Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Екстерно тестирање на студентите

Дискусија во 'Образование' започната од Lavander, 4 октомври 2014.

?

Дали го поддржувате воведувањето на државен испит?

  1. Да

    21 глас(а)
    13,9%
  2. Не

    130 глас(а)
    86,1%
  1. Nezamenliva

    Nezamenliva Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    110
    Упорно се фалат дека имаат квалитетен образовен кадар од една страна, а од друга страна УПОРНО измислуваат секакви тестирања на истиот.
    Добре бе, па ако толку се квалитетни професорите, зошто постојано ги тестирате, а притоа страдаат учениците/студентите?

    Факултетот е избор, или сакаш да студираш или несакаш. Плус ПЛАЌАШ и не си должен на никого да се правдаш за ништо. Плус, коа сакам да го завршам тогаш ќе го завршам, секако ако имам средства.
    Теорија и пракса се различни поими, факт е дека никој не е спремен одма после завшување на студии да седне и да работи, без претходна обука, па макар и од 3 дена.

    Незнам што се случува во државава, ама најмалку е демократска.
    Дали некој пред ова да се објави, направи анализа меѓу студентите? Дали некој ги праша??
    Или тоа што ќе му се сони на министерот, утре дента го преточува во закон...

    Големо НЕ за оваа глупост.
     
    На FotoLina3, Someonespecial, Kaley и 2 други им се допаѓа ова.
  2. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.788
    Допаѓања:
    4.835
    Пол:
    Женски
    Знаеш како се полага при УКИМ фармакологија? Им остава прашања професорот и скрипта ама никој не учи од скриптата, ете како. Што уствари коментираш кога не си учела на УГД, кога не си видела со свои очи? Да, ги видов јас прашањата, конкретно од студент на стоматологија. Нели на медицинските науки при УКИМ било многу тешко. |(
    И престанете да го кудите УГД кога не сте биле тука, не сте виделе како е.
    И сестра ми кога полагала приемен за на УГД пред неколку години имало деца што си ги извадиле прашањата од приемниот пред нив. И на УКИМ, и на УГД, секаде има такви со многу јаки врски па им ставаат отцени без врска или си плаќаат за да им стават отцени.
    Проблемот со образованието има многу подлабок корен.
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Владата не може да оди против уставот кој гласи "Секој има право да студира, да се образува".

    Целта е да се откорнат оние студенти кои одат против владата или подобро кажано кои не се насочуваат кон правецот кој нив им одговара. Но, тие велат дека со овој екстерен ќе се откорнуваат студенти кои препишуваат и кои земаат диплома оние кои не ја заслужиле истата.

    Прво.

    Ја разбирам целта и ја оправдувам но ова не е начин ! Ако сакаат да ги имаат вистинските студенти на вистинси факултет во кој ќе пружат целосно време, внимание, учење тогаш треба да воведат приемен испит. Матурата е воведена кога се укинати приемните испити. Као демек ќе имаме матура ама нема да имаме приемен. Која е целта на тоа? Матурата ја има улогата на приемен? Ма немој молим те. Па и ова новово со математика како задолжителен предмет за матура. Јас сум на филолошки факултет и зошто јас да имам задолжителен математика сега?

    Второ.

    Имале некои добри идеи, да. Но дали истите биле правилно реализирани? Компјутер за секое дете. А софтвери не им требаат. Греењето и просторијата во која учениците ги држат своите часови не е битна. Е-дневник. За што? За професорите очи да корнат пред компјутери заради некој смрден закон. На никого не му служи тој Е-дневник. Екстерно во средно образование. Во ред е идејата но реализацијата е катастрофална. Познавам милион случаи каде детето цела година не знаело да гукне по англиски (пример) и препишува на екстерното добива 5ка. Детето поставува прашање кај класната каде треба да потпише дека препишувал за професорката по англиски да не настрада. Одговор - нема. Професорката ќе си го крка. Детето се трудело да препише колку за оцената која му била ставена но од каде да знаело дека баш 95 % од прашањата ќе ги одговори точно. Има и обратни случаи ама да не навлегуваме во тоа.

    Трето.

    Екстерните испити не можат да се воведат на начин каков што министерот за образование го презентира. Јас лично сметам дека ниту еден студент не е способен да научи толку многу за краток период што сум сигурна дека ако го воведат законот, испитот ќе биде збуцан во простор во годината како на пример Јануарската сесија.
    Порано била Фебруарска сесија за студентите да можат да се посветат и на празниците и да имаат време за да ги спремат испитите и најнормано да си ги полагаат после Јануари. Но не, ние требало да се водиме според сличните правила во Европска унија и Америка. Да сме биле повеќе како другите земји. Дали се свесни дека повеќето од другите земји се католици и нивниот каледар е многу поразличен од нашиот. Нивните празници се во Декември, па затоа имаат Јануарска сесија.

    Да се вратиме на главното.
    Од кога се воведе прашањето за екстерно тестирање на студентите избија многу различни идеи и погледи кон поинаква и можеби подобра иднина и подобро студирање за нас студентите. Некои кои ги прочитав беа катастрофални а некои беа прифатливи. Само лошо си направија што го воведоа ова во прашање. Не натераа да се сетиме и да подразмислиме за милион други нешта со кои владата и универзитетите ни го загрозуваат животот како студенти. Жално е што кога ќе се донесе одлуката сите тие други можеби и побитни работи ќе се заборават и ќе бидеме фокусирани кон одлуката која ќе биде донесена.

    И една порака до студентите
    Не бидете себични со мислење во главата дека овој закон вас не ве фаќа или дека мака немате затоа што веќе сте завршиле. Мислете на идните генерации во кои ќе бидат вклучени вашите деца. Не бидете себични да велите дека "така треба" доколку знаете дека на ист начин и вие сте го завршиле факултетот.

    И порака до оние што велат дека екстерно тестирање за студенти треба да има.
    [​IMG]
     
    На FotoLina3, Mimi123, FlameFairy и 9 други им се допаѓа ова.
  4. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.276
    http://24vesti.mk/eksterno-za-studentite-kje-ima

    Епа наздравје нека ни е. :nod:

    Патем, има некој од прилика поим дали е можно ова официјално да се спроведе 2015 година? :|
     
  5. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Немам зборови за ова, изреволтирана сум, крајно изреволтирана. :x Што не ги тестираат господин Грујо и господинот министер за образование, м? И овој што беше во здравство ама не знам зошто го има на сликава, го префрлија или не знам што беше финтата, не ме занима... Од кај па ние имаме доказ дека нивните дипломи се исправни? Сељачишта неписмени, овојпат откако добија на избори не соголеа до гола кожа и финансиски и психички сега со вакви глупости, па и ова може да кошта финансиски затоа што како што разбрав ако не поминеш го губиш правото на диплома. |( Изгледа многу „гладни“ се во последно време, а на народот што цела просечна плата му оди во сметки и пак казни и триста чуда измислуваат, нема врска нели? Се е ова политика, ги заболе нив увото за квалитетот на нашите дипломи. Мислам, пошто квалитетот на се друго е на највисоко ниво, срамота е академските граѓани да сме со неквалитетни дипломи. И онака сите работа не чека по завршувањето, па да ја зафаќаме за џабе, нели... срамота би било тоа. 8)

    :@ Свесни ли се тие што прават бе? Кој од младите луѓе ќе ги гласа после ова, м? Колку млади луѓе бегаа досега и колку уште ќе бегаат после ваквите глупости? Знаете кој само ќе биде задоволен од ова и упорно ќе ги гласа? Пензионерите. Нели они у тој затуцан стил (а патем поголемиот дел од нив со око не виделе диплома за повисоко образование од осмолетка), сигурно си викаат ако ако види шоубо им текна, не денес сите завршија..... да да, ги замислувам муабетиве во вторник во преполн автобус и полни ќеси компир. Добро бе мајку му стара, каква е оваа смешна политика, освен ако немаат друга сигурна стратегија за да добиваат, мада сигурно имаат но.... Младите луѓе ви бегаат од државава или пензионерите? И кој е иднината на државава? Која иднина, нема иднина... јас сакам да избегам а камо ли генерациите после мене, се помодерни се раѓаат никој нема ова да го трпи, а којзнае уште колку бетер ќе стане. Ние како мала држава барем можеме да се штитиме, како можат во Германија, Австралија, Америка и многу други земји да се заштитени и обезбедени граѓаните? Пу, ми се повраќа веќе! :puke: :swear:
     
    На FotoLina3, Valerin, babyblond и 2 други им се допаѓа ова.
  6. luci22

    luci22 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    742
    Допаѓања:
    1.502
    Пол:
    Женски
    Јеееее... КОНЕЧНОО!!! :D :rofl:
    Фала богу, најпосле ќе ми се цени знаењето! :party:
    .... :rofl: Шала на страна, да си се отпишувам јас со време, да си ги собирам парталите од факс-чево прибидејќи не е здраво ова :|
    Аххх Грујоо пријатељуу !
     
    На ivancekitty, makedonkamak и Lovely93 им се допаѓа ова.
  7. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Прво што ми падна на памет кога слушнав за ова. :rofl: А прва година сум, си реков ту кај се запишав кај се запустив, и вака и така ќе ринтам негде за смешни пари, јаз`к. :lol:
     
    На luci22 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. luci22

    luci22 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    742
    Допаѓања:
    1.502
    Пол:
    Женски
    Е ее еее, епа да! така си е :D
    иначе и јас сум прваче ко тебе па така да ако бидне ова стварно - си се отпишувам сместа. Парите реално не ми раснат на дрво, за жал :)
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    ^ Е не растат на дрво и тоа како си во право. :D Ама не ми збори вака бе, ќе земам ќе се отпишам, па ќе ме утепа дечко ми, толку беше противник за да не одам на факултет. :lol: И онака имам желба (и прилика) да работам во некој од појакиве бутици, малку ми фали, не ме буцкај. :lol: :rofl:
     
    На luci22 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. luci22

    luci22 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    742
    Допаѓања:
    1.502
    Пол:
    Женски
    Хехе... добро, нема више! :D
    иначе да, и јас нејќев да се запишам, али се запишав ипак, јбг shit hарреnѕ! :lol:
    ... и јас требаше да си почнам да си работам, ќе си бев шминкеркааа :$ мојот сон! али никад не е касно. :D
    - малце забегавме со офф топик-че, али нема везе :D
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    Ајде и тој закон го фатив.
    |(
     
    На FotoLina3 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Срамота е ова што го прават,навистина не се нормални.Бев уверена дека ќе се откажат од идејата,дека е пролазно мислење,но ете изгледа озбилна е работата.
    За мене може нема да биде реализирана,ама навистина ги жалам брат ми и сестра ми,доста преживуваат екстерно во средно,па и матура,па и државен испит.
    Така не се ствара знаење,туку само стресови и притисок.
    Кој нормален студент ќе научи 20 предмети од 1 и 2 година за да полага испит кој го полагал пред некое време?
    Навистина немаат мозок во главата,тоа е материјал по 500 страници од предмет...
    Баш вчера Грујо зборуваше дека тој испит бил за да има повеќе знаење и да се плаќаат 9ки и 10ки.Па господине,тие што си плаќале оцени,пак ќе си плаќаат,пак ќе го извртат законот,каков сака испит нека е.
    И не може да се споредуваме со други земји,бидејќи таму има далеку поквалитетно образование,со добри предавања и професори,со еден куп практични вежби.Тука ќе те предадат 100 страни,а ќе ти речат за испит 300,а за вежби еднаш во месецот,доста е.
    Ако сакаат да инвестираат во знаењето,нека инвестираат во овие детали,а не со правење на непотребни тестирања.
    Се познаваат тие што имаат знаење и учат,се познаваат и другите што така си го минат факултетот.
    Хаос е ова што се случува во образованието,и ние место да одиме напред се полошо е,навистина сум изреволтирана.
    Доста ја демолираат земјава на сите можни начини,сега и тоа дојде на ред.
    Епа да не се чудат кога еден млад човек нема да остане,сите ќе бегаат.
     
    На despin4e05, makedonkamak, ariela09 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    1.836
    Да не знаете од кога би се спроведувала оваа глупост? И дали ќе важи за тие што од таа година се запишале или за сите вкупно?
     
  14. Nezamenliva

    Nezamenliva Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    110
    Колку што слушнав, од наредната студентска година, т.е за сите студенти кои ќе се запишат во 2015та година.
     
    На gothchick му/ѝ се допаѓа ова.
  15. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Колку од вас беа на протестот против екстерното тестирање на студентите денес? :geek:
     
    На ariela09 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.626
    Неможам да речам дека идејава за екстерново ми се допаѓа,не верувам дека има такви.
    Целиот процес на образование СМРДИ!
    Сега удрија по факултетите.Добро бе,вака ли ќе го испитувате квалитетот на студентите?Самите вие што примивте толку студенти само за да бидеме" образована нација"
    Пола и више од нив не знаат две реченици да сврзат,ми се гади од самата помисла дека еден ден ќе работат така одговорна работа, а ќе има и такви што ќе ти го земат местото,таквите се неизбежни.
    Кога ќе се спомне факултет секогаш ме асоцирало знаење,но не мислев дека ќе има толку незнаење на едно место.И каде е тука грешката?Како прво во тоа што ги укинавте приемните.Не велам не и тука ќе се нашол некој со врски,но бројот на студентите немаше да биде огромен и условите за работа да бидат толку лоши.Не натрупаа со теории а практичната работа која впрочем е најпотребна најмногу изостанува.И така ние некако ќе го истриме ова,но жал ми е што идат полоши времиња,кога нашите деца ќе ги сносат последиците,но што да кажам некој имаше спомнато дека по изборите откога го дале својот глас станало полошо.Чекај,вие не бевте свесни дека така ќе биде?!мислам не треба да си многу интелигентен за да сфатиш што се случува во државава.Но ајде сега да не мешам политика тука иако ја има и те како,ваљда не може ова вечно да трае,можеби после ова, а и други работи кои ќе ги трпиме очигледно,можеби тогаш ќе се освести нашиот кутар народ.
     
    На FotoLina3, makedonkamak, Lovely93 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Да се пријавам, мислам дека јас бев таа. :lol: За жал не бев свесна, сите сум ги ставала отсекогаш во ист кош, ниедни не чинат тоа е факт и сите имаат само една цел, себична. Но дека до ваму ќе стигнеме... ова никогаш не било, и никогаш не би го предвидела. :shake:

    Но отсега богами се ќе очекувам... Искрено, мислам дека ни протести нема да помогнат кога веќе решиле тие. Бев револтирана за законот за средните образованија, но не ни сонував дека ќе ги чепнат и студентите. Срамота... убаво кажа, подобро да нема државна матура и да си останеа приемните испити. И не, не бев на протести и немам намера, џабе е.

    А што значи тоа дека екстерното било за упишаните во 2015-та? Значи за мене не важи или се смета како за учебна 2014/2015? И зарем тие што се упишале пример лани ќе се извлечат скроз? Не ми се верува такво нешто. :?:
     
    На mynameislove му/ѝ се допаѓа ова.
  18. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    И после ќе се чудат зошто се повеќе млади гледаат да заминат од државава...
    Па многу нормално дека нема да останат овде. Дали има нешто што е во ред? Секако дека не. Демек ќе се смени нешто со тоа што ќе воведат екстерно и за нас студентите? Ќе се пишуваат пореални оценки? Колку што се сменија нештата во средните училишта - толку ќе се сменат и сега!
    Тие што полагаат одредени предмети со пријатели (или пари) пак ќе го прават истото. И нив воопшто не ги интересира ова тестирање. Се нервираат и под стрес се тие студенти што со знаење ја добиле посакувана оценка и на крај излегува некој и кажува дека повторно ќе ги тестираат. Катастрофа!
    Член 46 од Уставот на Р.М
    На универзитетот му се гарантира автономија
    Навистина ли? :?:
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.902
    Допаѓања:
    132.729
    Грешката се направи кога се отворија приватните факултети. Тогаш се дозволи наместо квалитет, да се оди со комбинација од неквалитет и пари. По неколку генерации деца кои дипломираа, а не знаат 1 да кажат, Владата сфати дека имаат високо образована младина со мозок на пиле. Затоа се сега овие екстерни.

    Сигурно некој што се убил од учење и знае се и поминал со шестка оти не му било ден на професорот, не може да се рамни со некој со просек 10, при што татичко му ја платил дипломата (8000 евра за 4 години, плус униформи, ексурзии, книги). И на крај, двајцата се дипломирани во струката, едниот знае се, другиот не знае да бекне. И поради просекот, ќе има предност при вработување.

    Ама грешката е направена, откако на ректорите на бедните приватни универзитети им се даде дозвола да прават што сакаат. Сега, никој не ја спасува државава од „учените“ со купени дипломи. Џабе екстерни. Ќе биде како во основно и средно - мајката на девојчето што е глупо и дава поволности на учителката да и ги шепне прашањата на глупата ќерка. И нормално, она има петка.

    Корумпираност во секое делче. Додека не стават камери додека се полага.

    А професорите во приватните универзитети не смеат да стават ни шестка - една ми кажуваше како во нивниот систем на студирање не постоела шестката како оцена. Демек толку биле паметни. А кога ја прашав што од предметите што ги учела ке ги примени на работното место, не ги знаеше предметите. Знаете веќе, со 10 просек дипломирана.
     
    На Mimi123, Marossa, WarriorAngel и 2 други им се допаѓа ова.
  20. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Акдемските граѓани кои изучуваат одредена област која утре ќе им биде професија и можеби нечиј живот ќе зависи од нивните знаења, треба во секој момент да ја познаваат областа која ја избрале за своја професија.
    Не е само препиши за овој испит или набубај и после испитот заборави го тој предмет.

    Студирањето не е само полагање испити, студирањето е посветување на одредена наука, еден цел процес кој би требало студентите да го заокружат по завршувањето на студиите.
    А не да положат испити ради реда и да излезат боси.

    Не верувам дека ова ќе го реши проблемот со образованието во нашата земја, ама еден тест не би требало да ве плаши толку. Ама проблемот е што повеќе од половината студенти во нашата земја не треба ни да бидат студенти. Ама денес е модерно да си со диплома нема везе што не си по учењето ама нели сакаш диплома. |(
     
    На FotoLina3 и Cka им се допаѓа ова.