Емануел Сведенборг - Emanuel Swedenborg

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Marche12, 15 октомври 2019.

  1. Marche12

    Marche12 Активен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2018
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    60
    Пол:
    Машки
    Емануел Сведенборг (швед. Emanuel Swedenborg), (роден како Емануел Сведберг; 8 февруари 1688[1]–29 март 1772) — шведски научник, филозоф, мистик[2] и теолог.

    Сведенборг имал плодна кариера како пронаоѓач и научник. На педесет и шест годишна возраст, ја започнал својата духовна фаза, во која имал чудни соништа и визии. Ова кулминирало со духовно будење, а самиот изјавил дека е одреден од Бога да ја напише небесната доктрина за реформа на христијанството. Тврдел дека Господ му ги отворил очите, и дека од тогаш слободно можел да оди во рајот и пеколот, и да разговара со ангели, демони, и други духови. Во последните 28 години од својот живот, напишал и објавил 18 теолошки трудови, од кои најпознато е делото „Рај и пекол“ (1758),[3] како и неколку непубликувани теолошки трудови.

    Сведенборг го отфрлил општото објаснување за тројството како за три личности, за кое рекол дека не е учење што потекнува во раното христијанство. Наместо тоа, во своите теолошки записи објаснил дека Светото тројство е една личност, во еден Бог, Господ Исус Христос. Тој исто така ја отфрлил доктрината за спасение само преку вербата, сметајќи дека за спасение се потребни и вера и милосрдноста, а не едното без другото. Целта на вербата, според Сведенборг, е да го води човекот низ животот преку вистините, во кои спаѓа милосрдноста.

    Сведенборг избвршил влијание врз повеќемина писатели, меѓу кои: Вилијам Блејк, Елизабет Барет Браунинг, Аугуст Стриндберг, Ралф Валдо Емерсон, Шарл Бодлер, Балзак, Вилијам Батлер Јејтс и Карл Јунг.

    Но, еден од најистакнатите шведски автори, Јохан Хенрик Келгрен го нарекувал Сведенборг „будала“.[4] Во Шведска, во 1768 година се одржало судење за ерес против записите на Сведенборг, и против двајца кои ги промовирале неговите идеи. Со кралски декрет во 1770 година е прогласено дека делата на Сведенборг се „чиста заблуда“ и дека не треба да се учат, иако неговиот систем на теолошките мисли не е прегледан.[5]


    Koj e on :

    i kanal za proucuvanje na negovite dela na youtube offTheLeftEye
     
  2. Marche12

    Marche12 Активен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2018
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    60
    Пол:
    Машки
    Me interesiraat vashite mislenja ..
     
  3. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    13.506
    Пол:
    Женски
    Она кое за Сведенборг се тврди дека доживеал "духовно будење" го толкувам како психолошка делузија во која нечиј ум влегува во променета состојба на заблуда, односно поединецот мисли дека открил нова свесност за реалноста.

    Тоа се случило кога тој неговите соништа ги "превел" како знак за второто доаѓање и искрено ги толкувал како порака од Бога, наместо тоа да биде резултат на чуден сон, што претставува нешто сосема нормално.

    Со оглед на фактот дека Сведенборг како побожен човек живеел во историски период каде тогаш не се проучувала психологијата на соништата, ваква заблуда е сосема разбирлива.

    Освен што претставувало една заблуда, би додала дека Сведенборг бил психолошки ранлив, со манифестирање на тенденција за самозалажување и ентузијазам што произлегува од позитивната реакција што доведоа до неговите толкувања.

    Всушност, во областа на квантната физика, реалноста на вистинитоста на животот се покажува секојдневно. Со напредокот во квантната физика и реалноста на експанзијата на космичката свест почнуваме да гледаме промени во мислите и реалноста парадигмите се случуваат со многу повисока стапка отколку кога било досега.

    Ама духовно будење е субјективно искуство. Сè што можеме да направиме е да ги изложиме луѓето на одредени искуства и да администрираме прашалници за самоопис (пред и потоа) за да прашаат дали доживеале духовно будење: нова свесност за реалноста. Дали ова претставува една заблуда, зависи од она што тие мислат дека реалноста е.
     
    На vaterpro, Keanu_R.Wick, Lianna Anna и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Marche12

    Marche12 Активен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2018
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    60
    Пол:
    Машки
    ti sekako kje se praish poucena i od nego , covekot ima 6 knigi i milioni lugje koi shto veruvaat vo negovite zborovi i predpostavki , duri i ima primeri na internet kade shto e dokazano deka za mn raboti shto gi kazal bil vo pravo
     
  5. candy.cane

    candy.cane Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    8.294
    Пол:
    Женски
    Не биди безобразен, побара мислење и доби.
     
    На theowndemon, Cinnamon Bun, Keanu_R.Wick и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    13.506
    Пол:
    Женски
    Дискусија, односно дебата претставува елемент на разговорот како концепт и истата се манифестира во споделување различни мислења на одредена тема, а не инсистирање да се прифати само едно гледиште.

    Зошто воопшто отварате теми за дискусија кога не знаете како правилно да водите дискусија и не можете да прифатите дека постојат луѓе кои имаат различно мислење од вашето и истото го перцепирате како лична навреда.
     
    На theowndemon, Cinnamon Bun, Keanu_R.Wick и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Marche12

    Marche12 Активен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2018
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    60
    Пол:
    Машки
    kako prvo za da imash razlicno mislenje treba da gi znaesh site pogledi , kako na primer za Emanuel Swedenborg izgledaj gi site emisii videa , knigi pa sudi posle , poshto mn od negovite raboti ispadnale vistina i imalo primeri kade se pokazuva deka covekot stvarno bil genijalen , a sepak ne ja osporuva biblijata nego se nadovrzuva na nea , Biblijata veli deka postoi i deka kje ima vecen zivot a on toa go potvrduva so besmrtnost i zivot beztelesen zasnova na ljubov i mudrost koi isto toa bibljijata go tvrdi i deka eden e Gospod Bog i site treba da veruvame vo nego , ovoj e edinstven naucnik shto ne se protivi na Hristijanstvoto - Katolicizmot nego se nadovrzuva so nego , ne kako Buda shto lupa gluposti i kje menja neshto shto cel svet veruva


    Eve ti delce ako sakash procitaj na srpski e od negovata kniga Pekol i Raj :
    https://tajnekraljevstvabozjega.wor...amcenje/iz-knjige-nebo-i-pakao-e-swedenborga/

    na kraj da ti kazam aj ne se prai mn mn pametna ... pa da me ucish shto e debata sea znam za ova kje se fatish pak mesto da ogovoris
     
    Последна измена: 16 октомври 2019
  8. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    13.506
    Пол:
    Женски
    Атеистичкиот поглед целосно ја отфрла оваа теологија поради недостатокот на валидност во научната заедница. Религијата не е универзално прифатена, постојат атеисти кои имаат право да го искажат своето мислење за Сведенборг. Сум го проучувала Сведенборг и можам да наведам еден куп грешки.

    Проблем 1:

    "Emanuel Swedenborg was a Swedish scientist, philosopher, theologian, revelator, and mystic. He termed himself a "Servant of the Lord Jesus Christ" in True Christian Religion, a work he published himself."


    Тој бил следбеник на Исус Христос, што е спорно прашање во религијата и науката. Она што во религијата се смета за "вистина", во реалноста е персонална интерпретација на одредена идеја или појава во случајот на религијата и нејзиното толкување на Исус како историска личност се манифестирала во една хомогена заедница, која сепак била е сеуште е ограничена, не е глобална.

    Проблем 2:

    "In 1741, at age 53, he entered into a spiritual phase in which he began to experience dreams and visions, beginning on Easter weekend of April 6, 1744. This culminated in a 'spiritual awakening', in which he received revelation that he was appointed by the Lord to write the The Heavenly Doctrine to reform Christianity."

    Тоа што неговото духовно будење се случува на Велигден претставува идентична психолошка идентификација на воскреснувањето на Христос, со оглед на неговата заблуда дека лично тој бил предодреден од Бог.

    Проблем 3:

    "Swedenborg's father, Jesper Swedberg (1653–1735), descended from a wealthy mining family. He travelled abroad and studied theology."

    "Jesper took an interest in the beliefs of the dissenting Lutheran Pietist movement...Jesper was charged with being a pietist heretic. While controversial, the beliefs were to have a major impact on his son Emanuel's spirituality. Jesper furthermore held the unconventional belief that angels and spirits were present in everyday life. This also came to have a strong impact on Emanuel."

    Живот на Сведенборг бил исполнет со теологија и не е чудно зошто била вкоренета во неговата психа. Кога некој ќе се роди во религиозна фамилија, многу е полесно да го убедиш дека религијата е вистинска. Тој целиот живот го поминува живеејќи според менталитет базиран врз религиозно верување и ќе ги игнорира доказите за други теории за да го задржи тоа верување до неговата смрт.

    Проблем 4:

    In 1718 Swedenborg published an article that attempted to explain spiritual and mental events in terms of minute vibrations or "tremulations".

    Дури и во науката, Сведенборг вметнувал религиозни елементи, што во научната заедница е валиден аргумент. Бидејќи сакал конкретно да ги изедначи спиритуалните настани и менталните настани со одредено својство, амигдалата игра примарна улога во процесирањето на меморијата, одлучувањето и емоционалните реакции, како дел од лимбичкиот систем. Но во поглед на духовноста, не постои 'God Spot' - специфичен дел од мозокот кој определува духовна ориентација. Тоа е субјективно верувањето.

    Проблем 5:

    "Upon the death of Charles XII, Queen Ulrika Eleonora ennobled Swedenborg and his siblings. It was common in Sweden during the 17th and 18th centuries for the children of bishops to receive this honour as a recognition of the services of their father. The family name was changed from Swedberg to Swedenborg."

    Сведенборг потекнувал од фамилија на бишоп. Ова дополнително го зацврстува третиот проблем за силното влијание на религијата врз неговиот живот и работа.

    Проблем 6:

    "In the 1730s Swedenborg became increasingly interested in spiritual matters and was determined to find a theory which would explain how matter relates to spirit. Swedenborg's desire to understand the order and purpose of creation first led him to investigate the structure of matter and the process of creation itself."

    "In Leipzig, 1735, he published a three volume work entitled Opera philosophica et mineralis ("Philosophical and mineralogical works"), where he tries to conjoin philosophy and metallurgy. The same year he also published the small manuscript de Infinito ("On the Infinite"), where he attempted to explain how the finite is related to the infinite, and how the soul is connected to the body. He knew that it might clash with established theologies, since he presents the view that the soul is based on material substances."


    Повторно се забележува како Сведенборг се обидува да пронајде научна поддршка за неговите религиозни верувања, или во овој случај душата. Науката и законите на физиката не содржат никакви елементи кои го докажуваат ова.

    За да може да постои задгробен живот нашата свесност мора да биде нешто која ќе биде целосно одвоена од нашето физичко тело. Всушност свесноста на човекот ја дефинирам како серија на атоми и електрони кои есенцијално ни ги даваат нашиот ум.

    Законите на универзумот не дозволуваат овие честички да оперираат после нашето физичко непостоење. Тврдењата дека некоја форма на свест продолжува да остои откако нашите тела умираат и се распаѓаат во нивните конститутивни атоми се соочуваат со една голема пречка, а тоа е дека законите на физиката кои се присутни во основата на секојденвниот живот се комплетно разбрани и во тие закони нема никаков начин со кој ќе се дозволи информациите складирани во нашите мозоци да истраат откако ќе умреме.

    Како доказ за ова посочува кон теоријата за квантно поле која го прикажува верувањето дека постои едно поле за секој тип на честичка. На пример, сите фотони во универзумот се на едно ниво, и сите електрони исто така имаат свое поле, и за секој друг тип на честичка исто така. По религиозните верувања, доколку задгробниот живот би продолжел во некој капацитет по смртта, тестовите на квантното поле би испуштале "духовни честички" и "духовни сили".

    Ако навистина не постои ништо друго освен атомите и познатите сили, тогаш е многу јасно дека не постои никаква шанса душата да постои по смртта на нашето физичко тело.

    Проблем 7:

    "By 1744 Swedenborg had traveled to the Netherlands. Around this time he began having strange dreams. Swedenborg carried a travel journal with him on most of his travels, and did so on this journey. The whereabouts of the diary were long unknown, but it was discovered in the Royal Library in the 1850s and published in 1859 as Drömboken, or Journal of Dreams.

    Swedenborg experienced many different dreams and visions, some greatly pleasurable, others highly disturbing. The experiences continued as he traveled to London to progress the publication of Regnum animale. This process, which one biographer has proposed as cathartic and comparable to the Catholic concept of Purgatory, continued for six months. He also proposed that what Swedenborg was recording in his Journal of Dreams was a battle between the love of his self and the love of God."


    Сведенборг живеел во период каде сеуште не била развиена психологијата на соништата. Поради тоа, неговите соништа имале директно толкување наместо рационално објаснување. Слично на ова, во античкиот Египет се верувало дека соновите биле вид на комуникација со боговите или пророштва за нешто што ќе се случи. Фројд бил првиот кој се обидел да објасни во неговата теорија дека основата на соништата лежи во несвесниот дел од умот.

    Проблем 8:

    "In April 1745, Swedenborg was dining in a private room at a tavern in London. By the end of the meal, a darkness fell upon his eyes, and the room shifted character. Suddenly he saw a person sitting at a corner of the room, telling Swedenborg: "Do not eat too much!". Swedenborg, scared, hurried home. Later that night, the same man appeared in his dreams. The man told Swedenborg that He was the Lord, that He had appointed Swedenborg to reveal the spiritual meaning of the Bible, and that He would guide Swedenborg in what to write. The same night, the spiritual world was opened to Swedenborg."

    Сведенборг имал религиозни визии поврзани со Бог. Истото се случувало и со Јованка Орлеанка, за која било докажано дека нејзините визии биле резултат на ментална болест, односно шизофренија. Така, и визиите на Сведенборг се резултат на ментална болест.

    Проблем 9:

    "One of Swedenborg's lesser known works presents a startling claim, that the Last Judgment had begun in the previous year (1757) and was completed by the end of that year and that he had witnessed the whole thing. According to The Heavenly Doctrine, the Last Judgment took place, not in the physical world, but in the World of Spirits, which is located half-way between heaven and hell, and which everyone passes through on their way to heaven or hell."

    Сведенборг верувал дека The Last Judgement веќе се случил, но не во реалниот свет, туку во духовниот свет. Овој исказ не е научно валиден бидејќи според законите на физиката, духовниот свет не постои.

    Проблем 10:

    "The Heavenly Doctrine also teaches that the Last Judgement was followed by the Second Coming of Jesus Christ, which occurred, not by Christ in person, but by a revelation from Him through the inner, spiritual sense of the Word through Swedenborg."

    Сведенборг верувал дека второто доаѓање на Исус би било преку него. Освен што ова верувања ми остава впечаток на огромен его-манијак, ова може да е последица на неговите визии кои потекнувале од ментална болест. Всушност, оваа психолошка заблуда се случува и во денешно време каде многу актери кои го глумеле Исус и многу се подготвувале психолошки да навлезат подобро во улогата, подоцна во реалниот живот самите започнале да веруваат дека тие се вистинскиот Исус. Освен тоа, верувањето дека второто доаѓање на Исус ќе се случи преку дотичниов, а не преку Исус, скоро ми звучи како богохулие.

    Проблем 11:

    "In Earths in the Universe, it is stated that he conversed with spirits from Jupiter, Mars, Mercury, Saturn, Venus, the Moon, as well as spirits from planets beyond our solar system. From these 'encounters' he concluded that the planets of our solar system are inhabited, and that such an enormous undertaking as the universe could not have been created for just one race of people; nor one 'heaven' derived from it. He argued: “What would this be to God, Who is infinite, and to whom a thousand or tens of thousands of planets, and all of them full of inhabitants, would be scarcely anything!"

    Сведенборг тврдел дека постои форма на живот на Месечината во форма на духови. Човекот ја посетил месечината повеќе пати и скоро детално ја проучувал, почнувајќи од слабата атмосфера, па се до честичките од кои се состои површината. Никаде во вселенските науки не се споменува вакво нешто. Ова верување е обид за контрадикторен аргумент дека вонземски живот не потекнува од Бог, што истовремено би иницирало на фактот дека и Бог не постои, односно дека ние не сме создадени од него.

    Проблем 12:

    "Swedenborg has had a variety of biographers, favorable and critical. Some propose that he did not in fact have a revelation at all, but rather developed his theological ideas from sources ranging from his father to earlier figures in the history of thought, notably Plotinus.This position was first and most notably taken by the Swedish writer Martin Lamm, who wrote a biography of Swedenborg in 1915, which is still in print. Olof Lagercrantz, the Swedish critic and publicist, had a similar point of view, calling Swedenborg's theological writing "a poem about a foreign country with peculiar laws and customs."

    Со самото тоа дека неговата работа била критикувана, и тоа од разните религиски влијание низ целиот негов живот, не сите луѓе веруваат дека неговата работа е валидна, барем не во научната заедница. Со тоа истата не е универзално призната.

    Проблем 13:

    "Discovered originally in the groundbreaking investigations of Raymond Moody, MD, PhD, a new type of psychic experience was reported in which people who had been briefly in a state of clinical death had a variety of vivid psychic experiences prior to returning to consciousness. As it turns out, this type of psychic experience, termed by Moody the “Near-Death Experience (NDE),” has occurred for large numbers of people, perhaps 8 million or more just among US adults. In his original book on the subject, Life After Life (book), Moody noted a parallel between the NDE and some of Swedenborg's teachings about life in the spiritual world."

    Raymond Moody се придружил на верувањата на Сведенборг поврзани со духовниот свет. Ова е нормално бидејќи примарниот страв на човекот е смртта. Има полно приказни каде луѓе кои доживеале клиничка смрт станале побожни и побарале некакво значење на нивниот живот бидејќи сфатиле дека истиот може за секунда да го нема. Религијата е конструктирана според присуството на Бог како father figure.Така и Moody пронашол психолошка утеха во траумата која ја преживеал во теологијата на Сведенборг.

    Проблем 14:

    "Swedenborg proposed many scientific ideas during his lifetime. Around 1730, he had changed his mind, and instead believed that higher knowledge is not something that can be acquired, but that it is based on intuition. After 1745, he instead considered himself receiving scientific knowledge in a spontaneous manner from angels."

    Сведенборг почнал да верува дека неговото знаење потекнува од ангели. Ангелите претставуваат елемент на духовниот свет кој според законите на физиката не постои.

    Проблем 15:

    "Four incidents of purported psychic ability of Swedenborg exist in the literature.[96] There are several versions of each story."

    Неговите "пророшки верзии" веќе постеле претходно во литературата што укажува на веројатноста за плагијат.
     
    На theowndemon, Keanu_R.Wick, Gosh и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    13.506
    Пол:
    Женски
    Проблем 16:

    "On Thursday, July 19, 1759 a great and well-documented fire broke out in Stockholm, Sweden. In the high and increasing wind it spread very fast, consuming about 300 houses and making 2000 people homeless.

    When the fire broke out Swedenborg was at a dinner with friends in Gothenburg, about 400 km from Stockholm. He became agitated and told the party at six o'clock that there was a fire in Stockholm, that it had consumed his neighbor’s home and was threatening his own. Two hours later, he exclaimed with relief that the fire had stopped three doors from his home.

    At that time, it took two to three days for news from Stockholm to reach Gothenburg by courier, so that is the shortest duration in which the news of the fire could reach Gothenburg. The first messenger from Stockholm with news of the fire was from the Board of Trade who arrived Monday evening. The second messenger was a royal courier, who arrived on Tuesday. Both of these reports confirmed every statement to the precise hour that Swedenborg first expressed the information.

    It seems unlikely that the many witnesses to Swedenborg’s distress during the fire, and his immediate report of it to the provincial governor, would have left room for doubt in the public eye of Swedenborg’s report. If Swedenborg had only received news of the fire by the normal methods there would have been no issue of psychic perception recorded for history. Instead, “when the news of Swedenborg's extraordinary vision of the fire reached the capital, public curiosity about him was very much aroused.”

    A second fire anecdote, similar to the first one, but less cited, is the incident of the mill owner Bolander. Swedenborg warned him, again abruptly, of an incipient fire in one of his mills."


    Анегдотите не претставуваат валидни научни докази бидејќи не можат да бидат истражувани преку научниот метод. Што се однесува до дејствијата, Сведенборг можел или да погодил или самиот да го подметнал огнот.

    Проблем 17:

    "The third event was in 1758 when Swedenborg visited Queen Louisa Ulrika of Sweden, who asked him to tell her something about her deceased brother Prince Augustus William of Prussia. The next day, Swedenborg whispered something in her ear that turned the Queen pale and she explained that this was something only she and her brother could know about."

    Никој не знае што Сведенборг и рекол на кралицата, и тоа можело да биде нешто општо познато или предвидливо, слично на барнум ефект кој го користат шарлатаните.

    Проблем 18:

    "The fourth incident involved a woman who had lost an important document, and came to Swedenborg asking if a recently deceased person could tell him where it was, which he (in some sources) was said to have done the following night.

    Although not typically cited along with these three episodes, there was one further piece of evidence: Swedenborg was noted by the seamen of the ships that he sailed between Stockholm and London to always have excellent sailing conditions. When asked about this by a friend, Swedenborg played down the matter, saying he was surprised by this experience himself and that he was certainly not able to do miracles."


    И овие претставуваат анегдоти како невалиден научен доказ. Она кое ми привлече внимание беше последната приказна каде Сведенборг не сакал да зборува за неговите моќи, иако претходно јавно искажувал за неговата религиозна поврзаност и способности. На сличен начин се однесувал и Масару Емото кој има направено експерименти со вода и смета дека молекуларната поставеност е поврзана со човечката свест. Но кога Емото бил поканет да го прифати One Million Dollar Paranormal Challenge од страна на James Randi во 2003 година и би добил US$1,000,000 ако можел повторно да го спроведе експериментот под услови за тестирање договорени од двете страни, тој не го прифатил предизвикот.

    Проблем 19:

    "In 1763, the philosopher Immanuel Kant, then at the beginning of his career, was impressed by these accounts and made inquiries to find out if they were true. Kant wrote a very affirmative reply, referring to Swedenborg's "miraculous" gift, and characterizing him as "reasonable, agreeable, remarkable and sincere" and "a scholar", in one of his letters to Mendelssohn,and expressing regret that he (Kant) had never met Swedenborg.

    However, three years later, in 1766, Kant wrote and anonymously published a small book entitled Träume eines Geistersehers (Dreams of a Spirit-Seer) that was a scathing critique of Swedenborg and his writings. He termed Swedenborg a "spook hunter""without official office or occupation". More significantly, he became concerned about being seen as an apologist for both Swedenborg and for Spiritism in the guise of his interest in Swedenborg, which might have damaged his career. Dreams was intended as a refutation of all such thinking. This left Kant in the ironic or hypocritical position of trying to free himself of ridicule while he at the same time ridiculed Swedenborg."


    Кант подоцна почнал да го критикува. Епитомологијата на Кант тврди дека сето знаење е извлекувано од директно сетилно искуство од она што е перцпирано како материјалниот свет. Но Сведенборг тврдел дека тој се здобивал со знаење од духовниот свет. Сведенборг бил прогласен за heretic од страна на црквата и баниран од религиозните, научните и интелектуалните кругови во 18 век во Шведска и западна Европа. Претставувало срам за голем ум како Кант да ја поддржува работата на Сведенборг.

    Проблем 20:

    "In the two and a half centuries since Swedenborg's death, various interpretations of his theology have been made, and he has also been scrutinized in biographies and psychological studies. Of note is that, just as Jesus Christ, with his new teachings, was considered insane by some, so Swedenborg, with his claimed new dispensation, has been considered by some to suffer from mental illness. “While the insanity explanation was not uncommon during Swedenborg's own time, it is mitigated by his activity in the Swedish Riddarhuset, the Riksdag, and the Royal Swedish Academy of Sciences."

    Како што гласеше и мојата претходна претпоставка за визиите, многумина исто така мислеле дека Сведенборг имал ментална болест. Многу психопати кои патем биле на високи функции можеле добро да ја скријат нивната болест, како Сталин или Хитлер.

    Проблем 21:

    "Of note here is Swedenborg's statement that he was commanded by the Lord to publish his writings and "Do not believe that without this express command I would have thought of publishing things which I knew in advance would make me look ridiculous and many people would think lies..."

    Неговото мислење дека ќе биде прогонуван претставува психолошка проекција со приказната за Исус бидејќи се поистоветувал со него, како и во други прилики кога манифестирал имитациско однесување.

    Проблем 22:

    "Much of his story will sound familiar to Mormons. Swedenborg speaks of a place where spirits all gather after death (our first state) and await assignment to either heaven or hell (our second state). Swedonborg believes that heaven is place where people with continue to grow and progress. Those who die as children will grow to adulthood as spirit-beings and those who die old or sick will again be youthful."

    Рајот на Сведенборг и рајот на Мормоните се слични. Уште едно сомнение за плагијат.

    Проблем 23:

    "The philosopher Immanuel Kant (1724-1804) appears to have been skeptical of Swedenborg’s mystical claims, while also having respect for Swedonborg’s intellect and writings. I find myself falling along the same lines."

    Поддржано од претходното мислење за Кант, и овде се истакнува дека тој бил скептичен кон тврдењата на Сведенборг.

    Проблем 24:

    "Not all of Swedenborg’s theological works appear to be fully Divinely inspired. What is the case for the teachings on extraterrestrial life? It has long been concluded from telescope observation that our moon does not support life as we know it, and that conclusion has been extended by data from the manned landings there. Unmanned probes to the other planets in our solar system and some of their moons have found a similar lack of life in any form. It is impossible for there to be a contradiction between the Divinely created physical operation of the universe, which is studied by science, and Divine revelation about the universe. How then to explain the apparent inconsistency here?"

    Црквата на Сведенборг имала потешкотии да го објасни ова. Ова е спротивно со Астробиологија. Црквата дава одговор дека божественоста е позначајна од науката. Ова е доста типично и предвидливо за црквата, како што таа во средниот век негирала било какви теории кои се косат со религиското верување.

    "Since the teachings on extraterrestrial life are part of the Word of God, it means that any apparent inconsistencies are due to limitations in our understanding of revelation, of the observations of science, or of both. The case is similar to that of belief in the Biblical miracles, which also appear to go contrary to what we know from science about the function of the universe."

    Проблем 25:

    "During Swedenborg's out-of-body experiences, he encountered beings whom he identifies as angels. They ask him, in effect, if he is prepared to die.The communication which took place between Swedenborg and the spirits are direct transfers of thought - a way of communicating in which there is no possibility of misunderstanding. This corresponds to people having NDEs who describe communication as being telepathic."

    Сведенборг тврдел дека телепатски комуницирал со ангели. Телепатијата се објаснува во не/веројатноста на неутрината (и анти-неутрината) да избегаат од нашиот мозок без да бидат фатени од нашите рецептори поради фактот што не се ограничени само во просторијата во нашиот череп. Со оваа веројатност тие можат да се пропагираат во главата на другиот човек и да предизвикаат "хакерски" реакции, создавајќи несакани мисловни синџири.

    Заклучок: Сведенборг станал тоа по што е познат бидејќи потекнувал од религиозно семејство. Не се исклучува можноста дека страдал од ментална болест. Во текот на својот живот имал само четири предвидувања кои веќе биле слушнати во слична верзија што само по себе не е веродостојно и дел од тие предвидувања можат да се објаснат логички. Сведенборг делува како модерен шарлатан кој применува методи како Барнум ефектот. Инволвирањето на религијата во науката е обид истата да стане "оправдана" за да може да опстане што подолго во свет каде науката секојдневно успева да ги оспорува религиозните верувања. Со други зборови, Сведенборг и црквата како институција правеле напори "to blend in" со науката за да изгледа како и самата да е нормален дел од тоа, кога во реалноста е токму спротивното.
     
    На theowndemon, Keanu_R.Wick, Gosh и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Marche12

    Marche12 Активен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2018
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    60
    Пол:
    Машки
    A shto kje kazes za Isus za Bibljita za Vecniot zivot spored nea ??
     
  11. Mantub

    Mantub Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    4.066
    Допаѓања:
    31.044
    Пол:
    Женски
    Ај искулирај малце. Имаш уште многу леб да изедеш пред да можеш да водиш дебата со Briar Rose. Многу сте смешни вие што мислите дека ќе добиете некаква награда од бог ако одите и ги навредувате сите кои не веруваат во истото во кое што верувате вие. Не баш, бог ги наградува милите и љубезни луѓе кои не осудуваат никого. Што не ја направи темава, "Не мислам да дискутираме туку сакам да ви кажам дека јас сум најголемиот христијанин на светот и сите останати ќе горите во пеколот". Безобразен си и немаш појма што значи дискусија. Ниту имаш појма што значи бог. Од втор коментар се гледа која ти е целта на дискусијава, а тоа е да се осетиш ти како најсвесен и најголем и и најпосветен христијанин, луѓе ве молам аплауз ве молам :clap:
    Очајно
     
    На Gosh, coldbaby, candy.cane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Ana3567

    Ana3567 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2014
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    451
    Пол:
    Женски
    da go znaeshe ti hristijanstvoto kje znaeshe deka nema pekol i raj kako shto go zamisuvash devojko
     
  13. Ana3567

    Ana3567 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2014
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    451
    Пол:
    Женски
    Poshto ti si najucena haha aj kazi shto mislish za novite otkritija na Dr Sam Parnia koj tvrdi deka doshle do soznanie deka energijata ne umira a svesta prodolzuva i kje go potvrdat ponataka do koga kako i dali e vecna , imam tema otvoreno ako sakash poseti ja pisi tamu
     
  14. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    13.506
    Пол:
    Женски
    Всушност, јас имам едно прашање за вас: Зошто ја одбегнувате темава и поставувате неповрзани прашања?

    Јас никогаш директно не сум ве навредила вас и вашите верувања, туку само го искажав моето мислење како атеист бидејќи имам право на говор и патем ви дадов вкупно 25 точки за дискутирање кои вие ги игнорирате.

    Доколку темава сте ја отвориле за да коментираат само верници, требаше тоа да биде напоменето на самиот почеток. Вака, само се посрамотувате пред целиот форум...

    Или стриктно наведете дека не сакате атеистички мислења на темава или научете се да дебатирате како цивилизирани луѓе.
     
    На candy.cane, theowndemon, Cinnamon Bun и 9 други им се допаѓа ова.
  15. Mantub

    Mantub Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    4.066
    Допаѓања:
    31.044
    Пол:
    Женски
    Важи, сега ќе ја посетам темата, баш ми се читаат будалаштини на две теми, една не ми е доволна :rofl:
     
  16. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    2.434
    Допаѓања:
    3.072
    За Емануел Сведенборг голем респект, за мене бил голем духовен визионер и вистински христијански мистичар. Постои убаво предавање од Хорхе Луис Борхес за Сведенборг, ако го најдам текстот, ќе се обидам да постирам извадоци од истото.

    Патем кога се отвора некаква тема на форум, имајте во предвид дека мислења кон истата може да има најразновидни и нужно не мора да се поклопуваат со нашите/вашите сфаќања. Форумот, барем во поголем дел, е токму тоа - место за дебата, прашања и одговори на разни теми.

    п.с. Темава е посоодветна за во подфорумот Религија.
     
    Последна измена: 18 октомври 2019
    На Gosh му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ana3567

    Ana3567 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2014
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    451
    Пол:
    Женски
    Devojce shto kje kazes na ova ,ako si tulku pametna objasni go ova naucnicite shto go tvrdat https://forum.kajgana.com/threads/Научниците-открија-дека-постои-живот-после-смрт.107654/#post-8767154
     
  18. Ana3567

    Ana3567 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2014
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    451
    Пол:
    Женски
    Osven Energijata shto e potvrdena deka ne umira , doktorov tvrdi deka za brzo vreme kje potvrdi deka postoi dusha .. poglednete go videoto

     
  19. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    13.506
    Пол:
    Женски
    Проблем 1:

    "Научниците од универзитетот во Саутхемптон пронајдоа доказ дека свеста продолжува барем неколку минути а може и саати по клиничката смрт, што до сега се сметаше за невозможно."

    Ова не е ништо ново и не се однесува само за клиничка смрт, туку и за вистинско настанува на смрт и тоа на брутален начин. Секој поединец реагира на различен начин, секако во зависност од состојбата во која се наоѓа, дури и кога станува збор за ненадеен пад на крвниот притисок во мозокот.

    Низ историјата, особено за време на Француската револуција имало извештаи од доктори кои ги набљудувале реакциите на главите кои биле обезглавени со гилотина и дел од нив изјавиле дека е сосема лусидноста (lucid interval - светли моменти) е сосема нормална во одредени случаи.

    Односно, доколку нервните рефлекси накратко функционираат и ги манифестираат основните човечки сетила на исечена глава, тогаш секако дека веројатноста за таквите реакции ќе биде зголемена и кога човекот не доживува таков брутален акт врз него.

    Проблем 2:

    Смртта е неизбежен завршеток на животот, но научниците веруваат дека откриле ново „светло на крајот на тунелот.“

    Бидејќи мозокот спаѓа во дел од телото, а од мозокот потекнува човечката свест, со самото настапување на смртта срцето престанува да пренесува крв низ целото тело, вклучивајќи го и мозокот, истиот не може да работи.

    Она кое некои луѓе го опишуваат како "прелетување на животот" во близок момент со смртта, е само еден процес на комуникација меѓу невроните - автоматски посочувајќи на фактот дека свесноста исчезнува во моментот кога мозокот умира, односно престанува да работи.

    Според законите на физиката, животот навистина завршува со биолошката смрт, и тоа од сите аспекти: енергија, свесноста, електричните импулси во нервиот систем кој се распаѓа, телото и органите...

    Проблем 3:

    "Откриле дека речиси 40% од луѓето кои доживеале клиничка смрт, на некој начин биле свесни од моментот по застанувањето на срцето, до моментот на оживување."

    Зошто само речиси 40%?

    Мислев дека религиозните верувања проповедаа дека на сите луѓе им следува "живот" по смртта, дури и кога се наоѓа на самата граница со клиничката смрт. Или пак само одредени луѓе заслужуваат задгробен живот? За да се потврди валидно задгробниот живот, статистиката треба да покажува 100%, ни повеќе, ни помалку.

    Проблем 5:

    "Еден од испитаниците дури и опишал како „го напуштил своето тело“ и надвор од него гледал како сите се борат за неговиот живот."

    Овој субјктивен феномен е познат како "Out-Of-Body Experience" или Астрална Проекција и истиот претставува резултат на нарушена телесна мултисензорна интеграција што се јавува за време на настани кои го загрозуваат животот.
    Освен тоа, постојат многу физиолошки теории кои го објаснуваат овој феномен, кои патем, не содржат никакви надприродни елементи, а погоре објаснив зошто е тоа така според законите на физиката.

    Проблем 6:

    "Тој вели и дека пациентот опишал сè што се случувало додека докторите се труделе да го оживеат."

    Ова не се однесува за сите пациенти, бидејќи секој човек има различна невролошка реакција за состојбата со која се соочува. Така, кај овој пациент, неговите нервни рефлекси му овозможуваат да ги искусува основните човекови сетила, иако истото не се смета за целосно веродостојно поради абнормалната активност на temporal lobes.

    Всушност, според невроанатомските модели, постојат два вида на искусувања на клиничка смрт:

    Првиот вид се должат на билатералните фронтални и окципитални, но претежно десни хемисферични оштетувања на мозокот кои влијаат на вистинскиот временски париетален спој и се карактеризираат со надворешни искуства на телото, изменето чувство за време, сензации на летање, лесна варијација и летање.

    Вториот вид се должат на билатералните фронтални и окципитални, но претежно лево хемисферични оштетувања на мозокот кои влијаат на левиот временски париетален спој и се карактеризираат со чувство на присуство, средба и комуникација со духови, гледање на блескави тела, како и гласови, звуци и музика без векција.

    Со други зборови, мозокот игра сензорни трикови врз субјективната перцепија, која патем не се искусува задолжително кога станува збор за клиничка смрт, туку и под дејство на одредени дроги, ментални болести и слично. Но во случајот на клиничка смрт, станува збор за илузии предизвикани од оштетувања на мозочните хемисфери.

    Најголемата заблуда во врска со енергијата е тоа што никој не ја применува целосната дефиниција.

    Изразот дека "енергијата не умира" не е прецизна и се однесува на правилото дека енергијата не може да биде уништена.

    Иако науката вели дека енергијата не може да биде ниту создадена, ниту пак уништена, сепак ова не е целосниот природен закон. Имено, целосниот закон гласи: Енергијата не може да биде ниту создадена, ниту пак уништена, АМА може да биде трансформирана од една форма во друга.

    И ова правило се применува буквално насекаде во универзумот. На пример, иако луѓето го користат терминот произведување на електрична енергија, таа во пракса не може да се направи, односно да се создаде. Напротив, во нуклеарна или пак во термо централа, електричната енергија претставува ништо друго освен претворена топлинска енергија, односно во овој случај имаме трансформација на формата.

    Според овој пример кој го наведов, би можело да се каже дека нешто слично се случува и кога умираме.
    Имено, по нашата смрт ние се распаѓаме со помош на бактерии и други слични организми, односно за нив стануваме извор на енергија.
    Во полето на физиката, овде настапува еквивалентноста меѓу масата и енергијата и истата е манифестирана преку оваа формула:

    [​IMG]

    Како што врз мртвото тело дејствуваат одредени хемикалии, тогаш дел од енергијата која се наоѓала во нашето тело може да биде изгубена во форма на топлина. Ова претставува закон кој е присутен буквално насекаде во универзумот, односно енергијата е константно конвертирана од една форма во друга, т.е. подлежи на трансформација. Поради овој факт и вкупната енергија на универзумот останува константна.
     
    На candy.cane, Cinnamon Bun и Angie1432 им се допаѓа ова.
  20. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    13.506
    Пол:
    Женски
    Сепак, повторно ќе напоменам дека упорно ја избегнувате темата, како и 25-те точки кои ги наведов за теологијата на Сведенборг.
    Тоа ме наведува да помислам дека вие се согласувате со сите мои 25 точки кои ги наведов и немате никакви контра-аргументи поврзани со истите.

    Со вакви off topic прашања и мислења воопшто не придонесувате кон темава и уште повеќе го потврдувате фактот дека не сте способни да водите цивилизарана дебата според насловот на темата, која вие патем ја отворивте.

    Мислите дека е толку едноставно, нели? Да копирате туѓи текстови и да ја злоупотребувате науката, претставувајќи ја како еднодимензионална според вашите верувања?

    Науката претставува нешто многу позначајно отколку да ви дава одговор на вашите верувања кои датираат од античка историја.

    Знам зошто го правите ова - вашите верувања се засноваат врз основа на натприродни бајки, па ја гледате науката како обично средство со кое вашите верувања ќе станат "оправдани" и "докажани", бидејќи длабоко во себе вие знаете дека вашите верувања едноставно не се валидни според стандардите на модерниот свет.
     
    Последна измена: 19 октомври 2019
    На candy.cane, Cinnamon Bun, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.