1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Емотивно поврзување со клиентите

Дискусија во 'На работното место' започната од rossonerka, 26 септември 2011.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Во моментов си го гледам едно од омилените мои шоуа Miami Ink и еден од тетовирачите збореше дека се труди да не се поврзувава емотивно со клиентите, зашто ако се поврзува и емотивно реагира на сите оние приказни тажни на лицата кои сакаат тетоважи за спомен тогаш после работното време ќе е најтажниот човек.
    Па баш ова ме инспирира за темава.
    Сите имаме различни професии, не ни мора да имаме директен контакт со клиентот, но ви се случило ли да се поврзете емотивно и да изреагирате за некој клиент, да ви падне жал, да мислите после работното време на него, да сакате да му помогнете и се би направиле да му завршите работа од сожалување итн.
    Или се трудите да имате најпрофесионален однос, емоциите и реакциите на клиентот не влијаат на вас.
    Посебно е ова тешко на оние кои имаат директен контакт, на оние на шалтери, на оние кои наплаќаат, исто ме интересира и посебно за медицински сестри, доктори, ветеринари, психолозите исто така, за учителките кои можат да слушнат секакви приказни од децата итн.

    Јас пред некое време бунтував на работа малку. Ми беше дадена една тужба а кога го прочитав името веднаш се сетив дека тоа е лицето на кое пред година две му беа собирани пари преку добротворни концерти зашто имаше леукемија. Се карав зар мора да се тужи таа личност. И ми беше сугерирано да си ја гледам работата и да не ги замарам надредените, тоа ми е работа и точка. Стварно ми беше тешко после тоа многу.
     
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    :(
    Се врзувам емотивно, иако е погрешно.
    Точно, никој не сака камена статуа на работното место, меѓутоа треба дискретно и дистанцирано да се оддалечиме од купувачите, клиентите, пациентите итн.
    Сум пробала навистина, и успевам ама со многу мака.
    Ми претходеа многу грешки, ми се случило да ми дојде да заплачам на несреќна приказна, да попуштам, да сочуствувам со туѓата мака и несреќа... човечки е, но е непрофесионално и не го оправдувам.
    Работа си е работа и точка.

    Порано ме погодуваше толку многу, размислував постојано за вакви слични ситуации како што опиша Росонерка, се додека не сфатив дека е најлесниот и најбрзиот начин да збудалиш. Искрено.

    Мајка ми која е дел од болнички персонал на почетокот имаше сличен проблем, си поплачуваше за пациенти, се трауматизираше... со текот на годините си ја научи работата.
    Денеска е индиферентна и можам да кажам дека прилично ја спаси таквиот однос.
    Тоа е тоа, емотивно поврзување со клиентите не смее да постои.
     
  3. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Мојата работа за среќа е таква што не дозволува поинаков освен професионален однос со клиентите. Од друга страна пак, не сум ледена кралица, и знам сосема природно и човечки да комуницирам со клиентите со одредена доза на наклонетост, нешто што на пример моите колеги не си го ни дозволуваат.

    Не можам да разберам луѓе кои за време на состанокот само за да ви продадат патки и шатки ќе ви се оклештат, ќе бидат со вас сосема пријатни дури и повеќе од тоа и потоа ако ги сретнете случајно во град, што се вика ни добар ден не знаат да ви кажат :^) Една таква цура сретнав пред некој ден во град, и ме изненади со своето ладно однесување, а верувајте на состанокот ми беше ко мед - бидејќи очигледно имаше голем интерес да го потпишеме договорот со нив.
    Море мрш! :|

    Мене друго ме интересира, еве ако има доктори на Фемина или идни доктори нека ми кажат како тие реагираат на ова.
    Во еден тежок период, кога болницата ми стана за жал речиси секојдневие, додека чекав хирурзите да излезат од операциона, и кога докторите ми ги кажуваа односно плеснуваа во фаца резултатите без трошка емпатија, ниту некакви чуства, се замислив. Колку благородна професија е тоа, да спасуваш човечки животи, а колку многу треба да се изолираат од човечките судбини за да можат да ја вршат истата таа. Не сте размислиле за ова? Дека ако се скршени после секој неуспех веројатно не би ни можеле повеќе да лечат, да оперираат, да спасуваат животи.
    Јас се сеќавам дека во тој момент ми се пресекоа нозете и потклекнав кога ми ја соопштија лошата вест, но докторот речиси да не му ни беше гајле на кој начин ми ја соопштува веста ниту како ми го кажува тоа. И навистина многу долго време размислував...колку е битно за некои професии да останеш ладен ко камен. Интересна тема во секој случај...
     
  4. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Си имам прилично добро настрадано кога од жал и желба да помогнам, прекршив некои правила што мислев и дека не се толку битни, нели побитна е човечноста...ахам, па си го добив...
    И после тоа си ја научив лекцијата, си се прибрав и си ја гледав работата...Не дека успеав скрос емотивно да се дистанцирам, но се воздржувам да не навлегувам во туѓи приказни...
     
  5. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Се имам повеќе пати изгорено така да со тек на време се поврзувам селективно. Научив дека не секој ја заслужува понудената помош и дека има манипулатори кои калкулираат со луѓето баш на овој начин такви ве тераат да прекршите некое правило, да позајмите пари кои никогаш нема да ви бидат вратени, да ги убедувате и другите во нивна корист. На еден ваков му одржав добра лекција, само што нема ефект бидејќи е човек со сосема испрана совест од грижа на совеста сепак јас си кажав дека го разоткрив и што мислам за такви како него кои дури и децата си ги загрозуваат со лажни клетви во нивно име, а знам дека има деца. Сум поминала низ сето ова и затоа сега пристапувам со поголема резервираност и недоверба.

    Иако имало луѓе и настани за кои сум размислувала и со денови и искрено ми било жал ако не сум можела да направам ништо за да им олеснам. Кога подлабоко ќе размислам сечиј живот е толку полн проблеми денес што ако почнеме да ги акумулираме и туѓите на свој грб, каде ќе ни е крајот...

    Да напоменам никогаш не сум извршила злоупотреба на работното место, сум имала и такво раб. место на кое давав податоци за вработените на др.институции, доаѓаа и со молби за преименување на тие податоци, што никогаш не сум го направила-од принцип :!: .

    И се сетив на една случка кога дојде една жена која рече дека и е лошо и колешка ми почна да паничи видливо што ќе правиме. И дадов знак да се оддалечи и‘ донесов на жената вода со шеќер и ја прашав смирено дали сака да викнам амбулантно возило, рече дека нема потреба се напи некој лек поседа уште некое време и си замина. Колешка ми се чудеше како сум успеала да бидам толку смирена, одговорот е и јас бев исплашена од помислата дека може да се случи нешто навистина сериозно со жената, но некој мораше да покаже прибраност и да влева сигурност, доколу сите три безумно паничевме се‘ можеше да биде многу пострашно.
     
  6. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Значи не сум вработена, ниту сум доктор, но ќе се потрудам да објаснам.
    Секојдневно сум по болниците, и секојдневно се среќавам со вакви соопштувања од страна на докторите. Тие додека го пречекорат прагот од вратата, и кога влегуваат внатре во болницата мораат да ги исклучат емоциите. Мораат да бидат сурови и безчувствителни (барем во школо така не учат). Зошто секојдневно се соочуваат со различни болести.
    Еве јас кога влегувам во болничка соба, и ги гледам пациентите кои ми пропратуваат тажни погледи со надеж дека барем можеш ти да им помогнеш, зошто докторите толку им обарнуваат и внимание, е жално во секој случај. Кога видам болно дете, а неможеш да му помогнеш пак ти паѓа жал. Но тоа останува во нас. Никој не треба да го примети тоа. Како што ни кажаа професорите, исклучете ги чувствата кога влегувате таму, јас почесто почнав да го практикувам тоа. Таму гледам секакви болни и смртни случаи, подоцна неможам да се трауматизирам од тоа што сум го видела. Сепак не е само тој пациент на кој мораш да му помогнеш или да му посветиш внимание. Постојат многу.
    Дневно прават повеќе операции. Неможат со секоја фамилија да се сочувствуваат. Секако им паѓа жал, но и со тек на време и пракса тоа се исклучува. Оваа е баш таква професија во која мораш да бидеш таков.
     
  7. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.650
    Пол:
    Женски
    Многу често ми се случува да ми падне жал за некоја странка, по природа сум доста осетлива личност така да многу ме погаѓаат туѓи маки и судбини. И незнам дали тоа е мана или не, ама знам дека неколкупати си имав проблеми баш заради тоа.

    Еднаш доаѓа една странка, жена со џуџест раст, а и некакво ментално пореметување имаше женичката. Кажа дека мајка и само што починала и дека сега останала сама да живее во село во кое едвај имало две три куќи. И сега се интересира за оставината од родителите. Имала три сестри кои биле мажени во Србија и сега таа бара да им го даде на нив нејзиниот дел од родителите, а за возврат тие да ја чуваат. И нормално мене ме испотресе ваквата судбина на жената и веднаш се заземав за да видиме како може да и го решиме проблемот. Меѓутоа сестрите не се согласија да ја чуваат и така работата си остана нерешена.

    Видов не бива со нив, па си викам чекај ќе се распрашам во социјалната служба за да ја згрижат. Се јавувам во социјалното и од таму ми викаат дека таа била згрижена, ама избегала оти не и се свиѓало. И наместо тука да сфатам дека жената стварно не е во ред и дека јас нема да можам да и помогнам, ја си продолжив да ја примам во канцеларија кога ќе дојде итн.

    После некое време почна да ми бара пари. И давав по 20 - 30 денари за да си купи леб, ама веќе почнуваше да станува напорна, влегува без прашање независно дали има гужва или не, си заседнува со саати, еднаш си ја извади шамијата, а во шамијата завиткано сирење и леб и почна да си јаде :o , некогаш ќе седнеше и ќе почнеше да си плаче.... не дека таа сака да биде таква, туку најверојатно не може да расуди самата што прави. Видовме не бива веќе така и почнавме да се заклучуваме кога ќе ја видиме дека доаѓа, ама и упорна ли беше, абе мала, ситна ама вратата ќе ја откорне од буткање.

    И кулминација на целава приказна беше еден ден исто ја гледаме доаѓа и се заклучивме, а од предната страна канцеларијата целата е со стакло, неколку прозорци и врати, и луѓе оваа почна да ја бутка вратата, да вика, да плаче и си појде. Ми олесна се дури не ја видов како се враќа и во сукњата наполнила камења. Кога рече ќе мава со камењата, сите прозорци го скрши. Е тогаш бевме принудени и полиција да викаме, и тогаш јас сфатив уствари за каква личност се работело. Полицаецот ми објасни дека имало неколку инциденти со неа до сега, некогаш во некоја банка слично вака приредила, дека не е добра со здравјето, дека и социјалните служби веќе кренале раце од неа и барала од полицијата да сме ја земале ние да ја чуваме :( .

    После тоа веќе не дојде, ја сретнувам некогаш на улица, ама не ме препознава, за среќа.
    И после ова пак не ми дојде памет, пак се соживувам со странките, посебно кога ќе дојде некој со испокинати алишта и се моли да плати на рати, епа неможам ме погаѓаат такви ствари.
     
  8. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    13.216
    Пол:
    Женски
    Дваесет години професионално искуство. Секојдневен сведок на трагични човечки судбини, болка, стадања. Понекогаш чувствувам како сета несреќа на овој свет да е собрана по тие соби и ходници. Толку многу што, кога гледам среќни, насмеани лица по улициве ми изгледаат како нестварни. И се прашувам како животот може да е толку суров, некој да има се, а некој ништо, ни здравје, ни пари...

    Јас и не знам како поинаку би ја работела мојата работа освен со емоции. За мене тоа е врв, највисока човечка доблест да го ставиш другиот пред себе и своите потреби, а притоа да не бараш ништо за возврат. Да ублажиш нечија болка, барем малку да намалиш нечија мака.... и тоа и една просечна плата да ти доволно.
    Колку патетично звучам, нели?

    И само емпатија, леле ама ми е жал, за мене не значи ништо, ако не мрднеш да направиш нешто за човекот.
    Последново дете го гледав како мојот син... И сите околу ми зборуваа почнувајќи од мажот, до претпоставениот кој на последниот разговор ми рече дека тоа што го правам не е професионално, при тоа беше благ и знам дека е свесен дека мора да има и такви будали како мене, како некој вид на изумирање во оваа општа дехуманизација.
    И детето конечно после четири месеци борба, си замина дома. А јас последниве четири месеци пишував на форумов за штикли и пудри како да се најбитна работа на светот, само за да не мислам дали го боли, дали се плаши...
    И на сите им реков, ова за памет за следниот пат да внимавам да не дозволам вака емоциите да ме надвладеат. Да, до следите тажни очи....
     
    На Philippa, ph.orhideja, Mayyya и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Имам што да пишувам на оваа тема.Се соживувам со секоја приказна на лугето.Работам со студенти. Имав случај на студентка мајката почината пред повека години а таткото сега остануваат сираци три деца студираат,не работат тажна приказна бараше да биде ослободена од партиципација и се овозможи и излегоа во пресрет но зборот ми беше кога го видов нејзиниот лик тажниот поглед плачев и јас и цел ден ми беше паметот во неа и нејзината фамилија ја исплакав тој ден.Друг пример студенката ја имаше во списокот на приманите, во тој момент се најдов јас да видам дека е на списокот претпоследна, мајката ке испрснеше од радост искрено и јас се радував ја благослував и посакував срека а не ги познавам лугето.Во мојот работен ден сто пати би станала од столчето да услужам и помогнам се поврзувам со студентите со нивните проблеми,дали сиум краток период на ова на работно место па не сум отрпната незнам.Работев и на друго работно место и таму ми беше истата прикаска се врзував со гостите на испракање и плакав со една личност од запознавањето на работното место станав и голема пријателка,жената беше благодарна си се разделивме со подароци убави муабети и многу солзи.
    Лично сметам дека секој човек за себе е посебен тоа е карактер.Можеби со годините и работното искуство ке се променат нештата во мојот случај не верувам не сум ладна ,рамнодушна и не верувам дека тоа ке се искорени од мене.Ке плачам за сите таква сум.
     
  10. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.781
    Допаѓања:
    131.282
    Среќна сум што на сегашната работа не слушам којзнае какви тажни приказни, а и кога ги слушам се трудам да не донесувам одлуки врз база на чувства, туку да бидам фер.

    Со соработниците многу се поврзувам. Многу често воспоставувам пријателски однос, и тоа не мислам дека сум фина со нив или тие со мене, туку ги сакам, ги почитувам, сакам да слушнам што имаат да кажат, и тоа не само за работата, за секакви прашања.

    Ги сакам соработниците, еј, чудна работа.

    Пред две години толку засакав некои од нив што кога престана соработката страдав. И никако не можев да се навикнам со новите, душата и беше стегната, ги сакав овие старите, и точка! Убаво е да се знае дека е обострано, зошто и тие ми е јавуваа да ме прашаат како сум и што правам. Сепак, по некое време губиш контакт.
     
  11. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    за чиста среќа работата ми е таква што со клиентите и соработниците имам чисто професионален однос, и нема време за расправње туѓи судбини па и никогаш не сум имала ситуација да се соочам со нешто такво.

    али напротив со вработените и со нивните судбини се соживувам и се ставам во нивна кожа. до ден денес не се осудив да им скинам од плата поради неизвршување на работни задачи или непочитување.

    си велам какао да му скратиш од плата кога татко му е починат и ја гледа фамилијата, на другиов жената едвај се излечи, третиот во лични долгови едвај врзува крај со крај.... и гледајќи нив да им помогнам и да не ги скратам од нешто јас сум таа што трпи и се труди да ги поправи работите.
     
  12. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Одамна сум скарана со туѓите судбини. Со тек на време станав имуна. Го сметам како непотребно одземање на позитивна енергија која и те како ми ја треба. Можеби малку себично понекогаш од моја страна ама таква ми е работата која ми го налага тоа.
    Кога одам дома работата и клиентите ги оставам на работа а дома целосно се посветувам на семејството. До ден денес никогаш не сум отишла дома и да раскажувам што и како било и што се случило или пак некоја судбина на некого - тоа е мое правило.
    За да добијам некоја работа од некој клиент не треба да му се лигавам или поврзувам емотивно, мојот труд и дело излегува на површина
     
  13. mima83

    mima83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    57
    Работев малку како мед.сестра и многу сум жалостива ми беше криво за сите :( Докторот не беше нешто фин иако имаше доста пациенти,па кога излегуваа од кај него додека пишував во картонот им давав утеха и ги мислев после дома....Често ми носеа кафе,колачи и многу ми беше незгодно не сакав да прифаќам,ама ми се чини со срце ги даваа пошто секој болен сака да слушне и малку храбост и утеха нели.
    Тоа не ми чини,не е убаво за мене :(
     
  14. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Јас иако работам со мобилни значи со сервисирање на истите,многупати ми се случило да слушнам нечија приказна која ме трогнала.Интересното е тоа што ни е и обајцата значи и мм и јас знаеме да помогнеме во таков случај...Не го гледам тоа како емотивно поврзување туку како помош како добро дело кое ми ја исполнува душата за да си кажам дека сум човек.Точно дека знам да бидам и доста строга но во случаи каде треба да сее помогне тоа го правиме од срце....За да се наречеш човек не треба само да личиш на човек туку да направиш добро дело не да се фалиш што си направил или за возврат да бараш нешто....тоа самото се враќа...е тогаш си човек со душа.
    Значи пак ке напоменам никого не сме жалеле туку во тој миг кога требало сме дејствувале....тродупло ни било вратено... така ке биде и во иднина...