Електролитски депилатор

Дискусија во 'Тело' започната од Gabriela-22, 29 април 2011.

  1. Gabriela-22

    Gabriela-22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    3
    Само што ја видов рекламата и ми привлече внимание. Сакам да одам на ласерска депилација, ама некако скапо ми е ногу а и не знам од кај попрво да почнам :) па затоа се замислив за ова. Да не има некој користено (во случај да имало досега вакво нешто во Македонија) или да не познавате некои кој користел елекролитски депилатор во домашни услови, дали е штетно, дали навистина е ефикасно и ги намалува влакната. Со нетрпение ги чекам вашите мислења
    http://www.topshop.com.mk/index.asp?tn= ... 213165&c=0
     
  2. papagalcheto

    papagalcheto Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    10
    И јас го видов на телевизија и незнам колку навистина делува или има иста намена како и обичниот депилатор...
     
  3. PePPa

    PePPa Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    4
    здраво, јас сум нова членка супер е фемина ептен е корисна и забавна. и јас ја видов на топ шоп рекламата за ерола (мислам дека беше) и некако ми е нејасно....што значи тоа БЕЗБОЛНО остранување на влакна???? тоа значи дека не ги влече????? знам дека е супер фреш ново ова апаратче ама сигурно не има многу кои сакаме да дознаеме дали функционира, па да си земеме
     
  4. KATHARINA

    KATHARINA Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    8
    Здраво девојки!

    Јас сум нова на форумот, видов дека се мислат многу да одат на ласерска депилација и се мислат дали ќе им се исплати и дали ќе биде трајно... И неможев да издржам а да не ви дадам совет. Од лично искуство ви кажувам, веќе пола година одев кај Анчевски, на 6 третмани колку што е предвидено, и АПСОЛУТНО СЕ Е ЛАГА ДЕКА Е ТРАЈНА ДЕПИЛАЦИЈА. По пола година и редовни третмани го оставив лицето да ги цепкам влакната и катастрофа, сите и дебелите дури и најсветлите влакненца сите ми излегоа на виделина. Ќе умрев од нервоза!!!! :@ Заслужуваат да ги тужам!!! Во текот на третманите, 10 дена по третманот, си паѓаат влакната ама по многу малце и кога ќе паднат, после неколку дена пак си растат истите. КАТАСТРОФААААААААААА!!! Аир да не видат од тие пари што ги зимаат од луѓето! Срам да им е!
    Инаку, морам да ви кажам и тоа дека направив и хормонален тест, за да се уверам и немав апсолутно ништо... значи се беше нормално со моите хормони и немам полицистични јајници! Значи не е ни до тоа!
    Ви кажувам се е лага! Немојте случајно да се зафркнете како јас!
    И конечно се одлучив да идам на депилација што претходно не сум ја пробала, а тоа е шеќерната депилација. Сите се фалат, а влакната со редовна депилација многу се изретчуваат и стануваат многу меќи.
    Се надевам дека ке ви помогне мојот совет!

    Позз... ;)
     
    На Cacuvche му/ѝ се допаѓа ова.
  5. kikaskp

    kikaskp Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2010
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    3
    Лично не сум користела, но сестра ми користеше и нема врска, амо буквално нема никаква врска, фрлени пари за џабе...
     
  6. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.498
    [/quote] Лично не сум користела, но сестра ми користеше и нема врска, амо буквално нема никаква врска, фрлени пари за џабе... [/quote]

    Како и за се друго од Топшоп, квалитет како од пазар.
    Се извинувам за офф топик ама неколку производи имам купено од нив и можам да кажам дека орбитрекот и соковникот се единствено нешто што вреди.
     
  7. nate-natali

    nate-natali Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    4
    E-rola електролитски депилатор

    Депилацијата е тема што верувам нај многу не интересира дарги мои.Па да се приклучам и јас на оваа тема и сакам да ве прашам дали некој го има купено Е-rola депилаторот од top shop и какво искуство има со него.Мене лично не ми изгледа дека навистина помага во безболно и трајно одстранување на несаканите влакна(за 3 месеци го намалувал растот за 40%).Па кој го има нека ни се пофали ако е ефикасно и ние да си купиме!
     
  8. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.210
    Допаѓања:
    41.323
    E-rola електролитски депилатор

    и јас го поставив истото прашање во интимна депилација ;) најверојатно никоја го нема купено!
    ако навистина депилира без болка, а не бричи, јас би го земала!
    околу 3500 беше ако не се лажам? :wasntme:
     
  9. nate-natali

    nate-natali Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    4
    E-rola електролитски депилатор

    Па ако е ефикасен како што се опишува во рекламата цената е навистина ниска.
     
  10. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.477
    Допаѓања:
    2.921
    E-rola електролитски депилатор

    И јас еднаш го поставив прашањето, но никој не ми одговори. Со мајка ми додека ја гледавме рекламата се чудевме, и за надусници, нозе, разце.. буквално за се’ , а безболно. Околу 3000денари беше. Ајде, некој ако има нека каже дали е задоволен. :)
     
  11. Hypatia22

    Hypatia22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    E-rola електролитски депилатор

    Јас имам ама не е од Топ Шоп туку од Цептер .. Го имам 2 години ама ми беше страф да го користам :D и дури сега почнаф и сум мн задоволна..не е безболно реклама си е реклама ама има резултат(се изретчуваат влакната што е супер) а болката не е голена нормално слично на депилација е ама со самото депилирање болката се намалува..Добар е нема да згреши тој што сака да го земи
     
  12. Nannaa

    Nannaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2010
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    30
    E-rola електролитски депилатор

    јас го купив и почнав и се уште немам видено резултати ама само 2 недели го користам... иначе да знаете тој не депилира и не бричи само го гори коренчето а влакната откако ке се помините со него треба да ги издепилирате со депилатор или шо и да било нешто за да ги извадите од корен... не паѓаат влакната кога ќе се помините со него да знаете... тоа само му прави третман на коренот на влакната а не ги депилира или бричи влакната... :( то е малцее глупо оти сепак треба да ги трпиш болките уште два- три месеци ..., ама барем ке се исплати... :)
    п.с. вие што го имате на колку време го користите?? еднаш неделно или како?? оти таму пиши еднаш се користи и во следните 24 часа да не се користи... а на тв и од кај шо го купив велат еднаш неделно....?!?!
     
  13. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.392
    Допаѓања:
    12.398
    Пол:
    Женски
    E-rola електролитски депилатор

    Те молам известувај тука како ќе има резултати и мене ме интересира. :)
     
  14. Sunday-Rose

    Sunday-Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    347
    Допаѓања:
    122
    Пол:
    Женски
    E-rola електролитски депилатор

    Абе ова е интересна работа ама морам да признаам дека мн ми е 4удно сеа искрено ако разговараме еден оби4ен депилатор е околу 2000-3000, а и ова 4ини толку, некако ниска му е цената... :) јас се си мислам дека нешто ако е квалитетно повеќе ќе чини :)
     
  15. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.637
    Е па јас од искуство да ви кажам: го купивме со мама депилаторот со надеж дека конечно најдовме решение кое безболно ќе ни ги отстранува влакната. Ни јас ни таа не се надевавме дека тоа ќе биде трајно, бидејки не е можно, ама барем на неколку месеци како што каживаат на рекламата. На упатството пишуваше дека дека не смее да се употребува на тело со бенки, па така јас се збогував со него, бидејки сум цела со бенки. Го проба мама. Стави од гелот на ногата и почна... И, ништо! Влакната си останаа како никогаш ништо да не поминало врз нив! Пробав јас (и покрај опомената за бенките) и кај мене исто. Значи едно влакно не падна.
    Значи, кај нас не даде резултати. Можеби пограшно го употребивме можеби сепак не е ефекасен.
    Едит: сега ве читам, требало после со друг депилатор да се поминеш... Па зошто тогаш тоа не е напишано барем во упатството, ако не и во рекламата?! :wasntme: Мислам, треба некако да биде кажано. Мене ни на крај памет не ми падна дека треба и со друг да се поминеш, бидејки неговото име е депилатор!
     
  16. ThePrincipessa

    ThePrincipessa Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    10
    Сличен ваков епилатор имав и јас до пред две години, но не се осмелував да го користам поради несакани ефекти. Се покажа како многу ефективен на чичко ми кој што ги острануваше некои несакани влакни кои се наоѓаа на пределот над брадата. После неколку употреби влакненцата престанаа да растат. Епилаторот имаше светло за кое што не знам која му беше употребата а влакненцата буквално ги гореше и можеше да се запримети миризба, но единствен проблем е тоа што кабелчето се скина и неможеше исто такво да се најди во Македонија затоа што машинчето беше купено од Австралија. Сега кога сум редовен посетител на козметичките салони за депилација и ми е смачено од истите, спремна сум да користам машинче но за жал не ми работи па планирам да си купам ново. Ако некој има купено слично нека сподели искуство :)
     
  17. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    665
    Леле уште го пцујам епилаторов. Мајка ми го купи од топ шоп и јас таква среќна ајде да го пробам оооп поминувам ништо. А јас немам живци да се минам со епилатор прво, па после со депилатор да ги вадам влакната и фино лепо го вратив у тип шоп и си земав нова перница дормео. И сеа си се депилирам со депилатор :) Ух
     
  18. kiki-riki

    kiki-riki Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    108
    читајки го овој пост се замислив дали да го купам но сепак го купив и навистина влакната не пагааат кога ке поминес ама после кога ги вадис со цупалката воопсто не боли ( и при ласерска епилација е така само ди гори и не пагааат веднас) од ова сум по задоволана затоа сто при ласерска се чувствува болка овде не а и поевтино е и мозес да го користис дома кога имас време
    White Angel поцетокот ти бил добар само доврси ја постапката (направи споредба при кубење на третирано и нетретирано влакно ке ја видис разликата)
    па писи
    П.С. вреди за парите