Серијата е да легниш и да не мислиш, само да гледаш. Пријатна. Ко секоја серија од тој тип. Ми требаше нешто за релаксација ко ја гледав и ми дојде ко џокер во ракав.
https://www.putlockers.cr/search/the bold type/ Ја имаш и овде The bold type. Што се однесува до серијата Emily in Paris, искрено не е лоша, релаксирачка и лесна серија која се гледа во 2 дена буквално, бидејќи има само 10 епизоди и траат околу 25-30 мин, највеќе поради тоа почнав да ја гледам кога видов дека е кратка, па да имам занимција викендов.
Јас ја почнав вчера. Три во едно изгледав. Мене ми е супер. Чак и облеката на Емили ми е убава Црниот фустан што го носеше во втората епизода на забавата ми е прекрасен, скроз френч стајл.И глумицата ми се допаѓа. Баш е нежна, мила. Едина маана е шо мм ми мора да гледа (на негов лаптоп гледам) па превртува очи Ама ќе издржи не биле мн епизоди
Јас ја изгледав во два дена. Лесна, предвидлива ама некако убаво ми дојде како да сум отишла на патување во Париз. Емили некако во некои сцени ми беше префорсирана, а Габриел ми се допадна тотално Сега ќе си чекам втора сезона, баш ме интересира што ќе се смени.
Ја изгледав и јас серијата (во два дена ) , ја почнав баш заради тоа што е една сезона и само 10 епизоди по пола сат, не е нешто посебно, ништо ново ама океј е
Не знам која научна фантастика ја барате во серијата која е лесна и за релакс. Мене ми се допадна, ја почнав синоќа, ја догледав денес. И стајлинзите на Емили ми се топ и интересни, јас се би носела. Убава лајт серија, лимонатка.
Супер серија за времево, баш feel-good е, како се си доаѓа на место, бег од реалноста. Серијава се гледа со соодветни очекувања, ако сакате нешто длабоко, барајте друга серија.
Се согласувам и јас. И не ми се јасни припаѓањата по нет со длабоки анализи за ваква chick-flick серија. Смешни ми се дури, затоа што навистина е смешно да се оди во таа насока со серија за која од старт ти е јасно колку може да понуди. Исто ми е како да земеш да читаш книга од Софи Кинсела и да кажеш - пфффффф, е да бе, глупости живи книгава, како си се наместија ликовиве ко на филм. Па, чик-лит е, поентата ѝ е да биде таква. Добро го изрендаа Pierre Cardin во серијава патем. Не знам зошто ама со тоа авангарда муабетите на Pierre Cadault, одма на него ми отиде паметот. Не сум гуглала за ова да проверам, може и нема врска ама премногу сличности и со лого и со самиот лик ми дојдоа па тоа ми падна на памет.
Па ајде де, им припаѓа и бараат не знам што во ваков вид серија, а целта и е баш ова, да биде ваков вид серија, лесна и за релаксација. За Пјер и на мене одма ми падна на ум дека е за него, шо знам, ама ептен сличности. Фина серија и едвај чекам втора сезона. Габриел ми е срце значи.
Емили ми е кринџ и одвратна. Ужасна другарка и себичен лик. Сите ликови уствари ми беа кринџ, освен Ками. Габриел е тип на сељак што би го пцуеле во секоја една љубовна тема на форумов, али somehow е кјут во серијава?! Maybe I'm getting too old за вакви серии .
Пишав веќе во темата за Нетфликс серии,мене ми легна ептен. За викенд си ја изгледав цела,супер бегство во еден ваков безвеза период. Иначе,многу фама се крена,еден куп студиозни рецензии по нет,мислиш Достоевски или Мураками го екранизирале. Предвидлива е скроз,нема што длабоко да се размислува.Ваква или таква,целта на продуцентите е постигната,си имаат гледаност,а и публика која очекува продолженија.
Па добро ако беше направена темата за да кажеме само дека е интересна лајт серија, тогаш немаше да има потреба од повеќе од 3 коментари на истата. Не е ни анализа ова, три реченици кажав во врска со 10 епизоди, ама во ред. Ако веќе гледаме така, и Габриел го знае колку што ја знае женска му.