Излезе новата сезона. Изгледав две епизоди. Па, што знам... Емили. Ја гледавте, ќе ја гледате, или кренавте раце?
Јас ја гледам моментално до 6та епизода сум, како и секогаш, лајтче серија да ти опушти мозок, јас си ја сакам ептен
Завршвам со епизода 6 ама морам да пишам. Прва полојна од сезоната еп1-4 Spoiler Ептен ми се допадна зошто јас сум Марчело стен. Толку е likeable, толку е убав ... и поентата зошто гледам серијава е да можам да одморам мозокот со лабава драма. Како се ова заврши ме исфрустрира. Не сфатив MindyxAlfie, која е поентата?Ми дава вајб како шо во нашиот тајмлајн постои Кети Пери Х Џастин Трудо. Непотребно пополнување време и креирање приказна шо веќе е видена (Емили и Ками). Од еп5 натака Spoiler I hate it. Дур допишав ова преминав и на епизода 7. Се думам дали вреди да дотуркам до крај на сезоната, за мене заврши серијата со првата полојна. Шо бара пак Нико во приказната? И која беше поентата на Алфи? Пак Габриел драма? Онај американецо новио - plain Joe. Дали вистина ни треба нов love interest? Заклучок Spoiler Само Силви вреди. Можда ќе скокам од сцена на сцена со неа. --- Да се едитирам за да додам ова: Called it. Комотно можеше да заврши заклучно со претходната сезона. Се ова е тегнење на приказна за профит.
Многу лош крај. Многу. Spoiler: Последна епизода Значи не можам да поверувам дека мораше да го заебат и ова . Баш беа супер пар со Марчелои ете не може ни со него да заврши заедно. Значи ако има 6та сезона едноставно не ја гледам зошто не сакам крај каде што ќе бидат Емили и Габриел заедно.
Пуштив некни на кратко, што да кажам. Ние сме будали што ги гледаме с****ва. Од друга страна па прекрасни серии немаат нови сезони.
Значи. Spoiler Беше разочарана зашто нема да остане во Италија и да ја води канцеларијата таму. Потоа, доби шанса да остане во Италија и да биде со човекот кој демек го сака. Нели, win win ситуација навидум. Ама, не. Дали ако Силви ја оставеше таму на крај сепак ќе се вратеше во Париз со подвиткана опашка? Патем, не сум Марчело фан, не знам, некако ми немаа ич хемија со Емили. Не како што имаше она на почетокот со Габриел. Додека не го уништија тоа со катастрофалните одлуки, а сега повторно го гураат и очигледно со него мора да заврши. За Минди не ми се ни зборува, толку лошо пеење не знам еве. Баш и ја погодија улогата во филмот што ја доби, ко стаорец кога сквичи звучи секако. И се врати на оној дебилот, при Алфи човече. Приказната со Силви и синот на пријателката тотално провидна и непотребна . Ништо посебно сезонава, како и секоја друга нели, ќе се заборави до утре.
Уште ја немам почнато последнава сезона, ама според коментариве изгледа не ни вреди да ја гледам. Спојлерите не ги ни отворив.
Spoiler Јас ќе си го земам Марчело кога веќе не го бира она хахах. Преку глава веќе од Габриел со неговата мрачна аура.
Не Spoiler Значи ако Марчело не функционираше не требаше да го напрат толку likeable, емоција во очи му гледам. Фрустрирана сум, ми разместија и копчето за бришење серии во апликацијата, го барам. Оти ко ќе има нова ако ми излези во распоредот сигурно ќе ја изгледам.
Леле крајот, со душа чекав да бидни и да се стави убав крај на серијата, се водеше натаму, и на крај беше „лол не“. Ми личи како креаторите да се премислиле за се во последната епизода. Spoiler ЗОООШТО ПОБОГУ ГО ФОРСИРААТ ГАБРИЕЛ ЗА ЕМИЛИ АМАН. Јас сум Марчело тим уште од претходната сезона, и колку и да им изгледаше добра врската, го имав она чувство дека Габриел пак е тука некаде. Не сакала да живее во мало гратче, ќе се осеќала ко принцеза затворена во замок. Screw you. Најглупавиот изговор што можи да постои. И секако, агенцијата е спасена во последен момент како за чудо, оти Емили се враќа во Париз. Минди и Алфи ми беа како втф.. ко, тој и рече дека таа заслужува подобро (од Нико мислам?) и бам, хемија, секс. Со ексот на најдобрата другарка, какви морални вредности. Битно си простија де, големо чудо. И на крај пак, бам, се вери со тој истиот што ја третираше ко ѓубре. Girl what?? А можеа толку добро да ја завршат оваа сезона и толку да е..сега нема да е комплетна серијата без нова сезона пак...
Конечно вчеравечер ја догледав. Втф беше ова? Па уште сезони ќе имало, типично за Нетфликс да ја молзат кравата. Spoiler Единствено добро во сезонава, Габриел го немаше многу многу. Пасивен и така малце смотан лик. Силви, едино впечатлива е со церебрална-гестикулациите. Моментот на обновување на пријателството со таа (како и да се викаше) и аферата беа скроз непотребни. Изгледа стварно не знаеле што да прават со Силви ко лик, па ајде нешто вметнале. Кај Минди најинтересни се лампион аутфитите. Иначе делот со Алфи ми се свиѓаше, од причина што Минди со некој интересен лик ја немаа "измешано". Нико и Марчело нека си се фатат или нека основаат "Клуб на несреќни браќа". Лук на почеток во Рим имаше интересни моменти, после ко да го изоставија некако. Мојата генерална оценка 4/10, следни сезони може нема ни да гледам.