Изгледана и третата сезона во еден ден. Многу ја растегнаа, додека ја гледав имав чувство дека ништо ново не се случува. Апла фикција ја направија. Крајот, ако вистина мислат да играат на таа карта, неинвентивен.
Третава сезона многу досадна. Се едно исто во круг вртат. Аутфитите 80% од времето беа ужасни, особено тие на Емили. Во обид да се нешто креативни, на крајот реализацијата излегува целосно кич. Првата сезона беше најубава, втората онака, третата благ ужас. Можеле малку повеќе да се потрудат.
Претходната сезона мене ми беше полоша, најлоша од сите три. Оваа што знам, средно жалосна. Сè до шпанска серија моментот... Патетики живи. Ама и покрај тоа, првата половина ми беше интересна. После во втората половина од сезоната почнаа да тупат со љубовните триаголници и ми се смачи. Повеќето од женските ликови изгубија смисла, а машките сите до еден сведени на феноменот љубоморни маженца. Најсмешен фустан од сезонава, дефинитивно виолетовиот пуфнаст, кај што горниот дел личеше на мрежичка за капење.
Крајот ми беше очекуван. Имав надеж дека праејќи го Алфи толку добар партнер - дека ќе видиме нешто поразлично. Ама на крај беше предвидливо. Шо е океј, серијава ја гледам за да ме релаксира, не да ме напни.
Арна беше оваа сезона,ми се чини подобра од втората. И јас ја гледам за релаксирање и за мода.Силви ми фаворит уште.
Подобра од втората и те како ама досадна Крајот очекуван но повеќе очекував навистина после критиките на 2 сезона мислев сега ќе има бум. Првата сезона дефинитивно добра.
Изгледана во еден здив. Одлична беше оваа сезона. Минди и Нико многу ми стојат како пар, како го скроти за Емили браво. Камила ме изненади, но длабоко во себе знаеше дека тоа е вистината и не може да спречи, дури и пакт со ѓаволот да направи. Емили и Алфи многу ми беа слатки ко пар, за миг ќе поверував дека се заљубени еден во друг. Не ми се допаѓаше Емили на работа кога Џулиен треба да презентира пред клиенти,секој пат му ја разбиваше идеата и скроз го разбирам зошто се осеќа љубоморен, сега не знам дали во следна сезона така лесно ќе си замине. Силви - не знам што да речам. Во поглед на кадрите кон Париз, облеката феноменално. Воодушевена сум искрено серијава многу ми легна и едвај ја чекам наредната сезона.
До втората сезона сум стигната, не знам дали да ја завршувам. Вака почна добро, ама некако не е баш тоа што очекував. Габриел досега ми е најприземјен лик, Емили излезе баш онаква ко и сите други. Имаше некои хумористични моменти со другите ликови, ама и тоа сега како да го снема..
Сезонава...смешна, ама не на добар начин. Сепак не можам да кажам дека ми беше досадна. Нешто подобра е од претходната, барем за мене. Spoiler Иако, не знам како се осеќам со тоа што Емили и Габриел кооонечно се заедно. Апла им ја исполниле желбата на фановите. Чекаме втор дел за месец дена. И тоа да се изгледа маратонски во еден ден.
Мене оваа серија многу ми се допаѓа. Spoiler: Спојлер Стварно сакав со Алфи да биде, послатки ми се , но сеуште не е завршена Едвај чекам и јас за втор дел.
Каков завршеток на четвртата сезона ауу. Жими се оваа беше најдобра досега. Серијава обратно прави од она што типично го прават со сериите, од полошо оди на подобро всушност. Spoiler Не знам за вас ама јас цело време навивав да не завршат заедно Емили и Габриел. Габриел не можам веќе да го поднесам колку кринџ ми е. Особено после епизодата кога ја остави Емили сама на планината и не се ни сврти. Ама овој италијанецов Марчело какво маЌе е. И многу подобар пар ми се со Емили, последната епизода до последен момент се надевав дека нема Габриел да дојди во Рим и да им расипи сѐ и така бидна. Значи Емили во Рим со Марчело наместо во Париз со Габриел и кој што мисли поинаку погрешно мисли, крај! Сега таман и отворија канцеларија во Рим, треба да е Emily in Rome. После сезонава почна да ми се оди на посета во Рим.Сепак остана простор за 5та понатаму, осеќам не е тука крајот. Баш ме интересираат други мислења бидејќи јас навистина уживав во оваа сезона, многу повеќе од претходните што повеќето ми беа кринџ. Плус ми се допаѓа фактот што си ја сфатија грешката и направија да се зборува француски повеќе, бидејќи немаше ич смисла кога французите си зборуваа англиски и кога не беше Емили присутна.