Здраво, споделете искуство и мислење ако може, што е подобро бела фурна со бела плотна или сепак црната си е поубава, во смисла на одржување и сл.
Ајде жени кажувајте од која марка на шпорети со рамна плоча сте најзадоволни. Се мислам помеѓу Беко и Горење , очекувам позитивни и негативно искуства ☺️
Горење никако не е квалитетот како порано...јас имам Беко и фурна и плотна презадоволна сум така да ти препорачувам
Имам gorenje индукциска плотна. Супер е. Можеш да се распрашаш. 100 пати подобра од обичните. Штеди на струја, се готви екстра брзо, секогаш е чиста. Вреди секој денар. Инаку electrolyx како бренд е најдобар за шпорети и плотни.
Искуство со плотна и фурна на Samsung? Се мислевме и купивме се на Samsung освен машина за садови Electrolux се надевам не погрешивме.
Имам ваков проблем - при печење на некое јадење, после некое време кога ќе го отворам шпоретот, маснотиите капат и се слеваат надолу преку вратата. Чаре некое?
Сакам да купам индукциска плотна. Производители кои се во игра се: beko, gorenje, electrolux i whrilpool? Искуства?
Јас имам на gorenje. Многу сум задоволна. Не троши на струја, екстра брзо загрева, брзо се лади. Се гаси самата после 1 саат, во случај да не ја заборавиш. Ако го тргнеш тенџерето не мора ни да ја гасиш, сама се гаси. Во глобала, една од подобрите инвестиции.
во упатството ми пишува дека колач се пече само со горни грејачи на позиција 2. Јас цело време кога ја уклучувам рерната без разлика што печам секогаш ги вклучувам и двата грејачи и долен и горен. Грешка ли е тоа? Вие како печете?
Купивме плотна индукциона и фурна на Whirlpool, ама уште стојат во Нептун бидејќи чекаме зградата да ја пуштат. Дали има некој што користи на Whirlpool и како сте задоволни?
Здраво, би сакала да прашам плотната и печката дали и двете се трофазни или имаат обичен кабел? Сакам да правам кујна и затоа прашува,. исто се двоумама меѓу индукциска и обична?
Аха.. Пошо моите и горните и долните се монофазни.. Веројатно има разлика, ама сите што ги бендисав беа такви Баш прашував затоа што на долниот спрат нема трофазна..
А преку еден кабел се? Оти знам има такви кои се поврзани. Нашите се монофазни, а ние во кујна имавме трофазен, па прашувавме дали може на трофазен и ни рекоа дека може на еден кабел да бидат. На крајот, од трофазен направивме два монофазни и ги уклучивме посебно.
да со еден кабел е со трофазен утикач може и на монофазен и на трофазен разликата е што на трофазен можеш сите 4 рингли да ти се уклучени и плус рерната на монофазна нема да може