Не знаев каде да ја сместам темата Но ете кажете ми дали некој има искуство со неа?Дали е штетна?Дали може да помогне во одвикнувањето од пушење?
Имаше една комшика, и знам збореа дека ич не била убава, дека ич не и помогнала, и сакаше да ја продава. Ама одамна беше ова, пред неколку месеци...А инаку незнам.
Јас искрено не ни знаев дека вакво нешто постои. Ама за тоа си го изгледав филмот Турист и ќе го видиш Деппчо како е со ваква електронска цигара и сваќаш каква е цигарата. Инаку (во филмот) вели дека имала исти вкус, има исти чад, ама кога ја ставаш по раката или телото не може да те изгори. И самиот вели дека поќејфски е да пушиш вистинска цигара одколку електронска.. али како и да е, мразам цигари! ама сепак добра слика
Јас имам дома електронска цигара т.е тато Кога ја пушиш има вкус на мед у исто време и нешто гадно... Имаш 3 видови на електронски цигари.. зависи каков пушач си дали страстен или слаб Слаба, средна и најјака. Ја користев најјаката и ништо однеа... не помага... залудно ке ги маанеш парите
Kога ја видов темава,прво што ми текна беше џони деп во турист инаку да се навратам на темава незнам ништо за електронските цигари,а до која цена се движат,ме интересира за татко ми,страсен пушач е?
Имам слушнато за електронска цигара и сакам да пробам да видам дали ќе ми помогне.Дали знаете кај можам да најдам и која цена се?
Во аптеките има, 1180денари се едните а има и некои од 4000, ама незнам какви се тие точно. Интересна ствар се, изгледат како вистинска цигара, имаат `жарче` напред свети кога повлекуваш од цигарата, испуштаат дим. Е сеа вкусот незнам каков е немам пробано, ама ма две врсти на патрони за нив едните содржат никотин , другите не содржат. Аколку ке помогне за одвикнување од пушењето тоа е до особата и нејзиниот карактер.
Епа луѓе јас сум ви експерт на оваа тема, така што прашајте ме што сакате, имам простудирано на нет... Електронските цигари зависи какви се, можат да бидат поквалитетни и полоши, имате од 1000 до 3000 денари. Јас знам дека овие поскапите можете да си изберете дали да имаат вкус на обичните цигари, или на чоколадо, јагода, ванила итн... Финтата со овие цигари е што работат на течно полнење, па каква течност ке си купите таков вкус ке имате... исто така таа течност може да биде со или без никотин - има неколку нивоа на никотин, па за оние што сакаат да се одвикнат од пушење прво користат течност со најголемо количество никотини и посетепено го намалуваат. Исто така може да се користи течност без воопшто никотин...... Тоа што се издишува од електронска цигара е обична водена пареа... Инаку ваквите цигари се создадени за да се користат како замена за обичните, бидејки не се штетни за здравјето, а и секаде во светот нели е забрането обични цигари во локалите, ама исто така се користи и како редство за одвикнување од пушењето... ЗА резултатите- секогаш има и задоволни и незадоволни... Зависи кој колку бил упорен во намерета
значи ги прочитав сите мислења ама пак не ми е јасно. Сакам да му купам една на татко ми (тој е страстен пушач, по две „пакли„ не му стигаат на ден), па што мислите ке може со електронската да ја замени онаа вистинската или???
Па како што ти кажав, затоа е наменета електронската, да ги замени обичните кои се штетни. На почеток може ке му биде чудно со електронската, ама би било супер од твоја страна ако му купиш, тоа е за негово добро - нема да се труе веќе со отрови.
Според мене можам да кажам дека е навистина здраво не само за пушачот туку и за околината(дефинитивно веке не прерам завеси после секоја посета на дечко ми а и облеката не ми смрди) најубавото е дека се вкусни(има гушкање со вкус на кафе или карамела, не пепељара) се заштедуваат мнн мнн пари и се евтини...во зависност на тоа што конкретно се бара-или има потреба! Има за од 500 до 1500... споредм мене Здрава инвестиција дури тие од 500 се мнн фенси со табакерче
Дечки не се лажете да купувате не помага ама ич. Јас ја имам и така ми стои дома, колку ми е криво што така непромислено си ги дадов парите. Како прво, чадот е многу чуден, вовлекуваш, ама ништо не чувствуваш, мене дури и ме закашлуваше бидејќи влечев повеќе за да осетам нешто, ама ѓабе. А убавото во цигарата е кога ќе го осетиш димот како те гребе на грлото, а тоа го чувство електронската цигара нема да ви го пружи Само пушачите можат да ме разберат за што зборувам, ама кога вовлекуваш чад од вистинска цигара, истиот го чувствуваш како стигнува се до белите дробови , а со електронската цигара ти е исто како да влечиш од молив- не чувствуваш дим. Јас се чувствував како будала кога влечев од таа цигарата- самата себе се лажев. Заклучок- ниту една електронска цигара или никотинска лепенка нема да му помогне на некој да се откажи од цигарите, за тоа е потребно само психичка подготвеност и решителност. Кога ова ќе се постигне, кога човек самиот себе ќе се убеди дека цигарите не се ништо друго освен скапа навика, тогаш има надеж за откажување. А причината заради која јас сеуште пушам е тоа што никогаш не сум се ни потрудила да ги оставам. Ова со цигарава електронска ми беше прв обид и се каам што ја купив. А причините поради кои не сум пробала да ги откажам цигарите се многу: прво, тоа што јас навистина уживам додека пушам, второ, се плашам дека ќе качам килограми ако ги оставам цигарите, трето, сум пробала да се замислам како непушач во иднина и никако не ми доаѓа таа слика, се некако чувствувам носталгија кон кафе, цигара и добар муабет, знам дека се штетни ама јас навистина уживам во цигарите, четврто, некако не знам што би правела со рацете, навикната да држам цигара почесто, не знам како би се снашла...Можеби смешно звучи, ама вистина е. Цигарите се составен дел( и тоа голем дел) од животот на пушачите и верувам дека повеќето ги имаат истите размислувања.
Од она што го знам не се ефикасни. Пријател на татко ми направил инцидент во ресторан. Ја извадил да пуши додека бил на вечера и му се собрале келнерите и газдата дека има закон против пушење во затворен простор, та мора да ја изгаси. Сирот тој, цел час се објаснувал дека цигарата е впрочем електронска. Да се вратам на мојот коментар... Според мене ваквите цигари се waste of money. Oна што е потребно за откажување е волја да се направи истото и ништо друго. Само решително!
Јас се мислам дали да си купам, бидејќи сакам да се откажам од цигарите, а еден другар баш со помошта на оваа цигара ги откажа. Читам различни мислења и незнам што да правам, а не е многу скапа и секако не е штетна како обичните цигари.
Електронската цигара е високо достигнување на современата технологија и претставува најсовремен електронски уред, кој не само што го чува здравјето на пушачот и не ја загадува околината, туку и не ги загрозува пасивните пушачи па затоа и се препорачува од угледни институции и експерти како одлична комбинација на модерна микроелектронска и биолошка технологија и концепт на здрав живот. Е-цигарата е револуционерен производ кој им овозможува на пушaчите на најбезболен можен начин да се решат од штетното пушење на тутунските производи. Пушењето на е-цигарата неспоредливо е поздраво од пушење на класична цигара. Покрај тоа е-цигарата може да се пуши и на места кои се забранети за пушење на класичните цигари. Пушењето на е-цигарата е дозволено затоa што тие не се тутунски производ, немаат никаква врска со тутунот и не предизвикуваат пасивно пушење. Е-цигарата е поздрава, дозволена и штедлива алтернатива.Ова е една од алтернативите, која ви овозможува да пушите поздраво. Името е-цигара стана вообичаено за новата генерација на цигари, кои во суштина се електронски спој замислен како замена за класичната цигара. Пушење на е-цигара се нарекува е-пушење.Со користење на е-цигарата ќе немате потреба од пушење на тутунските цигари. Веќе по 15-20 дена ќе осетите битни разлики во здравјето, како и во чувството за мирис и вкус. Полека со тек на времето се губат сите симптоми настанати од пушењето класични цигари. Доколку по 2-3 недели на користење само на е-цигарата пробате тутунска цигара, нејзиниот вкус и мирис ќе ви бидат непријатни. - И покрај забраната за пушење, можете да пушите каде сакате. - Сично чувство како пушење на обична цигара. - Нема непријатни мирис. - Електронската цигара не создава непријатен вкус во устата. - Не постои ризик од рак на плуќа. - Електронската цигара ги нема 4000-те штетни состојки, како обичната цигара. - Електронската цигара не е штетна за луѓето во околината. - Нема проблем со пепелот од цигарата. - Не е потребна запалка.
Гледам слабо дискусија на темава. Маж ми изрази желба да проба е-цигара, рече да му купам за Нова година, демек да проба да се откаже од пушење. Тој си пуши по 1 кутија до кутија и нешто дневно (од оние подолгите 100s). Прашањево ми е, пробал ли некој, има ли некој некоја препорака кои се добри, да не биде само за еден ден работава? Значи ќе треба нешто појако, потрајно, да замени кутија - кутија и пол цигари. Гледав на нет, реклами разни, ама мене искуства ме интересираат, некое пресно од 2013 . Ајде помагајте: Каде да барам, колку ќе ме чини, каква да барам?
Sun koristela elektronska cigara I voopshto ne ja cuvstvuvash, ima dim ama e premn slab ne mozhesh nishto da ossetish I dzabe kje se troshish , ovaa cigara povishe kje te tera da sakash da si zapalish vistinska
Хаха,брат ми,и донесе на мајка ми од Виена електронска цигара,и си се навикна сега,ама кога ќе се испразни охо,кој ќе ја чека да се пуни на полнач..