Една од подобрите на нашата естрада.Слатка е,згодна,убаво се облекува Иначе моја омилена песна ми е http://www.youtube.com/watch?v=kKbg8o3E ... detailpage И ова ми е фаца со нашите Битолчанчина http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... ZO_Z0GbAI8
Никогаш не сум ја слушала претерано многу. Секогаш сум се држела до песните што ми се допаѓаат од неа. Има добар глас (еднаш бев и на нејзина свирка во живо) и ми се допадна (изведбите, темпераментот-до душа малку несериозно и нестабилно ми изгледаше, ама можеби пред тоа пиела нешто што не е безалкохолно , контактот со публиката). За убавината, тврдам дека е (доказ: дури и календарче-2011 си имам од неа ). Омилена песна од Елена - апсолутно Некаде далеку. http://www.youtube.com/watch?v=ypx_JfEXzEQ
Елена има убав глас, али многу е дигната... Лета во облаци... Треба малку да се спушти на земја и ке биде "комплетна"
Леле колку ми е лигава оваа Елена Ристеска па нема ни некои песни којзнае какви и не знам што толку сите убава била, па не е некоја расна лепотица онака просечна е на изглед а богами и како што се здебели...
ее на времето кога одеше со мој комшија секој ден ја гледав не ми е нешто посебна али од македонската естрада, според мене најдобра е
Елена за мене е наша најубава пејачка. Сепак Жално што ептен се лигави,дури до таа мера што неможам интервју до крај да и изгледам Со тек на годините и нејзината слава се повеќе и повеќе летнува во облаци. Ако не беше таква ќе беше the best -во Македонија. Глас има, иако не премногу моќен,а песни тука -таму.Како да шара низ стиловите и никако да се пронајде. Омилена ми е-Усни како темно мастило http://www.youtube.com/watch?v=BpjPkG0thX8
немам некое нај нај мислење за Елена пред се ми е многу лигава, ми делува дигнато. Имам слушано неколку песни не сум нејзин фан и не ја следам нејзината кариера. ок морам да признам дека на почетокот кога излезе беше слатка мала девојка која знаеше да привлече, сега како се дига со славата ми се се по антипатична.
Сит песни на ДАрко димитвов му се по тој шаблон, а и сите м2 звезди ги направи по тој калам-Да завиваат И мене кога се појави ми беше топ, но одкако ја видов лично и перонално на сминање на Вртечешка, не само што е целата вештачка туку и глас лошо. каролина исто беше во истата емисија, кога требаше да испает по една песна и двете, е те како се виде кој има глас. НИ Каролчето не би баш нај, но за глас не наежи сите. елена просечено девојче, сипатично, со професионална шминка ја прават WOW, а глас-средно жалосно. јака работа е тоа плеј бек.
Исто и мене на почетокот на нејзината кариера ми се допаѓаше, иако на м2 изборот небеше мој фаворит. Првиот албум го купив, и постојано во системот ми стоеше тоа цд, и после школо (бев основно) си пеев нејзини песни и ден денес и ги знам тие од првиот албум. Ама некако со текот на времево ми се губи во простор девојкава, се замисли дека е некоја светска дива, па си фура светско понашање, бајаги летна во облаците. За глас нема, последниве 3 години малку се подобри, барем ги додржува фразите, со шкрипења и украси ама колку толку, од почетокот па се до пред 3 години звучеше ужасно, и логично беше што и немаше концерти и настапи во живо. Паметам првиот концерт на м2(беше почетокот и на нејзината кариера, во универзална), беа скоро сите нивни екслузивци, и Елена супер скоцкана, ја пееше ден и ноќ, и се фрапирав кога видов како Пилева искочи да и ги испее високите делови на сред песна, а Елена џускаше до неа...Тоа ми немаше врска, сепак таа беше победникот, срамота беше тоа... Сега после толку часови по пеење логично беше да мрдне колку толку, ма да се куражи и пее страшно тешки песни или песни што воопшто не и лежат и ги уништува, (пример ми беше тој концертот летото со народни песни во Охрид), ја гледав снимката и се крстев... Како и да е, факт е дека ја направи Иво човек, не би зборела некои приватни работи, и покрај антиталентот за пеење, мене ми е многу убава девојка, штета што е во тежок филм кој ја прави антипатична за гледање, штета што и покрај скоро 10 години на сцената не научи да се однесува ни пред камери, ни со позите, многу ми е вештачка ,наместо да остане природна... Најголема заслуга за ова каде е сега имаат Иво и Дарко нека не заборава, се е благодарение на нивните врски и контакти и јаките песнички што и ги даваат, а она освен лепотата друго ништо не прикажува, штета.. Ѕвезда со едвај еден скрпен концерт во метрополис за време од 10 години постоење на естрадата, не е ѕвезда, според мене..
Кога се појави многу и ги сакав песните ама некако ми делуваше многу дигнато и вештачко и не ми се допаѓаше многу многу поради тоа, инаку девојката прекрасно изгледаше и тогаш, а сега уште повеќе. Мислењето ми се смени одкако ја запознав, таа дигната личност од тв екраните е всушност прекрасна дружељубива личност, знае да се нашали и на сопствена сметка, многу е харизматична и сметам дека секој би се воодушевил кога би ја запознал лично. Јас бев скептична во врска со тоа искрено се плашев да бидам со неа во друштво си мислев дека ќе биде арогантна и непријатна за дружба но излезе сосема спротивното и многу подобро одколку што мислев. Секогаш е насмеана и расположена, има некоја голема добрина во неа. Од нејзините песни најмногу ми се допаѓаат Есен во мене, Рај и пекол, А можевме, Усни како темно мастило, Кревета два... Елена си е топ
Мене Елена воопшто не ми е добра пејачка и воопшто не ми има моќен глас. Уствари на почетокот каков и беше...добар е сега, премија Кога ја слушам исто како жаба да слушам! Простете вие што ја сакате, мое мислење си е ова А башка, се сеќавате ли кога изгуби глас на евровизија? Ја снема... А како личност појма немам каква е. Во живо сум ја видела, не е лоша, ама не е ни како што е на телевизија кога ќе ја скоцкаат. И многу е ниска. А за убави песни што е право право е ги има неколку. Есен во мене, усни како темно мастило, а можевме, на други не ми текнува моментално, не сум ја слушала 100 години. Има и некои не убави, ама интересни. Како и да е, си се пробива девојката некако, веројатно со тоа што е добра за гледање. Јас во секој случај и посакувам се најубаво и уште многу албуми