Доколку би требале да избереме една од овие продавници за козметика која би ја избрале вие и зошто? Јас би се мислела меѓу Еликсер и dm. Би избрала dm бидејки може да се најдат прозиводи и за убавина,домаќинство,бебиња-деца,органски производи.Единствено што не ми се допаѓа во dm се вработените (има некој исклучоци). Реков дека би се мислела и меѓу Еликсер бидејки има и прозиводи кои може да се најдат и во dm (како проиводите на Catrice,Max factor итн),но има и од оние по познати марки како Gucci,Lacoste,Boss,Victoria Secret.Доколку би правела разлика и меѓу вработените,во Еликсер (бар според мене) се многу по услужливи,фини. Космо ми е онака,има доста избор од различни козметички прозиводи но е некако многу по скапо. Што би избрале вие? dm,Еликсер или Космо? Се надевам темава ја сместив во соодветната категорија
Мене најмногу ми се свиѓаат попустите во Космо, производите тогаш може да се најдат за доста пониска цена отколку во другите две. Исто и имаат најголем избор на козметика. Моја замерка е што немаат многу продавници и некако ми се отпатни. Во Еликсир имаат помал избор на козметика и попустите им се на многу малку производи. Од друга страна пак само таму може да се најдат производи на Есенс по 85 ден. што инаку би требало да биде така и во другите бидејќи тоа се колекции што нема да ги има веќе. И позитивно е достапноста. Во ДМ купувам често бидејќи има марки што ги нема во другите и изборот на производи е голем. Само што некогаш производите кога им се на попуст се колку секојдневната цена на друго место. А и не се чувствувам пријатно кога купувам таму со обезбедувањето што ми виси над глава додека клечам да пробам тестери.
Во ДМ доаѓаат насекое небаре ќе се кради нешто. Гледав моливчиња за веѓи и една до мене цело време ,и и реков Не се плаши не крадам,и не планирам да се нашминкам ,ќе си го земам за дома Постои уште малку и си замина ,јас си зедов тоа што ми се допадна си платив и заминав насмеана дека така и реков ,ќе ме памти итоа како ко ќе застани до друг да не и биди исто речено За другите немам збор.
Во ДМ купувам најчесто. Некако ми се најокеј средени штандовите за шминки за разлика од Космо каде се само наредени на иста полица и нема никаква прегледност. Во еликсир скоро и не влегувам. Што се однесува до обезедувањето во ДМ, стварно ми смета тоа што одат по мене цело време. Колку и да разбирам дека пазат да не се краде, стварно ми смета тоа што ме набљудува некој постојано. Затоа и избегнувам да купувам во ДМ во Капиштец иако ми во двор шо се вика.
Па затоа ,крајно е непријатно,да сакаш да разгледуваш повеќе време некако како над глава да се,и ајде побрзо времето истекува .... нез не можам и ја така да ми стое некој до мене цело време..
Леле колку ме нервираат у ДМ лелеее... Јас си гледам тогаш кармин еден барав и клекнав доле така секад правам боље ми е и ми доаѓа тој и до мене стои и многу е глупо не знам.. кога ќе идам пак ќе му речам гајле ми е.. а предходниот пат купив кармин и ми го стаи у кеса и забораив да го купам тоа што стварно ми требаше и се враќам и типката на каса ми вика Што ти е во кесата тоа извади го и ја и го вадам и викам сеа го купив пред 2 минути,вика земано е ова сега и ја коа фатив да и се дерам и извадив фискална и викам ти дали си нормална за што ме набедуваш глеј овде, и викав едно 2-3 минути се расправав и ми вика добро,добро девојче иди ајде платено ти е. Колку ме изнервира неможев да се контролирам...Од кеса бе од кеса ми го извади карминот
Јас кога доаѓам во Мк , скоро секој ден сум во ДМ , ми се допаѓаат производите на Балеа и Алверде , а ги посетувам и штандовите за козметика на Есенс , Буржуа итн но во врска со козметикава мислам слабо имаат попусти. Го имам приметено ова со обезбедувањето и тоа највеќе во ГТЦ од една страна ги разбирам , често имам видено да се отвара шминка залепена со селотејп и да си се шминкаат и потоа го залепуваат пак селотејпот и некој ќе се најде ни крив ни дужен ќе го купи. Пред 2 години во ДМ во ГТЦ купив гел туш на Лореал и внатре беше без четка , и баш ми беше криво. Во врска со Космо , одам кога ќе има попуст на нешто , вака не , повеќе го посетувам ДМ Во Анабела влегувам често , а најретко скоро никогаш во Еликсир
Мене најмногу ми се допаѓа dm, произвидите се супер, уредно средени и наредени, квалитет задоволувачки, цените на место. И Cosmo е океј а во Еликсир еднаш влегов и никогаш пак. Јас сум купувач кој сака сам да разгледува и да си избере нешто а не некој да ми сугерира и на глава да ми се качува.
Во ДМ најчесто купувам најдобри производи имаат.Но и мене ми смета тоа со обезбедувањето и не е секогаш дали ќе го отвориш производот или слично туку едноставно јас пошто во едно влегување купувам и шминка и храна и работи за лична хигиена и постојано одам од еден до друг крај што сум заборавила нешто пак ќе се вратам и тоа обезбедувањето како сенка да ми е абе на живци ми иде некој кога ми е над глава, и се радувам кога ќе влезе нов муштерија па малку ќе разлабават. И на крајот сум најзадоволна кога ќе видат дека сум една од тие што најмногу им купува
Dm и јас го одбегнувам заради вработените и обезбедувањето Еднаш пробував пудра за лице и никако не можев да се одлучам зашто мразам кога ме набљудуваат луѓе и на крај си излегов празна и ги приметив продавачките како си промрчија нешто. И во космо и еликсир гледаат ама не толку очигледно како во дм Ако би бирала една од овие 3 дрогерии, тогаш е Космо
За однесувањето на персоналот, во продавниците како Еликсир и Космо, секогаш ме потсеќа на оваа исповед: "Ne razumem one devojeke koje rade u skupim prodavnicama, pa kada uđem i pogledam nešto a zatim izađem jer mi je skupo, one prevrnu očima i ismevaju to. Pa ti sestro da imaš para to da kupiš ne bi radila tu za 15 000 mesečno." За ДМ, пример за оној во Веро и ГТЦ сум немала проблем со продавачките и ќе додадам дека биле и љубезни, и да одговорат и да помогнат и притоа секогаш со насмевка. За тоа Во однос на производите, би го избрала исто ДМ за козметички производи и за лична хигиена, а Еликсир и Космо некако ги гледам само за оригиналните парфеми, кои уствари им се кое од кое по фалш, за кои значи дека немам намера да ги купувам од тука
На обука за обезбедување ги учат лицата кои обезбедуваат да им го следат движењето на луѓето и затоа вие се чувствувате непријатно, меѓукои и јас се чувствувам така. Посебно кога ќе влезам во ДМ на битпазар како намќори се. Многу се сериозни и негативни и ме следи само мене, ако никој друг нема во дрогеријата. Во однос на пазарувањето купувам често во Дм и во горната анкета не би можела да гласам. Во космо одам кога има попуст, а сега пред празници ќе биде бум со цените. Во дм ми се допаѓа зашто имаат приступни цени и зошто повеќето производи им се со врвен квалитет. Ги посетувам рафтовите на Боржуа, Катриц и Аура, овогодинешниот каталог со попусти им е слаб, не ми се допаѓа. Во Космо одам ако има попуст на некои производи, особено на Боржуа, а често има, некогаш и на Аура некоја разлика во цената. Зависи што ќе начекам, ми се допаѓаат нивните месечни каталози кои секогаш им се богати. Некогаш во Шатци ќе влезам,но тоа многу ретко се случува. Анабела ми е слабо снабдена парфимерија. Само парфеми, а јас такви парфеми не купувам. Во Еликсир никогаш не сум влегла.
@Summerlover таму не знам дали некогаш ќе влезам пак. Многу негатива седи во тој дел, понекогаш и ги разбирам бидејќи на големо се краде, ама треба да му прочиташ на човекот дали дошол да краде или да купува. Таму се измешано, а голема штета бидејќи се баш на пристапно и прометно место.
Во ДМ на бит пазар дури два пати влегов и два пати на глава ми се качија. Еднаш барав камена пудра и ете ја до мене да ме праша шо ми треба, и и кажувам, и ми подава таа самата, и велам ама оваа е најтемна нијанса, мене светла ми треба. Добив одговор „епа сеа девојче тоа ти е“ и превртување на очи. Вториот пат разгледував нијанси на кармини и три пати ме праша дали ми треба помош. Мислам дека веќе никогаш не би влегла во тој ДМ.
Сега сум изненаЏена и увреЏена. Како бивша вработена во Еликсир не ги гледаме така луѓето и ние викавме дека е скапо.
И моето мислење беше за ДМ од Бит Пазар гледам не сум пишала. Само во ДМ во Сити Мол сум уживала во разгледувањето и купувањето а и мислам дека има доста повеќе избор.
Мене па во Капитол некако ми се најуслужливи,бев позитивно изненадена кога ми помогна во изборот за еден производ,насмеана,фина културна.
Во ДМ влегувам кога имам потреба од некој нивни бренд.. Толку негативна енергија има, да не може да се изначуди човек.. Единствено љубезни ми беа оние во Градски ѕид ќе му дојде хмм, во редот на Малага..срцки вработените а обезбедувањето си стоеше дискретно во ќош и набљудуваше. Во друга продавница на дм му имам преречено на дечкото од обезбедување.. стоевме може 5мин не можевме да се одлучиме околу лосион за туширање, сите убаво ни мирисаа, па дојде до нас дечкото и над глава ни стоеше.. Толку непријатно ми падна и му реков: Ако мислиш дека ќе крадам, размисли два пати. Ако сакавме нешто да украдеме до сега ќе бевме 3 пати излезени а немаше ни да засвириме на излез.. Ме загледа, ништо не рече и се тргна Во еликсир само 2 пати имам влезено, некако негативни ми се на изглед а и малку нападни. Лице кое работи со клиенти а не може да си монтира насмевка, подобро нека најде друга работа да не им ги брка клиентите.. Во Космо имам купувано повеќе пати, сосема коректни ми се.. Но не можам да гласам за ниедна, бидејќи претежно од Солун купувам препараривна и декоративна козметика
Не гласав за ниту една од овие,затоа што не можам да издвојам најдобра од сите 3. Има и други така познати парфимерии освен овие,гледам некој ги споменал Анабела,Шатци...Во ДМ имам купувано и мислам дека зависи на кое место одиш,а и од тоа кој е на смена. Во Сити Мол,Рамстор,Капитол не ми стоеја над глава. Во ДМ во ГТЦ 2-3 пати имам влезено и купено нешто од таму и само еднаш ми стоеја над глава,а во тоа ДМ кај Бит Пазар што е еднаш имам влезено и никогаш повеќе. Си гледав четки за коса,шампони,шминки и останата козметика и мислам на секој чекор ме следеа небаре ќе крадам. Да, до некаде се во право бидејќи се краде на големо,но истите тие треба да знаат и да препознаваат. Во Еликсир имам влезено повеќе во тоа на Рекорд што е и мене ми оставија супер впечаток и не ми стоеја над глава. Таму повеќе за парфемите ми е. Во Шатци еднаш имам влезено и ОК ми се. Во Анабела и во Космо никогаш не сум влегла,ама гледам дека Космо многу го фалите,па можеби ќе одам да видам нешто.