Здраво, Електронската здравствена картичка ми е со старото презиме, дали некој знае како точно оди постапката за да добијам нова картичка со новото презиме? Воедно имам и промена на компанијата каде работам...не знам дали има тоа некаква врска...
@Bradshaw12 да ти кажам јас сум со стари податоци на здравствената и немаше проблем, а синко е осигуран на мене. И јас негде во 7ми месец променив работно место и се ми среди книговодителката таму па немаше потреба да ја менувам здравствената. Плус и немаа картички тогаш, распрашај се сега како е зошто се чека за нова многу.
И јас сум на старото и баш ми е гајле таква ми е и книшката на старото редовно платени придонеси и немаш гајле . Иначе за нова картица треба да уплатиш 250 денари и да чекаш една година а до тогаш да земаш плави картони многу ми се виде малтретирање и си терам вака
Презимето нема никаква врска. Битно е да имаш осигурување. На мојата картичка го пишува старото презиме, па не ми правеле проблем. Дали ви се готови картичките ќе проверите на страната на moeosiguruvanje.
Луѓе како да знам дали е истечена картичката? Направена е во 2013 година и јас многу ретко одам на лекар, така што скоро и да не ја користам. На неа стои дека откако не важи за еден месец треба да се врати и поништи. Арно ама не знам дали воопшто важи?
На самата картичка пишува до кога е. Мене ми е истечена одамна ама уште си ја користам не ми правеле проблеми до сеа, иако за среќа не ја користам многу често.
Важи пет години од датумот на издавање. На самата картичка си пишува дека важи од xx/20xx, сметај пет години од тој датум. Ако е истечена, нема да можеш да ја користиш. Читачот ќе јави одма. На картичката пишува од кога важи, а не до кога.
Во право си Анат моја грешка, пишувало од кога а не до кога. Мене уште лани 7ми месец ми истекла, но во изминатава година ја имам користено така истечена не сум имала проблем, што нели не значи дека треба да си дремам и да не ја обновам.
Што документи се потребни за да се извади нова? Претпоставувам уплатница со уплатени 250 денари, барање и старата да се однесе.
Kои глупости. Јас практично таа картичка не ја ни употребив. Само матичната кога ми внесе податоци основни и тоа е. Практично празна е и не е користена, рокот и помина. А и џабе што ги воведоа кога бараат и книшка паралелно.