Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Екстерно тестирање на студентите

Дискусија во 'Образование' започната од Lavander, 4 октомври 2014.

?

Дали го поддржувате воведувањето на државен испит?

  1. Да

    21 глас(а)
    13,9%
  2. Не

    130 глас(а)
    86,1%
  1. Ana3567

    Ana3567 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2014
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    461
    Пол:
    Женски
    не за екстерно !!!
     
    На Sm1ley и okcenzi им се допаѓа ова.
  2. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Јас не ја разбирам целта. Екстерно во основно и средно можат да тераат (мада не се сложувам), но станува збор за задолжително образование на терет на државата па ај да речеме ќе играме како ќе свират. Но факултетот како образовна институција не е задолжителна, па оттаму не за секој студент има место на саканиот факултет. Последователно на ова, студентот за да се запише на саканиот факултет плаќа за своето образование (а кога плаќа нели бира - факултет, програма, професори) и купува пакет производ кој за него се ОК.
    Муабетот ми е...ако мене како студент ми се професорите (како дел од пакетот) - ок, што таквое го боли министерството дали тие професори се ок или не, за тоа и онака требало да мислат на време кога ги назначувале за професори..
     
    На Sm1ley, Victorian, Kaley и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    1. Компетнтноста на тие кои гласаат вакви закони е во тоа што мнозинството од гласачкото население, на избори им дало такво право.
    Тоа е во однос на гласањето на заканот. Ама со оглед на тоа што ми ја вртиш работава на политика, ќе ти одговорам и од тој аспект: клучот на прашањата, сигурна сум дека не го одговара Груевски, и тоа за сите факултети. Веројатно ќе биде некој стручен од таа област.
    2. Можеби истите компетентни лица ќе го оценуваат повторно тој тест. Каде се кажува дека некој некомпетентен ќе го прегледува?
    3. Мешаш теми. Доказ дека некој усвоил некое знаење во време на студии и после 3 години од дипломирање (како што даде пример ти) нема благе везе. Али макар и да е така. Стекнатата диплома за високо образование не треба да се дава на вересија. Дипломата значи дека личноста има знаења од тоа поле, и крај краева колку и сурово да звучи али ако веќе тие знања испариле, онда не ја заслужува дипломата.
    4. Не. Се подобрува образованието. И патем, не е дискриминација ако на некого му дадеш да реши тест, па тест е побогу, не е Баба Рога.
    5. (Би те замолила да ми го дообјаснеш последново. Не те сфатив баш што сакаш да кажеш :) )
     
  4. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.639
    Допаѓања:
    8.494
    Пол:
    Женски
    Искрено не се плашам од тоа да седнам да научам и да излезам да полагам ама едно нешто ми смета кај ваквите тестирања, без разлика дали е на факултет или средно. Не се условите за сите исти.

    Конкретно за матурата можам од искуство да кажам, во мојата група, т.е. просторија каде што се полагаше се паднаа 4 професори не знам од кое школо беа не е ни важно, тројцата од нив беа фини ама четвртиот мислам дека позлобен човек никогаш во животов нема да сретнам. Настрана тоа, во нашата просторија, иако сеуште не беа поделени тестовите не смееше никој со никого да прозбори а не па да се заврти, ок го почитувам и тоа. Тие што учевме извадивме добри оцени можеби не сите петки ама четворки и петки се сосема солидни оцени.

    За разлика од нас,( нашата просторија ) мој соученик (кој патем беше најмрзливото дете и буквално не знаеше две реченици да поврзе) на среќа се погоди да биде во просторија каде професорите буквално излегле надвор во ходник да чуваат стража да не дојде некој од другите професори, за да можат ученициве слободно да препишат кој колку се снајде. И така мрзава си доби четворка македонски јазик на матура иако цела година имаше само двојки во дневник. И сега кажете ми дека таа негова четворка од матура е иста со онаа четворка што ја добија оние од моја група што беа.

    Не се сомневам дека истово ќе биде и со ова за факултетиве. Од една страна сум за тестирање, затоа што не може бе некој само затоа што тато е професор на некој факултет она на негова слава да поминува предмети и да вади оцени од ракав. Се демотивирам кога ќе видам кои се глупаци завршуваат факултет, и утре ден преку врски ќе ја земат работата на некој кој реално ја заслужува.

    И владава напна од пред неколку години со тие реклами матурантите да се запишат на факултети да продолжат со образование. Се испозапишаа 90% од матурнтиве на факултет, и сеа по 3 - 4 години се создаде огромна група на млади луѓе со диплома а работа никаде нема ( и да ја има ја зема оној со врски а не со диплома реално) и ајде сеа мора некако да ги истребиме.
    Како и да вртиш ни така ни така не ја бива работава. најпаметно е место ова да си воведат приемен на факултет и крај.
     
    На Sm1ley, Giovanna, Victorian и 7 други им се допаѓа ова.
  5. Viki693

    Viki693 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Женски
    Како постара само едно можам да им порачам на младите, во пракса многу малку се применува теоријата се е сведено на систем на снаоѓање и кој колку го бива, така да никакво екстерно нема да го подобри квалитетот на образование, единствено што може да помогне е повеќе и повеќе пракса во текот на образованието, и доколку има некое тестирање тоа треба да е во делот од праксата.....
     
    На simoncelicius, Emy867, Princess.A и 2 други им се допаѓа ова.
  6. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    461
    Мене екстерното и онака нема да ме фати, а за протестите... можеби и ќе се постигне нешто преку нив... во случај да не се вмеша тука отворено политичката опозиција и да отиде се во неповрат. Дури тогаш нема да се слушнат студентите, се ќе засенат партиските препукувања и на крај како и обично власта само полесно ќе го оствари она што го науми, а кое не е од никаква корист. Уште една реформа на хартија.
     
    Последна измена: 18 ноември 2014
    На Viki693 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    387
    Дали дадовте некој конструктивен предлог или цело време плукање? До сега ниедна девојка не ме убеди дека законот е лош. Се дур го оспорувате законот, а не кажувате зошто го правите тоа овој закон е најдобар моментално. Убедете ме во спротивното и ќе ве подржам :)
     
    На Madam-A му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    :fubar:Не ги пoддржувaј.
    Не си јa прoдaвaј душaтa :lol:
     
    На Sm1ley му/ѝ се допаѓа ова.
  9. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Во секоја демократија, па така и на форумската, прво треба поддржувачите на законот да го образложат својот став. Па повели, конструктивно оправдај го твоето ЗА.
    И... еве до поддржувачите едно конкретно прашање - Мојата факултетска диплома утре ќе биде помалку вредна од новава збогатена со положен испит потпишан од министерот?
     
    На simoncelicius, Night Rider и Princess.A им се допаѓа ова.
  10. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Sum kazhala i pak ke kazham. Dodeka ima poveke od eden fakultet, eksterno treba da ima. Za konkurencija.
    Ne vi odgovara? Da ne se bunite posle koga diplomite ne vi se priznaeni vo stranstvo, oti svetot funkcionira na konkurencija.
    Inaku od nekoi videa shto vidov, se edni isti pet shest dushi napred na protestot, toa drushtvo vi se idnite vo parlament. Delot so azbukata posebno. Ne znae da stisne kopcheto na megafonot, utre ke ja glasat! Ako. Ako! Belkim ke padne cenata na volnata
     
  11. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.437
    Допаѓања:
    96.492
    Двајца психијатриски специјалисти пред околу 10 години направиле едно истражување од које поставиле една многу интересна теорија:која вака гласи ;"Незнаењето наспроти вистинското знаење ја зголемува довербата кај поединецот." И поаѓајќи од ова направиле истражување. После одредени применети испитувања во полето на физиологијата и психата беа
    пронајдени следните резултати:
    · Безличните/неуките неможат да приметат во која мерка и колку се неуки или колку незнаат.
    Безличните-неуките имаат тенденции кон величење на своите особини/знаења.
    · Безличните-неуките оскудни се и во забележувањето на особините и знаењата на паметните/мудрите луѓе.
    · Ако нивните особини односно знаења после одредено образование им се зголеми истите безлични-неуки почнуваат да ги приметуваат своите недостатоци. Беше спроведени тестирање помеѓу студентите во Cornell Универзитетот и одма после тестот беше посавено класичното прашање "Како помина?" на које беше одговорено и резултатите беа следни...Тие што не одговориле на дури 10 % од прашањата кај нив “самодовербата” беше забележливо висока ! ! !. Тие мислеа дека имат одговорено на "60 % " од тестот ;дури ако биле во форма верувале дека можат и 70 % од прашањата да одговорат ".
    Тие студенти кои дале точни одговори на 90 % од прашањата биле “најскромни” а претпоставувале дека одговориле точно на 70 % од прашањата.Сите овие резултати беа собрани беше напишан синдромот на Dunning-Kruger :тие што од срце верувале дека се “многу добри во својата работа” ‘недоволните-науките’ особи не одстапуваат од постојаното самосебе величање , фалење на себе си и на работите кој што они ги прават, при секоја работа ниту во еден момент не се премислуваат да се стават на прв ред, на преден план и не чувствуваат никаква нелагодност да претендираат за работни обврски кој неможат да ги извршат ! Напротив мислат дека сите работи се нивно полно право!

    Меѓутоа оваа ‘безличност и себе не познавање’ од аспект на работната кариера кај нив се претвара во ненормална движечка сила и моќ. Недостатоците од аспект на кареирата се претвара во позитивни работи и на крај , ‘Некомпететните, амбициозните’ секогаш секаде многу побргу напредуваат ………За ова време вистинските луѓе со знаења, компететните , талентираните и способните во работниот век поради ‘претераната скромоност' неможат да пробијат во преден план, не претендираат за повисоки функции од који каде они се наоѓаат, чекаат да другите ги приметат нивните вредности.... и секакко при ваквото чекање бидуваат и повредени, и се повлекуваат уште повеќе во себе....

    И згора на тоа тие и од своите претпоставени се оптужуваат дека се ‘индолетни и неамбициозни’ ..."Ве молиме немојте да бидете прескромни !..."И вие погледенете околу вас" и сигурен сум дека при читањето на овие редици дека низ вашата глава се поминати стотици имиња и стотици лица...По мене Dunning и Kruger,во 2000 година место Нобеловата освојувањето Иг Нобеловата награда на Харвардскиот Универзитет беше од причина што они не беа "неуки-неспособни".Јас наградата на моето срце имја подарувам на оваа двојка и моето пишување сакам да го завршам со зборовите на Bertrand Russel:“Проблемот на светот е, додека паметните се постојано под некојe сомневање, глупите дрско веруваат во себе."


    За оние кои настапија доста амбициозно во темава, па силни-матни одма ќе седнуваат на екстерно и ќе завршат супер работа.
    Јас сум силно убедена дека ако човек не е под постојано сомневање на своето знаење, никогаш нема да го утврдува и надградува!
     
    Последна измена: 18 ноември 2014
    На Teodora*, fighter, sweet-cherry и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    715
    Пол:
    Машки
    1.Не, универзитетот е уставно автономен баш за заштита од моменталните хирови на било која власт и некомпетентноста која е закана за високото образование.
    2.Прекрасно. Истите лица кои веќе еднаш оценувале ќе оценуваат и по втор пат.
    3.Што тоа мешам? Нели е ова тестирање за процена на усвоеното знаење и квалитетот на предаденото (барем така тврди власта). И зошто би било само во втора и четврта, зошто не во сите години? Или да има тестови по 30 години?
    4.Наведи пример од земја каде што се ``подобрило образованието`` на овој начин. Иако истата власт отвори факсови по сите села и ставаа милиони по џебови со дебилни реклами ``знаењето е моќ`` сега истите тие се загрижиле за ``квалитетот``. Не се сомневам дека Јеил, Сорбона или Оксфорд не ги бидувало па им вовеле екстерно и ги оправиле. Што мислиш:)?
    Дискриминација е ако некој решава тест само затоа што се запишал една година подоцна од некој кој нема да решава тест.
    5.Тоа значи дека партијата т.е. државата ќе решава кој ќе добие диплома а кој нема да добие.

    Изгледа воопшто не си прочитал ниеден пост на темата туку само си напишал нешто колку да се напише. Каков конструктивен предлог, или си за или си против. На преходните страни девојките (и по некој дечко) сосема добро објаснија зошто законот е обична фекалија, кликни и читај.
     
    На Sm1ley му/ѝ се допаѓа ова.
  13. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Δ
    Abe OK deca, vadete si izgovori so nekoi zapadnjachki istrazhuvanja vo chovekova psiha. A fakt shto na zapad ima eksterno od koga postoi poveke od eden fakultet vo zemjata, zatnete ushi i mizhete.
     
  14. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.437
    Допаѓања:
    96.492
    Не сум воопшто дете:nod: и стојам зад тоа што го ставив погоре.
    И ете и нека има екстерно тестирање, ама бре не може туку така да ми рече некој, еве сеа да седнам, тата- мата ќе направам, па колку и да ги спремал испитите квалитетно. Си треба седнување и повторување на материјалот и те како, станува збор за испити бре, за голем број на страници...
    Евентуално веќе ако се ептеен прашањата млитави, па да бидат во врска со најопшти познавања од предметот и самата струка, во спротивно не. Ама па ако се такви прашањата, тогаш не ја гледам целта на екстерново...
     
    На Victorian, Viki693, Петре Прличко и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Со ваквите закони не се знае кого повеќе деградираат дали студентите или професорите.
    Али па затоа сеирот кај не засегнтите страни е на нивоу.
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  16. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Ако го воведуваат екстерново тогаш треба и да ја укинат партиципацијата што се плаќа на факултетите, нека биде бесплатно веќе кога не плаќаме за своите дипломи.
    Не се изнадаваа луѓево пари за некој уште плус да ги тестира, штом имаш право плус да ме теситраш и да ме буткаш направи ми го образованието бесплатно па прави ми што сакаш.
     
    На Victorian, Marossa, Kala22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.758
    Допаѓања:
    23.962
    Пол:
    Женски
    :o

    image.jpg
     
    На Sm1ley и fighter им се допаѓа ова.
  18. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Многу убаво кажано, мислам сосема реално си кажал, нема што да ве чуди :d:
     
  19. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.758
    Допаѓања:
    23.962
    Пол:
    Женски
    Таман си е Самерке. Све екстремисти овие. :wasntme:
     
    На fighter му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Viki693

    Viki693 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Женски
    Многу жално до кај ни отиде демократијата, ако не размислуваш како власта-опозиционер си- ако си позиционер мора да размислуваш како нив и јавно да го браниш ставот на власта, или си се одметнал....па дури и за работи кои воопшто не треба да се политички.....се се исполитизира кај нас аман веќе, јас мислев младите малку ќе ја подигнат свеста но се повеќе и повеќе сум разочарана....Еве еден податок, студентскиот парламент не смее да го каже ставот на студентите???? значи студентскиот парламент секаде во светот е само лост меѓу студентите и институциите а не продолжена рака на власта?????/

    Студентските проблеми не смеат и не треба да се политизираат ниту од едната ниту од другата страна.....

    Владата мора прво да поведе сметка како и каде живеат студентите, па да направи контрола и тест колку се задоволни студентите од предавањата и вежбите на професорите....и пак ке кажам доколку тестирањето е сведено на општи познавања не ја гледам целта, а доколку е познавање од целиот материјал тогаш тоа е преголемо стресно оптеретување доколку зависи дали ќе го продолжиш факултетот, па и испит имаш право да полагаш повеќе пати????

    Значи во право беше погоре една форумџика, нека се прави тест одвреме навреме и на вработените бидејки секојдневно се среќавам со неписмени административци.
     
    На Night Rider му/ѝ се допаѓа ова.