Го сакав па не го сакав (бидејќи се фрлив во рок/метал води и замразив рап) па пак го засакав. Човекот е стварно добар, и како пејач и како глумец.
гледај го 8mile филм во кој главна улога е еминем и тема на филмот е животот на маршал(еминем) како автобиографија многу е добар и објаснува некои работи,
А јас пак од секогаш си мислев дека уметничкото име му е произлезено од името и презимето . Човеков е навистина успешен , предобар рапер , заслужено именуван како " Бог на рапот " . Го слушам од времето на " You don't know " со Akon и 50 Cent . Секако , едно време направив пауза од рап и забегав на рок , метал .. ама на мои 13 пак се вратив на рапот . Секако дотогаш не обрнував внимание на значењето на текстовите , подоцна кога ептен го заслушав , си ги преведував и песните ( мисловно де ) и оттогаш наваму знам да си пуштам музика од Еминем досека чистам на пример , или онака од туга по некое минато време . Секоја чест на неговото издигнување во животот . Не е мала работа да се дигнеш од дното на дното и да стигнеш до врвот !
Има голема промена за разлика од минатото, поновите песните му се различни од тие години наназад, во смисла на подобро. Затоа што е еден од тие кој обично пее за својата реалност, убаво е да се види ваква промена. И токму поради тоа е еден од најдобрите рапери и пеачи, и секогаш после одреден период повторно се навраќам на неговата музика.