Ета така ти е тоа кога размислуваш само од еден агол. Прво, јас одамна не сум студент и не бев присутна на самиот настан, а другиот дел дека сме сложни се однесува на самата слика дека кога се сака се се може. Македонија, знаеме какви протести има. Ова веќе е некаков напредок. Но, кој како разбрал. Има и такви што разбрале.
Неможе ако нешто учите со РАЗБИРАЊЕ, со ТРУД и со ЉУБОВ тоа да го заборавите. Кога веќе учите Факултет тоа го правите за да можете да работите во иднина, не е важно само сега да добиете оценка, а утре врска да немате што сте учеле вчера. Со учење на памет (со бубање) исто како да сте фрлиле пари и да сте ја купиле дипломата, а кога ќе се вработите нема да знаете да работите. Нешто што го учите со РАЗБИРАЊЕ ќе го знаете тоа и после 100 години. Сите вие само сте научени со врски и со плаќање да си го завршувате образованието, затоа ви смета екстерното тестирање.
Ако ништо не може да се заборави, дали би согласила десет години по твоето дипломирање да бидеш тестирана и ако паднеш да ти биде одземена дипломата? Или пет години? Или три и пол?
По 8 години од дипломирање, денеска, да дојдат и да ме тестираат, се ќе решам и ќе знам. Може нема да се сеќавам на детели, ама за 6ка ке положам. Срам и арам на студентите кои учат за оцена. Ова не е средно, ова ви е занает, струка, нешто од кое и за кое живеете, и не можете да го заборавате. На работа не можеш да кажеш - ами јас не знам, тој предмет тато ми го плати. Има да знаеш и да постапуваш веднаш. Освен ако не работиш у на татко ти фирмата. Онда оној што учел ке треба да знае, а ти да ги земеш парите Правниците се тестирани со правосудниот по 2 години од дипломирање, докторите полагаат државн испити, и што сега, да заборават се? Јас сум ЗА тестирање. Не може некој да заборава што научил. Или лошо научил.
Ако екстерното тестирање во високото образование се применува ретроактивно,и ги опфати оние седнатите на фотељи и нивните деца - ХАХАХА тогаш ќе нема ни Е од екстерно.Браво за студентите кои излегоа денес на протести,само да не биде секое чудо за три дена.
Добро бе, читам и се чудам. Како може да си одете сами против себе, ова е понижување на високото образование! Се убедувате себеси во нешто што знаете дека не е исправно. Што треба некој службеник од министерство што можеби има пониско образование од самиот студент да те оценува??? Студентите со протести низ историјата имаат менувано државно уредување, а кај нас страв им да се борат за сопствените права, а не па ли за нешто нешто друго.Ова што се случи денес е за посебен поздрав, конечно да се покажат студентите и кај нас. Јас имам предлог, штом толку некои студенти сакаат да се полага екстерно (како што читам тука), нека биде доброволно и да видиме дали ќе се пријават и дали ќе положат.
Хахахах, и јас сум за ретроактивно Колку глупаци ке одат дома да плачат оти препишувале, плаќале оцени, се курвале за оцени... Ех, дај Боже
Не сакам да дискриминирам и стојам на ставот дека секој факултет си има своја тежина, ама екстерно тестирање на општествените факултети би било како пообемен испит. Екстерно тестирање на техничките и медицинските факултети е нешто незамисливо. Ти да тестираш студент од медицина со 20 предмети на толкав материјал, па или ќе треба детето тотално да забега во периодот кога го учи испитот или да се обеси. Трето нема. Настрана тоа дека не треба да се учи за оцена, се сомневам дека секој доктор може да ти ги наброи сите коски на раката ( на латински ) или сите коски на черепот. Или да му доделиш на студент од електро/финки наново да ги учи ( да, наново да ги учи пошо теоријата од математичките предмети се учи само за да се положи предметот ) сите теореми со докази од вкупно 5-6 математики на факултетот. Не бива бе. Нека ги намалат квотите, нека ги затворат дисперзираните, нека се воведе приемен. Ама полесно е да запишат 1000+ студенти секоја година, да ги земат парите, да се ствара гужва по факултети, да нема место да седнеш на предавања. Зошо јас полагам колоквиуми/испити во текот на цела година? Дајте ако не нека ги укинат сите видови на мерки за тестирање на знаењето и ќе го полагаме само екстерното! Цел западен свет е глуп онака ние потомците на Александар топла вода ќе измислиме.
Ти си за зашто тебе не те фаќа. Како прво секој колоквиум или испит е СТРЕС не па тоа. Стресови децава имаат уште во основно кај нас со тоа црно екстерно, а башка и професорите. Друго, ако немаш знаење на УКИМ не можеш да положиш! Кај е тука изгубеното време, нервози што си ги вложил за испит, а не па за екстерно што иднината ти зависи, а се случува некогаш некој да има лош период во животот, лош ден или едноставно да ти се закочи мозокот баш на тој тест. Тоа значи дека немаш знаење? А си стигнал до 4та на пример. а и ти сигурна сум дека сите предмети не си ги знаела и не си ги сакала еднакво. И на факултет има непотребни, досадни предмети. Ама сите сте многу паметни и јаки вака, а да се најдете во таква ситуација друго е.
Верувам, ако така велиш, дека се паметиш, мора да е така Која е тогаш смислата на полагање испити воопшто и која е компетенцијата на тестирачите? Кој е тој орган кој е покомпетентен од факсот и професорите на него? Министерот и партиските чиновници во министерство? Ако одговорот е дека тие не се компетентни да оценуваат тогаш зошто некој би подржувал некомпетентност?
Во право си.Значи на тој начин завршиле факултет овие што седат на фотељи сега,па затоа им доаѓаат луди идеи за екстерно на факултет.А кој знае пак децата нивни како студираат?! Всушност нивните си се во странство,на сигурно. ПОДДРШКА ЗА НАШИТЕ СТУДЕНТИ! ИМАЈТЕ СЛОБОДНА МИСЛА И ИСТРАЈТЕ ВО СВОИТЕ НАМЕРИ.
Јас сум искрено воодушевена од протестот на студентите. Искрено не мислев дека ќе излезат во толкав број. Сепак,не ми се верува дека ќе го поништат законот. Штета што средношколциве не сме толку сложни,па не го турнавме нашето екстерно.
I don't get it. Цело време по факултетите се учат предмети кои реално немаат допирна точка еднни, со други. Ретки се таквите предмети кои се продолжение на некој претходен предмет. Не верувам дека мене ќе ме фати екстерното,но зошто да трпат идните генерации? Исто така, не може човек да се оспособи за работа само преку факултет и дипломата од екстерното. Знаењето и искуството во работата доаѓа со годините. Како може од нас да прават теоретско оспособено население кое го онеспособуваат од старт за работа? Се знае кај е поентата во овој дел, премногу дипломирани,премногу пасивно невработено население. Им треба луѓе да работат по нивните инвестициони поректи-фабрики на смртта. Е, тоа им треба.
Прво медиумиве се трагикомични. Обично оние што први дознаваа се' сега некако успеаа да не приметат толкав масовен собир среде Скопје. Уште од тука се гледа дека смрди целата работа и колку се сите испрепрлетени како свински црева. Очаен обид да се заташка и минимизира значењето на случувањата, демек нема да приметиме, нема да се дознае можеби Инаку во однос на темава прво нешто што ми доаѓа на памет да кажам е дека беше и повеќе од очекувано, само се чекаше да се види мерката што ќе се преземе за да се разбудиме од таа бајка каде се раскажува за едно идилично општество со високо образована нација. Не може да се отвораат дисперзирани универизтети во секое делче од државава, да се воведува тој ЕКТС систем на студирање, да се прави толку бучна кампања за посетување високо образование, да се спуштат толку многу критериумите што ќе се осакати целото студирање и после да се прашуваме зошто имало неписмени, а веќе стигнале и до магистратура. И сега истите луѓе што го воведоа сето тоа погоре што го набројав, ќе зборуваат дека треба дополнително да се тестираат студентите, затоа што очигледно немаат доверба во системот на студирање што самите го поставија. Па нормално дека кога имаш 1000 студенти во амфитеатар дека ќе го спушташ критериумот за положување, затоа што ќе ја остават инаку цела генерација да тапка во место и нема да има место за новите студенти што треба да натрупаат ново брдо пари. Па после ќе се довлечкаат некако до последна година, па ќе ги држат за неколку испити, па на крај и таму ќе ги пуштат за што поскоро да се запишат и на магистерски да почнат таму да ги стрижат. Во таа желба за профитирање неповратно се осакатија многу генерации. И сега видоа дека преголем е бројот на факултетски образован кадар, па ќе се воведуваат вакви мерки за да стивне галамата, за да имаат оружје против тоа што самите го создадоа.Бедно е искрено до немајкаде. Јас стварно не знам... што очекуваа да биде исходот? Инаку ако некој се прашува, ни јас не сум повеќе студент, но би сакала да дадам мислење. Од една страна сум горда што после толку време студентското тело се здружи и си го крена гласот за да ги побара своите права и да се побуни против новитетите во системот...и искрено се надевам дека ќе протестираат мирно се додека не го добијат тоа што го посакуваат и дека ова не беше само една среќна околност што се случи за да излезат толку масовно низ улиците во Скопје. Од друга страна ме повредува моментот што прв ваков масовен собир после дооолги години се случува од причина да се избегне тестирање каде што би се потврдило стекнатотот знаење. Не велам дека во моментов сум за...искрено поделено ми е мислењето и сметам дека треба да се најде друго решение за настанатиот проблем. Мене лично ме боли што досега студентите не најдоа никаква причина да се соберат и да протестираат за нешто што сакаат да се подобри во однос на нивното образование. Каде беа студентите кога студентските домови се распаѓаа врз нивните колеги, кога мрзнеа во стари мувлосани згради без елементарни услови за живот? Имаше некои мини протести, но ни од далеку не беа во оваа бројка. Без разлика дали ги засега сите, требаше да застанат заедно и да се поддржат. А не оние што се од Скопје да замижат, не оние што мама и тато имаа пари да плаќаат стан, сметки и разни каприци да се прават како да се од друга планета. Каде беа сите студенти да се го кренат гласот против бајатите книги на српско-хрватски јазик, против литература со застарени информации затоа што господата професори не успеале во текот на целата нивна кариера да обезбедат и склопат достоен материјал од којшто ќе може да се учи на раат? Зошто не се протестираше за тоа да се подобри опремата по факултетите, да се обезбедат нови лаборатории, да се формираат центри за научно-истражувачка работа каде што ќе можат студентите да стават уште поцврсти темели на своето образование? Зошто не се избори студентското тело да биде почитувано и да се бори за привилегиите што ги имаат сите останати студенти во Европа? А уште пожално е што на чело на студенсткиот парламент стојат партиски полтрончиња што никогаш вистински не застанале на страната на студентите, туку само молкум ја спроведуваат агендата што некој друг ја осмислил. Затоа се почесто студентите стануваат пиони во меѓупартиски препукувања наместо самите да си ја водат битката како тие сакаат и како тие сметаат дека треба. Во моментов во Македонија владее некое такво фашистичко уредување што искрено ги разбирам сите што купија карта во еден правец за излез од државава. Не само поради екстерниве, туку поради општиот впечаток што се добива после секоја ваква слична случка. До вакво дереџе не се стигнува за еден ден, тоа е резултат на макотрпна долгогодишна работа и бедни одлуки што се носат со цел моментално да се профитира, а за во иднина на никој како да не му е гајле...Тек ќе почнеме да ги гледаме и чувствуваме последиците, за жал.
Читам и се чудам,биле за екстерно некои хаха ми доаѓа само да се изнасмеам,ама нека си кажат секој со свое мислење.Мене и да го воведат сигурно нема да ме фати меѓутоа од мене има едно ГОЛЕМО НЕ,причини колку да сакаш има зошто не би требало да има екстерно тестирање на студентите.Поголемиот дел од знаењето ќе го стекнеш со работа, со пракса,со факултетот ја добиваш основата понатаму од тебе зависи колку ти ќе напредуваш и ќе се трудиш да навлезеш во таа сфера за која си учел цели 4 години.Зошто некој да ти го одземе тоа право?Првенствено сметам дека имаме и погрешен начин на студирање,нема никаква пракса,се е теорија,има предмети колку и да сакаш да ги учиш со разбирање неможе,некои професори бараат на погрешен начин да се учи,мораш да се прилагодиш.Нека го сменат целиот систем на оценување,нека воведат повеќе практична работа па можеби тога ќе бидам за ама и тоа под знак прашалник.Има многу студенти на кои им е стрес самиот испит,имав другарка што колку и да знаеше за време на полагање цела поцрвенуваше,едноставно се блокира и сега на неа треба да и се одземе дипломата???А кај се парите што ги давале нејзините родители цели 2 или 4ри години??? Ќе и ги врати некој? Секако дека не!! Абе многу биле паметни овие...Во колку држави воведоа бесплатно студирање само кај нас вакви глупости ќе измислуваат,па нормално дека ќе си одат младите,им потребала држава што ги кочи на секој можен начин
Мислам дека имам доволно кажано за својот став на оваа тема, сега дојдов за да прашам нешто. Дали ова екстерно ги опфаќа само тие допрва што ќе се запишуваат? Така слушам а малце не ми е за верување...
Би се согласила, мене не ми треба диплома без да имам знаење и по 100 год., што треба да ја имам само за да се фалам: Еј јас имам завршено факултет. На работа нема да работи дипломата туку јас ќе треба да работам употребувајќи го моето знаење. Во денешно време има толку доктори, што не им е местото да бидат доктори. Ако веќе си се нафатил да бидеш доктор и животот на пациентите да биде во твои раце, тогаш треба да знаеш се. Оваа професија е професија која бара одговорност, посветеност и труд и пред се љубов и кон струката, но и кон пациентите и затоа не секој може да биде доктор.
Затоа тука е пазарот на труд, кој би требало понатаму да одреди за каква стручност се работи кај дипломираниот, така е секаде по светот.
Ако подобро размислам, иако сум студент, донекаде се согласувам да има екстерно, од една проста причина што сум студент на приватен факултет (ФОН) и отсекогаш како таква, сум била деградирана. И јас, и моите професори, и моето знаење пред се. Имам стипендија за студирање, за која полагав и писмен и усмен испит, што го сметам за некој успех, а никој не ми рекол браво. Па ајде колеги од државни факултети, да видиме дали сте во право кога велите дека ја купуваме дипломата. Екстерното за мене е начин да докажам дека иако студирам на ФОН имам големо знаење.