Свадбата во Александар Палас. И да, искрено мислев ќе куртули од погача и вртење орца пред зграда бе.
Aу Tина не ја познав, ама ослабела, се разубавела, ајде да чекаме и 2ра свадба нејзина, нели има еден брак зад себе. Tоа тортата кој знае што пари е, огромна е на олкаа
Не е трудна. Свадбата беше во Палас, смени 2 фустани и чевли Туна се претепа за бидермаерот кутрата, а штета што нема целосна слика да ја видите, носеше вакви чевли Тортата беше наубавата што ја имам видено, а богами и пробано По невеста беа многу малку луѓе, само најблиските можеби и затоа ви изгледа невесело, несакале да прават нешто поголемо од тоа. Додека пак во Палас беше навистина прекрасно, весело, сите на нозе, одлична музика и се што треба
Мене Елена ми беше прекрасна. Не знам како било во ресторан, колку гости имале, ама ова земањето на невестава некако слабо ми изгледаше. Па кај мене во комшилук кога се прави свадба, кога ќе дојдат сватови бре со триесет коли, музика ечи на сите страни, па овие не ја даваат, па овие на сила ќе ја земаат, па стави и пари во штиклата и такви ми ти работи... Кога веќе решиле да ја прават традиционална свадбата, барем да ја направеле ко што треба. Некако штуро ми изгледаше, двајца без тројца. Башка одма ја дадоа невестава Ич не му ја мислеа Инаку, пошто прочитав дека веќе се венчале во црква и направиле мала церемонија, мислев дека ова во Палас ќе биде само прослава, а не дека вака со погачи и бовчи ќе ја земаат.
Јас Туна тука ја забележувам со овие златни чевли. Ок, може сменила 2 пара. Убава, ама многу ослабела, во фацката ми беше непрепознатлива. Кои А2 папарацо, ние сме папарацо! И таа снимката, веќе кога гледаш дека имаш дозвола да фатиш убави кадри, никој не те брка, ниту задева, што ја тресеш камерата? Толку непрофесионално и аматерски.
Бев Да Трендафилка тие чевли ги носеше, едвај се движеше не ја видов да заигра А за убава убава беше, башка и фустанот Леџер
Не ми е нешто посебно, лошо ми е нашминкана, како сама да се нашлапала пред излегување Убава е, само можела многу подобро, од популарните секогаш очекуваме повеќе...Невестилникот така-така... А оваа Туна зошто е толку популарна? Има песни, новости, искрено не знам, ја памтам пред многу год. кога се појави на почеток со некоја песна и од тогаш ништо не знам за неа а гледам често се коментира...Не ми се допаѓа црвениот фустан ама ич, а тие на нозе бетер...
Ова земањето од дома е направено колку да се испоштува традицијата. Мајка му на Бојан од увек не сакала вакви работи, се превртев од столче кога ја видов со погачата. А Елена ми е убава. Со тоа што фустаните воопшто не се по мој вкус. Шминката е ок, се држела до класика. Фаворит ми е тортата.
Црвениот фустан нема врска со свадбата, јас го постирав зашто од таму се златните чевли кои ги носела, поубаво да се видат. А тој фустан што го носела е убав, многу ми се допаѓа. Богами Туна е популарна. Посебно во Албанија, Косово, Швајцарија и останати државички каде што има многу албанци. Од таму зема бајаги пари, има многу албуми, настапи, песни. Лани или полани го отвори концертот на Снуп Дог во Косово. Виде дека тука нема паричка, па се преориентира кон другите пазари.
Ни мене не ми се нешто по кеиф фустаните, но ствар на вкус нели. Чевличките и се интересни, шминката ми се свиѓа, тортата исто така. Дајте уште слики ако имате
Фустанот што го носи во салата е прекрасен, далеку поубав од првиот. :up: За тортата немам зборови, прав спектакал, гламурозно, богато
Дај ставете слики, гледам сите коменитрате а слики нема добро има неколку ама нит шминка се познава таму, ниту пак убаво фустанот
Сите македонски пејачки си ги сакам секогаш имаат тие најголема предност сега има некои кои не не заслужуваат да запејат,ама имаат грб и нивната сатисфакција е доловена. Елена Ристевска ми е слатка,многу слатка добар вокал е и затоа ја слушам
Мене па ми се допаѓа што не се правеле церемонии за зимање на невестата. И јас сакам само најблиските да ми дојдат дома, а не да правам гунгули и закочување на сообраќај, па да се туфкам што и како. Колку луѓе ќе дојдат дома, па да им спремам ордевери и печења, наместо јас и мојата фамилија раат да си одмориме и да си се спремаме за прослава. Ми се допаѓа тоа што скромно и било земањето. Татко и- душа, се расплакал човекот. Инаку, ми се допаѓа и венчаницата и шминката и чевлите и бидермаерот. Си држела до своето. Природно изгледа и ми е многу убава. Кога сме кај Туна, однесувањето на страна, ама мене секогаш ми се допаѓала како знае да се стегне и скоцка Честитки за Елена.... P.S. Мимс, дај бе мести го деверчево- многу ми е симпатичен