Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Емотивно поврзување со предмети

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од referentka, 27 април 2018.

  1. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.712
    Пол:
    Женски
    Понекогаш се случува да се поврзам емотивно со некој предмет, ама не ми е проблем и да го баталам, ако сметам дека веќе не треба да го чувам. Многу предмети, кои сум ги чувала, ги имам фрлено. Некои ги чувам одреден период додека да се навикнам дека веќе не ми требаат.
     
    На KuklickaMoja, Lovelybaby<3, Soncence3 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    9.096
    Пол:
    Женски
    Имав едни фармерки ги носев до лани, и не знам зошто ама толку многу ги сакав едноставно како да бев приврзана за нив, ги искинав од носење буквално, и иако се веќе искинати јас сеуште ги чувам, еднаш видов мајка ми ми ги фрлила во ѓубре кога видов толку многу се изнервирав и плачев што не можам да објаснам колку многу.
     
  3. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.871
    Допаѓања:
    25.338
    Пол:
    Женски
    Само за играчката Пикачу се имав врзано . Од мала , од мои 6 години па до петто одделение , никаде не одев без него . Не знам како , од ведро небо ми помина таа поврзаност и сега децава мои играат со него кога сме кај мајка ми . Инаку , мајка ми е таква , сите играчки ни ги чува на мене и сестра ми :D за идните генерации :D . Па дури и мечињата што сестра ми ги добивала на поклон од дечковците :rofl:
     
  4. Brinetka

    Brinetka Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2018
    Пораки:
    620
    Допаѓања:
    8.050
    Пол:
    Женски
    Значи од кога сум се родила баба ми на мајка ми случајно и дала марамче со мачорот Гарфилд, ја партал го напрајв тоа марамче со до мојата 13-14 годишна возраст, со него спиев, со него идев кај роднини да спиам заедно со мојата перничка што засекогаш ќе си а носам кај и да одам. Ама ова за марамчето беше врвот кога се испокина целото по 13 години и мораше мајка ми да го фрле, плачев може една недела по него.
     
  5. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.155
    Допаѓања:
    124.994
    Пол:
    Женски
    Јас сум врзана за пенкала,маици и ланчиња.Едноставно,тие се спомени и ми значат.
     
  6. Евроазија

    Евроазија Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2022
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    2.377
    Пол:
    Женски
    Облеката од личности кои ми значат
     
    На Okica му/ѝ се допаѓа ова.
  7. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.021
    Допаѓања:
    12.392
    Пол:
    Женски
    Емотивно само за еден шал кој генерациски се пренесува, ама го чувам последниве години дома. Го допре ли некој, изгоре.
     
  8. Selena01

    Selena01 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2020
    Пораки:
    1.874
    Допаѓања:
    7.465
    Пол:
    Женски
    За кукла која е постара дури и од мене. И сеуште ја чувам, не смее никој да ја чепне. :*:
     
  9. Hrita

    Hrita Активен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2024
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    Плишана крава:D
     
    На exceptional му/ѝ се допаѓа ова.
  10. exceptional

    exceptional Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2023
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    571
    nemam nisto takvo za sega
     
  11. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.511
    Допаѓања:
    10.566
    Пол:
    Женски
    Јас на овие години со секој предмет се врзувам, она што јас го купувам не толку, ама она што е на син ми, цртежи од него, буквално се од него не давам ништо да се фрли :l: За некои можеби е чудно ама некој кога ми бара облека му давам пари или купувам, ама она што е од него срце не ми дава да го дадам, не да не ми се дава од што е ново, него излитени работи не сакам да фрлам, можеби со некоја дијагноза сум (facepalm)
    Лани маж ми, ми скрши украс татко ми што ми го купи, па не знаете што плачење удрив толкава магарица :tmi:, дури син ми кажа на татко ми, па уште ме тешат со мајка ми фрли тоа ќе купиме друго, а јас го залепив делче по делче, се гледа дека е скршено и лепено ама пак ми стои на чело во комода :l:
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.