Абе нека не се цепаат овие потрчковциве по партииве, ни нив никој нема да им ги каже прашањата. Од штаб ќе му ги кажеле, иди прај се мангуп на друго место, ако си во штаб пак си никој и ништо и никој нема да ти помогне никад. Ќе лепиш плакати цело време и на крај ќе те вработат на паркинг да дремеш. Крстете се вие пак во штабовите, ќе им ги кажеле прашања, аха нека ве лажат само. Се знае кој ќе ги знае прашањата, децата на функционерите, а не вие обичните смртници што се остаивте по штабовите.
Одмна не сум студент,ама ова е играње на мајтап со младава популација.Баш би сакала министеров сега кој го предлага законов,и сите други кои завршиле а го подржуваат,иако меѓу нив има луѓе кои завршиле зашто баш учеле а некои наврат нанос по приватниве факултети и држат место во администрацијата, да направат едно екстерно тестирање,по предмет по нивен избор,да видиме колку е длабоко неговото знаење. А како ќе се тестираат Албаниците кои учат во Приштина и Тирана???Или само нашите да ги малтретираме а другите нека се откажуваат и нека бегаат од државава.
Кога студентарија се крева против актуелната власт значи дека крајот е блиску. Во 98 СДСМ изгуби зашто во првите редови од протестите за Мала Речица беа денешните Антонио и остала багра. Ова што се случува е или карма или правење намерни гафови за да се изгуби и наредната владеачка гарнитура да им ги плаќаат долговите од кредитите во 2017 година. Инаку за протестот, големо браво за масата која што се собра и направи мрднување во сивилото. 2000 млади луѓе се сериозна и незамарлива бројка која што се подготвува да расте ако се примени екстерното на дело. Тие 2000 луѓе ќе се дуплираат, дури и тродуплираат. Многу небулози се во прашање. Од закони до префрлување на одговорноста и „барање виновници“ единствено кај студентот. Ако еден студент не е способен и добил оценка на лепи очи или хартија треба подеднакво да сноси одговорност како и ПРОФЕСОРОТ. Тука е базичниот револт што ги крева тензиите. И ако, само напред, кога ќе им се соберат 5000-6000 млади ќе биде интересно.
Тоа што изјавата на министерот за образование беше "јас сум ЗА екстерно ама добро е да се протестира", доволно кажува за целата ситуација, кому е потребно и какво образование. Системот треба да се смени од корен не од плодот најгоре. Нека прегледаат кој се предава и кој се глуми авторитет поради тоа што е член во партија, што има мене плус да ме тестира кога не контролира кој ми пренесува знаење? Браво за масата која се собра, се надевам дека ќе се повтори протестот во уште поголем број и да почнат властите сами да си ја сечат гранката на која седат.
imelda, те ценам како форумски лик и досега сите постови што си ги напишала биле издржани. Ама ако веќе ги споредуваме практиките на запад со нашите практики, дај барем анализирај ја цела слика. Дали само оцените стекнати во средно образование се доволен критериум за упис на факултет на запад? Или треба да пишуваш мотивациони писма, да бараш препораки од професори, да имаш волонтерска работа, да си истакнат ученик во средно? И се случува да не те примат, фала Богу, не е секој за на факултет. Дали критериумот за прием на факултет на запад е стигнат до тоа ниво да секој кој му прдне се запишува на факултет? Ја направиле квотата да примаат 1000 студенти и ќе примат буквално секој за да ја исполнат. Имам колеги кои не знаат таблични интеграли а за 4 години треба да се наречат инжинери. Дали студентите учат од учебници напишани на нивни јазик? ( мене не ми смета тоа што учам на англиски, иако во програмата ми е наведено дека студирам на македонски, шта чеш кога ни еден професор немал време да издаде или барем да преведе некоја книга на македонски ). Драга имелда, јас досега не сум користела ни еден учебник во корична форма, туку се од презентации. Очите си ги расипав од зрачење. Дали на запад групите за предавања/вежби се во некоја разумна бројка? Дали ти знаеш дека кај нас на 1500+ студенти има 3 професори? На вежби има до 300 студенти? Дали знаеш дека ПМФ, Медицински, Фармација немаат опрема нити пак средства за одржување лаб. вежби? Дали знаеш дека на ПМФ се скокаат лаб. вежби за да не се троши материјал? Или ако не ти успее лаб. вежба немаш право да ја повториш за да не го потрошиш материјалот, иако сам си го плаќаш? Дали знаеш дека на Економски факултет секој семестар покрај парите за партиципатија студентите плаќаат +4000 денари за книжен фонд ( за шифрарници и печатењето на колоквиумите/испитите иако ако на испит побараш шифрарник плус може и да не добиеш? ) Дали знаеш дека до пред две недели немаше парно на електро/машински факултет? Како ти очекуваш во вакви услови да се произведе квалитетен кадар? И дали мислиш дека екстерното ќе го поправи се ова?
http://www.fakulteti.mk/news/14-11-19/pismo_od_zagrizhen_student_do_ministerot_za_obrazovanie.aspx Колку е само точно!
^^ Еве фин одговор зошто сме против екстерното. Да претрпам се и свашта,од ароганции до финансиско цедење,за што? За на крај,ако не положам еден е*ан тест,да не можам да земам диплома.
Pa dobro, kako studenti koga znaete deka dobivate neadekvatno obrazovanie, nekvalitetno, zarem dojde do eksternoto testiranje da uvidite deka diplomata koja ja dobivate ne e toa shto treba da bide? Ubeduvanjata od poveketo kako toa nekoj gi lishuva od pravoto da diplomiraat, ubedeni deka ke padnat na toj test. Uplav. A za site raboti shto gi navede shto ne chinat, kaj se studentite da izlezat? Za tie raboti kade tuka lezhi zajakot. Za politikata shto igra so studentite, shto so vakvi protesti si gi bira idnite generacii. Kako se pokazhesh na protest, ne na shkolo e bitno izgleda. Oti sum na latinica, da ne drobam, machno mi e. Problemot ne e do eksternoto, a poentata e koga veke ima poveke od eden fakultet, eksterno treba da ima.
Имелда,ние сме помирени дека ни е таква судбина,затоа се буниме да не ни го отежнат животот уште толку. Ете линкот погоре,баш како што јас размислувам опишал студентот. Таа е реалноста,а ние не можеме да се споредуваме со другите земји,тука е хаосот.
Да за средно...задолжително е. Ама за факултетиве големо НЕ - ако сака да ги регулира и проверува приватните универзитети воведи го тоа само за нив. Факултет е избор и право на студирање, желба а не вака. Точно дека секој речено денес успева на некаков начин да го заврши, ама па работодавците имаат сигурно некое тестирање интервју и слично, сигурно неќе диплома на рака а муле да незнае да изусти ништо.
ова екстерново за студентите е најголема глупост што може да се замисли. ако не треба сите да завршат факултет подобро нека не се запишуваат толку многу - нека се намалат квотите и нека се примаат добри студенти на факултет, а не кој стигнал се запишал на факултет и утре ќе биде инжињер или доктор. Образованието е за никаде генерално, но ова екстерново нема да поправи ама баш ништо, само ќе го доуништи високото образование кај нас. И после младите ќе си одат од државава, секако дека да, што остана за нас таму за да останеме и ние
Па оваа влада беше таа што отвори факултет во секое село, отвори 2 нови универзитети, се запиша и ќоро и сакато на факултет, и сега изјавата на премиерот е дека се продуцирал кадар поголем од потребите за вработување. Башка и кадарот од неговите универзитети е, одненадеж, некадарен. Па се чукаа дека сме најпаметна нација, дека 98% од матурантите се запишувале на факултет, ги промовираа факултетите, сечеа ленти, лопати...и сеа не важи сето тоа. Се побија самите себе. Јас не сум убедена дека ќе паднам на тој тест, напротив, знам дека и утре да ми дадат, ќе го положам. Да те прашам дали можеш да замислиш колкав стрес е тоа во животот на еден млад човек, целата иднина, сите финансии кои твоите ги вложиле во тебе ( да не зборувам ако студираш во друго место ) да ти зависат од еден час? Јас за испит кој знам дека ќе го положам имам трема и се нервирам, а не па за нешто вака. Има родители кои креваат кредити за да им овозможат студирање на детето. Дали си свесна колкав стрес е за еден млад човек да носи толкав товар на себе? Ајде имелда, од утре тестирање за приватњаците на секој две години, ако не го положат тестот, губат фирма и им се повлекуваат сите пари од сметка. Може сега ќе сфатиш колкав товар е полагањето за студентите.
Интересен линк кој кажува многу во однос на компетентноста на оние кои ги носат законите. http://libertas.mk/скандал-министерот-за-образование-аб/ Ако ова е точно тогаш е врв на лицемерие, тип со купена диплома, неписмен криминалец бара екстерно тестирање? Ништо не е подобар неговиот заменик Спиро Ристовски или како и да беше, еден од наездата политичари кои директно од факултетските клупи се вработуваат како министри со никакво искуство надвор од партискиот активизам и со никакви достигнувања зад себе. Непотребно е да се напомене дека никогаш не работеле во образованието. Срамота.
Абе и за тие што викате ќоро и сакато што се запишале и на крај дипломирале тие сигурно нема да просперираат освен ако не ги гурка некој во позадина.Се уплашиле одеднаш многу дипломирани како божем гледам сите што дипломираа се вработија
Денес и ќоро и сакато оди на факултет. Да кажам пример за мојот факултет по струка англиски.. Се запишало, а не знае да напише една домашна, да изговара правилно зборовите или пак да ја каже азбуката. Дојде време за испит.. Ти си се спремала затоа што знаеш многу добро, а тој некој си ја научил лекцијата напамет, или ќе препишува а појма нема за што учи. Утре вие двајца ќе се случи да имате иста оценка по некој си мочан предмет, ти знаеш се, тој не знае ништо. Утре ќе имате иста диплома, и со повеќе среќа ќе успее да се вработи пред тебе и ќе чекаш да ти заврши работа. Или пак ќе работиш во Промес на каса. Е од такви студенти ми се гади. Јас мислам дека доколку не се воведе екстерното треба колку толку да се затегнат работите на факултетот. Не може бе некој што си нема врска од тоа што го учи да поминува исто како тебе.. Треба да се знае кој е студент.. Само строго. Така да или екстерно или оние кои немаат појма од тоа што го учат да не поминуваат така лесно.
Види јас многу добро те разбирам што сакаш да кажеш,од причина што имам другар/колега кој да не речам ама 90% од предметите ги има положено препишувајки од мене и од уште еден колега,немој да мислиш дека не ми е криво јас да учам а тој некој така да си го поминува факултетот и да си земе диплома,сакам да кажам дека на крај во секој случај се гледа кој колку е учен и кој колку знае(ете освен во ситуации кога нели мама тато ќе помогнат).Како и да е јас стварно сум против екстерно тестирање кажав од кои причини иако ги има многу повеќе ама нема да должам,може да најдат некој друг начин,може и да ги вратат примените испити ако не друго