Супер серија за релаксирање, хумористична, ми се допадна особено тоа што се чусвтвуваш како да патуваш низ Париз додека го гледаш филмот, опфатени се убави локации, улички, ресторани, пекари. Чекам втора сезона
Толкав хајп за серијава, очекував многу повеќе. Не знам дали ја имате гледано Younger,со Хилари Даф. Мене многу ме потсети на таа, само што таа серија беше одлична. Онака серија ако сакате да се опуштите, да ставите мозок на офф, и плус е што епизодите траат по 25, 30 минути. Освен преубавиот Габриел, локациите и кафулињата ништо друго не ми се допадна Од модата сум баш разочарана, машките беа многу подобро облечени од самата Емили
Истиот продуцент е на двете серии и плус на Сексот и Градот и Беверли Хилс 90210, затоа и многу луѓе имаа високи очекувања за Емили.
Ја завршив серијава пред некој ден. Не тргнав со превисоки очекувања, туку баш барав нешто лајт, што ќе ме релаксира. Она што ми беше супер се кадрите од Париз, онака навистина преубави делови се фатени. Па сончево, природа, улички, клупи, паркови и фонтани, типична пауза со кафе и кроасан. Исто ми се допадна тоа што има делови каде се зборува француски, па добро потсетување на јазикот ми е. А инаку содржината е скроз предвидлива, веќе видена и не очекувам ниту некој вау пресврт во втора сезона. Аутфитите на Емили ми се ко за 2010, а најголем промашај ми е тоа што во сееееекоја една комбинација носи чизми, лето, зима, есен, пролет. Многу подобри комбинации имаше другарка ѝ Минди. Симпатично и убаво скоцкани, баш супер ми изгледаше. Би ја гледала и втората сезона зашто после ваква тапа година е фина за расположение.
Џабе изгубено време... Изгледа не ми е за возраста Очекував многу повеќе страст и сексои, и секоја наредна епизода ѝ давав шанса на Емили, ама не и не Втора сезона нема да гледам. Препорачано за девојчици до кај 25 години.
Јас само што ја изгледав цела серија. И јас сум ваква Контраверзна серија, полна со позитивност и борба за надминување на бариерите. Многу ми се допаѓа стајлингот на Емили Спонтаноста и едноставноста. Јас тотално се занесов. Со задоволство чекам втора сезона. П.С. Може нешто да се научи од серијава.
Одобриле 2 сезона, но никаде не видов датум кога ќе излезе. Не знам ни дали почнале со снимање. Ако има некој некаква инфо, нека сподели
Штотуку ја почнав. Ова ми е прва серија што ја гледам (небројувајќи ги турските на Сител) и за првите две епизоди сум воодушевена. Баш е мој стил и ми се допаѓа хуморот. Дојдов тука да видам кога ќе има втора сезона, но ништо. Многу брзо се завршува првава, очекувам до вечерва да сум готова.
Ја изгледав во еден здив, предобра серија за опуштање и одмарање мозок. Мислам дека баш го има доловено тој судир помеѓу европски и американски менталитет (во корист на Американците секако ).
Spoiler: ВТОРА СЕЗОНА Мееех... Досадно. Провидно и досадно. Ме нервира Емили и секоја нејзина идеа да реши се. Омилени ликови ми се они од канцеларијата. Минди, онака, безвезе нешто целата таа романса. Габриел правеше се што Емили ќе му наредеше. Камил, ништо посебно, ништо уау. Не знам како Емили очекуваше да се другарки после се што и направи на Камил. Камил и Габриел ми се совршен пар. Емили антипатична во секој поглед и онаа Медилин. Ми беше глупо што цела година работи со овие и на крај трчка по Меделин како мињонче пошто е американка. Ми сметаше што во секоја епизода барем пет пати кажуваше дека е од Чикаго. Мислам, дај ај . Алфи е ново освежување и мажот и швалерот на Силви. Силви ми е одличен лик. Целото перипетие, триаголник Камил, Габриел, Емили беше некако смешно смотано измислено. И на крај нејзиното останување во Париз беше пресудено од личност која цела сезона ја тераше да се врати со Камил.... Безброј пати Емили ми беше кринџ... Едино комбинациите и Париз беа одлични, другото се беше малтене глупости со неа. Иако е главен лик сепак мислам дека серијата ќе е многу подобра без неа. Знам дека е лимонатка, ама нека си го средат главниот лик, озбилно...
Стигнав до 5тата епизода, Emily досега ми е катастрофа облечена со сите шари на нејзе, во првата сезона мислам подобри комбинации имаше
Утка засега. Три епизоди изгледав и некако ја немам таа желба да седнам и да ја завршам во еден ден како што беше случај со претходната сезона. Што е со Емили? Многу ѝ го расипале карактерот и ептен паѓа во око, не беше ваква. Ја направиле толку глупава и плитка, да не може да ја смисли човек. Разочарување, ми спласна и еуфоријата.