Секој од нас реагира поинаку во момент кога ќе се најде во состојба кога еден од првите луѓе на државата прави обид да ви ја „киднапира“ прес конференцијата и игра на фактор изненадување за да направи импакт во јавноста. Пленумот нема зад себе тим професионалци кои се занимаваат со односи со јавност, спинување и медиумско манипулирање. Тој е составен од огромен број професори кои се собрале околу една цел – да дадат поддршка на своите студенти и да направат се да се слушне гласот на академската заедница за да се стопира процедурата на носење на пакетот закони од областа на образованието без сериозна, инклузивна и сестрана јавна дебата во која ќе бидат вклучени сите чинители. А сега, медиумскиот фокус (со мала помош на медиумите) се префрли кон дебатирање и транскрибирање што точно и кои зборови биле кажани од страна на претставникот на Пленумот и зошто во моментот тој така изреагирал. Сметам дека фокусот на медиумите и на сите нас, треба да биде насочен кон она што беше поважно за демократијата во Македонија, а тоа е дека со инстант поканата на Премиерот до членовите на Пленумот се загрози уставниот статус, надлежност и дигнитет на Собранието и се прекрши неговиот Деловник за работа. Или поедноставно кажано, да парафразирам дел од јавното обраќање на Професорскиот пленум до Премиерот, дека тој не смее да кани на дебата во законодавниот дом бидејќи „таму не е домаќин, туку е гостин“. Се разбира дека, ако сте се нафатиле на некаков јавен ангажман како што е делувањето во Професорскиот пленум, подложни сте на критика од јавноста и тоа мора да си го прифатите, но, исто така, цврсто стојам на мислењето дека доколку би живееле во функционална демократија и вистинско граѓанско општество кадешто медиумите се коректор и критичар на власта и го застапуваат јавниот интерес и интересот на граѓаните, најважната вест од оваа вчерашна епизода ќе беше Премиерот и неговиот јавен однос кон Собранието, а не посочената изјава. Инаку, јасен е ставот на Професорскиот пленум дека во ниту еден момент нема да влезе во материјална расправа по овие предлог измени и со тоа да даде легитимитет на фингирана дебата и процес кој е се, но не е партиципативен. Фактор: Се согласувате ли со впечаток дека премиерот Груевски успеа да ги пренесе „жедни преку вода“ универзитетски професори кои застанаа во одбрана на студентскиот пленум. Зарем умните луѓе не можеа да предвидат едно ваков сценарио кое на јавноста е веќе видено? Трајкоска: Секој има право на свој впечаток и мислење и нема да спорам околу ниедно од мислењата на јавноста. Како што кажав и претходно, професорите немаат професионална помош за ПР кампања, кризен ПР и менаџирање на комуникација во вакви ситуации каде што, се надевам ќе се согласите со мене, „од другата страна“ го имаат целиот арсенал на инструменти и алатки за докажување дека оваа „реформа“ е вистинската. Па, ве молам, за помалку од 3 дена се снимија реклами и се започна кампања за поддршка на предлог-измените; се создаде контралиста на пленумци; се отвора и затвора Собранието на РМ по желба; се организираат конференции на Интеруниверзитетска конференција преку викенд; се удира со сите сили по поединци кои се потпишале на листата поддржувачи на Професорскиот пленум; се шиканираат, омаловажуваат, заокружуваат и медиумски плукаат професори кои до вчера им чинеа; се игнорираат одлуки на ректорски управи и универзитетски сенати за одбивање на предложените измени; се пуштаат инспекции по високо образовните институции; се упатуваат јавни закани дека приватните универзитети ќе бидат затворени; деканите и ректорите се ставени во ќош па мора да даваат „чудни“ изјави за потоа да бидат медиумски врамени и злоупотребени дека ете, и тие се согласуваат со предлог измените; целата медиумска владина десантска единица е насочена кон оние што се одважиле да кажат дека не се согласуваат со предложените измени… Да продолжам ли понатаму со набројување?! Во Македонија е позната тактиката на гледање сеир „од заседа“ и чекање некој да направи грешка за да се „распне“ по фејсбук и твитер. Но, и тоа ќе помине како сите детски болести… Она што сега е најважно, е дека се повеќе групи во општеството ја сфаќаат својата улога во партиципативната демократија и си го бараат назад местото во процесот на креирање јавни политики, место, кое и никогаш во изминатите дваесет години не им било дадено од страна на политичките елити. Фактор: Дали воопшто има потреба делување на овој Професорски пленум или треба да им се остави на студентите сами да си ја водат битката која сами ја започнаа? Трајкоска: Професорскиот пленум започна како реакција на Студентскиот пленум и мора да е јасно дека тој пред се е тоа- поддршка на професорите кон своите студенти. Да не беше Студентскиот Пленум немаше да постои ни професорскиот. Едноставно, студентите ги разбудија професорите. Сепак, тие се две одвоени инцијативи. Професорскиот пленум има поширока агенда која ги допира сите ново предложени измени и нови закони од областа на образованието – од академијата за наставници до Законот за високо образование. Фактор: Иако најавените измени во виското образование меѓу кои и воведувањето на државен испит за најголем дел од ректорите, деканите и универзитетските професори беа познати уште пред речиси 5 месеци, научната јавност други сега реагира. Зошто толку долго молчевте, зарем требаше да реагира академската заедница па вие пост фестум да застанете во нивна одбрана? Трајкоска: Тоа не е баш точно. Промените во Законот за високо образование беа најавени на прес конференција од страна на министерот за образование во октомври минатата година – значи нема ни три месеци. Ректорите и Интеруниверзитетската конференција на крајот од октомври побара повеќе информации за најавените измени и средба со министерот Адеми. Ректорот на УКИМ кој е и претседател на Интеруниверзитетската конференција јавно кажа дека одговор од министерот Адеми добиле на 3ти јануари годинава, денот кога Владата експресно реши да организира средба со нив, и како што тие напишаа во поканата, двата „табора“ професори. Инаку, Универзитетите првата информација од МОН ја добиле на 5-ти декември, а на интернет страницата на ЕНЕР тие беа поставени во изменета форма неколку денови подоцна… За оваа рашомонијада на делумно и селективно информирање на Универзитетите или нивно целосно игнорирање, најдобро говори фактот дека официјалниот текст на предлог измените се доставени до Универзитетите на 18-ти декември, со рок од два (и со бројка 2) дена да се изјаснат. Но, МОН и Владата не го испочитува до крај ни овој планетарно најкраток рок, туку ја започна постапката за носење на измените на законот. Институциите успеаја и да не видат и да не чујат десетици илјади студенти кои скандираат пред нивните порти „Доста беше молк“. Моето прашање е чуму ваква арогантност и покажување моќ?! Фактор: Потфрли ли ректорот Велимир Стојковски кој дозволи премиерот Груевски да му држи лекции? Трајкоска: Ректорот не зборуваше таму во свое лично име, туку во име на тие што ги претставува, пренесувајќи го ставот дека се бара одложување на донесување на законот и доволно време за суштинска дебата за потребните реформи за кои никој не спори. На крајот, секој индивидуално, во рамки на сопствените лични вредности се обидува да реагира така како што смета дека е најсоодветно на дадениот момент. Но, на сите ни е јасно дека многу бргу ќе се соочиме со сознанието што младата колешка Марија Грубор јасно го изнедри на последниот студентски протест пред Владата дека „ако сега замолчиме, засекогаш ќе не болат устите“. Фактор: Мислите ли дека претседателот Иванов ќе стави вето на усвојување на одлуката за воведување на државен испит? Трајкоска: Искрено се надевам. http://faktor.mk/2015/01/06/intervj...-ja-menuva-sushtinata-na-profesorskata-bitka/
Значи се е тоа во ред, меѓутоа професорите направија огомна грешка што прво кажаа дека ќе дојдат, а не дојдоа. Со самото тоа, дозволија Груевски да биде пред нив и сега да збори дека се непрофесионални. Ако не сакаа или ако чекаа покана, требаше јаво да кажат додека премиерот беше до нив, а не одпосле, зошто во случајов, за нив беше многу касно. Според мене, тотална утка направија. Сега Груевски комотно може да им каже дека он неговото го направил, но тие одстапиле од нивното ветување. А богами со тоа што се збуниле неможат да се оправдаат. Очигледно не се спремиле за дебата, а истата ја бараат. Да напоменам дека коментирам исклучиво за оние професори/ки кои беа надвор вчера.
Епа ако била веќе позната финта, тогаш зошто дозволија да ги надмудри? Кажи нема да присуствуваме и крај. А не како мали деца, ќе дојдам па после пупу не доаѓам.
Јас сум против глупоста екстерно тестирање на студентите, ама професориве вчера де факто се изглупираа.
На прашањето дали го поддржувам државниот испит - Не, не го поддржувам! Дали апсолуно ми смета и дали јас како студент сум крајно вознемирена и одев на протести? - Исто така не! Мислам дека господава откако дојдоа на власт воведоа многу повеќе траги-комични закони, кои многу повеќе ме загрижуваат отколку овој. Ни малку не сум вознемирена за уште некое тестирање плус, иако факт е дека испитов нема ни малку да влијае на квалитетот на кадарот кој излегува од факултетите и факт е дека тоа не е причината поради која би се вовел. Претпоставувам и дека повторно ќе се изнадаваме пари за пријави, таксени марки и глупости, а навистина сум заинтересирана колку пари од буџетот ќе бидат оддвоени за испитот и колку реално ќе бидат искористени за него .. Сепак, сеедно ..
http://kanal5.com.mk/mobile/vesti_detail.asp?ID=58524 "Доцна вечерва почна амандманската расправа за предлог измените на Законот за Високо образование. Нешто по 22 часот вечерва откако претх..." абе кои фрикови....носат закони после 23.00 часот,небаре утре нема ден...или задутре....ова ме потсеќа на спорните змени на ДУП во Центар кога ги гласаа во 5саат сабајле....ама затоа после три пати прегласуваа па не успеаа да ја вратат општината. Стварно не ми е јасно.Таму се предложени 500 закони за образование,ќе се реформира,реформираното од 2006 ...онака преку ноќ,и баш буквално така...преку ноќ закон и взори ОП НВИ ПРАВИЛА. ГОСПОД НЕКА И Е НА ПОМОШ НА НАША ЈАДНА МАКЕДОНИЈА...И НА СИТЕ НАС.
Сите сме против законов за екстерно тестирање, ама до некаде и е потребен зашто од една страна имаме врски со професори што на блиски студенти од шала им пишуваат оценки без некое големо знаење па и самите знаеме дека на некој факултети со врски примаат студенти зашто тој бил син на министер на дикретор, на некоја си моќна фирма бла бла. Ама од друга страна не е корисен зашто самото образование не е до тој степен издигнато и моќно имаме факултети во кој самите згради пропаѓаат прозорците не се сменети, лабаратории недоволно опремени на еден хемиски факултет 30 души се собрале околу една маса да гледаат како се врши сечење на жаба, а тоа на ''запад'' секој студент треба да го направи на сопствената клупа, отвараат факултет за информатички технологии во Берово факултетот е сместен во детска градинка а другите факултети поголеми немаат 4-5 асални компјутери, на земјоделски факултет видео бимовите не работаат. на градежен пракса држат во подрум и учат на машини како се прави бетон стари 40 години. Они сами првин го промовираа високото образование со кампањи по телевизии запиши се на овој факултет на оној знаењето е сила знаењето е моќ и гледаа дека сега секоја будала завршува факултет па сега ајде да ги тестираме. Првин изгради добра инфраструктура за факултетите дај ги сите потребни услови, дај им добра основа на студентите па после тестирање.!!
Ми се повраќа од сите реклами на владава а посебно од овие последните како се полагало државен испит на странските факултети, а да пуштат една реклама како се сместени студентите во странските факултети???? и како капак на се сето тоа се НАШИИИИ ПАРИИИИ а тие ги трошат за перење мозок, ако е толку убаво не им треба реклама, убавото сите ќе го осетат и подржат........
http://www.radiomof.mk/sobranieto-g...oko-obrazovanie-voveduvanjeto-drzhaven-ispit/ Баш ме интересира од тие 67 што гласаа ЗА колку се свесни за што гласаа ЗА.