1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Еликсир, dm или Космо?

Дискусија во 'Лице' започната од Quuen, 29 ноември 2016.

?

Што би избрале вие?

  1. dm

    94 глас(а)
    67,6%
  2. Еликсир

    19 глас(а)
    13,7%
  3. Космо

    26 глас(а)
    18,7%
  1. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.495
    Допаѓања:
    144.177
    Во нашиот ДМ ретко влегувам, едноставно не ме носи патот натаму.

    Но затоа во Србија и Бугарија по често.
    И тоа секогаш во еден исти маркет во истото место. И во ниеден се немам почуствувано вака како што вие опишувате дека е кај нас.
    Штета, претпоставувам се штитат на тој начин, ама остава лош впечаток и непријатно чувство.

    За другите немам што да кажам. Кај нас за кратко ги затворија.Космо работеше нешто подолго,ама толку беше намуртен персоналот што од тоа не ми се влегуваше таму.
    Смуртени и не услужливи,лоша комбинација.
     
    На SV1911, Dust, kjukli и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Мене ДМ ми е како втор дом, мојот глас отиде таму. :tmi: Продавачките во мојот град веќе и ме знаат, си имаме муабет правено, еднаш и им кажав дека таму одам на пауза или за да разбијам монотонија. :rofl:

    Никогаш не сум се почувствувала како некој да ме следи или дека некој се сомнева во мене. Е да напоменам и дека обртот на муштерии не е толку голем како низ Скопје, веројатно во Скопје имаат многу поголем проблем со кражби и користење на производи отколку кај нас.

    За жал, не се криви ДМ, туку ние немаме општа култура како народ. Имам влезено во ДМ во повеќе земји и никаде ситуацијата не била така... некултурна како кај нас. :worried: Страшна неизживеаност ми е тоа со отворање производи, пробување, шлакање со тестери... Кога ќе ги видам пудрите исшлакани со прсти, ми се лоши. Понехигиенско нешто од тоа да земеш и со *нечисти* раце да се зашлапаш по лицето, среде дуќан, без претходно да се средиш (хидратација, основна нега итн) не знам дали има.

    И за тестер да употребиш треба малце да ти работи мозочето.

    Мене во ДМ ми е плус тоа што е широко, пространо и светло. Не морам да внимавам дали ќе бутнам нешто ако се свртам, што доста често ми се случува во Космо. А таму производите што (потенцијално) би паднале се доста поскапички, па причина плус да не влезам ако сум наоблечена и со голема ташна.

    Да не го заборавам и делот со био-храна. :angel:

    Е сега, плус кај Космо се некои брендови што ги нема во ДМ и доста често имаат убави попусти и промоции. ДМ е поскап за некои работи од Космо и Еликсир, па не е лошо човек да ги има предвид другиве два дуќана за одредени работи.
     
    На SV1911, Jordanovska-K, Antolinaa и 9 други им се допаѓа ова.
  3. SimplyElegant

    SimplyElegant Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    Од овие 3 дефинитивно го бирам Космо, од таму најчесто купувам шминка, па и било каква козметика. Има добар асортиман на производи а и цените се најповолни. Од ДМ купувам само кога ми треба нешто од нивните брендови или пак ако некој производ (што го има и на други места) е на попуст.
    А во Еликсир, Шатци и Анабела имам купено по нешто, но сепак поретко ги посетувам за разлика од Космо и ДМ.
     
    На SAMIRA и Petra777 им се допаѓа ова.
  4. SAMIRA

    SAMIRA Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    251
    Пол:
    Женски
    Зависи од акциите што ги имаат или дм или Космо би избрала,Еликсир не зашто мислам се со поскапи цени,а и акции мн.ретко ставаат,а заради обезбедувањето во дм кое буквално виси над глава немам зборови што се вика неможеш тестер да пробаш,и цело време ми викаат ''можам да ви помогнам нешто'',ама ај еднаш ама двапати ,одма викам не и си заминувам,па другпат ќе дојдам на раат да си видам и пробам.
     
  5. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски
    Редовно пазарам од Дм, оти Космо не ми е уз пат. Но, типувам за двете. Има брендови кои само во Космо ги има, или па обратно,ги има само во другово.

    Во Еликсир сум влегла само еднаш.

    За следењето од страна на обезбедувањето, точно е за Дм. Но, во Космо пак, тестери скоро и да нема. Продавачките си ги земаат веројатно, или мене често така ми се погодува.
     
    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.
  6. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Јас секој втор ден сум во Космо и ДМ, уште кога ќе се спремам за на пауза колегите ме прашуваат: И кај ќе идеш денес? Космо или ДМ? - Во двете бе :D
    Многу ми е релаксирачки шетањето низ овие парфимерии, разгледувам, пробувам тестери и скоро никогаш не излегувам со празни раце. Секогаш имаат производи на акција, секогаш начекувам нешто на попуст и купувам по поевтини цени. Во врска со обезбедувањето, рака на срце, јас никогаш не сум имала некаков проблем. Ниту пак некогаш сум се поставила дрско и сум им возвратила на тоа што ме следеле. Разберете дека они не го прават тоа од ќеиф, тоа им е работа, за тоа се платени. И со оглед на тоа колку често среќавам отворена козметика (и покрај тоа што си има тестери, макар што и да нема, тоа не е оправдување), би рекла дека нема друг начин луѓево да престанат да отвараат и пробуваат производи што утре некој ќе ги купи и ќе ги стави на лице.
    Во Еликсир мислам дека само еднаш имам влезено и тоа кога барав Ревлон пудра. Ја немаше мојата нијанса во Космо, па затоа отидов таму. Арно ама, видов дека е за 200 и кусур денари поскапа :| Ни таму ја немаше мојата нијанса, ама некако ме одврати да влезам пак, иако искрено не ги видов цените на другите производи.
     
    На SV1911, Summerlover, LollySky и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Babyby

    Babyby Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    453
    Допаѓања:
    2.548
    Пол:
    Женски
    Dm по прегледност би го избрала, ама неможат со попустите на Cosmo во никој случај :) башка, тоа што во dm немаат избор на парфеми.
     
  8. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.059
    Допаѓања:
    1.029
    Cosmo. Поголем избор има, а и во DM немаат некои производи, пр. Seventeen и слично. Во DM кога ми треба нешто набрзина во 5 до 12, да, ќе влезам. Ама тоа што буквално од влез до излез на сите им дишат во врат, е жалам, затоа не ми се прв избор. Значи катастрофа е со тоа пратењето низ цела продавница и висење над глава.
    Еднаш ми се деси да се испокарам, али пошто имав од претходно видено случка со една жена што сакаше туш да купи и другарка на вработената си се шминкаше минута претходно со истиот, али женава скопча и настанаа драми, нејсе. Мојата случка беше зашто шприцнав капка пудра на рака - од шише на сите можни начини очигледно наменето за пробување, прв ред и скоро скрос испразнето. И некој од позади грб тука ми се дава во фацата зашто пробуваш од тоа? -Зашто е тестер..? -Кај пишува дека е тестер? -Не знам, може дека е единственото отворено, празно и прилично гнасно шише? Или може си се нашминкале пријателките па заборавиле стикер тестер да стават. Цели 5 минути потрошени бадијала од животот на убедување со обезбедувањето. Космо е поскапо ама никогаш никој не ме малтретирал таму, 40 мин ако сакам ќе се шетам и на раат ќе пазарам.
     
    На Dust, LollySky и koritsaki им се допаѓа ова.
  9. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.306
    Пол:
    Женски
    Јас порано имав космо во комшии, и додека не го затворија ми беше љубов. Најфина вработена, се средено, чисто, затоа што немаше многу луѓе да чепкаат несоодветно и ептен го сакав. Само во космо купував.

    Сега одам во сите три, зависи по што.
    Еликсир за поскапа козметика, космо за рандом шминки и дм за балеа, алверде и делот со храна.

    За обезбедувањето во дм и јас се согласувам.
     
  10. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.941
    Допаѓања:
    14.002
    Пол:
    Женски
    Гарантирам дека си ги земаат, и тоа не само за себе. Другарка ми кажуваше дека нема купено шминки со години затоа што братучетка и коja работи во Космо секогаш и дава тестери кога ке им стигнат.
    Додуше, вероjaтно е така и по другиве парфимерии.
     
  11. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски
    Интересно |(:D
     
    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.461
    Допаѓања:
    39.664
    Пол:
    Женски
    Во Еликсир најчесто купувам, имаат одлични попусти, кога одам без полно ќесе не искачам :D, а после него ДМ, солидни се, но за некои производи цените се претерани, а имаат и слаби попусти.
     
  13. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    1.446
    Тестери е нормално да пристигаат и да се делат на оние кои купуваат. Така функционирало отсекогаш, секаде и во секоја продавница за козметика, но се остава тестер за во продавницата.
    Тоа доаѓа како промоција на производот. Производителите праќаат дополнителни тестери кои се како промотивен материјал и нема ништо лошо во тоа вработената да си земе за себе зошто сепак работи таму и е како застапувач на нивните производи. Се додека не почнат да продаваат тестери, се' останато е во ред.

    rose60 ме изнасмеа :D а и ми се допадна како си изреагирала.

    Kimberly11 ти си имала храброст да се спротиставиш, но секој нема доволно храброст да изреагира на навредата. Ова се има случено на две девојки пред мене додека уште бирав што да купам на кои им засвире аларм, беа подложени на претрес и викање (за на крај да излезе дека имало проблем со алармот или дека продавачката нешто не поминала на каса, навистина не знам што се случи и не би сакала да обвинувам но се сеќавам дека продавачката рече дека девојките се во ред и проблемот бил до нив). Да ми се случеше мене најверојатно ќе им ги оставев производите, ќе си ги барав парите назад и ќе пишев поплака. Едно е културен однос и претпазливост дури и да засвире алармот, друго е ова. Па не им се ни извинија. Ова лошо влијае и на останатите кои се во продавницата. Утре можеби кон нив така ќе изреагираат. Дури и јас си заминав од продавницата кога им го видов односот кон потрошувачите.

    И јас имам забележано дека има големо набљудување во сите продавници, не само овие. Често сум како на игли додека бирам што да купам (во сите продавници, дури и за облека) зошто не само нормалната контрола туку има и превртувања на очи кои како (потенцијален) потрошувач многу ми пречат. Од една страна не можам да ги обвинам зошто навистина има лоши потрошувачи но од друга страна превртувањето очи не е нешто кое го сметам за „нормално набљудување“.

    Еликсир нема да го коментирам зошто многу ретко имам одено.

    Околу однос од вработените: за бирање, не можам да одберам зошто во различни продавници сум имала различен однос од страна на вработените.


    Од Cosmo до сега имам најдобро искуство. Но сепак не би избрала и зависи од продавница до продавница, од вработен до вработен.

    Околу производите, Cosmo би бил мој избор зошто имаат голем асортиман на производи кои ги користам и дури и некои од производите кои ги има во други продавници во Cosmo често се поефтини. Имаат добра стратегија и промоција.
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.941
    Допаѓања:
    14.002
    Пол:
    Женски
    Се сложувам со тебе, воглавно, но кај нас и не ми се случило да ми дадат некој тестер. Кај шминки, ок, и не мора, но навистина ме иритира што нема тестери и кога сакам да купам крема за лице. Имам специфична осетлива а комбинирана/масна кожа на лицето која понекогаш реагира бурно , а не можам да предвидам на кои креми би реагирала, па при купување на слепо шансите се големи да морам кремата да ја дадам на некого или користам за раце. Ако веќе купувам крема од 1000 и кусур денари, срамота е да не ми дадат тестер да ја пробам претходно.
     
    На Beauchamp и OmniaVanitas им се допаѓа ова.
  15. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.607
    Допаѓања:
    103.858
    Пол:
    Женски
    ДМ дефинитивно! Најубаво ми е за разгледување, убаво подредено, најчесто се од козметика таму пазарам, па и за домаќинство сретства, бришачи.. и е тоа така се додека не се сипе куп дечурлана кои влегле да се нашминкаат и ќе те избуткаат особено од делот кај шминките :makeup: а не ретко се застапени и кај парфемите :D

    Космо! Порано таму пазарев се додека не се повторуваше и повторуваше и повторуваше некоја вработена да ме напне со прашањата да ви помогнам, што ви треба, па ако потфатиш нешто одма рецензија да ти дадат (најчесто објективна и погрешна), знам така им рекле ама ме избркаа со таквиот однос да ми го следат секој чекор, па се нудеа и корпа да ми носат ако видеа дека сум ставила 5+ производи :?: :$

    Еликсир! Не се сеќавам дека некогаш сум влегла таму..

    Ќе кажам и за Анабела! Влегувам бидејќи производите на Bourjois ги наоѓам поевтини за разлика од другите парфимерии..
     
    На AnaKarenina, LollySky, joy1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    За Космо ова ме потсети на една случка од пред некој месец кога пробував нијанси од Ревлонот :D Дотогаш ја немав користено таа пудра, па ги разгледував нијансите за да си погодам. Ми пријде една од продавачките, ме праша дали може да ми помогне, јас само реков дека ја немам користено пудрата, па треба да си одберам нијанса. И ми вика: А зошто менуваш пудри? Кога ќе ти се погоди некоја не треба да менуваш. И тука почна да ми објаснува дека Ревлонот е многу тешка пудра, дека не е за ова време итн, итн... Почна да ми нуди други пудри, де оваква, де онаква, некои сум ги користела, за некои немав ни прочитано рецензии, а не планирав туку така да купам. Јас пустата ептен сакав Ревлонот да си ја купам, решена бев секако. Се утепав читајќи рецензии и знам отприлика што ми годи на лицево. Верувајте дека толку ми беше срам да ја купам пред нејзе, што ја оставив, реков дека ќе размислам и отидов во друго Космо да си ја купам :D Стварно ми падна незгодно :tmi: Некогаш од што сакаат да бидат многу услужливи и да ти помогнат, те ставаат во непријатна ситуација. Некогаш па сакам само да си разгледувам, сум влегла без идеја нешто да купам, ама може ќе ми фати око нешто. Ако барам нешто, секако ќе ги прашам :)
     
    На koritsaki, Fatalnata, Jordanovska-K и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.697
    Допаѓања:
    5.017
    Пол:
    Женски
    Кои брендови ги имаат во Еликсир во Капитол мол?
     
  18. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.547
    Допаѓања:
    2.775
    Пол:
    Женски
    Еликсир, затоа што имаат најголем избор на Dior.
     
  19. angela.kostova

    angela.kostova Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    199
    Пол:
    Женски
    Јас идам најчесто и купувам најчесто од ДМ. Едно што ми се успат кај што се наоѓам поголемиот дел од времето ако не дома, друго што ми е убаво што има простор за шетање не морам да се теснам кога има и други што сакаат да си видат.
    За обезбедување да ме следи така не сум имала проблеми, освен еднаш со дечко ми кога идевме да земеме кондоми и ко гледаш двајца тинејџери се моткаат наоколу, нормално ќе си помислиш нешто ама не ми пречеше ептен. Дм-от кај мене дома што ми е па дека идам често да си разгледам работи, вработените ме препознаваат и е убаво онака. Вработените да идат да ме прашуваат дали ми треба помош нешто никогаш ми се нема случено, некако повеќе идат другите муштерии ги прашуваат и ме оставаат на мира, за моја среќа.
    Најпроблем што имам со ДМ е што цените знаат да не им се некогаш нешто ептен ептен таман и кога има повеќе муштерии, си се тупнуваат да си гледат едно делче пример од тренд ит ап и не се мрдаат,гајле им е што ти си чучната на земјата да не им пречиш они се бутаат. Тоа повеќе ми пречи отколку самиот маркет.

    Од Космо мислам дека немам зимано ништо, ама имам влегувано и ми се чинат добри и културни. Не можам да дадам мислење некое.

    Еликсир па никогаш мислам не ни имам влезено, кога го отворија бев помала и не гледав такви работи, па дојдоа ДМ и ми беше како „зошто да идам таму, во ДМ има поголем избор“.
     
  20. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    13.706
    Допаѓања:
    42.921
    Пол:
    Женски