Девојки ај споделете искуство од рамните плотни кои се подобри тие што имаат одстрана лајсни или скроз рамните?
И јас пред скоро прашував за истото, по моја логика подобри би биле оние со лајсна, од аспект доколку нешто претече да не се разлева насекаде, ама во нептун продавачката ми кажа дека ги одбегнувале оние со лајсни бидејќи се надобирала маснотија околу лајсната.. Незнам колку беше во право ама ја послушав и купив без лајсна, уште ја немам користено за да ти дадам инфо дали направив добар избор.
Јас имам рамен а јатрвами рамен со лајсна значи боље е без лајсна зошто ако тече нешто лајсната нема да ти врши работа само ќе имаш повеќе за чистење кога ќе навлезе мрсното пробај па извади го
Здраво, имам комбинирана плотна плин/струја еднаш ми претече кафе на плинот и од тогаш ми црни се, пробав да ја исчистам со игла внатре но џабе пак црни, како ги чистите вие?
Ќе треба да купам нов шпорет, сакам убав и да биде горе рамна плотна, не знам како се вика како да објаснам. Може ли некој да ми препорача добар шпорет и од каде да го купам. До 500 евра е лимитот, може и поефтино ако се најде ама сакам да е добар со рерна која пече убаво и да има вентилатор
Здраво! Гледам на сликата од фурната има телескопски водилки, така ја купивте или може и отпосле да се монтираат?
Така ја купивме вградени беа,незнам дали може отпосле да се монтираат на друга фурна да речеме. Лесно се вадат,ги чистам во када под туш.
ако ти се една врз друга фурната и рерната барај зависни не си давај пари а ако ти се расделени и разделечени барај независни за ависни имам модел на беко до сеа 3-4 години е ок кумата има исти како мојот нејзиниот е поодамна и е ок до сеа 5 години има гаранција а од 19000-20000 не кошта повеке друго што е ок се на елекртолукс ама се доста поскапи
Ај да прашам нешто.. на лето или здравје есен, планирам нова кујна.. имам време да гледам и мислам до тогаш ама сакам мислење од вас ако некој има вградена рерна со пиролиза? Горе знам индукциска плотна ќе биде и знам горе долу која ама за рерната сум на мисла.. Предности на таа со пиролиза? Гледав на Горење кај нас и уште неколку различни во Бугарија и сега истражувам
Женски да ве прашам вие што имате вградена рерна на Beko со екран значи секој ден го местам саатот и пак ми се подместува, да не знаете во што е проблемот
Може толку е добро испрограмиран софтверот. За колку касни/предначи, постојано се зголемува отстапувањето?
Си купив oд Џамбo шпатула за чистење плoтна. Некoj сoвет да не jа изгребам, какo jа упoтребувате затoа штo не сум кoристела дo сега?
нива плотна ја исчистив со сода и оцет и ми ја изгреба цела.... Сега ја чистам со мој направен спреј : Малку 70% алкохол, малку дистилирана вода малку бел оцет и 15 капки чајно дрво. Ем дезинфицирам ем чистам. Прскаш чекаш 10тина минутки и бришеш. Со оваа смеса дезинфицирам се од кваки до вц шолја лавабо чешми телефон далечинско и тастатура