Леле бе колку ја сакам серијава, неверојатно нешто Најомилена ми е од сите серии што досега сум ги гледала Интересно дејство, живописни пејсажи, прекрасна природа, костимографија... А овој Фабрицио, леле бе, зарем е можно толку да е преубав, толку да е совршен.. Што да ви кажувам, празник за очи ми е...абе знаете колку си го обожавам Досега илјадници серии и филмови сум гледала ама толку убав човек, толку да ми остави впечаток, не сум видела...Aма се нервирав како неправедно го обвинија... И така сега серијава ја даваат на викенд, по 2 епизоди одеднаш Супер е што спојуваат 2 епизоди, абе серијава цел ден би ја гледала, ама малце ми смета што сега ќе гледам 2 дена по ред а после цели 5 дена треба да чекам до новата епизода... Али ај, ќе се издржи..
Someonespecial и мене ме нервира што ми го обвинија муж ми али ту је шта је пак ке излезе сигурна сум од таму, друго исто 2 дена ќе го гледам 5 ќе сум во исчекување инетрпение али за Фабрицио , се исплаќа бре јас до сега чекав да го продолжат ќе чекам и 5 дена но проблем али од како го видов денеска абе душава ми се исполни лицево ми огреа човекот го обожавам .. Онаа маркизата огин да ја гори али правдата ќе ја стигне!!Иии да, да се вратам јас пак на Фабрицио, со тие сини очи кога ќе погледне како меч во срце прво да ми влегува мммммммм One and only, simply THE BEST !
Сосема си во право, за Фабрицио вреди да се чека Хахаха исти сме си, да ме видеше мене вчера, цело време чекав да дојде 7 саат да гледам, oткако го видов, лелеее се стопив бе... I adore him to infinity and beyond, the best of the best е човекот awwwwwwwwww види го бе лелеееее (за очите немам коментар...) п.с. Ligavka почни пак почесто да пишуваш, не е интересно без тебе...
Кралот ама ми беше смешен ко му рече на грофот Фабрицио “ браво грофе успеавте да ја одбраните вашата титула, а тука е и жената која ја сакате, сега сте заедно...“ како се однесуваше спрема нив А каков карактер има Елиза, цврст, храбар, решителен, алал да и е, тоа ми се допаѓа кај било кој човек Па јас ама ја загледав серијава ептен концентрирано
Значи за џабе ги искритикував канал 5...сега баш во добар термин ја дадоа серијава и не пропуштам ни секунда Уште да им текнеше да ја укинат синхронизацијата и да го слушаме прекрасниот италијански јазик... ама ај, ќе пројде и тоа Последниве 2 епизоди, колку беа напнати, ауууу... Колку сум внесена во серијава и колку го обожавам Фабрицио ..., абе мислам дека мене повеќе ми беше жал и повеќе се плашев за него отколку Елиза А вчера колку бев среќна кога го спасија Знам дека се повторувам по не знам кој пат ама морам пак да си кажам, не памтам...абе не само што не памтам туку сигурна сум дека досега никогаш не сум се занела толку по некој глумец... Ај што е преубав, па уште и предобар лик, колку е праведен, храбар, леле бе... Слаба точка ми е, не можам да ви опишам колку го обожавам !
Да,само сабота и недела ја даваат јас би сакала секој ден, ама тоа е А да можат да ја дадат наеднаш цела во еден ден, уште подобро
лелееее девојки не ми се верува, утре најтажната епизода... зашто вака бе????? мнооооогу ми е жал http://www.youtube.com/watch?v=g5GVprvhvOc
Ами шо ќе биди со Елиза, откако ќе умре Фабрицио? :geek: Друг маж ќе си најди Баш ме интересира како ќе биде понатаму, а и со Мартино што ќе биде, тоа детенцето ама ми е слатко, душиче е Ама ми се допаѓа што не е по таа тематика, како останале до крај заедно и среќно живееле, туку пореално. Оти и не секогаш во реалноста е се како што треба.Се мислам дека ќе биде поинтересна со следниве епизоди, незнам што ќе се случува, но се така ми делува
Јас ја гледам серијава од првата епизода затоа што не е секојдневен филм едноставно ми го привлече вниманието.Сега го даваат филмов 2 саати од 7 до 9 па знае и да ми здосади.Малку го гледав и на јутјуб да видам што како ќе се случува.Вечер ќе го гледам да видам дали грофов ќе умре или не.
Значи едвај се одлучив да ја гледам епизодава вчера...и што да ви кажувам, срцето ми се скрши бе, не можам да ви опишам колку ми е жал Стварно нема смисла бе, колку си го обожавав, колку прекрасен лик беше бaш најомилениот лик во сите серии што сум ги гледала досега мораше да умре, па стварно не е ферррр Можеби ќе продолжам да ја гледам серијава, не знам, ама секако нема да ми биде толку омилена и посебна без Фабрицио...човекот стварно ми беше one and only, незаменлив премногу ќе ми фали
аиииии хехехе специјално за мене ама за жал касно почна да ја гледаш душо, веќе ни го утепаа Фабрицио...
јас решив уште вечерва да ја гледам, па за натаму ќе видиме, но без Фабрицио ,омилен лик ми беша тој и кралот(оној стариот што беше)