1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Екстерно тестирање

Дискусија во 'Правни совети' започната од cien-cin, 30 јуни 2013.

  1. cien-cin

    cien-cin Активен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    11
    Сведоци сме на целомесечно малтретирање на учениците. Утре е 1.07.2013, а сеуште не започнал нормален распуст. Има редици и редици пропусти, а МОН тврди дека е проектот успешен. Еве што објавува МОФ на својата страна (www.mof.mk) :

    „10 апсурди на екстерното тестирање

    01. Прекршен е законскиот рок за објавување на листите со предмети за полагање. Предметите беа објавени 4 дена пред полагање, наместо законските 7 дена;

    02. Прекршен е законскиот рок за дозволено одложување на тестирањето. Тестирањето беше одложувано за неколу часови и денови, наместо законски предвидениот половина час;

    03. Никој не знае, а и законот не предвидува што ќе се случи доколку ученикот добие незадоволителна оценка (единица);

    04. Законот не утврдува кој и во какви ситуации има право да преполага;

    05. Тестовите беа пробиени и се ширеа по социјални мрежи;

    06. Компјутерскиот систем паѓаше во неколку наврати, во повеќе училишта;

    07. Тестовите содржеа прашања од материјал кој не е предаден, ниту научен, некогаш поставени на јазик кој е различен од официјалните јазици во Република Македонија;

    08. Кај дел од прашањата ниту еден од понудените одговори не беше точен;

    09. Иако препорачани, не биле дозволени помагала, како молив, бел лист и атлас (кои се тие супер-ученици кои можат да решат задача без молив и бел лист?);

    10. Цели класови и генерации не успеаа да добијат оценка “одличен 5” поради технички пропусти при тестирањето;

    Да притиснеме институциите да ги признаат грешките, бидејќи само така заедно ќе можеме да ги поправаме. Да притиснеме за да не бидат оштетени и уплашени учениците, наставниците, професорите и родителите. Да притиснеме за подобар образовен систем.

    Бидејќи сметам дека правниците се најкомпетентни да судат дали е прекшен законот , ги повикувам да се произнесат за ова прашање. Ако сето ова е законски, да не креваме повеќе врева. Ако е прекршен законот, некој мора да реагира. Навистина не ми е јасно според кој закон детето кое било подготвено да полага тест утрото, цел ден да седи до вечер во школо да полага тест. Има ли рамка за тоа колку може да се одлага тестот? Има ли законско право некој да го оценува ученикот (и да му го намалува просекот) на материјал кој не е предвиден со наставната програма? Има ли право некој да одзема бодови и да определи како неточно одговорено прашање на кое во тестот е одговорено токму онака како што стои во учебникот? Ова засегнува многу повеќе прашања и создава други проблеми. На пример, конкурирањето за стипендии. За талентирани ученици се бараат освоени награди и 5.00. Некое дете цела година се борело за тие 5.00 и освоило можеби и државна и меѓународна награда, а сега, зашто не одговорило на сите прашања кои ги нема ни учено, ги губи шансите за стипендија и покрај успесите во својата област (на пример, уметничките училишта). Зошто прво се не се елаборирало? Дали има правна основа да се санкционира ваквото кршење на правото или навистина нема никакво прекршување?
     
    На QueenElena и elka.timova им се допаѓа ова.
  2. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    4.112