Леле, на сите ви се допаѓа овој грофот, мене па и скоро ич. Не ми е убав некако, што знам. Али оваа Елиза, леле мајче , многу ми е убава бе, преубава! Очите, косата, ептен, ептен! Не ми текнува сега, али мислам дека немам видено поубава актерка општо земено од сите серии што сум ги пратела.
ОЗБИЛНО???? кај го прочита тоа, вистина ли е????? не ме радуј за џабе не сум слушнала, кога и каде слушнавте???? ако е вистина пресреќна сум Секој со своето мислење...Мене ми е најомилен, ама стварно најомилен Ниеден глумец досега не ми го заматил толку умот
Грофот е закон бре најубавиот човек до сега во филм што сум го видела со харизма со шарм очи ми течат по човечето се заљубив во него на првпоглед и со душа чекам да почне пак. Сигурно дека ќе ми се допаѓа тој него ли оној Џемил хах што беше прост и заникаде можело на толку убави глумци што има низ турските серии да најделе некој закон а не овој шутрак и кога гледав сите кога го гледат леле херој ваков таков па на таков ли да се угледувам каков беше банален, силеџија, простак ма грофот Фабрицио е бог за него
Убо е шо ќе ја дадат пак, не е баш интересно напола да остане човек со приказнава.Интересен ми беше Џулио, шо шармантен човек си беше, си умре, сеа без него серијава ќе врви.Маргарита и таа интересна со специфичната капа на глава мож така носеле тогаш, ама смешно делува Анџело и тој убаво човече да си бил, само некако многу непријателски е настроен према грофов, тие документи сета работа ја пореметија.А грофот, глумецот де, си кажав за него, шо ми се допаѓа бре и тој ко што читам во темава ќе умре, ќе замине од серијата колку си е стабилен, си ја сакат Елиза, не го интересира другите што мислат, тоа ми се допаѓа, знам дека тогаш поинаку било со сталежите, ама да си остане на своето без разлика на се, тоа е карактер.Значит, се на се што ми се допаѓат серијава, е и плус тоа што премногу живописно, преку глумава ги имаат доловено доста добро самите ликови, амбиентот, се.Тоа е она што ме влече серијава да ја гледам, не е туку така направена, како ради реда, за разлика од Тудорите, серија која престанав да ја гледам поради површноста во однос на ликовите, се по ред, нема автентичност во таа серија.Се надевам ќе ја дадат серијава Елиза, комплет, не на делови, една сезона, па една после една година него да има барем некаков распоред, оти инаку ќе мора човек на јутјуб да ја гледа. Ете така, кажав што имав да кажам
Ligavka си се најдовме јас и ти, големи обожавателки на Фабрицио хехе И јас се топам кога ќе го видам, значи екстремно си го обожавам хахаха а кога ти го прочитав она за Џемил во коментарот се изнасмеав, нема место за споредба Еве ви едно поздравче за сите мои истомисленички што се занесени по Фабрицио
Мислам но комент би се омажила без размислување мммм го обожавам Someonespecial, ти , јас и Gordana сме му најголемите обожавателќи
http://www.youtube.com/watch?v=t3BAsX1yZqY Песната неможам да престанам да ја слушам, максимално сум внесена во видеото мислам јас сум Елиза.
Ај пак јас да коментирам тука.... Прекрасно е и видеото и песната...(aма Фабрицио е најпрекрасен ) Ligavka, мораме да си признаеме дека „малце“ и завидуваме на Елиза Eве уште нешто http://www.youtube.com/watch?v=TSgH2VAH6Fw it's true, he's simply the best
http://www.youtube.com/watch?v=45T8J6o34rU Супер у недела не мрдам никаде пред тв и вe поздравувам до тогаш со песнава
Ако е во недела, обавезно гледам, немат шанси да ја пропуштам серијава.Баш ме интересира каква ќе биде понатаму од онаму каде заврши
Во недела ќе се даваат две епизоди одеднаш, а би требало секоја сабота и недела да се даваат по две епизоди.
Значит таа ја Лукреција, како го обвини Фабрицио шо ѓаол ќе да беше Ама колку некако се слатки Фабрицио и Елиза, ептен се такви, многу си одговараат како пар двајцата, глумците де А детенцето Мартино, многу ми е слатко, душиче, ко ангелче е па уште се прави важно Серијава значит ептен ја засакав, па и шо убави места имаат Италијанциве Убавини