@SwanMay Тоа е трагично луѓе без свое јас претставуваат народ, а тие ќе правеле екстерно тестирање? Луѓето се изгубиле себе си, тие ќе прават проверка на знаењето?!
Се' се тоа тешки комплекси, драга. Чувство на моќ, да се управува со животите на другите и да се игра улогата на Господ, а полтрончињата сето тоа го аминуваат.
Studentite da ne ostavat na toa, mora da se organizirat na pojaki i pozestoki protesti, gi napravija bezlicni i kako "ko gi shisha", nikakov faktor vo ovaa drzava koja e se poveke na propaganje (((( a Ivanov nema sansa da stavi veto i sam si kaza deka kako drzavnik ke postapuva, a nie site znaeme kako on postapuva kako drzavnik-poslushnik.......
http://www.radiomof.mk/sobranieto-g...oko-obrazovanie-voveduvanjeto-drzhaven-ispit/ Ај нека ни е на здравје и ова, па утреден пак ќе слушаме по вести како се повеќе млади емигрираат, и дека ни опаѓа наталитетот.За 50-100 год кога ќе бидеме голема албанија ќе го видат и тие аирот од реформиве.Да даде само Господ да земам некоја стипендија во странство очи нема да ми видат тука.
ЈАС ГО ПОДРЖУВАМ ЗАКОНОТ ЗА ВОВЕДУВАЊЕ ДРЖАВЕН ИСПИТ НА ВИСОКООБРАЗОВНИТЕ УСТАНОВИ. Редно време беше. Не сакам да поминам низ некои моменти кои ужасно ме повредиле.но реално како што гледам на работите тој испит не може да ви го земе знаењето, туку со него може да се потврди сето она што сте го научиле. Освен тоа првите три полагања ви се бесплатни. Не знам како не сфативте дека досега важеше средно да завршиш е потешко од факултет. Познавам братучетки со 10 единици едвај што минуваа низ средно и основно па завршија факултет без ниту една добиена оценка од 8 подолу.Другари имам на факултетот туризам каде 1 саат пред колоквиум се учи и се добива 9 или 10. Дечките од музичката академија 4 година се што имаат за испит 3 страни од тетратка со А4 формат. А тоа на факултето за текстилно инженерство јао боже немој ужасно се нервирам. И вие што сте од Медицински, Електро, знаете колку има за учење а некој туку така да поминува и да има диплома исто како и вие? Па што кур барате за протести не ми е јасно?
Оти и ние од Медицински, Електро ќе мора за разлика од нив да повторуваме многу повеќе од останатите. Ете затоа.
Е па заради тоа што многу се учи, не сакам жена да ми се обрати, ехх џабе толку учеше мојата ќерка не се замараше воопшто со книгите, па заврши факултет пред тебе. А ќерка и да ја прашаш нешто ништо не знае, ко да не била на факултет не знае што предмети имала предходниот семестар. Што сметаш? оваа би положила државен испит. Ете таквите ко неа и вие деца што не сте размислиле што и како е, вие сте најгласни на потрестиве.Не ми е битно колку ќе повторувам дали помалку или повеќе од останатите за да го положам тој екстремно тежок тест, битно ми е да урне урбаната денешна цел да се оди на факултет од мода, а не за учење. Приемен испит треба да има пред уписи на факултет и покрај тоа што се полага матура, како во повеќето земји во светот. Реално гледано не е секој за на факултет. Ете затоа сакам да има државен испит за сите.
Ние не учиме за џабе, квалитетот се гледа на работно место, во приватниот сектор, во странство. Иронијата е што истите што отворија факултет во секое село и ги форсираа сите да се запишат на факултет и го намалија квалитетот сега сакаат да го средуваа тоа. Јас нема да имам проблем ако се спроведе и ретроактивно врз сите што завршиле отако тие почнаа да отвораат факултети во секое село. И не бидете толку наивни, сето ова се само за да се соберат пари од народот што и така нема, само тие веќе удираат на најболното на иднината на децата на оние на кои немаат пари. Се е ова само за да се соберат пари. Ако сакаа да навистина да го средат образованието ќе инвестираа во него и ќе ги испоапсеа корумпираните професори.
Точно е дека има корпупција во високото образование. Но тоа отварање на факултети во секое село им помогна на многу млади да си студираат во родното место наместо да патуваат по 100 или не дај боже по повеќе километри како и да не плаќа кирија и сметки. Од една страна многумина така заштедија многу многу пари, згора на тоа ако се запишеш на дисперзираните студии добиваш 50 евра попуст од партиципација барем на штипскиот универзитет е така, за другите не сум информирана ќе го погледам правилникот на останатите државни универзитети па ќе постирам тука. Тоа е позитивната страна на тие новоотворени факултети, но откако почна на нив секој да се запишува, овде мора ова да се корегира. Ете затоа се воведува државен испит.
Квалитетот на наставата и критериумите на УКИМ и дисперзираните студии е светлосни години различен. Да тие можеби заштедиле на кирија, сметки, пат и останати трошоци, ама биле поштедени од многу книги, збирки, преполагања на испити по 5-6 пати ако материјалот го знаеш беспрекорно, оти професорот давал задачи од руски збирки од '56та година, а да не правам муабет за нематематичките предмети.Односно меѓудругото биле поштедени и од многу реално знаење, не само од трошоци. Ако на екстерно прашањата се спрема критериумите на УКИМ , студентите од другите универзитети нема да положат. Нека го направат квалитетот на наставата и материјалот и критериумите на полагање да се исти на УКИМ, на УКЛО, на УГД, па нека спроведуваат екстерно тестирање. Живееме во капиталистичко општество наводно, неквалитетниот кадар самиот пазар ќе го исчисти, ама тие носат наводно инвеститори, а домашните приватници ги уништуваат. Тие исповработија еден куп луѓе со основно, како да се магистри, не јас! Во правитниот сектор се бара знаење, а не книшка, ама тој е се помал и помал. Не знам кога младите биле повеќе демотивирани, подепресивни. Се убиваат од учење и пак некој со книшка ќе им го фати местото, a потоа по цел ден ќе кисни по форуми и ќе кажува, „снајдете се па живејте!“ или „кој како се снашол!“ . Тоа не се решава со екстерно тестирање. Тоа се решава со целосна промена на стратегијата на собирање гласови, а не со екстерно тестирање. А ако наводно е ова за приватните факултети како што тврдат тогаш нека го спроведат само таму.
А, нели е подобро неколку факултети да има, ама нека се опремат со се`? Неопходен материјал за струката, макар и да почнат со преведување на дела и воведување на истите во библиотеките. Најважното, ќе имаме електронски библиотеки, ако немаме материјали. Трошат пари на балони, бендови за јубилеј, рекламен материјал, а кои се условите за учење? Всушност, имаме ли ние услови за учење? На Гоце Делчев, конкретно за оној во Кавадарци што е, колку часови се` на се` се имаат одржано? Имаме ли патем, кадар за сите оние институти и факултети? Образован, кој ќе не обликува и ќе не таложи со знаење и пракса. Бидејќи праксата, секаде освен кај нас, е најважна. Запознаени ли сте со новите институти кои се воведени? Патетично. Всушност секаде воведуваат реформи во корист на учениците, студентите, само кај нас се оди контра. Не се слуша гласот на младите, на толпата. Ја згаснуваат дефинитивно секоја желба за понатамошно доградување. Ако ништо друго, барем ќе се наполнат амбасадите. Или и стипендиите ќе ги укинат? Зошто никој не излезе и каже кои се вистинските придобивки од истиот закон? Зошто никој не се дрзне да каже која е вистинската цел на истиот? Полнење на касата, ништо повеќе.
Не сум сигурен дека, како што се изрази - некој барал ``кур`` на протести - но би било просто прекрасно да го чуеме вашето мислење што тоа ќе се поправи или ``реформира`` со испитите? Можеби следново - За филтер при запишување се употребува приемен испит а не државен испит на половина или на крај на факс. До толку незнаење? Со вакви логички пропусти јас не би се впуштал во дискусија на форум а уште помалку во живо. Срамота е. Можеби после ``реформите`` ќе добиеме фантастичен научен кадар од рангот на пастирот, министерот за образование, неговиот заменик и другите светски признати величини кои ја испоганија земјава последниве години.
Сега нешто читнав на нетов не знам колку е точко- Чичко Амди Бајрам бил предложен за ПРЕТСЕДАТЕЛ на КОМИСИЈАТА за полагаЊЕ државен испит Ако ова е навистина така, тогаш До ваков срам да дојдеме- не сакам ни да помислам дека ова реално е можнооооо
Професор др Никос Чаусидис е генијален лик со големо знаење и прекрасен пристап во предавање, дебати и излагање на нови научни тези во поле на археологијата. Револуционерно човече со издржани агрументи. Мене ми е многу криво што кратко трае емисијата и што немаше доволно време да ги елаборираат нивните ставови околу срањето што се изгласа како концепт. Што ќе се случи кога „просветлените“ ќе останат без предавачи (доктори на науки), а студентите ќе притискаат за предавање бидејќи политиката на владечката гарнитура ќе води кон граѓанска непослушност. Во средно им го скрпија со заменски наставници, меѓутоа во високото тешко дека ќе најдат за сите факултети со оглед на тоа дека на некои смерови постои еден до двајца такви доктори и иронијата да биде поголема, истите се против државниот испит.
Бидејќи не најдов посоодветна тема за моето мислење решив да ја напишам тука. Јас сум ПРОТИВ штрајкот на СОНК. Овој штрајк е за разлика од останатите протести и маршот кои беа пред еден месец, овој е од ЛИЧЕН ИНТЕРЕС на професорите. Екстерното теситирање на средношколците е една од низата лоши реформи во образованието. Еден од протестите беше баш против лошите реформи во образованието. И тогаш беа свесни професорите од средните и основните училишта кои минатите години беа казнети благодарение на снаодливоста на учениците на екстерното тестирање и доколку повторно бидат казнети и годинава им следува отказ. И покрај тоа тие не се придружија на студентите и универзитетските професори ,туку се криеа како кукавици и држеа настава и насилно им го ускратуваа правото на средношколците да протестираат против реформите во образованите на кои тие сега се и ќе бидат најголема жртва во иднина. Доколку излезеа тогаш на протест и штрајкуваа нивниот штрајк немаше да е егоистички како сега. Бидејќи вака само покажуваат колку не им е грижа за нивните ученици, туку само за нивните работни места. Исто ги осудувам и мајките на деца основци и мајки на идни ученици кои исто така покажаа колку не ги интересира иднината на нивните деца. И спремни се да трачарат и да се жалат по кафиња и при средби со други родители како не е во ред деца помали од 10 години да имаат по 6-7 часа на училиште и како им тежеле ранците и како учат тешки глупости за разлика од пред 10 години, а на протестите никаде ги немаше. Се додека молчите,вашите деца ќе страдаат.
Дефинитивно против. Така не се решаваа таа работа. Нека воведат приемен ако сакаат да направат чистка а не прво кампања запишувајте се на факултет да соберат некоја пара тие две години и после оп не те бива ај чао! Абе ајде! А тие што имаат врски, ќе имаат и државен и меѓународен испит да воведат, и на крај кој ќе страда? Тие што со мака постигнуваат нешто во животот. И после ќе ми кажат студентите на прво место? Кое прво бе, на -1 место сме... Нека им ја водат пензионерите државата! И ме интересира само, зашто ова во кампања пред избори не ја збореа оваа реформа? Па од кога ги изгласаа после! Абе мрш, нека се видат меѓу себе прво па после да ни ставаат државен испит!