Мојот дневниκ Иаκо не пишувам ρедовно во него сепаκ во него се запечатени моите чувства во одρеден момент. Чувам неκој ливчиња во него κои ми ги напишале и слиκа. Наκит подаρен и κниги.
Од психолошки аспект нема полошо. Некои психолози велат дека и за родителите не е убаво да сме поврзани ептен откако ќе созрееме не пак за предмети. Но! Што ги вртам. Имам омилена шоља за кафе. Колата не ја менувам иако имам потреба од поголема. Реков ќе купам поголема но оваа ќе ја чувам едноставно ја сакам. Моја е омилена ми е. Омилени шорцеви (и сега седам во нив имаат сигурно 10 год)..
Кога бев помал би рекол. Поврзан бев со Џорданки едни ептен добри, со време на годините сакам по минималистички да живеам, што помалку предмети по убаво се осеќам, по педантно?
Во една кутија чувам неколку слики, исечоци од списанија и весници, билети од концерти, натпревари, дури и гратис од дискотека (таа вечер ми е многу важна и посебна). Кога пред 2-3 години си ја прередував собата и исфрлав мечиња и такви ситници, имаше и такви мали играчки, мечиња од кои не можев да се одделам и да ги ставам во кутија и на таван. Па сега во мојата соба ми стои: моето прво мече (мало и закинато), мече без уво, мечиња од чичко ми(кои ме потсетуваат на едни подобри времиња), неколку играчки од Хепи милс од Мекдоналдс и такви за некого чудни и непотребни предмети за во собата на една 25 годишна девојка, но за мене толку значајни што понекогаш само поглед кон нив ќе донесе насмевка на моето лице. Имам и некои парчиња облека од кои не можам да се оделам. Таа облека не е за во јавност, па најчесто ја носам само по дома(80% не е ни за во двор), но јас во неа се чувствувам комфорно и убаво, и постојано се карам со мајка ми која настојува дека е време да се фрли. Имам едно боди (кое има неколку дупчиња), но е најкомотно и го носам само по дома, и едвај го спасив пред некој ден.
Најмногу сум приврзана за моите книги и за подароците што ми ги подарил дечко ми, па дури и ќесенцата ги чувам во коишто ги ставал подароците. Нив си ги чувам на посебно место и не би носила поколон во нив на некоја друга личност. Приврзана сум и за едно тефтерче коешто сестра ми ми го беше купила многу одамна. Во него си запишувам книгите коишто сум ги прочитала и не можам да замислам во друго тефтерче да запишувам.
Сум и се нервирам што сум роб на предметите. До таа мера се нервирам кога ќе загубам нешто што ми значи што не можам да опишам колку сум лута на сама себе. Знам дека е непотребно и глупаво но не можам да си помогнам. Технологија посебно ценам и пазам, пред се зашто порано бев многу немарна и само кршев сега сум спротивно на тоа и сум опседната да не им се случи нешто ан работите. Имам iPod Shuffle добиен подарок изгравиран од личност што не знам дали ќе ја видам повеќе. Пред некој ден не ми работеше и толку кренав паника што беше да не речам нездраво. Не е за предметот кој чини 1800 денари и го има и кај нас, едноствано ми е спомен, кој никогаш не сакам да го изгубам. Никаква сум знам ама ми нема спас
Има некои предмети кои ми значат и уште ги чувам. Дезенирани салфетки (ги чувам во кутии од бонбониери), исечоци од весници, алишта/чевли/очила за сонце од мајка ми, гардероба која сум ја носела како мала, и др.
Јас сум човек што тешко се врзува за луге, не па за предмети. Сериозно, цел живот сум таква без секој и се се може( исклучок моиве деца) . Кога се иселив од кај моите освен гардеробата и чевлите што ги носев ништо немам донесено овде. И мајка ми скоро се фрли. Нов момент ми е за прв пат во животов, жал ме фака за омалената гардероба на децава која што јас сум ја купувала и не ми се дава или фрла, па си ја чувам во вакумирани кеси во подрум.
Немам ниту еден предмет без кој не можам. Воопшто не се врзувам за предмети, се ми е заменливо. Утре да треба да одам да се селам негде можам без ништо да отидам, само дете за рака и маж до мене. Толку.
И мене приврзувањето за предмети ми една од најголемите маани, уште од дете. Плачев кога требаше да ги фрлам опаковките од Животинско Царство и Агро Крем плочките, зашто на нив имаше слики од животни. До толку. И уште сум приврзана за многу работи. Неколку омилени книги, некои антиквитети што ги имам собирано од патувања, албуми со слики, и најважно, карти од автобуси/возови/авиони, карти од концерти, музеи, сметки и слично. Најголем дел од предметите на кои сум преприврзана се поврзани за некој одмор или патување, зашто кога ќе ги видам секогаш ми доаѓа топло на душичкава. И да не заборавам. Никогаш нема да престанам да ги сакам и чувам омилените играчки од детство. Ни ко гаш.
Само што го прочитав насловот одма се сетив на мојата Џесика (омилената барбика). Станав и ја извадив од шкафот само да ја видам. Ја имам од 5 години. Цели 17 години. Ко мала и спиев со неа понекогаш. Уште и ги чувам и алиштата што и ги правев (ужас се ) во кутија од еурокрем. хахах Исто така и привезок за ланче што го добив за полуматура. Сидро.Од мојот најсакан дедо кој веќе не е жив. Можда го купил 100 денари али мене многу ми значи тој привезок. И детелината со 4 листа од дечко ми. Поклон за прва годишница.Кога ми го даде ми рече: -Затоа што ти си мојата среќа . За други предмети не се сеќавам сигурно зошто не ми се толку значајни ко овие три
имам малечка кутија која е исполнета со карти од концерти на кои сум била чисто за успомен, некои малечки ливчиња пораки од некого, и најбитното имам малечка играчка желка која ја носам секогаш со мене кога мислам дека ми треба среќа/поддршка, едноставно сум посигурна во самата себе кога ја носам со мене...
Пенкала. Не можам да опишам како нешто во мене умира кога некој ќе ми побара пенкало во школо, а јас морам да дадам бидејќи нели тоа го прави секој нормален човек. А секако пенкалата немаат никакво значење за просечна личност и најчесто не ми ги враќаат.
За ништо не сум за врзувала никогаш, се сум фрлала или подарувала ако не ми треба веќе. А последниве години се врзав за бебешките алиштенца од децава, толку ми е тешко да ги давам, подарам, па нешто давам, нешто чувам... Тешко мене ако сум ваква и понатака, место под спална готово нема И шишенца бебешки од синко дури чувам, жал ми е да ги фрлам
Приврзана сум само за 2-3 поситни предмети што ми ги имаат купено мајка ми и татко ми кога бев мала, а за други ситници од типот на книги, привезоци, шминки, играчки од детството, телефон, не сум толку. Повеќе сум приврзана за поголеми предмети што имаат поголема материјална вредност...Куќа, кола, стан. Не дека вредат пари туку може дека секојдневно ги гледам/користам и имам спомени тука. Претходната кола ја продадовме зимава и премногу ми беше тешко. Никако не сакав да ја продадат, па моите чекаа да не сум тука за да дојде купувачот и да си ја земе Исто и за станот ми беше, а сега и за куќата. Некои како чорапи ги менуваат местата на живеење, а јас емотивно сум приврзана со секое ќоше и секој ѕид дома Ич не е убаво вака да се приврзуваш и им завидувам на тие што не приврзуваат со ништо. п.с. А да не кажувам дека со мили луѓе и места дупло повеќе се приврзувам отколку со предмети
Сега ми текна на уште нешто, имам еден Пинк Пантер кој ми е рачно правен, го имам со мене од кога памтам за себе, меѓу првите играчки ми беше подарен. Летово мајка ми сакаше да ми го фрли, јас си го исправ и си го чувам, го имам скриено да не ми го најди за да не ми го фрла. Исто така кога бев мала имаше едно девојче кое ме чуваше, сега мажена и надвор од Македонија. Кога бев мала ми имаше напишано песна (3-4 години бев кога замина, тогаш девојче, сега веќе жена и мајка е), и кога научив да читам, до тогаш ми ја чуваа моите, си ја прочитав и од тогаш си ја чувам. Уште ја имам, листот е жолтеникав веќе, со сини линии ама го чувам поќе од 15тина години. Песничката баш ме потсеќа на тогаш некогаш ко бев мала и ко си играв со неа, и со татко ѝ играв после тоа кога замина и воопшто сега ме потсеќа на животот таму пред да се преселам. И Пинк Пантер исто.
Може ќе ви звучи смешно ама јас сум емотивно поврзана само за еден предмет, а тоа е една обична салфетка Станува збор за тоа што во неа имаше завиткано парче храна од личноста што ја сакам намногу на светов. Првиот пат кога јадевме заедно, кога јадев нешто од неа, ми ја даде и таа салфетка И сега си ја чувам и ми вреди многу повеќе од сите скапи нешта што ги имам. И едно празно шишенце од парфем чиј мирис ме потсетува на многу убави денови
За никаков предмет. Не сакам да фрлам за да не затреба нешто ама за ствари не се врзувам и ич не ми значат. Се имам над 20 пати селено и никогаш не сум се завртела назад кон предмет или дом.
Не сакам да се врзувам за предмети. Некогаш жал ми е да фрлам нешто, па го ставам некаде привремено. Откако ќе се навикнам да не ми е веќе пред очи, полесно ми е да го фрлам.