Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Екстерно тестирање на студентите

Дискусија во 'Образование' започната од Lavander, 4 октомври 2014.

?

Дали го поддржувате воведувањето на државен испит?

  1. Да

    21 глас(а)
    13,9%
  2. Не

    130 глас(а)
    86,1%
  1. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Немам линк бидејќи немам фб,ми рекоа пријатели што ја сретнале.
    Во право си и ти до некаде,само ете треба мирен протест.Ако се договори такво нешто,веднаш излегувам јас,ама мислам дека ем нема да се договориме,ем ништо нема да постигнеме.
     
  2. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Можат и со докторати да се, ама однесувањето им е недолечни и далеку од културно. Тешка селјачана.
     
  3. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Во право си. Протест нема ништо да постигне, без разлика на излезеност. Јас се сеќавам на студентските протести, како средношколка тогаш, годината може ќе ја грешам ама таму 96та или 97ма кога сите студенти излегоа во неверојатно голем број, им се придружија средношколците, протести во сите градови, две недели едвај настава имаше од еден час или два, и рушум, се празни школото, толпи од деца, автобуси и автобуси со млади стигнаа во Скопје, се живо младо буквално се дигна на нога. За што? Се што се постигна во тој протест, едно војниче кое како избран претставник, претседател на студентска унија ги претставуваше демек студентите и гладуваше во протест во шатор со неколку студенти, па првиот ден му се слоши и го прекина протестот, и така си стана министер фино лепо. Антонио Милошоски дами и господа. Студентите добија од трите најдолгото. Тоа со протест во буквална смисла, без организирања со фејсбук и твитер, кога единствено на компјутер игравме тетрис за забава и немавме мобилни.
     
    На malata59, Valerin и okcenzi им се допаѓа ова.
  4. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Антонио Милошоски?????? Леле кај живеам?
     
  5. Nesfatenata

    Nesfatenata Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите!
    Нова сум на форумов (иако редовно си читкав тука),темава на некој начин ме натера да си направам профил сметајќи дека така полесно ќе можам да се обратам на маса луѓе кои мислат слично на мене.Не знам колку сте информирани за студентската иницијатива Студентски пленум,која започна да функционира како одговор на реформата која се предвидува (екстерно за студентите).За оние кои не знаат Студентски пленум е иницијатива на студенти која се бори за правата на студентите.Првото дејствување на оваа иницијатива беше пред ректоратот на УКИМ,со цел за време на состанокот сенатот на професори што се одржуваше во петокот да биде разговарано за екстерното тестирање и УКИМ да заземе став во врска со тестирањето.(да не ве замарам со тоа што било,туку со тоа што ќе биде) Следна активност е договорена да биде на 17 ноември на Меѓународниот ден на студентите,кога ќе се организира еден вид на студентски марш.Пораката ќе биде јасна дека не се согласуваме со никаков вид на екстерно тестирање!!! Сите заинтересирани и сите кои се подготвени да го искажат своето незадоволство можат да ни се придружат тој ден...Дополнителни информации можете да најдете на страната на Студентски пленум https://www.facebook.com/pages/Студентски-Пленум/1553840998179517?fref=ts
    Мислам дека ништо нема да добиеме ако молчиме и продолжиме да чекориме со наведнати глави,време е да се обединиме и да го искажеме нашето незадоволство.
     
    На Valerin му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    Ќе ме извинете што коментирам пред да ги прочитам претходните мислења, ама гледам километражни постови,а некако не ми се чита, па ќе преминам јас на мојот став: ДА за екстерно тестирање!

    Впрочем не гледам ниедна причина зошто да нема.
    1. Станува збор за закон каде секој студент после втора и после четврта година ќе треба да полага тест кој ќе содржи прашања од сите предмети дотогаш слушани и полагани. - па ако ги учел своевремено, ќе ги знае прашањата.
    2. Доколку студентот го не го положи тестот нема право на понатамошно студирање или да дипломира(ако го падни тестот после четврта година). - јасно, ако не е способен кадар, не треба да добие диплома.

    Во однос на прашањата:
    Дали е демократски некој да ниго ускратува правото на студирање? Дали се свесни колкава би била тежината и комплексноста на еден таков тест? Дали можете да замислите како би изгледал еден таков тест од техничките факултети или од медицински факултет и колку би било исто така тешко изводливо да се положи на било кој од останатите факултети како правен, филозофски, економски итн итн. Дали прашањата ќе бидат двосмислени и со грешни одговори како тие на екстерното тестирање за средношколците? Зошто не го тестираат квалитетот и знаењето на дипломираните со проектот 40+? Луѓето над 40 години заслужуваат повеќе диплома од младите луѓе? Кој ќе им ги врати парите за кирии, сметки , школарина на родителите кои ги инвестирале во студирањето на нивното дете? Дали се свесни каков стрес е тоа за еден студент? Дали се уште не научија дека не се прави проверка на знаење со еден тест? Дали знаат дека со ова уште толку ќе си ја избркаат младината од државата?

    Никој не ускратува ничие право, кој запишал факултет, треба да го учи, научи и знае матерјалот од истиот. Тежината екстерното тестирање е индивидуална во однос на совладениот матерјал. Може проверка на знаење не се прави со еден тест, ама па уште помалку се прави со ниеден.

    Како е можно да има млад народ, кој е толку несигурен во своето знаење? Баш тука се гледа потребата за ваков тест. Ако не самодокажување, барем ќе биде мотивација за поквалитетен кадар.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Viki693

    Viki693 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Женски
    Како бе така размилуваш неможам да те сфатам????? па на фах. еден предмет се спрема подолго време а од 1 и 2 има студенти што имаат вкупно 15-20 предмети, а еден ден неможе да им ја крои судбината на студентите, ете баш тој ден може ќе ти се случат триста работи кои ќе ти оневозможат да функционираш како што треба, и како може да го знаеш цел материјал од 15-20 предмети во еден ден????? а ако се прашањата од општа култура тогаш кој е ефектот од екстерно???? Можеби треба да има во еден ден во сите факултети тест, но со друга намена да се рангира факултетот според успехот и знаењето на студентите, а не да се исклучуват од фах. па тогаш самите професори ќе се трудат да ги научат студентите да не покажат слаб резултат....за да не им опаѓа рејтингот на фак. бидејќи понатаму ќе се одрази тоа на бројот на запишани студенти...како и на нивното ефектуирање за понатаму.....Кај нас се нешто наопачки се работи, посебно последниве години....владата треба да се засрами во кои услови и живеат идните академци....и каде ги троши расипнички нашите пари......а децава се повеќе сваќаат дека нема на кого да чекаш, снаоѓање му е мајката....
     
    На Iv.girl55, malata59, okcenzi и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    http://novatv.mk/index.php?p=1&navig=8&cat=2&vest=18153

    Отиде ли некој од коментаторите овде?
    Јас иако не верувам дека ќе смени нешто,се качив на автобус и отидов специјално за Маршот во Скопје.
    Пак се собра бајаги народ,мило ми е :)

    А оние студенти што си пиеја кафенце во кафичите и не гледаа како врвиме,ќе ги видам дали ќе седнат кога ќе имаме 20 предмети за полагање.
     
    На Bozica1980, Nesfatenata, Viki693 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. mamma-mia

    mamma-mia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    2.266
    Пол:
    Женски
    Браво!:bow:
    [​IMG]
     
    На ivancekitty, Iv.girl55, Elena69221 и 7 други им се допаѓа ова.
  10. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.437
    Допаѓања:
    96.493
    Браво и од мене! И да не вроди со плод ова, барем доволно е што конечно јавно се покажа незадоволството од нешто кое не им годи на граѓаните и не дозволија студентите само пригушено да коментираат меѓусебе дека не им е во прилог ваквата одлука, туку го кренаа својот глас.
    Вака треба и за многу други работи, ама да не навлегувам сепак...
     
    На Mimi123 и Someonespecial им се допаѓа ова.
  11. Lavander

    Lavander Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    91
    [​IMG] [​IMG] [​IMG]

    Прекрасно искуство, прекрасна енергија, нешто мрдна денес...Има надеж :)
     
    На ivancekitty, Someonespecial, Elena69221 и 6 други им се допаѓа ова.
  12. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    БРАВО БРАВО БРАВО СТУДЕНТИ
     
    На Sm1ley му/ѝ се допаѓа ова.
  13. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Ова ќе испадне исто ко со матурата што ја воведоа во 2008. Еее и ние колку протестиравме за тоа па не ни успеа, така да според мене ако се решени да стават екстерни и за студентите ќе стават без разлика на тоа колку се протестира.
    Според мене подобро е да воведат приемни испити на факултетите одколку екстерни тестирања. Незнам што толку ќе смени екстерното, ни матурата не смени многу во однос на писменоста на нацијата. Знаете како, оној кој учи за знаење пак ќе знае и пак ќе положи се, а оној кој учи само колку да помине за прелазна оценка пак така ќе се влече, дал со врски, дал со минимално учење така ќе помине и на есктерното тестирање. Месец два да учиш претходно 2-3 предмети не е ништо. Така да, нема да е ништо страшно и со екстерново на факултетиве, само ќе развлекуваат со димпломските, наместо да е овој месец ќе биде за 3 месеци, а тоа најверојатно и ќе се плаќа ако те фати нов семестар... Тоа е она гадното, а дека ќе постигнат нешто повеќе нема, пак сите ќе положат екстерни, вие знаете некој што не положил матура?
    И кога веќе се решиле да ги воведуваат нека ги воведат само кај општествените факултети, оти таму имаме на претек студенти, ако ги фатат по техничкиве е тек тогаш никој нема да им дипломира на технички науки ниту пак да се запишува.
    Не бе, само примен на факултет е работата, па да видиме тогаш дали ќе бидат полни факултетите. Сите можеме да поминеме одлични во средно и сите можеме да положиме матура, ама примене на факултет можат само тие што стварно учеле многу и тоа учеле од областа каде што сакаат да се запишат, а не со Влахов средно поминала со сите 5ки и на економски у државна квота, па и јас можам така. Оди положи приемен да те видам.
    Ако нешто се менува треба да се смени од корен, а не од врвот.
    Штом студентот стигнал да ги положи сите испити ќе го положи и екстерниот испит, да не се секирате.
     
    На simonka93, kolovoz и Edie.S им се допаѓа ова.
  14. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.897
    Допаѓања:
    132.674
    И денеска да ми речат да ги полагам испитите што сум ги полагала пред толку години, ќе седнам и ќе ги положам, оти сите до еден ги учев. Овие со купениве оцени нека ми се јават кога ќе можат. Учат факултети со кое знаење треба да заработуваат за леб и од кои зависи туѓ живот, и за 2 годни заборавале што учат. Ако сте научиле, не се заборава, не сте основно образование. ЦЕЛ живот треба да се знае наученото на факултет.

    Добро, горново не се однесува на привтните факултети и дечињата на богаташите и врскаџиите. Они одвај средно со врски завршија, па за факултет :( Иначе, еден од овие на протестиве, на слики го видов, малиот не знае да зборува, лично го познавам. Глуп ко точак. Да не е татко му директорче во ЕЛЕН, а мајка му доктор, да му се јави кога ке дипломира и на кутриот ФОН.

    ЗНАЕЊЕТО НА ФАКУЛТЕТ НЕ СМЕЕ ДА СЕ ЗАБОРАВА, ТОА ВИ Е СТРУКА ВО ЖИВОТОТ.
     
    На julie77, Lavander, kolovoz и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    Гледам дека има прашање но не сум цитирана па не знам дали сум повикана да одговорам јас.
    На мене се однесува коментарот? Бидеќи следува по мојот пост си викам ај да прашам, за да знам дали да го прокоментирам :)
     
  16. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.897
    Допаѓања:
    132.674
  17. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.000
    Пол:
    Женски
    На денешниот протест имало многу студенти, тоа е добар знак. Значи, можеме да бидеме сложни. 1002533_533201756815730_1909104438463340948_n.jpg
     
    На Someonespecial, Sm1ley, ceca-1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    387
    Да бидеме сложни во врска со што?
     
  19. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    715
    Пол:
    Машки
    1.Која е компетентноста на оние кои ги предлагаат и гласаат ваквите закони?
    Ако некој од позиција на власт бара дополнителна оценка за веќе оценетото тогаш мора да биде покомпетентен од оние кои веќе извршиле оценување.

    2.Ако компетентни лица веќе го оцениле студентот која е потребата од понатамошен испит?

    3.Ако таков испит е потребен тогаш зошто да се ограничи само во 2. и 4.година? Што ако дипломираниот после 3 години од дипломирањето заборавил понешто? Тогаш треба на секои две години да има екстрен испит и ако дипломираниот падне - да му се одземе дипломата.

    4.Се дискриминираат денешните студенти во однос на сите кои завршиле пред нив.

    5.Ваквите испити се само начин за аминување на дипломирањето од страна на државата или подобро да напишам партијата бидејќи границата меѓу двете е одамна исчезната. Ако ``лаете`` може да ви се случи никогаш да не добиете диплома. На тој начин молчењето околу анималните стандарди на живот по студентски домови, корупцијата и партизацијата би било осигурано засекогаш.
     
    На Viki693, Ashling, simonka93 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. AmericanWoman

    AmericanWoman Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    559
    Па ќе можеме да бидеме сложни кога на следниот протест ќе напишеш : На денешниот протест имаШЕ многу студенти. Вака виртуелно сите сме сложни.