Хахаха велат дека овие биле поштетни од обичните. Мој совет ако можете и без обичните супер ќе биде, , сами си го разболуваме телото со штетни материи
Конечно ја пронајдов темава Дај кажете кои се поквалитетни електронски цигари , да ги баталам овие .... Ако може и искуства со електронскиве цигари
Поголема глупост мислам дека сеуште не е измислена. Сестра ми поклони една пред година дена. Два дена дуванев од неа и плуќава ми се распадна, како 50 грама трева да сум испушила за тие два дена
Зависи за што ги барате. Некои ги купуваат за да не излегуваат надвор на цигара кога е студено, да пушат внатре кога се на свадба и слично ))) А, ако сте од категоријата на оние кои сакаат да купат е-цигара за да ги откажат обичните - СТОП! Моето мислење е дека немате потреба од нешто такво. Немојте да се залажувате. Откажувањето на цигарите е навистина тешко, меѓутоа не кој знае колку и не е неизводливо! Ако се сака - се` се може. Така што, немојте да мислите дека со е-цигара ќе си ја олесните процедурата за откажување на цигарите... Башка, и јас сум чул дека е-цигарите се поштетни од обичните. Но, лично, од лекар пулмолог имам чуено дека и тој самиот употребува е-цигара, па сега... Секој со своите сфаќања.
Вака, не сум експерт за е-цигари, али за мене дефинитивно функционираат. Читам некои се жалат дека е-цигарите не им праеле филм, па еве некои мои совети. Најевтините модели од аптека не се меродавни. Тие се со слаба моќност и течноста во нив е најверојатно од некој чкљ квалитет. Со добра е-циг и добра течност со соодветна количина на никотин во неа, може да си напраиш добар филм и уште ќе има „гребење по грло“ (т.н. troat hit) и све тоа. Користам е-циг 3 месеци и назад на обични цигари нема шанси да се враќам. Не, не сум платен да праам реклами, ќе напишам све реално, и позитивно и негативно. Не купив Umbrella, пошто прогуглав и сфатив дека таа „марка“ не фигурира нигде у свет освен кај нас (значи некој тежок чкљ), па купив Joyetech што е сепак порелевантно. Има и куп други марки кангер-мангер, ама кај нас изборот е беден, па земав тоа што имаше, не ми се чекаше до следно патување у странство. Откако ја купив е-цигарата, продавачката ми демонстрираше како се пуни и користи и прв дим што земав одма ми направи throat hit и ми се засвиѓа. Прва течност што пробав беше Maxxx Blend со 6 мг никотин од FlavourArt (као тутун со какао, слаткасто) и ептен ми се засвиѓа. Али у задње време веќе не ми праи филм, не знам зашто. Дали можда сум купил некој утнат примерок или чувството за вкус и мирис не ми работи. Али сега земав Ritchy Liqua Cuban Cigar 12 мг и одлично е. Ко пура е, со малце медни и „оревасти“ тонови. Имам пробано и Liqua Bright Tobacco (тоа е лесен, светол тутун, не е лошо, ама не ми е толку), а у странство и Liqua Sweet Tobacco (као со карамел и ванила) и фино е. Иам пробано и течности со 18 мг ник, но тоа ми е претерано. За мене е негде 9-12 мг. никотин. Исто ја пробав и марката Nicvape Tradewinds Tobacco, која кај нас ја нема, поконкретно аромата Carolina и добра е. Избегавам течности кои содржат сандалово дрво, тоа се става у парфеми и ми смета. Исто ги избегавам евтинине течности Made in China по 150 ден, не знам какви се. Веројатно ради нив луѓе се разочаруваат, не знам. Исто важна улога игра соодносот на PG:VG во течноста (Propylene Glycol и Vegetable Glycerin). Ако имало поише од едното онда незнамти ќе имало поише throat hit, а ако имало поише од другото ќе имало поише дим. Нешто така. И тоа придонесува за филингот и треба да се прочита на шишенцето. При употребата се среќавам со доста проблеми. Прво, цигарата доста се загрева и може чоек да си ги изгори усните, но со тек на време се испраксирав, ја одмарам итн. Второ, лажат дека секое полнење на на цигарата со течност одговара на една кутија цигари. Тоа е тежок булшит. Да беше така ќе уштедев милиони! Ја едно пунење испушувам само со утринското кафе, нема шанси цел ден да ми трае. Исто л’жат дека едно пунење на батерија ќе ти трае ден-ден и пол. Нема везе, трае 3 саати рецимо. Е тоа малце нервира ако треба пак да пуниш, ама тоа е. Евентуално да земеш е-циг со поголем капацитет на батеријата. Или таков модел кај кого моеш да мењаш батерии, па дур едната ја пушиш, друга ти се пуни. Исто лажат дека некои модели имаат passthrough режим, т.е. батеријава е празна, но ти ја закачуваш е-циг на штекер и си пушиш. Не нудат сите модели таква можност, бидете внимателни. Кога сме кај батериите, во овие долгнавестиве модели на е-циг, батеријата е најчесто вградена во цигарата и ако рикне не може да се отшрафи и да се замени. За ова мора да се мисли. Истотака, поевтините модели не нудат опции за регулација на температурата, а некои е-течности бараат појака температура за да дојдат до израз. Некои поскапи е-циг нудат константна температура дури и ако батеријата е при крај, а поевтините слабеат заедно со батеријата и тоа влијае на аромата, throat hit- от итн. Голем проблем е у странство да си најдеш точно таква течност која ти одговара. Кај нас изборот на течности е слаб, но позитивно е што се продаваат у секоја аптека. Моеш у дежурна аптека у 3 ноќе да си купиш. Но во други земји законите може да се построги (зависи како каде) и течности нема сегде, па мора да се м’кнеш со метро да бараш, а и да ги има сегде, прашање е дали има со никотин или без. Во некои случаи треба засебно да купуваш никотинска база и да мешаш со аромата (на шишенцето има цртки за ориентација). У некои поутепани земји, поготово овие у транзиција, има и доста фејк течности, некој мешал нешто у подрум. Со овој проблем исто доста се среќавав. Мит е дека со е-цигарите се штедат пари. Треба течности, треба понекад мењање на грејачи (на некои 2-3 недели и коштаат по 200 ден.) итн... итн... Нема никакво штедење, све е арч у пм. Али тоа е. Малце ми е шубе и од оние хорор приказни за експлозии и пожари, па кога ја пунам цигарата ја ставам на нешто незапалливо (на тањир или метален послужавник). Исто пазам во џеб да не се удира до парички или сл. Треба футрола. Исто не ја модифицирам цигарата, не додавам нешто поразлично од дифолтните делови (напр. кога мењам грејачи). Шубе е некако. Имам и еден еколошки проблем - стално се произведуваат нови и нови гаџети, телефони, лаптопи, е-цигари, само се загадуе околина, а откако ќе им пројде животен век, немаме рециклажа, фрламе у контењер, лошо е. Али тоа е. Абе најубаво ич не пушете, ни обични, ни е-цигари, али ако више морате нешто да пушите, не шкртарете, земете нешто пристојно. Или пробајте прво од другар, другарка.
Здраво. Има ли некој што сеуште користи електронска цигара? Јас користам месец дена веќе подобро ми е многу претходно бев со тутун. Ама многу почнаа да ме плашат со штетноста! Знам дека најубаво е никакви тоа не го оспорувам. На нет поделени мислења има околу користење електронска. Сакам да слушнам Ваши искуства и мислења.
јас сега почнав да ја користам , веќе 10 дена , не сум страствен пушач така да ја земав најекономичната умбрела , едно полнење една батерија ми траат цел ден , според пресметка ми доаѓа по 20 денари на ден , деловите не им се скапи , течностите не се скапи и пробав да запалам цигара нормална , многу ми беше гадна невкусна .... продолжувам па ќе видиме резултати понатака
Здраво, дали ги има некој користено е-цигарите од bo vaping и да сподели искуство. Колку траат течностите и дали е поисплатливо. Јас пушам помалце од кутија на ден и колку би ме фатило во споредба со цигари. Фала
имам другарка ги користеше , во едњн рефил она за два дена го трошеше тоа ти искача по 150 денари на ден мислам од икос бо и умбрела , најкапи ти се икос па бо па умбрелата е најевтина
Искуства со икос? Како излегува математиката во споредба со цигари? Штетно/нештетно, цени, кај да се купи во мк?
Dobro Vecer jas sum Nikola Atanasovski od Skopje Imam Elektronska Cigara Vape i go izvadiv stariot Greac i staviv Nov i istata ne mi Raboti ke ve molam za Sovet Dali imal nekoj vakvo slicno Iskustvo?
постапката со новиот греач исто како прво палење ја направи , на копчето држиш 30 секунди да се натопи убаво памукчето повлекуваш , чекаш 3 мин па откако загреано е убаво повлекуваш пак .... ја така знам
Добар ден дали знае некој кај можам да најдам Електронска Цигара Vape Aramax Power за поефтина цена иста ваква како на слика та ви Благодарам однапред
Одамна никој не пишал Јас за проба земав Vaporesso Xros Mini @Passenger ја земав од Амбрела, после гуглање и гуглање каква сакам за почеток, значи Вапоресо ја произведува, Амбрела ја увезува во Мк, Ср и БиХ Течности до сега имам пробано на Амбрела Оле линијата, Tobacco, USA mix и Original Blend, следно планирам да земам нешто од premium линијата, можеби Russian. Можеш да ми препорачаш течности - само не овошја, сакам на тутун да ми биде вкусот, не ванили, шејкови и јагоди Иначе сум презадоволна, и шанса нема назад на нормални цигари да се вратам. Чисто се сомневам дека вејпот е поштетен од класик цигара. Секако е доста поефтина варијанта и не морам да мрзнам (или горам) никаде. Тоа е огромен плус. И кашлам мн помалку Едит: јас користам околу 3 мл на ден. Шишенце од 10мл е 220 ден. Тоа е 66 ден. дневно Во однос на грејачи и слично, на самата е цигата е се во едно, грејач, муштикла, танк... ајде да речеме еднаш месечно 200 денари. Да речеме 90мл користам месечно, 1980 ден + 200 ден грејач. Имам попуст секако, па ајде нека е 2000 денари. Цигари пушев Давидоф Шејп, 130 ден. кутија се сега последно. 2х на ден, 260 ден. на ден. Или 7800 ден месечно
Јас земав од еднократните umbrella шо се сега во тренд со 600 повлекувања и на крај ја фрлаш. Прв пат зимам ваква цигара. Е сега кога сме веќе тука јас имам страшни киселини неколку дена незнам дали ми е од цигарата. Дали некој имал вакво искуство? Мн силни киселини шо досега не сум имала воолку секад ми се смирувале за кратко време( обично ми се појавува од тестенини и бел леб башка немам јадено бел леб ептен ретко јадам ради киселини) Обично имам киселини но не воолку, а сега буквално ме жежи и имам гадење и ми се згади секоја храна. Не тврдам дека стрикно ми е од цигарава но овие неколку дена ми се смрт со киселините и гадењето од коа ја купив пред неколку дена. На почеток инав по малце киселини а сега преку цел ден и цела ноќ. Немам ни спиено два дена.