Море мене лани место семинарска,ми дадоа материјали од англиски да преведувам.И не можеш Не да кажеш,оти ќе те земат на Пик и никогаш нема да положиш. И на крај краишта,ќе не тестираат,ќе завршат тие што ќе завршат,а РАБОТА?! Џабе е се...
ДА. Кај нас право на потпис покрај редовноста, семинарските и ред др работи, битно беше и преводот. Иде професорицава моја и вика еве ви книга на руски, сите имате по 80 страни да преведете и искуцате во ВОРД ки да ми донесете за 2 недели инаку нема потпис. Ах бе ќотекот од рајот е излезен. Ќотек за сите студенти еден убав и добар. Се најде само еден да рече дека не е дојден на јазици туку на технички факултет и сиротиот не можеше 2 год да земе потпис, се додека се смени професорката. И така уште долго ќе си читаме вакви рабботи, се додека не се премине на следен степен и се стави крај Спојлер
Ајде јас ве напуштам. Доста беше од мене. Многу се изнервирав и сега гледам колку постови сум пишала. Во глава ми се мота дека утре треба да работам 10 часа за мизерна плата, а цел ден на нозе и да слушам некоја квачка како си лета во облаци ( јас сам из швицарска и ово сам радила двадесет година и ја знам како треба са радницима). Таа истата кваачка која има осигурано само 1 работник и која нема платено данок и која мисли дека е во ред да работиш 10 часа на нозе, дека овде нема кој да ја казни. Таа истата која после работа те тера да метеш зашто таа сака се да и свети исто како 2кг злато на рацете и порцеланските заби. Епа и се може, дека мажето нејзино криво во ноџето работело дилерче и гласало за Адемче и сега Адемче му носи законче на Грујче и Грујче сака да ми го ебе мамето, пошто мојот глас не успеа до сега да го добие. Ама има кој мене да ме казни и да ми го одземе правото на студии, само затоа што татица мој е обичен работник и затоа што мора моето место да се ослободи на буџованче или некое аљбанче.
Заборавив од која дупка излегов Кога ќе се сетам како се кудев јадна не можев да се запишам на македонски факултет, за финансиска пречка, сум грешила.
^ Јас лајкнав што лајкнав од вашите постови и со се што лајкнав се согласувам комплетно... не знам што би додала веќе кога ми се темни и при самата помисла. До пред самото упишување (па и после тоа дури) се носам со ставот дека за џабе е веќе факултетот, без книшка, а и да те вработат со книшка пак платата е таа... 4 години што ќе трошам пари а нема да заработувам се многу изгубени пари, за што, за утре истата работа да ја работам а битно некоја диплома стои дома. И откако се донесе овој закон оваа мисла се погласна ми станува во главата. Уште не сум сигурна дека ќе го остварат ова и дали навистина после тоа ќе се губи правото на диплома (ако паднеш), инаку сериозно би размислила да се повлечам барем додека сум на почеток. Ќе не прави некој будали тука... овци ќе не прави. Учиш за испит, учиш за испит, учиш за испит... на крај не е доволно, учиш и за испит за она што си го учел за секој испит од почетокот на своето студирање. Ќе ми каже некој паметно било, во Англија така правеле? Не ме заебавајте, уште со Англија не се споредивме веќе. Се е исто како во Англија, само екстерното ни квареше просек. Ние и Англија, магаре и музика... нешто што нема да биде додека постои овој свет. Да видам дали во Англија факултетски образовани луѓе работат 10 часа дневно или за плата колку само сметките да си ги платат.
Ја претераја жими све страмота невидена,сега се запнаја во студентите страм да му е изреволтирана сум многу навистина простете на мојот израз... Не сватив една работа дали ова екстерно тестирање ќе биде за новите запишани студенти или за сите? и за тие веќе што студират?не сум баш во тек со ова...
http://taratur.com/sovetot-na-bitola-ci ... si-dofrla/ Еве вакви, без ронка почит, без никаква самоконтрола и дисциплина, без никаква култура земаат енормни суми на плати, а нас ќе не тестираат екстерно и од тоа ќе зависи дали ќе дипломираме или не. Некои од нив немаат ни факултет уште завршено. И кога вакви недораснати седат на вакви функции и се ставени да носат одговорност за една општина, нормално дека нема место за дипломирани со знаење, што се имаат убивано од учење, со култура и со домашно вопитување на високо ниво, млади луѓе на место. Епа кога сите молчиме и ништо не превземаме тоа и ќе се случува. Можеби тогаш со средно ќе има и за нас вакви работни позиции и се надевам ќе сме посвесни и поодговорни од сегашниве. Овие луѓе земаат плата од казните кои сите ние ги плаќаме како и од даноците кои ние или нашите родители ги плаќаме, а сите остануваат неми. Епа кога сме глупи ќе си го кркаме. И пак размислете 2 пати пред да гласате на следните избори или да одите на гласање воопшто.
Да поднесат студентите барање за информација од јавен карактер во државните органи во последните 5-6 год, од високо образовниот кадар што се вработи што дипломи имаат???? Грујо вели дека приватните факултети го расипале образованието а кај него 80% се вработени со приватни факултети...сега не ми е јасно нешто, тој се вработи високо стручен кадар на кои ја довери целата држава, а сега воедно јавно кажува дека образованието не чини токму од приватните факултети?????? На сите факултети запиша еден куп студенти и како петел се фалеше по телевизиите колку студенти се запишале а сега не чини...се знае како се прави првата селекција на факултет, уште при упис...што му вреди на ученикот со 100% бодови оти е меѓу првите на списокот кога на истиот список и колеги му се и со 63% бода и на крај полна предавална немат кај да седат па ти очекувај квалитетно образование......... и уште нешто, не е битно дали ќе важи за овие генерации ова или не битно е што моделот е катастрофален....и некој си игра овие години тинтара со младината.........
Со последниот закон за администрација со приватни нема да можат да се вработат во државна администрација. А овие од приватен, пола си отидоа од работа. Треба да се врати приемниот испит на фалкултет. Не може секој да се запише, да плаќа и да дипломира. Имаме неписмени магистри. Иначе, бејбиблонд...Среднистите не се идиоти. Факултетот не те прави човек. Не можеш да му речеш дека не смее да ги претставува своите граѓани некој оти бил со средно. И со основно да е, може.
Уште една причина плус да си ги спакувам куферите. Овде веќе не се живее луѓе. Се чувствувам толку исфрустрирано, толку нервозно, како да сум во некој кафез, немаш излез... Само ти вршат тортури, психички се оболе младинава, а на крај пак и пак и пак ќе си работиш за мизерни 200 евра и некој без два дена образование ќе ти се дере над глава и ќе те тера да работиш и празници и викенди. За тоа ми е ова екстерно? И не, не е проблемот во екстерното, не е проблемот толку во тој еден тест, туку проблемот е што удираат по тие што не треба. Толку многу трули работи има во образованието (посебно кај високото), што ти доаѓа да повраќаш од гадостите. Мито колку сакаш, секс за оценки исто така колку сакаш, врски се фаќаат на секој чекор... А тие за студентите се фатиле. Е тие што ги дозволуваат сите овие гадости се виновни што образованието ни е такво, какво што ни е. Треба прво од нив да се почне. Ама познато ни е на сите дека удирањето по самарот е многу полесно, отколку по магарето. Секогаш во Македонија си пател обичниот човек и секогаш ќе си биде така. Јас ќе патам, јас ќе имам стресови, јас, зашто немам ни ќора врска, немам толку пари за фрлање за да потплатам некој, немам поклонети оценки, ете јас ќе патам и сите како мене. А тој што претходно поминувал со врски и сега ќе помине, истата таа врска поради која имал десетки, сега ќе најде начин и ќе му ги каже прашањата од екстерново, вујче што му фаќал врски за кај деканот, "утре" и работа ќе му најде, или па ќе го пикнат асистент на факултетот каде што завршил. И врти-сучи кој ќе пати? Пак обичниот студент кој тера крај со крај да ги заврши студиите, се труди, учи, работи меѓувреме за да може да си го плати факултетот, за на крај некој побрзо да заврши од него или да го видиш вработен некаде на некоја позиција, а знаеш како ги добивал оценките. Не можеме со никој да се споредуваме, а камоли па со една Англија. Ние сме едно село од првобитна заедница за Англија. Таму имаат квалитет. Таму имаат професори во вистинска смисла на зборот, предавања во вистинска смисла на зборот. Нашиве професори можат само да сонуваат за да бидат како професорите во Англија.
Со последниот закон за администрација со приватни нема да можат да се вработат во државна администрација. А овие од приватен, пола си отидоа од работа. Треба да се врати приемниот испит на фалкултет. Не може секој да се запише, да плаќа и да дипломира. Имаме неписмени магистри. Иначе, бејбиблонд...Среднистите не се идиоти. Факултетот не те прави човек. Не можеш да му речеш дека не смее да ги претставува своите граѓани некој оти бил со средно. И со основно да е, може.[/quote] Епа веќе ги вработија сите што требаше, и повеќе од тоа, ќе треба една цела генерација да помине за да се вработуват други...ако сакаат да дискриминараат од приватен и државен факултет и тоа ќе им падне у вода...а ако веќе го прават тоа тогаш нека се направи ревизија и наназад...
Колку за средношколците не се вредни овие студентите бре,средношколците барем излегоја и се побунаја за екстерното а овие како некој тутулиња си ќутат ако супер така им треба,бај д веј каде е сега тој претседателот на сојузот на студенти што го гласаја и бираја нема уста?за што всушност е избран тој? што функционирало овде кај нас па тоа да функционира... Све за пари направија секој да може да се запиши на факултет за пари отворија факултети во секој град и село што се вели за пари, и ова ќе буди све за пари со 2јки ученици што го поминва ја средно TUP на факултет MOLAM? е што не го бидва не го бидва бре,се согласувам со погоре кажаното подобро приемен за на факултет отколку ваква идиотска работа...
Јас лично не се слагам со екстерното. Мислам дека не е веродостојна проверка ниту на учениците ниту пак би била за студентите. Затоа што реално вие ги добивате прашањата кои треба да се научат. Но сум за тоа дека е потребно поголемо вложување на студентите при запишување и завршување на факултетот. Односно да нема подарување на оцени. Сметам дека треба да се пресмета просечната оценка по предметот на професорот и да се направат анонимни тестирања на студентите. Па да се провери на тој начин дали просечната оценка е слична -приближна на онаа од тестирањата. Ако не е да има санкции кон професорите. И на тој начин професорите ќе имаат повисоки критериуми кон ставањето на оценките. Воедно мислам дека треба да има приемни испити за факултет. Со тоа, колку поени ќе освоите за толку да ви биде намалена партиципацијата. Па така сите ќе се трудат да постигнат повеќе.
Прво. Сакам да го оправдам моето спомнување на Англија во темава, затоа што го спомнав лично, дека екстерното тестирање постои од раниот 19 век во земјата. Постои со причина, за да има компарација на повеќе од еден факултет. И најнормално е да има вакво тестирање кога постои повеќе од еден факултет. Како инаку би се споредиле еден против друг? Освен нели, рекла казала муабет на кој сме програмирани на чешмата. Ако студентите на еден не примиле доволно едукација, нема да положат, нема да дипломираат, и нема догодина студенти да се тепаат на тој да се запишат. Едноставно е. Ако таа математика не е јасна како 1 + 1, фрлајте студентски статус и враќајте се во основно. Друг е проблемот дека не се спроведува ако што треба. Ама стварно сакате диплома, или диплома со знаење? Очигледно е од повеќе дека проблемот во Македонија не е компетицијата на факултетите, со тоа и престижноста и стремењето кој ќе се запише на елитниот факултет, туку проблемот се сведува на корупција, мито, политика, неадекватен кадар од професори, асистенти и вклучувајќи и студенти, за жал и грабање на тоа парче хартија кое како гледам, со право не е признаено во светот. Сакам и можам да дипломирам на медицина, тоа се два различни поима. Контролата на дадени за сексуална услуга оцена и екстерна оцена е разлика на знаење или на продавање? Незнаење на надлежните за спроведување систем за контрола на квалитет, сосем трета работа. Циркус е! Зошто би сакал студент статус дипломиран циркузант?
Очигледно таблетов мисли доволно сум рекла и не ми дава да скролам. Само сакам да ви порачам, моми, не си трошете пари без врски. Без или со екстерно. Книшката ви е вредна, не дипломата, како што гледам. Со оглед на тоа што сеуште лично добивам партиски мразечки лични пораки од пратени тука да гњават. Немате поима колку сум омразена од партиски војници оти сум излезена од Македонија, ми полнат инбокс. Што друго човек да каже?
За сето време додека мрчевме тука, ќе направевме 10 фејсбук страници на кои ќе го организиравме масовниот протест, со тоа што ќе повикавме ќоро и сакато да ни се придружи! Ама не, пошто сите го дигнавте носот и јавно признавте дека зборот на власта е посилен и последен, затоа ќе патите!
Вале,нели имало една група на Фб направена со 4000 и кусур членови,ама кога беше протестот,ни една осминка од нив не се појавиле,а и протестот не се одржа. Мислам дека треба да има побуна,ама не да се собираме сите,туку прво оние претседатели на студентски сојуз или како и да се викаат,треба тие да седнат да разговараат со господата министри и да уведат точки и причини зошто не сакаме да има екстерно. Всушност протестите ретко решаваат проблеми,можат само немири да создадат. Треба фино и лепо да се седне и да се дискутира. Е сега проблемот е што тие претседатели на студентски сојузи се пички и газолижачи (со извинение),па тешко дека некој од нив ќе излезе на мегдан. И ние,обичниот народ ќе си патиме и ќе си мрчиме по теми на форумите,тоа е тоа ОД што е трагично,и смешно е дури.
И тоа и тоа е вредно , иако првово малку повеќе де, ама сепак треба да се потенцира дека ние сме ти држава во која треба да се исполнат многу критериуми за да дојдеш до некоја си плата, ти се си заборавила за тукашните закони. Посебна точка на листата за работи кои ти требаат за вработување тука е задолжително имање некој ЧИКА кој е поглавен во партијата за да лобира за тебе, оти отиде коњот во река , ни пет дипломи и партиски книшки не ти помагаат без таков ,,јак,, фактор. Само таков чика на лагер и мирно си спиеш. Тоа ти е профил на личност иначе кој што со градоначалникот и остали околу него кои одлучуваат ти дали утре леб ќе јадеш или не, е како петок и сабота, газ и гаќи или нешто слично на ваков тип на близина.
Мар дај линк од групата. Како тоа чудо не стасало до мене? Инаку, ние треба да се бориме за сопствените права, но не преку демолирање населби како некои животни, туку да излеземе на мирен но, масовен протест. Тоа е она што нам ни треба, а не седење по форуми и размислувања од типот што би било кога би било. Зошто во оваа држава кога веќе забележуваме дека се е наопачки, многу јасно треба да ни биде дека дури и тие газолижачи т.н. претседатели се партиски синчиња и ќеркичиња кои се сомневам дека ќе издејствуваат нешто во наша корист! Дури и да не успееме стојам зад тоа дека вреди обидот! Можеби кога ќе видат дека сме сплотени ќе сфатат дека мнозинството е против таквиот закон и нему сличните па ќе се откажат во намерата или бар ќе се направат некои промени пред истиот да стапи на сила. Зошто вака седејќи само им даваме зелено светло... Освен тоа, јас вчера бев во студентскиот парламент и баш разговаравме околу темава и разгледувавме на кој начин би можело да се преземе по ова прашање. За дефинитивната одлука ќе ве обавестат медиумите, јас не смеам јавно да зборувам. Но, она што можам со сигурност да ви кажам е дека мислам оти нема да успееме. Затоа и ви го предлагам ова, кое сепак е ваш избор. Јас во секој случај ќе излезам на протестот доколку се одржи.