1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Елена Ристеска

Дискусија во 'Групи и изведувачи' започната од Adi888, 15 мај 2011.

  1. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.165
    Допаѓања:
    23.020
    Пол:
    Женски
    Елена Ристеска е македонска пејачка и текстописец. Претставник е на Македонија на изборот на песна за Евровизија за 2006 со песната „Нинанајна“ на Дарко Димитров и Раде Врчаковски.

    Рани години
    Елена Ристеска е родена на 27 април 1986 година во Скопје, Македонија (тогаш СР Македонија во составот на СФР Југославија). Родена е како второ дете во домот на Деса и Ацко Ристески. Таа уште во своите рани години покажала интерес кон музиката и уметноста. Таа своите први чекори во музиката ги прави во раните школски денови. Подоцна се приклучува кон КУД „Кочо Рацин“ во одделот за народни ора и танци. Со ова културно уметничко друштво гостува во неколку европски земји.
    Во 1996 година таа започнува и да пее во училишниот хор. Нејзиното меѓународно претставуваше со хорот било во Бугарија. Во 1998 година таа започнала и со цртање и при тоа се здобила со повеќе награди. Во 2000 година заедно со играорната дружина била на турнеја во Бугарија, Чешка Република и Турција.
    Професионален старт
    Елена официјално позната на Македонската публика и стана со победата на музичкото- реалити шоу - Play- потрага по ѕвезда. Нејзиниот деби сингл „Она Другото“ станува инстантен хит во Македонија, а како резултат на тоа произлегува нејзиниот деби албум насловен како „Ден и Ноќ“. Албумот вклучува неколку песни кои истотака станубаат успешни хитови во Македонија и соседните земји. Ристеска освен како пејач се покажува и како текстописец и пишува за ѕвезди како 4Плеј, Ламбе Алабаковски, Александра Пилева, Маја Саздановска, Роберт Билбилов, Верица Пандиловска и др.
    Заедно со големиот успех на нејзиниот деби албум, Елена почнува да се промовира и надвор од Македонија. Во 2004 година таа учествува на „Голден Стаг“ фестивалот во Романија, а во 2005 година со нејзиниот хит „Ни на небо, ни на земја“ се претставува на Сунчане Скале во Херцег Нови. Нејзините видеа често време беа вртени по МТВ Адриа, а со тоа нејзината популарност се повеќе се зголемува.
    Евровизија 2006
    На 4 март, 2006, Елена Ристеска победува на македонскиот „Избор на песна за Евровизија“ со песната „Нинанајна“. Со извојуваната победа таа го добива правото да ја претставува Македонија на финалниот избор на „Евросонг 2006“ во Атина, Грција. Во Атина успева да биде една од десетте изведувачи во полуфиналето (18 март, 2006) кои обезбедуаваат пласман на финалната манифестација. Во финалето одржано на 20 март, 2006, Елена добива 56 поени и го освојува 12-то место, а тоа претставува најдовриот пласман за Македонија на Евровизија до сега.
    По Евровизија - 2007
    Во Јули 2006, Елена настапува со песната „Не Могу“ (на Српски) на Сунчане Скале. Песната е дело на Калиопи и Дарко Димитров. На крајот завршува на 10 место. Истата година во Септември патува за Ереван, Ерменија да присуствува како гостин на концертот на претставникот на Ерменија на Евровизија 2006 Андре. Таа е добро пречекана од публиката во Ерменија што е и очекувано затоа што „Нинанајна“ станува летен хит и популарен рингтон таму. Во Октомври таа реализира нов сингл насловен како „Есен Во Мене“. Песната е дело на Дарко Димитров.
    После нејзините безбројни хитови во претходната година, вториот албум на Елена насловен како 192 е реализиран во Декември 2006. Албумот ги содржи „Нинанајна“, „Есен Во Мене“, Македонската верзија на „Не Могу“ насловена како „Не Можам“ и нов материјал.
    Во 2007 таа зема дел во Скопје Фест 2007, но сега не како натпреварувач туку како специјален гостин и автор на текстот на „Бело е се“ песната на Ламбе Алабаковски. На Евровизија 2007 таа ги презентираше гласовите од Македонскиот телевотинг во финалната вечер.
    Елена учествува на Српскиот Радијски Фестивал на 15 Декември, 2007 изведувајќи ја песната „Кревета Два“ или Српската верзија на нејзината песна „Има Ли Крај“. Елена завршува на второто место кое го дели со нејзината колешка и идол Каролина Гочева. Елена истотака добива и уште две награди, една за најдобра интерпретација, а другата од Радио ОСМ Пале. Кон крајот на 2007 година таа ја реализира и Српската верзија на албумот 192, насловена како „Милионер“.
    Од 2008
    За Елена Ристеска 2008 година започнува професионално. Таа го реализира првиот самостоен сингл на англиски јазик и тоа со видеоклип. Тоа е за песната насловена како „Million Dollar Player“ (или англиската верзија на „Милионер“). Видеото е продукција на „Corrino Media Group“, а режисер на видеото е Мајк Статик. Покрај Елена во видеото се појавува и Лирој Чемберс кој всушност е и автор на текстот за оваа песна.
    После тоа Елена се навраќа на некои постари проекти. Таа снима видео за песната „Некаде Далеку“ од албумот 192. Покрај Македонската верзија таа снима видео и за српската верзија која е насловена како „Bye bye“ и дел од албумот „Милионер“. Режисер на видеото е Александар Ристовски - Принц. Во меѓувреме снима нова песна, односно дует со групата „Паркети“ под насловот „Сакам да те галам“ која истотака се здобива со видео реализација.
    На 19 Декември таа го одржува и нејзиниот прв солистички концерт. Одржан е во „Метрополис Арена“. На концертот како гости се појавија Ламбе Алабаковски, Туна, Паркети како и Босанскиот бенд „Регина“ со кои што Елена има дует.
    На почетокот на 2009 таа снима спот за песната „Усни како темно мастило“. Воедно тоа е и последниот проект за кој е предвидена реализација од албумот 192

    Албуми
    И јас сакам да бидам ѕвезда (2002)
    Ден и ноќ (2003)
    192 (2006)
    Милионер (2008)
    [уреди]
     

    Прикачени фајлови:

    • 4412160-lg.jpg
      4412160-lg.jpg
      Големина на фајлот:
      295,3 KB
      Прегледи:
      1.330
    На mileystar му/ѝ се допаѓа ова.
  2. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    На Adi888 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.546
    Порано ја слушав ама сега не баш :)
     
  4. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    Многу е лигава во последно време, порано ми беше симпатична. Девојката со чорапчињата :D али сега нешто сака да експериментира, се прави со сила интересна, се лигави....уф. Имам 2-3 нејзини песни што стварно ги сакам. "А можевме" е една од нив, исто и "Кревета два" (вака мислам се викаше) ја сакам и слушам....сигурно има уште некоја ама не ми текнува.
    Најчесто ми е многу убаво облечена и средена и сакам да ја гледам, ама неможам да ја слушам коа збори од што е лигава.
    Последнава песна Доста ми е мнооогу антипатична, не ја можам
     
  5. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    Многу ја сакав порано, дури и нејзиниот прв албум го купив оригинал и и ги знаев сите песни на памет. Баш ми беше симпатична. Само што не ми е јасно зошто во буквално секоја песна мора да има завивања од типот на: оууу - ууоууу - аааа - јеее - еее - оу уоу ууу... |( Ама баш во секоја нејзина песна!

    Има неколку песни што многу ми се допаѓаат, меѓу нив и
    http://www.youtube.com/watch?v=f2cGixlqLHk
    http://www.youtube.com/watch?v=E_5bEg9PWEk

    И „Прости ми за се“ ама не можев да ја најдам на YouTube :)
     
  6. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.165
    Допаѓања:
    23.020
    Пол:
    Женски
    Јас ја обожавам :inlove: :)
     

    Прикачени фајлови:

    На mileystar и ElenaRisteska им се допаѓа ова.
  7. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.165
    Допаѓања:
    23.020
    Пол:
    Женски
    :inlove:
     

    Прикачени фајлови:

  8. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.165
    Допаѓања:
    23.020
    Пол:
    Женски
    малце и се гледат гаќичките на 3 слика али нема веза :lol:
     

    Прикачени фајлови:

  9. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.165
    Допаѓања:
    23.020
    Пол:
    Женски
    :) :inlove:
     

    Прикачени фајлови:

  10. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Cимпатична е-не велам не,само што знам ми се чини дека и не се труди многу околу музиката :worried: Oваа песнава доста-ми е најглупава нејзина песна :|
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ivu4

    Ivu4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    41
    Супер песни има Еленчето ;) :clap:
     
  12. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    Ја следам Елена уште во времето кога се пријави во Play- потрага по ѕвезди, уште од тогаш ми се допадна (со чорапчињата кои беа нејзин заштитен знак) и ми се допадна како пее!
    Ми беше фаворит ;)
    Мене ми е ептен секси, спотовите исто така ми се интересни за гледање, а и многу нејзини песни ми се омилени!
    Не ми се допадна кога беше гостинка во една дискотека што многу го ,,малтретираше,, народот, демек пеј со мене или ќе те срамам пред цела дскотека :puke: Безвезе беше ептен! :fubar:
    А инаку омилени нејзини песни ми се:

    http://www.youtube.com/watch?v=RRAwcJ_H ... re=related
    http://www.youtube.com/watch?v=vnwFeKob ... re=related
     
  13. stilas7

    stilas7 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.050
    Допаѓања:
    694
    Пол:
    Женски
    воопшто не ја "обичам"сори за сите кои имаат спротивно мислење од моето,ама навистина не ми се допаѓа едноставно не ми влече ништо мило за неа,повеќе ја почитувам каролина гочева.
     
    На interesna му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Изгледа прекрасно, убаво пее, секогаш средена, скоцкана, дали била лигла или не, многу ми е гајле, девојката е празник за очите.
    Во живо ја имам видено и е бајаги поситна отколку на тв.
    И песните не и се лоши, оваа Доста е малку глупава, останатите се ок.
    Девојката ако ништо друго е страшно секси, секако многу подобра од остатокот што се нуди по тв каналите. |(
    Омилени песни ми се Ни на небо, ни на земја, Ден и Ноќ, Во твојот свет, и ми се допадна преработката со Регина - Љубав није за нас.
     
  15. SaIvnjaann

    SaIvnjaann Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2011
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    458
    Ја почитувам музиката на Елена, ми се допаѓа премногу само ме нервира по малку нејзиното однесување се прави многу важна и дигната, инаку песните и гласот и се Топ :clap: !
     
  16. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.023
    Ја сакам Елена убави песни има само мнооогу споро издава албуми, вториот т.е. последниот искочи во 2005. И од тогаш се вади со по некоја песничка во годината. Иначе изгледа топ кукла е.

    Ја обожавам песнава што и е дует со Роберт Билбилов

    http://www.youtube.com/watch?v=lLDMrdDpbyA

    а и оваа со Паркети

    http://www.youtube.com/watch?v=Q3I2W4cyggc

    еве кој ја нема слушнато англиската верзија на Милионер и спотот ми е светски

    http://www.youtube.com/watch?v=JFd2cxJOj5c
     
  17. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    Долго време не сум ја слушнала, инаку речиси сите нејзини песни ги сакам.
    Од почетокот ја слушав, "Нe сакам да кријам", "Ден и ноќ", "Рај и пекол", тоа со Паркети, и другата-"Љубав није за нас", "А можевме"... хмм... "Она другото"-многу ми се допаѓаше таа песна тогаш.
     
  18. Seznajka2

    Seznajka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    119
    Dosta.... :inlove: :inlove: :inlove:
     
    На ElenaRisteska му/ѝ се допаѓа ова.
  19. MissCupcake

    MissCupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    263
    Симпатична е,но во последно време многу ме нервира кога почна Елена „рокерката“ со доста,а песната не е ни приближно до рок. Инаку мене од нејзе единствена песна што ми се допаѓа е „А можевме“ :)
     
  20. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Не ја сакам, не можам да и ги слушам интервјуата, не знам дали намерно е, дел од улогата да го глуми тоа „не знам што се случува“, али страшно ниско ниво на.. ајде не е битно.
    Но, така некако ми делува.
    Ако е глума тоа како дел од Е.Р. пакетот, нека и го сменат.
    Гласот, пискањето дур збори, обид да каже нешто со интелегентни зборови, па се заплеткува, дрн мрн, напред-назад, вртење очи, шмукување ваздух на микрофон дур да каже.
    ЈОК!
    Елено моме не можам.
    Прости ми :(

    Омилена песна... со Регина, Љубав није за нас.. епа није, дабоме није :wasntme:
     
    На kate-the-great му/ѝ се допаѓа ова.