Сѐ почесто низ Скопје може да се забележат луѓе кои практикуваат електричен тротинет, пред некое друго превозно средство. Минатата година Град Скопје објави Јавен повик за субвенционирање на граѓаните за купување на електричен тротинет, т. е. дел од трошоците при купување на истиот во период од објавување на Јавниот повик до 10.12.2018 година, ќе бидат надоместени. Цената на електричните тротинети се движи од околу 15.000 па нагоре. Таа зависи од издржливоста на батеријата, брзината, нагибот за искачување и слично. Каков е вашиот став за електричните тротинети и дали мислите дека тие се исплатлива инвестиција?
Треба да им се направи посебно место за движење, веројатно треба да одат по патека за велосипеди, но и тие толку се регулирани. Само уште овие фалеа по тротоар да се движат.
Општина Центар се уште дава мали субвенции (3000 ден), ама за таа вашата лична карта треба да е со адреса во општина Центар. Град Скопје даваше лани есента добри субвенции, а веројатно ќе дава пак на есен како мерка против загадувањето. Мене се уште точак ми е подобра ствар. Ем се движиш, ем спортуваш. Е сега проблемот со точакот е што ако брзаш (за на работа пример) ќе се испотиш. А со тротинетов нема. Исто јака работа е што тротинетиве се склопуваат и можеш да си го качиш дома или у канцеларија (Тој на Mi е 12кг). Очекувам следната генерација тротинети да се со батерија што ќе се вади.
Неколку пати за малку ќе бев прегазена од овие тротинети. Не знам, мене многу ме иритира тоа што се движат по тротоар, а како што гледам можат да бидат и прилично брзи. Се согласувам дека треба некако да се регулира движењето, патеки ли, не знам... Нешто треба да се преземе. Јас имав среќа да се тргнам навреме, не значи дека секој може да изреагира така брзо. Има стари луѓе, луѓе со проблеми со движењето... Ми изгледа многу небезбедна целата ситуација. Да речеме дека има некакви придобивки против загадувањето. И да е така, пак мора да се регулира нивното движење. Јас не би возела во никој случај. Би одела пешки, и да се движам и да не загадувам. А кај тротинетите, освен тоа што придонесуваат против загадување, не гледам друга добра страна. Плус и несериозно ми изгледаат ама тоа се само мои предрасуди
Па и не се ни економични ни екологични. Сеедно се полнат на струја, таа струја од ветерници да не иде кај нас? Една другарка со право ги вика wokemobil-и. Одвратни направи на безредие. Далеку се поопасни од велосипед, на пример. Плус што нема никакви правила пропишано за нив, ни опрема ни ништо. Скоро имаше како еден удрил жена на сред парк и побегнал. Жената цела модра имаше во болница завршено. Обавезно мора да се регулираат, и местото не им е ни на пешачки ни на велосипедски патеки туку на колоовоз и со соодветна опрема.
@DAngel, баш така. Затоа и пишав, да речеме дека има некакви придобивки. И да има, не се значајни. Не возам кола, видете колку се грижам за животната средина. Плус тешко помодарство, глумење лудило Еве, имам и јас тротинет, во тренд сум. Глупости.
Баш денес видов една дотерана девојка на тротинет, возеше по булевар, а пред неа два автобуси кога пуштија еден црн облак - право во неа. Ја зачадија ептен. И што дека вози електричен тротинет, наводно грижа за средината, а ваму стари канти дизелаши пуфкаат на нив.
Да знаев дека ова ќе биде тренд никогаш немаше да си го фрлам тротинетчето што го имав на 8 години Е сеа мојот се туркаше
Мене ова ми е најглупо нешто. Еднаш се имам качено и никогаш повеќе, а да не зборам колку е небезбедно, а и ме мрзи бре брате да стојам и да се возам како бот некој
Треба посебна патека , да полагаат за знаци во сообракај теорија , и да носат заштитна опрема, да не се дозволува секој да вози што знае и незнае.
Мене баш ми се океј, со оглед на ситуацијата со горивото, еве веќе 2 месеци одам на работа со електричен тротинет и супер ми е и од економски аспект, и од брзина и гужви и коли...немам друг коментар.
Aко некој сака да земе тротинет. Имам земено од оператор на договор. Нов неотворен, а не ми е потребен, Со гаранција и комплетна документација. Xiaomi Mi electiric scooter 3. https://tehnomarket.com.mk/product/...ectric-scooter-3-elektrichen-skuter-crna-boja Ако некој/а е сериозно заинтересиран/а ќе се договориме за цената.