1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Електротехнички Vs. Машински факултет?

Дискусија во 'Образование' започната од anneyy, 26 јули 2010.

  1. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.421
    Кој е подобар??? :) :)
     
  2. Iki.Olsen

    Iki.Olsen Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    115
    чиш, нема добар факс систе се исти. Секаде е тешко ако си мрза.
     
  3. Anggie

    Anggie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    36
    Ако предходно си учела некоја сосем трета струка тешки се и двата веруј, имам многу пријатели кои од ошта гимназија заминаа на електро макар и на машински и заглавија, немаат основа :) Секој факултет си има своја тежина, зависи колку си запознат со материјалот. Јас сум средно електротехничко и предметите кои ги учев во прва година се истите и во прва година на електро факултет Основи на електротехника, програмирање 1, математика 1 и англиски :) Основи на електротехника е главен предмет мораш да го знаеш тата-мата за да се снајдеш во другите предмети. Ја би за електро :)
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. didija

    didija Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    118
    Реално ако бараш мислење за кој е по лесен, ни едниот ни другиот. А и зависи со имаш учено и што повеќе ти оди.
    Ако бараш за перспективна работа, добро платена и сл. не се лоши и двата, всушност добри се. Е сега секој си има смерови, па си бираш тоа што најмногу ти одговара.
     
  5. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Електро! Предноста на машински е тоа што го гледаш тоа што го учиш и пракса има добра,ама електро повеке се цени потежок е, и мораш да си добро поткован со знаење пред да се запишеш додека на машински одат и просечни да не речам математичари, на електро тоа не те води ни малку далеку:)
     
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.671
    Пол:
    Женски
    Не мора да значи дека на електро одат најдобрите математичари од генерациите.
    Напротив, познавам многу луѓе на кои математиката никогаш не им била најјака страна, значи дотичниве сфаќале, решавале, им одело математика, ама никогаш не биле на некое високо ниво, значи просек цело време и се запишаа на електро, па како што гледам супер им оди, па дури и некои подпросечни математичари, физичари успеале, нормално, вложувајќи труд.
    Конкретен пример, имам пријателка која во средно нон-стоп си имаше тројки и четворки математика, а се интересира, решава, сфаќа. Еве на факултет си е солидна, си има супер солиден просек - може не со сите деветки и десетки, ама и' оди! Се' е до желбата за учење, еве јас тргнувам од мене - ме мрзи да вежбам, било математика, било физика и не обраќам внимание на задачите, решавам од ракав, колку да се рече дека работам нешто и резултатите се незадоволителни - не дека мене не ми одат бројките или не сфаќам, немам основа - едноставно не се трудам онолку колку што треба и тоа ми е една од најлошите особини, признавам.
    Во право се оние кои напишале дека на сите кои учеле средно техничко и се запишат на електро ќе им биде полесно, да, се сложувам, меѓутоа сите предмети конкретно на ЕТФ се поврзани со математика и физика (барем како што успеав да го проанализирам материјалот од првите две години) и не гледам воопшто некаква пречка, ученик кој завршил општа гимназија (голем плус е и комбинацијата, доколку е ПМА) да не успее таму, пих, ако се сака се може и никој, ама баш никој не може да ме убеди во спротивното!
    Тешко е со сила да се запишеш на нешто што не ти лежи, дури самата помисла дека треба да одиш на предавања би ти била мизерна, а не пак колоквиуми.
     
  7. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Ќе се сложам со Мишела. Кога идеш на факултет ништо не ти значи тоа што си го донел како предзнаење од средно. Колку и да го знаеш нешто не можеш да се ослониш само на тоа знаење. Јас сум на елетро и тоа од гимназија, од ПМ Б-комбинација (немаше заинтересираност за А, па не се ни оформи, а не сакав уште во средно да учам на страна). И сепак се снајдов одлично, постигнав многу повеќе од што очекував. Имам висок просек, сега аплицирав и за стипендија. Задоволна сум. Имаше многу од ПМА и од стручни средни училишта што не положија скоро ни еден предмет.
     
  8. Justinna

    Justinna Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    29
    Вие кои се рабирате од програмирање и и нформатика кажете ми како можам на презентација на PowerPoint - 2003 последен слајд (slide) да го поврзам со првиот слајд. Се обидвам 3 саати и никако да најдам :$