Елементал (Elemental)

Дискусија во 'Групи и изведувачи' започната од annii, 1 јули 2013.

  1. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.021
    Допаѓања:
    4.524
    Елементал хрватска група, формирана во 1998год., чија музика спаѓа на повеќе жанрови.
    Почетокот е со 3 рап членови кои во 2000та ги објавиле деби албумот "Moj njegov i njen svijet" (Kondorcomm) и "Tempo Velegrada - Demiurg" (Menart).
    Во 2002 год. за издавачката куќа Menart, го објавиле својот албум "Tempo Velegrada/Demiurg".
    После 6 години се јавува групата повторно со изменет состав, кој брои 7 членови со кои и следат нови три албуми "Male Stvari" - 2004год., "Pod pritiskom" (Menart) - 2008год. и "Vertigo" 2010год.
    Во 2005 год. биле номинирани за хрватска дискографска награда "Porin", каде што Реми добила награда за најдобар вокал.
    Имаат вкупно 6 студиски албуми од кои последниот им е од 2013 год.
    Да не трупам небитни информации, членовите и албумите:

    "Moj, njegov i njen svijet", 2000. (Kondorcomm)
    "Tempo Velegrada - Demiurg", 2002. (Menart)
    "Male Stvari", 2004. (Menart)
    "Pod pritiskom", 2008. (Menart)
    "Vertigo", 2010. (Menart)
    "U redu je", 2013. (Menart)

    Вокали:
    Мирела Приселац Реми
    Лука Тралиќ Шот

    Гитара:
    Ерол Зејниловиќ

    Бас:
    Конвард Ловренчиќ

    Клавијатурист:
    Давор Заношки

    Бубњеви:
    Иван Водопијец

    Пратечки вокал:
    Вида Манестар

    Ми се допаѓа музиката, творењето, ја почитувам оргиналноста. Опуштено, со слика за општеството, денешницата.
    Има некој што ги слуша? Некој за дискусија? :)
     
    На КикиМаус и 1209 им се допаѓа ова.
  2. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.023
    Допаѓања:
    3.173
    Ги слушам веќе неколку години, се заразив од песната Из дана у дан, спотот го пуштаа често на МТВ Адриа (или која и да беше). Пред се текстовите се многу реални, Хрватска, Македонија, тука некаде, можеме да се пронајдеме.
    Ги поштувам бидејќи имаат реални, ама не и депресивни песни, колку и да е текстот реален сепак некако звукот целата песна ме тера позитивно.
    Ги обожавам Природа и друштво, Романтика, Вертиго, Малена, Волим Све и секако последната По мојој мери, спотот е склопен во целост да асоцира на текстот.
    Според мене Елементал е еден од најдобрите балкански бендови.
     
  3. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.508
    Енергични, одлични, супер текстови, едноставно визионери за денешново време и инспиративни.
    Реми е лудница на сцена, ја обожавам.
    Мале ствари ми е баш онака по терк.
    Романтика ми е химна.
    Одличен бенд, нека прават музика уште 100 години.
    :)
    http://www.youtube.com/watch?v=3hFdHOR1enc
     
  4. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.021
    Допаѓања:
    4.524
    Во процес сум на преслушување на новиот албум. До пола и ми се допаѓа дотука.
    Иначе на 2ри август ќе настапуваат во Охрид на плажа Немо, па се надевам дека ќе ги слушнам во живо. :)
    Ајт по еден поздрав .. Priroda je lijepa al zajebano drustvo :)
    http://www.youtube.com/watch?v=yGxdakyiGCo
     
  5. Tajnaotrovna

    Tajnaotrovna Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    1.465
    Допаѓања:
    17.436
    Пол:
    Женски

    Имаат баш добри песни.
     
    На КикиМаус му/ѝ се допаѓа ова.