Беко. Нај задоволна на свет, пре брзо ми се готови ручеците, голем избор на програми, двојно печење. Препорака од мене.
Искуство со бела плотна и фурна? Како е за одржување? И од каде земавте? Единствени што ги најдов се на Горење од Сетек и не се баш ефтини.
ako moze nekoj da spodeli iskustvo za sporet el fuego... najobicen so ringli... dali brzo zagrevaat... rernata dali e ok i sl...
Фуего е одличен бренд. Брендот е на Нептун и е наменет за пазари како нашиот. Да прашам вооедно, каде има прекидач за рерна 3 напред 3 назад за АлфаПлам?
Дали некоја членка го има овој шпорет да каже како е задоволна? https://m.tehnomarket.com.mk/product/29404361/beko-fbe67300wd
Денес ми цркна шпоретот. Споделете искуства за некој подобар. Два имам со обични плочи, се мислам сега да земам со рамни плочи ама на мисла ми е што многу сум несмасна и мислам дека за кратко време ќе ја пукнам. Само не ми предлагајте Фуего, крш марка за мене. Се мислам меѓу Беко и Горење само не знам кој точно. Отворив на страната, за утре морам да се одлучам.
Беко/Фуего се едно исто и ги произведува Hisense. Фуего е баш ок бренд за цената, бренд на Нептун за нивни потреби. А СТ не, е тие се крш. Беко = 100% Hisense.
Ојдеа парите за робот а? Купи си обичен ако мислиш дека рамна плоча ке ја сокршиш Јас сум брза несмасна и ја скршив И така 6та год ја користам Среќа на ќош пукна
Дали некој го има шпоретов? Ние го купивме пред некој ден, и искрено не сум баш задоволна или па не сум навикната. Многу ми е бавен, ринглите постојано се исклучуваат па пак уклучуваат, а ако ставам на посилно па мн ми е јако....неможам да натокмам. Исто плочата мм ја испрскал пржел колбаси на помало тавче од обрачот на плочата и сега испрсканото остави флеки чудни како да е падната црната боја на тие места а не гребев со сунѓер, со оцет и сода пробав да исчитам така читав на интернет, а може и не е тоа само да пробам да земам гребло за таква плоча и специјално сретство. Незнам ,дајте некоја цака за подобра употреба на шпоретов ако некој го има.
Уште се мислам за робот мм ме убедува да купам , ама ако треба соба по соба, јок Шпорет морам нема мислење, ако сакам да јадеме Мислам од мене нема понесмасен човек, се мислам како се читави плочките во кујна, се што можеше тешко да падне врз нив се обрнав, уште фрижидерот не сум обрнала кога чистам Ако пукне некоја плоча лесно ли се мени, или како оди цело ли се мени и колку е скапо, дали се исплака
Немам ништо од Електролукс а ги погледнав и нив. И да е поскапо ако, само да е асално, немам намера за 2 години нов да купувам, обавезно 2,3 пати дневно готвам секој ден затоа сакам нешто издржливо.