ДМ мислам секоја недела обавезно еднаш го посетувам макар и ништо да не купам. Убав, широк маркет со голем избор на производи (козметика, храна, домаќинство). Единствено што не ми се допаѓа е кога имаат промотерки за одреден бренд и не се тргаат додека го разгледуваш делот за шминка и постојано мислат дека очајно ти треба помош за нешто па некогаш и глупо ми доаѓа и ги прашувам нешто колку само да помине редот. Еликсир ми е на второ место. Ми се допаѓа што имаат добри акции понекогаш и можам да се снабдам со одредени артикли шминка за пониска цена од таа од ДМ. Во Космо одам ептен ако има некоја страшно добра понуда, во спротивно не го посетувам.
Порачав од еликсир нешто вчера и кога би дошло? Кај се следи порачката, кого да исконтактирам или да си чекам? Пошо не се логирав на страната, тек сеа се региститрав. Се плашам дека нема да ми ги пратат, а трансакцијата е извршена.
Сѐ почесто замразив да одам директ и да купувам, многу повеќе ми се допаѓа онлајн шопингот кога станува збор за козметички препарати. Ова се случува само кога ќе влезам во дм и еликсир, во космо немам вакво лошо искуство. Одат по мене, гледаат, пратат, низ сто рафтови да ги прошетам - повторно ќе дојдат. И знам дека не е случајов само со мене, стварно на ништо не личи. Сакам опуштено да си видам, да си разгледам...кога знам што ќе земам полесно е, барам нијанса, ама некогаш не знам што би купила, па мора повеќе пати да се проврткам за да се подновам, а од притисокот и врткањето околу мене, пренезгодно ми доаѓа да се пулам, чиниш се пулам и барам начин да украдам. Нека го средат ова оти стварно жално е да има поубава услуга на интернет отколку во дрогериите. Кај им се производиве незапакувани(само кај нас), уште непријатни и нељубезни. Пак ставаат и обезбедување што оди по тебе обично машко што не знае каде тера, а нема некој да прашаш што ти треба. Абе сакам да си го отворам производот, пакетче да има. Ама шта чеш, поубаво од тоа да си пробаш тестер, нема.
Еликсир и ДМ, во Космо ептен ретко да пазарувам. Во Еликсир сум задоволна од услугата, имам нарачувано и онлајн, имаат нон стоп акции на производи и можеш да најдеш артикли за прилично поевтина цена, во однос на другите дрогерии. Еднаш онлајн пратката ми доцнеше неколку дена, ама по кривица на каргото, и од Еликсир ми се јавија неколку пати да се извинат, да проверат дали е се во ред со производот, ми понудија и компензација. Во ДМ пак, исто често пазарувам, ептен широк асортиман на производи имаат, ама барем во Дм-от во мојот град, вработените се катастрофа. Не иде ни да те следат во чекор, ама уште полошо е кога нигде ги нема а ти ги треба за препорака или информација. Како муви без глава се, не знае никоја накај тера., ниту пак имаат основно познавање од производите и распореденоста по марки. Се дешава и касиерката да ја нема на каса, а редица од муштерии. Не знам тие камерите дали ги пратат, не ми е јасно. Космо, ептен ретко.
Презадоволна сум од услугата во Космо, можеби цените на некои производи се и поскапи, ама услугата е ок и затоа најчесто пазарувам таму.
Мислења ве молам, за парфем: Еликсир или Космо? Исто ако имате мислење и за новата што е на плоштад Anabella што се вика.
Здраво. Ве молам за мислење. Сакам да си купам парфем. Имате мислења/искуства со Еликсир или Космо? Која продавница би ја препорачале вие за купување парфем? Дали имате мислења и за новава што е на плоштад - Anabella? Фала ви.
Сегде се ОК парфемите. Анабела ми се чини дека е поскапо. Ама секогаш чекам празнични попусти пред да купувам и не знам споредба да ти направам.
Cosmo. Имаат одличен избор на брендови, а и ми одговара што си собирам поени на картичката што ми е од Тинекс. Најчесто пазарам во Тинекс, па одам до Cosmo, ми одговара највеќе вака. Тоа со картичката им е убаво организирано. Одам и во dm некогаш, често тестери немаат, од парфемите тестерите секогаш се истрошени, во последно време на каса една цена, на рафт друга и слабо акции на производите, па се повеќе ги одбегнувам. Убаво ќе беше да направеа некоја картичка со поени и тие, може тогаш и таму повеќе ќе сакав да одам.