Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Емили во Париз (Emily in Paris) [2020]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од mazikeen, 15 октомври 2020.

  1. mazikeen

    mazikeen Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2018
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    1.423
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Emily in Paris
    - Фирма за маркетинг во Чикако, испраќа свој претставник во Париз, со цел да се прикаже Американска перспектива во градот на светлината.

    Од креаторот на легендарните Сексот и Градот, Беверли Хилс 90210 & Подмладена (Younger) ни доаѓа нова ром-ком драма на чело со прекрасната Лили Колинс, а чие дејство се одвива на улиците низ Париз. Навидум серија која ветува многу, па што повеќе од тоа и и треба на една ром-ком драма, нели?
    Серијата својата премиера ја доживеа на почетокот на октомври, на Нетфликс, и со 10 епизоди се заокружи првата сезона. Секако дека целата сезона се изгледа во 1 дено-ноќие (времетраењето на епизодите е по 20тина минути) и секако дека заврши со cliffhanger. Втора сезона, се уште не се знае дали и кога ќе има.

    Пред некој ден прочитав рецензија, и искрено, поконкретно мислење од тоа, не би можела да дадам. Се согласувам со секој збор што е напишан, а во прилог ќе ви оставам линк да видите за што станува збор (скролнете подолу, кон крајот на текстот, ќе го ставам линкот во спојлер и да ве предупредам може да содржи по некој спојл). А доколку некого го мрзи да чита, еве во кратки црти: серијата е многу basic и предвидлива и дури иритира на моменти (што на некој чуден начин го наведува гледачот да ја изгледа во 1 здив). И покрај тоа што има доста шармантни глумци сепак не се чувствува апсолутно никаква посебна хемија помеѓу никого, а многу од модните парчиња беа модна катастрофа. Искрено сметам дека на продуцентот ова му е тотално промашување (освен ако не целел баш кон тие карактеристики) и навистина се надевам дека ќе има втора сезона и дека ќе е далеку подобра од оваа. Останува да чекаме и да видиме.

    Главни улоги: Lilly Collins, Lucas Bravo, Ashley Park, Camille Razat, Philippine Leroy-Beaulieu..

    Рејтинг: IMDb : 7.4 / 10



    Дали некој ја има изгледано? Како ви се допаѓа?


    пс.:Ве молам земете предвид дека погоре кажаното е само мој осврт на тоа како јас сум ја перцепирала и доживеала серијата. За некого ова може да е најдобрата серија на сите времиња и тоа е сосема во ред. Не сме тука за да се осудуваме и напаѓаме меѓусебе, секој може да си го искаже своето мислење, се додека не повредува некој друг. :)
     
    На Havana!, Lollipop_123, Elois и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. supersandy

    supersandy Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2020
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    560
    Пол:
    Женски
    Да, ја изгледав пред некој ден и онака задоволна сум.
    Потполно се согласувам дека серијата е доста предвидлива и асоцира на нешто веќе видено.
    Но, како и негативни- така има и позитивни страни. Ми се допаѓа што епизодите траат прилично кратко, приказната и случувањата релаксираат (барем јас така ги доживувам) и ако ништо друго- Lucas Bravo е прав лепотан :inlove:
    Доколку имате неколку часа слободни и сакате мозокот да го пуштите на ,,пасење''- топло Ви ја препорачувам серијата. :hug:
     
    На mazikeen му/ѝ се допаѓа ова.
  3. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.913
    Пол:
    Женски
    Серијава е топ за релаксација, опушта ептен. Не е нешто невидено ама е океј. Најмногу ја гледав заради уличките, рестораните, местата во Париз. :inlove:
    Иако сметам дека би било подобро ако на местото на Лили би била некоја јака жена како Саманта од Sex and the city. :D За да биде понапето меѓу шефицата и неа. Како и да е, интересен беше и добар е за опуштање.
     
    На Kohlensäure, joy1, Srckata28 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. *katja*

    *katja* Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2016
    Пораки:
    421
    Допаѓања:
    965
    Супер серија за релаксација, посебно дека дејствието се одвива претежно во Париз. Буквално го опишува животот таму а и менталитетот на французите. Додуша малку (ама само малку :)) претерано, ама во суштина точно. Малку ме потсеќа на Gossip Girl, која ја гледав со задоволство бидејќи беше исто така релаксирачка и 'лесна' за гледање. Препорачувам.
     
    На mazikeen му/ѝ се допаѓа ова.
  5. злоба

    злоба Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.104
    Допаѓања:
    3.626
    Пол:
    Женски
    Многу лоша серија пуна со недолични стереотипи за французите, но и за Емили. Згора на сé обеката што ја носи главниот лик е ушас, а стилистот од Sex and the City бил! :puke:
     
    На simoncelicius, Hellobeautiful, sierra и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Elois

    Elois Активен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2020
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    190
    Пол:
    Женски
    Планирам да ја гледам, ама некои негaтивни критики ме премислуваат, сепак е on my list.
     
    На Bubce38 и mazikeen им се допаѓа ова.
  7. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.054
    Допаѓања:
    5.085
    Ја изгледав. Среќа кратки се епизодите
    Многу предвидлива и многу клише
    Патриша Филд пробала да и даде некој модерен Кери Бредшо шмек на Емили ама тотално утнат


    Не би ја гледала пак..
     
    На simoncelicius, Hellobeautiful, mazikeen и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. sierra

    sierra Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2019
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    908
    Пол:
    Женски
    Ја изгледав во два дена. Се согласувам со коментарот погоре, серијата изобилува со стереотипи за французите..практично сè што прават е пијат вино, пушат цигари, а секој зафатен маж има афера.
    Лично, не почнав да ја гледам заради содржина, очекував лајт серија и тоа и го добив, со убави кадри од Париз и аутфити. Модата е малку под моите очекувања, сите комбинации на Емили изгледаат типично американски со очајно wanna be French...мислам, пепито и беретка, really? :D Уште нешто што не ми се допаѓа е тоа што ликовите често зборуваа меѓу себе на англиски, дури и кога Емили не беше вклучена во разговорот, нелогично и нереално.
    Ликови што ги обожавам се колегите од канцеларијата, посебно Лук и Џулиен, а Емили ми е многу напорно човече. |(
     
    Последна измена: 15 октомври 2020
    На Purplelilac, simoncelicius, Hellobeautiful и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Мене ми се допадна серијава, лесна и релаксирачка, мене ме смееше многу.
    Не навлегував во детали што ,како, зошто, барав ваква серија и како таква ми се допадна.
    Ликовите, те. нивната глума ми беа одлични, серијата е плитка, да, ама разиграна.
    Ќе гледам и втора сезона ако има, обавезно. За опуштање, без многу мислење - одлична!
     
    На BejbiBlu, Elena69221, Bozica1980 и 7 други им се допаѓа ова.
  10. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.763
    Допаѓања:
    145.233
    Ја гледам и јас навечер, по една епизода. Си ја ,,послаждам,,.:D
    За релакс и пуштање мозок после напореден ден ептен е ок. Комични сцени, интересни стајлинзи на Емили, малку хумор.
     
    На Elena69221, Bozica1980, JuLleE и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Aesc2000

    Aesc2000 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2017
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    180
    Многу лесна и пријатна серија. Одлична за релаксација.
     
    На mazikeen му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Nellie

    Nellie Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    388
    Допаѓања:
    1.327
    Пол:
    Женски
    Ја изгледав, ми беше онака, уживав само дека е снимана во Париз. Дарен Стар знае да направи серија дефинитивно, но подобра ми беше younger и 90210.
     
    На S.W.A.G и mazikeen им се допаѓа ова.
  13. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.662
    Допаѓања:
    29.406
    Пол:
    Женски
    Јас очекував од серијава да ме релаксира и да уживам во глетките на преубавиот Париз, и тоа и го добив. Не барав нешто подлабоко, модата е заостаната и се гледа дека е од стилистот на сексот и градот, премногу натрупано. Ама имаше некои комбинации што би поминале. Лили како Емили е одлична, и би гледала втора сезона, совршена е за пуштање мозокот на пасење и виртуелно "живеење" во Париз. Ако сакате ваква женска серија со подлабока тематика од мене имате препорака за The bold type.
     
    На allaround, LovelyGirl3, S.W.A.G и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. *katja*

    *katja* Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2016
    Пораки:
    421
    Допаѓања:
    965
    Може страна кај ја има онлине серијава? Фала.
     
  15. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.662
    Допаѓања:
    29.406
    Пол:
    Женски
    Не знам каде ја има онлајн искрено, јас преку торент симнувам епизоди
     
  16. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.780
    Допаѓања:
    44.159
    Пол:
    Женски
    Мене ми беше релаксирачка, ништо повеќе не ни барав, уживав ради Париз и ради хуморот. Инаку Емили беше утка до утка со комбинациите, ама јас и во сексот и градот не знам што толку фамос беше стилот на Кери, мене ми беше ужасно кич, па така и кај Емили. Инаку имав прилика да работам до французи и стварно повеќето беа арогантни при прв впечаток, после стануваа мили.
     
    На Purplelilac, simoncelicius и mazikeen им се допаѓа ова.
  17. Ladybug98

    Ladybug98 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.093
    Допаѓања:
    4.200
    Пол:
    Женски
    Побарај на гугл вип серије, хрватска страна е и ги имало сите серии и филмови од нетфликс.

    Мене не ме воодушеви многу со оглед на тоа колку е популарна серијава. Обожавам вакви серии, ме опуштаат скроз ама оваа уште на третата епизода знаев што ќе се случи и како ќе заврши.
    Онака за да утепаш време слободно дома, ја препорачувам :)
     
    На teressa, simoncelicius, mazikeen и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. *katja*

    *katja* Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2016
    Пораки:
    421
    Допаѓања:
    965
    Фала ти. Ја нема на Нетфликс и сл. :( Мислам дека ја има на Амазон Приме, само ќе морам да се регистрирам.
     
  19. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.012
    Допаѓања:
    18.569
    Пол:
    Женски
    @*katja* https://www.hdsaprevodom.com/serija/emily-in-paris Повели:)


    Очекував многу повеќе, ја изгледав у два дена не ми е нешто посебна, а колку ја збореа може и јас ги подигнав очекувањата поради популарноста.
     
    На Hellobeautiful и mazikeen им се допаѓа ова.
  20. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.763
    Допаѓања:
    145.233
    Јас ја гледам на Нетфликс. Ја има.