1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Електрични шпорети/плотни

Дискусија во 'Дом' започната од ladymici, 14 јули 2015.

  1. ladymici

    ladymici Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    785
    Пол:
    Женски
    Споделете го вашето искуство со шпоретите, дали имате класичен шпорет со рингли или имате од рамините стакло керамика, со одделна релна.
    Кои мислите дека се подобри, попрактични, поекономични итн... Кои марки би ги препорачале?
    Односно споделете искуство што треба однапред да се знае пред да се определиме за некоја варијанта.
     
  2. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски
    И мене ме интересира истото! Треба да купуваме нов шпорет, се одлучивме за одвоена вградна плотна и вградна фурна. Се мислиме која марка, јас сум за Bosch - се што досега имаме Bosch сме презадоволни!

    Ве молам препорачајте ми марка и кои карактеристики/функции би требало да ги имаат плотната и рерната. Сега гледам дека има модели со се и сешто (имаат многу функции кои реално не знам дали би ги користела, не знам дали ми се потребни).
    Фала однапред!
     
  3. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.577
    Допаѓања:
    48.916
    Пол:
    Женски
    Јас сега скоро си купив. Ми се допаѓаа навистина овие новиве рамни плотни, ама сите што ги прашав рекоа дека се тешки за одржување. Ако ти испрејдело кафе или млеко, мн мн тешко се чистела флеката а можело и стаклото да ти пукне демек.
    Во Техномаркет еден поискусен продавач кога го прашав за совет ми вика планираш да готвиш или да се покажеш пред гостите дека имаш модерен шпорет?
    Јас се одлучив за шпорет со обични плотни, не ми текнува на марката, германско производство е. На изглед е баш симпатичен.

    Гледав да имам 2 експрес рингли. Сега по ново рерните имале вентилација самите, па кружела пареата внатре, ми објаснуваа незнам што. И јас мислам дека нема потреба од никакви различни функции, да испржиш и да испечеш, друго шо ќе праиш на шпоретот. Имам тајмер, ама незнам за шо служи, ниту па упатството кажува како да се користи.
    Со тач екран ваков онаков, мислиш смарт телефон купуваш ебате :rofl:
     
    На Espadrila, <3 pleza4e <3 и Tatjana95 им се допаѓа ова.
  4. Alondra

    Alondra Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.083
    Допаѓања:
    2.353
    Јас дома имам фурна вградна од Bosch, а плотна бела од еуролукс, поранешно фабер и нарди. Многу сум задоволна од двете. Не сакав црна плотна бидејќи многу е потешка за одржување и затоа земав бела. Се чисти одлично :)
     
  5. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.882
    Допаѓања:
    19.089
    Пол:
    Женски
    Имам Аристон рамна црна плотна. Навистина е потешка за чистење, ама задоволна сум :) Всушност, после секое готвење ако поминете со влажна крпа, ќе биде секогаш чисто, ама ако заоставите нешто мрсно или подгорено подолго време, знае да биде кошмар за чистење.
     
    На Eli23 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    105.778
    Пол:
    Женски
    Ние пρед две години се подновивме и исто во ТМ ми ρече аκо ти е за гоρвење попρаκтично ти е со ρингли и за чистење е полесно а по плотна бевме тρгнати и не пρемисли пρодавсчот, па си зедовме беκо со две ел.ρингли и две на плин и вгρадена ρеρна со тајмеρ со тач еκρан и има опција да си наместиш да ти печи пρ.по 2 саати на тој и тој пρогρам и да се исκлучи сама. Досегс сум задоволна
     
    На <3 pleza4e <3 и Eli23 им се допаѓа ова.
  7. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.577
    Допаѓања:
    48.916
    Пол:
    Женски
    Ќе мора за тоа релната да те прашам во лп. :)
     
  8. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    28.387
    А со какво средство ги чистите плотните?
     
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.585
    Допаѓања:
    80.672
    Пол:
    Женски
    Јас користам само Циф и меко сунгерче.
    И јас имам црна, не ми е воопшто тешка за одржување, ама морам да признаам дека по секое готвење сум со сунгерчето во раце, чисто превентивно. :lol: Посебно ако сум пржела нешто.
    Циф-от супер ми чисти и застоени флеки, ама ретко оставам да ми се направат такви.

    Споредено со класичните шпорети, мене плотната ми е многу полесна за одржување, ама строго со меката страна на сунгерчето или таква сунгераста крпа. Многу лесно се гребат, тоа им е најголема негативна страна за жал.
     
    На Сама Дома, <3 pleza4e <3 и joy1 им се допаѓа ова.
  10. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    105.778
    Пол:
    Женски
    Јас да ви кажам од ко забременив ми е страв да чепкам било какви хемикалии и чистам со бабински домашни средства. Јас лично имам со рингли комбинирани плин струја и сега брзо чистев со раствор на јаболков оцет и сода бикарбона со сунгерче за садови нежниот дел, и ринглите и шпоретот и внатре и надвор. Задоволна сум како светна се , но забелешка, ми се подизбришаа на оние пластичите за подесување темперарура бројчињата и знакчињата кај делот за рерната, значи тука ни со средства не би требало.
     
  11. ennaz

    ennaz Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    412
    Јас имам Беко рерна и плотна.

    Плотната ми е црна комбинирана, електрична и со плин. Само од Беко имаше комбинирана па затоа за неа се решивме. Се готвиме на плин, многу е побрзо и поефтино. До сега 2-3 пати ги имам користено електричните кола, кога ќе ми снема плин дур да сменам боца, па за нив немам некои коментари. Потешко се чисти само делот околу плин колата бидејќи има разни длабнатинки ама верувам дека и на обичен шпорет со пин е исто. Другиот дел без мака го чистам со сјај за садови, и од време на време со циф.

    Рерната има турбо функција со вентилатор. Ова на почетокот ми изгледаше како глупост ама испадна ептен корисна. на турбо функцијата без проблем се печат две работи од еднаш. На пример во едно тавче ставаш риби а во другото компир, ги ставаш едно над друго, вклучуваш на турбо и за 45 мин добиваш супер печена риба и компир, крцкави од сите страни како пржени да се, и компирот не мириса на риба.
    Или печеш две тавчиња големи, што одат комплет со шпоретот, полни со пиперки и модар патлиџан па си правиш „клчаница“ за цела недела :) Рерната ми е многу тешка за чистење. Не е до типот туку позицијата ми е многу непристапна, во ќош збуткана.

    Значи трета година како ги користам и ептен ги препорачувам.
     
    На Dust, okcenzi, <3 pleza4e <3 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. ladymici

    ladymici Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    785
    Пол:
    Женски
    А каде ти се наоѓа плинската боца, дали вградена во кујната или е спроведовте на балкон ? Мене ми е малку страв од боцата, затоа несакав да земаме со плин.

    И уште едно прашање оние плотни што се одма ладни после користење незнам поинаку како се нарекуваат , тие биле поспецифични и подчув дека за нив требало специјални тенџериња, има ли некој таква?
     
  13. ennaz

    ennaz Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    412
    Плотната ми е во работната маса до шпоретот одма. Цело крилце ми завзема од 40 см. И мене ми беше страв на почетокот. Стално ја душкав да не тече. Стално паники кревав по дома, се нешто ми мирисаше. Ама после се навикнав. На тераса не било добро да е зимно време, така ми кажуваа. Во кујната многу простор зема, ама многу е побрзо готвењето. Нема споредба. Јас 30 години на обичен шпорет готвев со експрес рингли, сега веќе на обична рингла не би се вратила.
     
  14. MilaP

    MilaP Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2015
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    53.143
    Пол:
    Женски
    Jas imam na electrolux crna plotna so 4 ringli i furna isto na elctrolux veke 4 god i sum mnogu zadovolna.Se ciste lesno ako odma posle gotvenje se iscisti a ako nemam vreme togas odma malku sredstvo i sungerce od mekata strana nikako od rapavata mi e strav da ne se izgreba i se e sredeno :)
     
  15. Pinafan

    Pinafan Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Машки
    Јас користам фурна од Бош,неодамна ја купив,додека пак плотната ми е candy бидејќи само таква имаше и беко во продавницата.Бидејќи Беко не ги сакам.Ја земав candy

    Препорачувам на сите кои ќе купуваат да си одвојат повеќе пари и да си земат фурна која има вградена опција за ладење.После секое користење си вклучувам опција и за 15 минути ми е ладен шпоретот.
    Многу практична работа.Покрај тоа Овој кај мене има и некој материјал т.е плочи кои сами се чистат!Не го знам името точно како ги викаа/Ќе треба да видам во упатство.Се разбира одвреме навреме да се пребрише.

    Така да гледајте да ги има овие опции.Корисни се доста.Не се залетувајте по фурни од по 10-12 илјади.
    Колку за информација јас фурната ја земав за 17900 денари на попуст.
    Така да ако уште трае попустот тоа е најдобра понуда за парите.

    Во викендица пак имам еден електролукс купен уште пред 4 години.Реално повеќе ми се допаѓа електролуксот,иако и бошот дома ми е без забелешки.

    Напоменувам
    внимавајте на дополнителни трошоци.Ако кујната ви е правена порано елементите за вградување сега ќе ви бидат најмалку 4000 денари,и тоа ако некој воопшто се нафати да ви ги прави од мајсториве.
    Јас на таков проблем наидов и мајстор едвај најдов.
    Така да најдете си прво мајстор кој ќе ги прави елементите пред да купувате посебно фурна и плотна.
    или пак купете си со вградена плотна.
     
  16. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Кој е подобар шпорет? Електролукс или Горење (со рамни плочи).
     
  17. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.026
    Пол:
    Женски
    Ние имаме плотна и фурна од Electrolux. Пред да купиме бааги истражувавме и се одлучивме за Electrolux и сме задоволни. (Има и Eurolux, некои ги мешаат).
    За одржување мислам дека обичниот шпорет е поедноставен, ама сепак кога пак би бирала би одбрала рамна плотна.
     
  18. ladymici

    ladymici Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    785
    Пол:
    Женски
    а од коjа марка има комбинирана плотнп на плин заедно со релна но и таа да е на плинот поврзана.
     
  19. Малечка Маша

    Малечка Маша Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2015
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    89
    Пол:
    Женски
    Феминки, на плотната ми се појавија кругчиња некои како одблесоци. Не излагаат со ништо. Еве и слика ќе ставам на некој ако му е позната ваква ситуација нека помага. IMG_20150822_154735.jpg IMG_20150822_154735.jpg
     
  20. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски

    Јас тие ги вадам со циф или арф, одстојува и после со сунѓерче бришам.
     
    На Hortenzija и Малечка Маша им се допаѓа ова.