Транс за на журка ми е супер, ептен си вози самата музика дури и без ништо Да ме викне некој, одма би отишла ама да слушам транс по дома нервите ме фаќаат. Ми треба простор, пијачка, луѓе да се опуштам и да се изнаиграм а дома не можам. Инаку почитувам psy, progressive, dark, dark full-on и hard trance. Само goa-та не ја можам. Техно не слушам скоро ич, ама ако ми пуштат некоја по-хард песна на журка, океј ми е или на збиранки со другарки. Дома да слушам тоа, исто слабо. За сопствено уживање повеќе преферирам музика со текст, нешто што ќе ме допре (рап во последно време) иако на транс журки сум имала незаборавни моменти
Ахаа темаваа, да додадам од мене нешто Dash Berlin, A.V.B., Calvin Harris, Avicii, Acosta, Omnia ... http://www.youtube.com/watch?v=OrCpIghC_ts ...
Одамна ништо не сте ставиле тука, а ја ќе постирам тука и трап и хаус музика иако не е темата за тоа, но според мене требало да е електронска музика насловот. Обожавам да слушам таков тип музика, поточно и не слушам друго освен ваква музика. И има голема разлика помеѓу сите овие 4 типа, а тоа може да се воочи само доколку редовно се слуша ваква музика. Хаус музика (Benny Benassi & Public Enemy - Bring The Noise (Pump-kin Remix)) Funkerman - Speed up (Original mix) Трап музика Keys N Krates - Dum Dee Dum (JiKay Remix) Far East Movement & Sidney Samson - Bang It To The Curb (Dotcom Remix) Техно музика Alan Fitzpatrick - Skeksis http://www.youtube.com/watch?v=Kbc81hmho44 CArl Cox - Jaguar Транс музика http://www.youtube.com/watch?v=vfgnh7Thp-A Armin van Buuren - Blue Fear http://www.youtube.com/watch?v=EE7CXZ1Lyu4 Tiesto - Elements of Life
Разлика постои меѓу жанровите електро хаус, хаус, прогресив хаус, техно-хаyс, техно, минимал техно, детроит техно, хардкор техно, прогресив транс, гоа транс и уште милион други жанрови. Аритистите ко Аrmin Van Burren, Tiesto, Paul Van Dyk и на нив сличните би ги ставила во euro-dance жанрот, ама немаат врска со техно! За Avicii и David Guetta да не зборувам тие си спаѓаат во EDM која според мене исто така нема врска со техно. Под техно подразбирам музика изведена од артисти како Dubfire, Jeff Mills, Gessaffelstein, Adam Beyer, Richie Hawtin,Carlo Lio и да не набројувам уште еден куп има... Еве нешто од мене
Во последно време трап музиката е многу популарна. Едни од попознати диџеи што се занимаваат со трап музика се Skrillex, Major Lazer, Dj snake, Flosstradamus од кои повеќето имаме слушнато барем по некоја песна. Дали ви се допаѓа овој вид музика? Ако ја слушате од кого најмногу слушате трап песни? Мене овој вид музика ми е ептен за урлање и кога сум добро расположена секогаш слушам трап, а по малце ме потсеќа и на дабстепот, но трапот ми е некако поубав за слушање за разлика од дабстепот иако често некои го мислат дека трап и дабстеп е ист вид музика. Еве некои од поомилените трап песни https://www.youtube.com/watch?v=TrEk96vX8_Q
Зошто темата се вика техно и транс музика, кога врска нема? Или електронска музика ставете или не знам... Carl Coxxx и Armin Van Buuren немаат врска едно со друго. Инаку, psychedelic trance е мојата прва љубов, а потоа почнав да слушам Vocal Progressive Trance. 140 bpm work wonders for me!
Да, ми се допаѓа! И трап и dubstep, drum and bass, drumstep, chillstep и liquid drum'n'bass и liquid dubstep.