Moжете да си замислите како квалитетно се изнаплакав на последниве две епизоди... можеби ќе ми се смеете ама на ниеден филм или серија не сум плачела толку А иначе не сум некоја плачка кога се работи за серии и филмови , ама имам кажано многу пати дека досега не сум сакала ниеден лик од ниеден филм или серија како што си го сакав Фабрицио Продолжив да ја гледам серијата само затоа што многу ја сакам Италија и многу сакам историски серии ама без него не е иста
Ме воодушеви серијава, дефинитивно, но уште повеќе со овие епизоди што ги даваат сега, некако поинаков сјај да речам и даваат на серијава.Интересно што Елиза пак ја сретна помошничката на Лукреција во Неапол, а и капетанот, баш е убав а ќерката на Елиза, срце, многу е слатка, со виткана една убава коса Уште поинтересна ми е серијава сега
Не знам, јас ги фаќам само репризите што се насабајле, ќе ми каже некој точен термин кога се премиерите!? Инаку многуу ми е жал за Фабрициоо!!
Зарем даваат репризи на Елиза? Незнаев Ама добро, знам што биднало, шо ќе гледам пак реприза Инаку само сабота и недела ги даваат премиерите од 7 до 9 вечерта, ја имат серијава.
Признавам, и капетанот е многу убав кај ги наоѓаат такви лепотани... абе од Италијанциве нема поубави луѓе... Ама јас си останувам доследна на тоа дека Фабрицио беше најубав (барем според мое мислење)
Пак стана интересна серијава, иако Фабрицио ептен фали не можев да престанам да ја гледам ама сега не сум толку занесена по серијата, како претходно што едвај чекав да дојде следната епизода... Сега да речам понеутрално ја гледам, без занесување П.С. Убавините на Италија што ги покажуваат ме оставаат без зборови...
И јас така спешал Сега малку ми се свиѓа капетанот но синоќа неможев да ја гледам и не сватив што е целта на неговиот лик?? Што бара??
Па тој изгледа ќе биде со Елиза...а ни јас уште не сфатив што бара.. Ќе се открие овие епизоди И мене ми се свиѓа, не дека не, ама Фабрицио ми е незаменлив...некако посебна харизма имаше...
Е да убав е капетанот,а и некако ми е смешен.Некако не сум сигурна дека е само капетан, чим нешто бара кај баронот, иако се преправа дека е археолог, се мислам дека капетанов потекнува од богато семејство, само овој баронов како да му има преземено нешто што е негово, оти Кристијан ( капетанот) бар така мислам се вика, се некакви сеќавања има, па и кај тоа дрвото одеше, каде има нешто врежано. Претпоставувам дека е така.Смешен ми беше кога ги чистеше со погрешна алатка пронајдените предмети. Мислам дека ја сака Елиза, незнам.А и Лукреција пак се појави во серијава, се само се обидува да биде покрај баронот.И мислам дека еден од браќава Бенак, оној со плавите очи, мислам дека и воопшто не се сменил, има некоја тактика, само се преправа, барем така мене ми изгледа.Инаку незнам што ќе биде со капетанот, оти нели после серијава продолжува со ќерка и на Елиза.
Ах незнам дали ќе ја спасат Ривомброза.Испадна дека баронот немал баш добри намери према Елиза, а и мислев дека Кристијан ќе и поверува на Лукреција, ама паметен си излезе чоекот си ја сака Елиза, џабе не е постојано околу неа Ама изгледа Амелија ја уби некој омилен и мил лик ми беше покрај другиве од серијава, а ќерка и на Елиза ја киднапираа изгледа, оти нели Амелија ја бараше...Мож па Елиза ќе си биде со капетанот, незнам.А и којзнае како ќе ја спасат Ривомброза, со оној еден од браќана Бенак шо е, очигледно сака да си биде гроф на Ривомброза.
Не знам ни јас дали ќе ја спасат Ривомброза, ама читав нешто и колку што разбрав Спојлер Елиза и Кристијан ќе бидат заедно и во третата сезона нели ќе скокнат 20тина години и главен лик ќе биде ќерката на Елиза е оти така бе? Имаш реприза во 13:10 A наредната сабота ќе те потсетам во лп